feature

Катар го отвори својот шести стадион за Светското првенство во фудбал

Катар официјално го отвори шестиот од вкупно осум стадиони на кои ќе се играат натпревари од Светското првенство во фудбал 2020 година.

Стадионот е наречен  Ал-Тумама, и е со капацитет од 40.000 гледачи. Ова фудбалско здание ќе биде домаќин на шест натпревари во групната фаза од првенството, односно едно осминафинале  и едно четвртфинале.

Стадионот Ал-Тумама се наоѓа на 12 километри јужно од главниот град Доха.  По завршувањето на Мундијалот капацитетот на објектот ќе биде намален од 40 на 20 илјади седишта.


Барела и Лаутаро ќе добијат нови договори во Интер

Интер пред почетокот на новата сезона се соочи со големи финансиски проблеми, па поради тоа си заминаа Ашраф Хакими и Ромелу Лукаку, на тој начин се собраа средства за нормално функционирање.

Клубот повеќе нема потреба да продава, па сега целта ќе биде да се задржуваат најдобрите. Спортскиот директор на Интер, Бепе Марота во интервју за „Кориере дело Спорт“ соопшти дека клубот е блиску до продолжување на договорите со Барела и Лаутаро Мартинез. Меѓутоа напомена и дека со Брозовиќ ситуацијата е малку поинаква.

„Со задоволство можам да кажам дека со Барела и Лаутаро сме скоро договорени и тие треба да потпишат нови договори. Од друга страна со Брозовиќ ситуацијата е нешто поинаква и сме подалеку од договор. Сепак, имаме време да ги решиме спротивностите“, истакна Марота.


Разбојници ја опустошиле куќата на Дибала

Пауло Дибала стана жртва на разбојниците. Тие влегле во куќата на Аргентинецот, која се наоѓа во предградието на Торино.

Според „Газета дело Спорт“, разбојниците скршиле прозорец на првиот кат, но чуварот ги забележал и го вклучил алармот. Натрапниците успеале да побегнат и да одземат вредни предмети со неутврдена вредност. Објавено е дека е можно меѓу украдените предмети да биде и колекцијата на скапи часовници на Дибала.

Да потсетиме дека Јувентус во натпреварот од третото коло од групната фаза на Лигата на шампионите на гости го победи Зенит со резултат 1-0. Стрелец на единствениот гол беше Дејан Кулушевски во 86. минута од средбата. Дибала не можеше да учествува на натпреварот поради повреда. Пауло Дибала оваа сезона одигра 6 натпревари за Јувентус во сите натпреварувања, постигна 3 гола и две асистенции.


Меѓусебна тепачка во тимот на ЛА Лејкерс (Видео)

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс, Двајт Хауард и Ентони Дејвис за време на натпреварот против екипата на Феникс, започнаја расправа помеѓу себе која за малку ќе прераснеше во сериозна тепачка.

Инцидентот го започна Ентони Дејвис кој му дофрли некои зборови на Хауард кој седеше на клупата на Лејкерси, по што Хауард стана и дојде до меѓусебно туркање и расправија.

Доколку двајцата не беа разделени од нивните соиграчи на клупата сигурно ќе настанеше и посериозна тепачка.

Ла Лејкерс на крајот го загуби натпреварот со Феникс што е нивни втор пораз во две одиграни средби од стартот на новата сезона.

https://twitter.com/ClutchPointsApp/status/1451747796600590336?s=20

Хамилтон за Верстапен е “глупав идиот“

Макс Верстапен, возачот на Ред Бул, изрази незадоволство од односот на Луис Хамилтон за време на одржувањето на вториот трнинг од трката за Големата награда на САД. 

Двајцата возачи во еден момент се доближија со тркалата на нивните болиди и за малку избегнаја контакт. Веднаш по настанот Верстапен реагираше преку тимското радио и го нарече Хамилтон глупав идиот, при што доби “наредба“ од својот тим да го игнорира однесувањето на возачот на Мерцедес.

