feature

УЕФА го „сели“ Ливерпул од Енфилд?!

Коронавирусот повторно влијае на развојот на Лигата на шампиони, па така Ливерпул би можел да го одигра и реваншот против Лајпциг на неутрален терен.
Првиот меч се игра во Будимпешта поради појавата на новиот сој на коронавирус, а УЕФА сега бара од Ливерпул да ја разгледа идејата и реваншот да се игра на неутрален терен.
Причина за тоа е строгиот закон во Германија по кој сите патници од Англија мораат во двенеделен карантин, во превод, комплетниот тим и стручен штаб на Лајпциг по враќањето од Ливерпул би морале во изолација.
Германските медиуми пишуваат дека е доста веројатно Лајпциг двата натпревари да ги игра на неутрален терен, но дека англискиот тим ќе биде парично компензиран за „селењето“ од Енфилд.
Првиот меч во Будимпешта се игра утре, а реваншот е на 10. март.


Баварците составија список на засилувања за следното лето

Баерн активно работи на селекција на нови играчи за следната сезона. Од весникот „Билд“ открија кои се играчоте кои се желба на Баерн Минхен, а меѓу нив се наоѓаат младата sвезда на Рен, Едуардо Камавинга, десниот бек на Норич, Макс Аронс, Флоријан Нојхаус од Борусија (Менхенгладбах) и Лусиен Агуме, кој е во сопственост на Интер, но игра на позајмица во Специја.
Камавинга е еден од најбараните таленти во Европа. Последната година се шпекулираше дека тој ќе се пресели во Реал Мадрид, но интересот на Баерн може да ги промени неговите планови. Макс Аронс го бара Манчестер Јунајтед, но според „Дејли Меил“, најверојатно кариерата ќе ја продолжи на „Алијанц Арена“. Нојхаус веќе подолго време го следат Баварците, а Агуме остава добар впечаток со неговите настапи во Специја и исто така е на радарот на германското гранд.
Баерн веќе ги обезбеди услугите на Упамекано од РБ Лајпциг. Од Минхен ја платија откупната клаузула на Французинот во вредност од 42 милиони евра, а дефанзивецот потпиша договор до 2026 година.


За киксот на Манчестер Јунајтед е виновен – Клоп?!

Манчестер Јунајтед одигра само 1:1 на гостувањето кај ВБА, а поделбата на бодовите не беше тоа што „ѓаволите“ го очекуваа. Во текот на натпреварот видовме и една контроверзна одлука. Капитенот на гостите, Хари Мегваер падна во шеснаесетникот, судијата прво покажа на пенал, а по консултацијата со ВАР технологијата ја промени својата одлука. Мегваер се наоѓаше и во офсајд, но судијата Посон одлучи и дека немаше доволен контакт за пенал. Капитенот ка гостите имаше што да каже за таа одлука, па успеа да го „пецне“ и Клоп. „Бев сигурен дека е пенал. Откако луѓе од другите тимови почнаа да зборуваат за нас, не сме добиле ништо, апсолутно ништо. Не разбирам зошто отиде до мониторот. Бев во прилика за гол, почувствував контакт на раменото, ме повлече надолу. Минимално, но беше за пенал. Кога покажа на пенал, мислите дека нема шанса одлуката да се промени. Постојат одлуки кои одат против нас, но мораме да направиме повеќе ако сакаме да победуваме. Не смееме да се потпираме на ВАР одлуките.“ – изјави Мегваер.


Реал Мадрид го одбил ПСЖ за Касемиро

Реал Мадрид не сака да се раздели со Касемиро и категорично ја одбил понудата на Пари Сент Жермен. Францускиот клуб минатото лето беше во потрага по квалитетен играч за врска и прва желба на „светците“ бил токму Касемиро. „Светците“ испратиле богата понуда за потписот на Бразилецот, но Реал експресно ја одбил и им соопштил дека играчот не е на продажба. Касемиро е еден од најважните фудбалери во тимот на Зидан и оваа сезона одигра 26 меча во сите натпреварувања за „кралевите“ во кои постигна 5 гола и запиша 2 асистенции.


Почетино и ПСЖ не го пуштаат Нејмар во Бразил на рехабилитација

Маурицио Почетино рече дека клубот се уште не ја одредил програмата за рехабилитација на Нејмар, но не се планира негово одење во Бразил. Бразилецот се повреди во средата на мечот со второлигашот Каен во Купот на Франција и се очекува да е надвор од терените еден месец. Нејмар сигурно ќе го пропушти првиот дуел од осминафиналето во ЛШ против Барселона, а под знак прашање е неговиот настап и за реваншот предвиден на 10 март. Во минатото, Нејмар рехабилитацијата најчесто ја правеше во татковината.


