feature

Дејвид Бекам е заштитно лице на Мундијалот 2022

Англиската фудбалска икона, Дејвид Бекам, ќе стане заштитно лице на претстојното Светско првенство во Катар 2022. Договорот помеѓу организаторот Катар и Бекам се очекува да биде потпишан следниот месец.

Според најавите, Англичанецот ќе добива по 15 милиони фунти секоја година  а договорот ќе биде со важност од десет години, што значи дека Бекам вкупно ќе инкасира 150 милиони фунти.

На почетокот на овој месец, Дејвид Бекам помина неколку дена во Доха во обиколка на неколку стадиони кои се во изградба и се сретна со високи претставници задолжени за организација на натпреварувањето. Светското првенство ќе се одржува од 21 ноември до 18 декември 2022 година.


Алексис Санчез се враќа во Премиер лигата?

Играчот на Интер, Алексис Санчез, во јануарскиот преоден рок најверојатно ќе го напушти клубот од Милано и веќе стигна првата понуда за него, и тоа од премиерлигашот Евертон.

Медиумите од Англија откриваат дека тренерот на Евертон, Рафаел Бенитез, сака да ја засили кокнуренцијата во нападот на популарните“карамели“ и поради тоа е силно заинтересиран за доведување на Чилеанецот Санчез.

Алексис Санчез е далеку од стандарден во тимот на Интер и оваа сезона настапи на само 5 натпревари и тоа со влегување од клупата за резерви. Се очекува Интер да се согласи на раскинување на договорот со Санчез, само да се ослободат од големата плата што ја прима репрезентативецот на Чиле.

Ако потпише за Евертон, тоа би било враќање на Санчез во Премиер лигата каде се прослави играјќи во дресот на Арсенал,а потоа помина и неславен период во Манчестер Јунајтед.


Мануел Ноер со 300 победи Бундес лигата

Екипата на Баерн Минхен забележа победа од 4:0 против тимот на Хофенхајм во Бундеслигата, а натпреварот имаше посебно значење за голманот на баварскиот гигант, Мануел Ноер. Тоа беше 300-та победа за Ноер во германското првенство. 

На голманот на германската репрезентација му требаат само уште 10 победи за да го израмни рекордот на поранешниот голман на Баерн Минхен, Оливер Кан, кој во кариерата забележа 310 победи во Бундес лигата и е на првото место по вкупен број на победи во германското првенството.


Лукиќ нов селектор на руската репрезентација

Српскиот стратег Зоран Лукиќ денеска е потврден за нов селектор на руската кошаркарска репрезентација.

Toj доаѓа на местото на Сергеј Базаревич, а официјално новата должност ќе почне да ја извршува од средината на ноември.

Покрај националиот тим на Русија, српскиот тренер ќе продолжи да седи на клупата на прволигашот Нижни Новгород.


Шифрин најбрза на првата трка во алпско скијање сезонава

Американската скијачка Микаела Шифрин победи на денешниот велеслалом возен во австриски Зилден со кој стартуваше новата сезона од Светскиот куп.

Американката двете трки ги заврши со вкупно време 2:07.22 минути, односно 14 стотинки побрзо од второпласираната Лара Гут-Бехрами. Третото место и припадна на Петра Влхова од Словачка која заостана 1,3 секунди.

Во првите десет место обезбедија уште и: Линзбергер (Австрија), Твиберг (Норвешка), Хроват (Словенија), Грение (Канада), Ворли (Франција), О’Брајан (САД) и Зиберхофер (Австрија).

Машката сезона ќе стартува утре, исто така во Зилден и исто така со трката во дисциплината велеслалом.


Куман пред Ел Класико: Под голем притисок сум

Екипата на Барса го пречекува Реал Мадрид на “Ноу Камп“ во дербито попознато како Ел Класико. За важноста на натпреварот на кој со победа Барса на табелата во Ла лига ќе избие пред екипата од Мадрид, свое размислување даде и тренерот Куман.

„Пред секој натпревар морам да ви одговорам дали се уште ја уживам довербата на раководството. Можам да ви кажам дека денеска сум тренер на Барселона, а утре ќе видиме. Ја чувствувам поддршката од клубот, но сето тоа зависи од резултатите “.

„Мислам дека не е добро да се биде под поголем притисок, но секој тренер на Барселона треба да биде подготвен за тоа. Ја разбирам важноста на Ел Класико“, изјави тренерот на Барселона Роналд Куман пред големото дерби со Реал Мадрид.

“Овој натпревар нема да биде одлучувачки, но ќе ја покаже состојбата на двете екипи. Знаеме точно што имаме и што треба да направиме. Ништо не ме загрижува”, вели Куман.


Клубовите бараат две милијарди евра од УЕФА како последица на ковид-кризата

Повеќе од сто клубови во Европа кои се тешко погодени од пандемијата со ковид-19 гледано од финансиски аспект, бараат околу две милијарди евра во вид на помош од УЕФА која најави дека ќе направи „фонд“ се со цел да им помогне .

Тие пари се еден вид кредити за клубовите по најниска каматна стапка  за што УЕФА ќе гарантира во институциите и банките.

Европската куќа на фудбалот се определи да го направи фондот се со цел да го спречи формирањето на Суперлигата.


Пике: Бензема е многу подобар откако Роналдо си замина од Реал

Барселона и Реал во недела од 16:15 часот ќе го играат големото „Ел Класико“.

Реал Мадрид во овој момент е второпласиран со 17 бодови, два повеќе од Барселона која конечно врза две победи и со евентуален триумф би ги прескокнале „кралевите“.

„Нема овој натпревар многу да реши кога во прашање е првенството, но победа сигурно би ни донела голема самодоверба. Не размислуваме многу а нив, фокусирани сме на себе. До сега не игравме баш добро, против Динамо моравме уште подобро. Едноставно мораме да бидеме поефикасни“, изјави Пике.

Беше запрашан за формата на Бензема.

„Се препороди со заминувањето на Роналдо. Тој остави дупка зад себе, а Бензема одлично ја пополни. Последните сезони игра навистина фантастично и заслужено се врати во репрезентацијата. Сепак, Реал не е само Бензема“, истакна Пике.


Пад од две места за македонскиот ракомет на ЕХФ листата

Македонија го има шестото место на ранг листата на ЕХФ. Тоа значи дека нашиот ракометен шампион во наредната сезона ќе стартува директно во групната фаза во елитата на Европа.

Во второто по ранг натпреварување ќе имаме три места. Една екипа ќе оди директно во група, а другите две ќе треба да поминат низ квалификациите.

Што се однесува до ТОП 10 на ЕХФ , први се Германците пред Шпанците кои ја спуштија Франција на третото место.


Салах: Би сакал да играм за Ливерпул до крајот на кариерата

Звездата на Ливерпул Мохамед Салах изјави дека би сакал да игра за Ливерпул до крајот на кариерата, но дека тоа „не зависи од него“. 

Договорот на Салах со Ливерпул истекува во летото 2023 година, и во моментот се водат преговори за потпишување на нов договор кој би го задржал Египјанецот на Енфилд. Според медиумите од Англија менаџерот на Салах доставил барања до раководството на Ливерпул за плата од 400.000 фунти неделно.

“Не зависи од мене, но ако ме прашате, би сакал да останам до последниот ден од својата кариерата. Тоа е надвор од мојата контрола, се зависи од тоа што сака клубот. Во моментов не можам да замислам да играм со некој друг клуб против Ливерпул „Би било многу тешко, не сакам да зборувам за тоа бидејќи тоа би ме растажило“, изјави египетскиот репрезентативец.