feature

Започна пријавувањето за домаќин на ЕУРО 2028

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), објави дека започна процесот на пријавување земји кои се заинтересирани да бидат домаќини на Европското првенство во фудбал во 2028 година.

Рокот за поднесување на кандидатури ќе биде до март 2022 година, а објавувањето на домаќинот и организатор на турнирот ќе се случи во септември 2023 година.

На ЕУРО 2028 ќе учествуваат 24 репрезентации и ќе бидат одиграни 51 натпревари.


Макс Верстапен бара подобар болид

Возачот на Ред Бул, Верстапен, излезе со изјава дека е непходно подобрување на неговиот Ф1 болид, за да остане во трка за титула со конкурентот Мерцедес.

По освојувањето на второто место на трката во Турција, Верстапен го превзеде првото место во генералниот пласман на Формула 1 и сега има шест бода повеќе од Луис Хамилтон кој е актуелен шампион. Независно од моменталниот успех, тој мисли дека мора уште повеќе да се работи на неговиот болид бидејќи тимот на Мецедес станува се подобар.

“Мислам дека возевме на патеки кои повејќе им одговараја на Мерцедес, но имаше и патеки кои беа непознати а сепак на крајот беа пред нас. Мораме да се подобриме за да останеме во борба за наслов до крајот на сезоната“- изјави Верстапен.


Роналдо со десет хет трика за Португалија

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед и најдобриот португалски фудбалер, Кристијано Роналдо одново руши рекорди.

Португалецот на средбата на неговата репрезентација со селекцијата на Луксембург која заврши со резултат 5:0 за Португалија, постигна 3 гола, со што запиша уште еден рекорд во светскиот фудбал. 

Ова е негов 10-ти хет трик во дресот на португалската фудбалска репрезентација со кој докажува дека е еден од најдобрите напаѓачи  на сите времиња.


Кеси заминува од Милан, преговорите далечни од договор

Оптимизмот во Милано за обновување на договорот на својот фудбалер Френк Кеси се повеќе се намалува. Според „Газета дело Спорт“, клубот веќе се помирил со фактот дека нема да може да го продолжи договорот со играчот од средниот ред, кој истекува на крајот од оваа сезона.

Милан му понудил плата од над 6 милиони евра, додека играчот инсистира на повеќе од 8 милиони евра годишно. „Кориере дела Сера“, пишува дека неговиот агент, веќе го понудил ограчот на градскиот ривал Интер, кој во минатото имаше интерес за овој интернационалец од Брегот на Слоновата Коска. Сепак од Интер одбиле да учествуваат во битката за неговиот потпис, бидејќи високите финансиски барања на играчот од средниот ред не влегуваат во новата политика на клубот за поекономично плаќање.

Каталонскиот весник „Мундо Депотртиво“ тврди дека и Барселона е заинтересирана да го привлече 24-годишниот фудбалер како слободен играч. Тој се поврзува со голем број европски клубови како ПСЖ, Ливерпул и Манчестер Јунајтед.


Унгарските навивачи во тепачка со полицијата на “Вембли“

Непријатните сцени забележаја камерите  на натпреварот на стадионот “Вембли“ помеѓу репрезентациите на Англија и Унгарија кој се играше во рамките од квалификациите за Светското првенство.

 Унгарските навивачи започнаа немири на трибината каде беа сместени по што мораше да интервенира полицијата, која на крајот го извлече подебелиот крај.



Жиру: Ибра е многу важен за младите фудбалери на Милан

Оливие Жиру зборуваше за неговата љубов кон италијанскиот тим, а го сподели и своето мислење за неговиот колега во нападот Златан Ибрахимовиќ.

„Горд сум што играм за Милан во Серија А. Го следев овој турнир како млад. Андриј Шевченко тогаш беше мојот омилен фудбалер. Имав среќа што добив можност да постигнам голови за истиот клуб како него. Што се однесува до Ибрахимовиќ, јас играв против него неколку пати. На 40-годишна возраст, тој игра на високо ниво, што го потврдува неговиот исклучителен професионализам. Се грижи за себе и за своето тело. Исто така, се обидувам да го правам тоа со цел да уживам во фудбалот се додека тоа ми го дозволува телото. Мислам дека Златан е одличен пример за младите, тој е еден од најдобрите напаѓачи во Серија А, едвај чекам да играм со него и да уживам во тренинзите“, изјави Оливие Жиру.


ПСЖ и Атлетико Мадрид со интерес за Барела

Како што пренесуваат од италијанскиот “Кориере дело Спорт“, Интер е во преговори за продолжување на договорот со Николо Барела, еден од најдобрите везни играчи во Интер и во репрезентацијата на Италија. Клубот од Милано е подготвен да му ја дуплира платата на Барела од сегашните 2,5 милиони на 5 мил, но од менаџментот на Барела бараат неговата плата да изнесува 6 милиони евра годишно.

Атлетико Мадрид и ПСЖ се подготвени да му ги понудат бараните финансиски услови на Барела, доколку Интер не најде заеднички договор со својот играч.


Австријци ќе му судат на Еурофарм Пелистер против Ним

Еурофарм Пелистер ќе дебитира во групната фаза на ЕХФ Лига Европа сезонава против француски Ним на 19 октомври во 20:45 часот. Дуелот во спортската сала „Боро Чурлевски“ ќе го водат австриските судии Денис Болиќ и Кристоф Хурич. Овие судии последен пат им судеа на битолчани во Шведска во групната фаза на Лигата на шампионите пред две години. На тој дуел во „Пертиле Арена“, Еурофарм Пелистер загуби од Савехоф со 25-24.

Делегат на Европската ракометна федерација (ЕХФ) ќе биде Ајберк Дилмерг од Турција. 

Сезонските билети по цена од 1.000 денари за петте домашни натпревари веќе се пуштени во продажба, а деновиве ќе биде означен почеток и на продажбата на поединечните билети за натпреварот против Ним. 


Челзи сака да го врати Азар на „Стемфорд бриџ“

Еден Азар може да се врати во Челзи. Лондонскиот клуб е заинтересиран да го врати напаѓачот во својот состав. Се вели дека клубот веќе започнал преговори со претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез околу евентуален трансфер на белгискиот напаѓач. Еден Азар се пресели во Реал Мадруд летото 2019 година за 115 милиони евра. Пред тоа, седум години ги бранеше боите на Челзи, а на почетокот на кариерата играше за Лил.

Постоечкиот договор на Азар со Реал Мадрид е до 2024 година. Во тековната сезона на шпанското првенство, Азар учествуваше на седум натпревари, на кои постигна еден гол. Исто така има одиграно и еден во Лигата на шампионите, каде што не постигна гол или имаше асистенција.


Попович заминува од Сан Антонио следното лето

Грег Попович може да се повлече од тренерската функција во Сан Антонио по завршувањето на сезоната 2021/22. 72-годишниот кошаркарски стручњак треба да победи уште 26 натпревари за да го сруши рекордот на Дон Нелсон и да избие на врвот во историјата на НБА по бројот на победи како тренер.

Попович сега е на третото место со 1.310 победи, зад Дон Нелсон (1.335) и Лени Вилкенс (1.332).

Актуелниот помошник тренер на Бостон, Вил Харди се смета за најверојатен кандидат за наследник на Попович во случај на негово заминување. Поранешните играчи на Спарс, Тим Данкан и Ману Џинобили исто така, претендираат на тренерското место на тимот од Тексас.