Стартот на трката за Големата награда на САД во Ф1 која се вози на патеката во Остин е закажана за недела.


Пирло пред ангажман на клупата на Сампдорија

Андреа Пирло после неуспешната авантура на клупата на Јувентус ќе има нов ангажман во Серија А и тоа како тренер на Сампдорија.

На местото на Клаудио Раниери во Сампдорија дојде Роберто Д’Aверса, меѓутоа добрите резултати не продолжија па како што стојат работите се подготвува отказ за него. Според најавите од Италија прв избор е Пирло.

Пирло во претходниот период се поврзуваше со Барселона, меѓутоа поради финансиските проблеми Каталонците не можат да си дозволат отказ за Куман па Холанѓанецот се уште е на клупата.


Преговорите на Челзи со Рудигер во ќорсокак

Според информациите кои доаѓаат од некои новинари блиски до случувањата во Челзи, тимот од “Стенфорд Бриџ“ и дефанзивецот Антонио Рудигер се далеку од решение за нов договор а главната пречка се барањата за повисока плата од страна на Рудигер.

Репрезентативецот на Германија моментално е платен 100 000 фунти неделно, но сега бара неверојатни 400 000.  Од Челзи се подготвени да му понудат само 150 000 неделно, додека конкурентските клубови коие се заинтересирани за негов потпис се подготвени да понудат до 300 000 фунти неделно.

Рудигер има договор со “сините“ од Лондон до крајот на сезоната и доколку не го продолжи договорот, следното лето може да си замине како слободен играч, а од 1-ви јануари може да потпише и преддоговор со некој друг клуб. Екипите на Баерн Минхен и Реал Мадрид стануваат се посигурни во можноста за доведување на Антонио Рудигер во своите редови. Освен  Баерн и Реал Мадрид, ситуацијата будно ја следат и гигантите Јувентус и ПСЖ.


Oд Рома засрамени: Треба да научиме од оваа бламажа

Капитенот на Рома, Лоренцо Пелегрини по дебаклот на неговиот тим на гостувањето кај Бодо/Глимт во Конференциската лига на УЕФА, изјави дека тој и играчите им должат извинување на навивачите.

„Немам многу што да кажам. Можам само да се извинам. Кажавме што треба да правиме во соблекувалната и тоа останува таму. Понекогаш ви треба шлаканица за да научите. Денеска ја примивме сосема заслужено. Мора да научиме нешто од овој срам“, рече Пелегрини по натпреварот.


Роман Абрамовиќ го враќа Азар во Челзи

Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович лично ќе се заложи да го врати својот миленик Еден Азар на Стемфорд Бриџ.

Рускиот милијардер сака да ја задржи одличната позиција на неговиот клуб во Европа и е подготвен да оддели 50 милиони евра за белгиецот кој сега настапува за Реал Мадрид. Информациите од Мадрид велат дека претседателот на „кралевите“ Флорентино Перез бил спремен да се раздели од Азар за 60 милиони евра, свесен дека играчот го мачат чести повреди и дена тешко повторно ќе заигра во топ форма.

Да се потсетиме дека Еден Азар во 2019 година го напушти Челзи и премина во Реал за огромни 115 милиони евра. Оваа сезона Азар настапи на 7 натпревари во Ла Лига, и постигна само еден гол.


Барса одби да го врати ветеранот Дани Алвеш

Пред неколку дена во медиумите се појави изјава на Дани Алвеш во која Бразилецот порачува дека доколку е потребено спремен е да се врати во Барселона да помогне.

Алвеш го раскина договорот со Сао Паоло, но нема намера да ја заврши кариерата. Сепак како што пренесува „Скај Италија“ Барселона не ја разгледува опцијата да го врати Алвеш.

Од Барселона Алвеш си замина во 2016 година кога се пресели во Јувентус. По епизодата во Торино следуваше нова во Париз за ПСЖ, а од таму се врати во татковината во редовите на Сао Паоло.