Кавани нема да добие нов договор, заминува по една сезона од „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок го ангажираше Единсон Кавани со кого се согласи на договор од една година кој може да биде продолжен на уште една дополнителна сезона. Уругваецот одлично се снајде на „Олд Трафорд“ и веднаш почна да постигнува голови, меѓутоа од Манчестер Јунајтед се уште не донеле конечна одлука за тоа дали ќе го остават искусниот играч во клубот и за следната сезона. Кавани има шест погодоци во седум стартови кои ги има во најсилната англиска лига и многумина сметаат дека искусниот голгетер заслужува продолжување на договорот. Сепак, од Јунајтед засега се „неми“ по ова прашање и се уште не размислуваат да ја повлечат клаузулата за продолжување на договорот на Кавани.


Зидан не крие дека еден ден ќе ја води Француската репрезентација

На последната прес-коференција еден од новинарите го праша Зидан дали се гледа како селектор на Франција во иднина. „Сега сум селектор само на Реал и уживам во секој ден тука. Сепак, не можете да знаете што носи иднината. Националниот тим на Франција е моја цел и тоа го кажав кога започнав да бидам тренер пред 10 години“, изјави Зидан. Зидан како играч остави голема трага во репрезентацијата на Франција со која во 1998 година го освои Светското првенство, а две години подоцна и Европското првенство.


Тодоров го скрати списокот за „балонот“ во Перм

Селекторот на нашата машка сениорска репрезентација Александар Тодоров, го определи списокот на 15 играчи кои ќе патуваат за Перм, каде во периодот од 18 до 22 февруари не чекаат четири квалификациски натпревари за Европското првенство во 2022 година. По неколкуте одработени тренинзи во Скопје, и второто ПЦР тестирање од Ковид-19 кое беше реализирано пред саботниот тренинг во малата сала на СЦ „Јане Сандански“, шанса добија вкупно 13 кошаркари на кои во текот на утрешниот ден, пред тргнувањето за Перм ќе им се приклучат уште и Ненад Димитријевиќ и Стојан Ѓуроски.
Собирот на нашата експедиција е предвиден за утре изутрина во осум часот пред Спортскиот центар „Јане Сандански“, додека летот кон Перм е закажан за два часа подоцна.
КОНЕЧЕН СПИСОК НА ПАТНИЦИ ЗА ПЕРМ
Дамјан Робев
Андреј Митревски
Бојан Крстевски
Дамјан Стојановски
Кристијан Николов
Андреј Магдевски
Бојан Трајковски
Теодор Симиќ
Виктор Ефремовски
Филип Бакоч
Џејкоб Вајли
Војдан Стојановски
Лука Савиќевиќ
Ненад Димитријевиќ
Стојан Ѓуроски


Севиља го има најбараниот дефанзивец во Европа!

Минатото лето цела Европа зборуваше за Диего Карлос од Севиља, па тимот од Андалузија веќе се подготви за големата заработка која на крајот изостана. Сега уште поголема би можел да донесе другиот човек од стоперскиот тандем. Жул Кунде со одличните игри во завршницата од минатата сезона го навлече вниманието на себе, а во ист ритам продолжи и сезонава. Откако Упамекано ги договори условите со Баерн, 22-годишниот Кунде во овој момент е можеби и најбараниот централен дефанзивец на светот. Но, тоа нема да биде лесно бидејќи Севиља во 2019. година за него издвои 25 милиони евра во трансферот од Бордо. Според Трансфермаркт, цената на Кунде во моментот е двојно поголема, но сигурно е дека Севиља ќе бара повеќе од таа сума.


Почетино: Ќе играме на победа и на „Камп Ноу“

Тренерот на ПСЖ, Маурицио Почетино ги откри очекувањата од првиот меч со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампиони. „Светците“ на 16-ти февруари и гостуваат на Барселона на Камп Ноу, а Почетино се надева на победа. „Ни претстои дуел против многу силен тим како што е Барселона. Нашиот менталитет е да бараме победа во секој меч, па на Камп Ноу ќе одиме по победа. Ќе ни недостасуваат важни фудбалери, но не бараме оправдувања. Ние сме силен тим и ќе се справиме без Нејмар“, истакна Почетино. Нејмар се повреди и сигурно ќе го пропушти дуелот со Барселона, но има шанси да игра во реваншот кој на програмата е на 10 март.