feature

Револуција во Мелбурн, ВТА го „забрзува“ турнирот

Овогодинешниот Австралија Опен во женска конкуренција ќе се игра во малку поразличен облик, со оглед на специфичната ситуација со коронавирусот која ги диктира правилата.
Организаторите на неколку дена пред почетокот на Отвореното првенство на Австралија се одлучија третиот сет да се одигра „забрзано“, односно ќе се игра таканаречен тај-брејк во истиот.
Тоа значи дека доколку дојде до трет сет, тенисерките во значително пократка варијанта ќе го решаваат прашањето на победникот.
Австралија Опен започнува во понеделник, а бранител на титулата во женска конкуренција ќе биде американката Софија Кенин, која минатата година во три сета ја победи Гарбине Мугуруза.


Коронавирусот го „крои“ распоредот во Лига на шампиони

Како што е веќе познато, правилата на Германија поврзани со пандемијата на коронавирусот им прават проблеми на клубовите од Островото.
Лигата на шампионите се враќа наскоро, а првите натпревари помеѓу Лајпциг и Ливерпул, како и Борусија Менхенгладбах и Манчестер Сити ќе мора да доживеат промени. Или промена на датумот или промена на местото на одигрување.
Правилата на УЕФА налагаат дека домаќините мораат да најдат решение, а тимот од Менхенгладбах веќе го направи тоа. Првиот натпревар од осминафиналето против Сити ќе биде одигран на стадионот на Мидтјиланд во Хернинг, Данска.
Неутралниот терен веќе е пронајден, а останува уште на Лајпциг да пронајде решение. Во спротивно, тие може да го загубат натпреварот на зелена маса.


Евротип на чекор поблиску до тебе!

Спортските обложувалници Евротип секогаш се посветени на создавање на најдобри услови за своите верни посетители. Објектите на Евротип се направени според сите светски стандарди, а во време на пандемија се почитуваат сите мерки кои се наложени од здравствените власти, со цел заштита на здравјето на секого.

Само во месец јануари годинава, Евротип отвори нови четиринаесет локации, кои обложувањето го прават подостапно за секого. Четиринаесетте локации распоредени во Охрид, Гостивар, Скопје, Битола, Тетово, Велес, Неготино, Богданци, Гевгелија и Штип, воедно значат и отворање на повеќе од 50 нови работни места, што во време на пандемија со која се соочува целиот свет, се од исклучително значење и ќе играат важна улога во егзистенцијата на повеќе од 50 семејства.

Спортските обложувалници Евротип и понатаму ќе ја продолжат својата експанзија, со цел и во иднина да бидат Вашиот главен партнер и партнер од доверба во обложувањето.

Обложувајте се и добивајте заедно со Евротип, каде Ве очекува најбогатата понуда на бројни локации во Вашето место на живеење.


Ајакс го „заборави“ својот најскап фудбалер во историјата!

Себастијан Халер, најскапиот играч во историјата на Ајакс, не го најде своето место на списокот на холандската екипа за настап во Лига Европа.
Ајакс во јануари му плати на Вест Хем 23 милиони евра за услугите на 26-годишниот напаѓач од Брегот на Слоновата Коста. До вторникот клубовите имаа можност да направат список од 25 фудбалери за натпреварувањата на УЕФА, а името на Халер не се најде на списокот на Ајакс. Во клубот се шокирани и не знаат како тоа се случи.
„Проверуваме што се случило. Разговараме со Фудбалскиот сојуз на Холандија и УЕФА како би можеле да видиме кој и каде погрешил. Нејасно е што се случи.“ – соопштија од клубот.
Халер веќе одигра шест натпревари за холандскиот првак и постигна два погодоци. Ајакс во нокаут фазата на Лига Европа ќе игра против Лил, а првиот натпревар е во Франција на 18. февруари.


„Постирај и добиј“ – нова промоција на Евротип

Редовно се обложуваш, а љубител си и на интересна фотографија? Новата промоција на Евротип е токму за тебе!
Во периодот до вторник 09.02 на полноќ, направи фотографија на која ќе се фотографираш себеси со логото на Евротип, или пак ќе го фотографираш само логото на Евротип и истата нека биде објавена на Фејсбук со користење на хаштагот #EvroPost а Евротип ќе те награди со вредносен ваучер од 1.000 денари, како и Евротип подарок.
Се што треба да се направи при постирањето на сликата, освен користењето на хаштагот #EvroPost е објавата да биде јавна (public), а победник ќе биде оној чија фотографија ќе „собере“ најмногу допаѓања.
Телефонот или фотоапаратот во рака, посетете ја Вашата омилена обложувалница, обложете се или испијте го кафето со пријателите, а во исто време и добијте награда!
Право на учество имаат сите лица над 18 години, а победникот ќе биде објавен веднаш по крајот на крајниот рок, односно во среда на 10. февруари.


Вест Хем доведување засилување од Камп Ноу!

Вест Хем игра одлично под водство на Дејвид Мојс уште од почетокот на сезоната, „чеканите“ се петти на табелата во Премиерлигата и имаат големи шанси да изборат пласман во европските натпреварувања идната сезона. Лондонскиот клуб е во потрага по напаѓач, а еден од оние кои би можеле да го решат тој проблем е Мартин Брејтвајт, пишуваат шпанските медиуми. Данецот беше на мета на Вест Хем и минатото лето, меѓутоа остана на Камп Ноу без оглед на тоа што знаеше дека нема да добие голема минутажа. Во меѓувреме, тој собра 25 настапи во сите натпреварувања, постигна шест погодоци и асистираше два пати, но сосема е јасно дека на крајот од оваа сезона ќе ја напушти Барселона. Англискиот тим не се откажа од неговото доведување, а наредното лето очекуваме повторно да го видиме 29-годишниот напаѓач на терените во Англија, каде настапуваше во дресот на Мидлсбро во Чемпионшип.


Рома му ја одзеде капитенската трака на Един Џеко

Спортскиот директор на Рома, Тиаго Пинто изјави дека напаѓачот Един Џеко повеќе не е капитен на римскиот тим. „Един Џеко е силен фудбалер, одличен професионалец со долгогодишно искуство, а Фонсека е лидер на нашиот проект. Тој заврши одлична работа. Одржавме неколку состаноци за да изградиме заемна доверба. По состаноците, излеговме среќни и задоволни. Сега е важно да се фокусираме на постигнување на заеднички цели, што е поважно од интересите на поединците. Убеден сум дека клубот треба да се заснова на правила, па Един повеќе не е капитен. Но, сите ќе работиме заедно за доброто на клубот“, изјави Пинто. Да потсетиме дека поради конфликтот со главниот тренер на Рома, Пауло Фонсека, Џеко неодамна тренираше одвоено од неговите колеги во Рома. Како што беше соопштено, 34-годишниот фудбалер го замолил клубот да го ослободи пред затворањето на зимскиот преоден рок, но трансферот не се реализираше. Во текот на вчерашниот ден стана јасно дека Џеко се врати на тренинг со соиграчи, бидејќи управата на Рома успеа да го среди неговиот конфликт со тренерот.


Асамоа се реактивира и потпиша за Каљари

Квадво Асамоа се врати во Серија А откако потпиша договор до крајот на сезоната со екипата на Каљари. Долго време Асамоа го носеше дресот на Јувентус за кој потпиша во 2012 година и за овој клуб настапуваше се до 2018 година. После Јувентус премина во ривалот на „старата дама“, Интер каде се задржа две сезони. За репрезентација на Гана Асамоа има 71 натпревар и четири гола, дебитираше на 11. Февруари 2000 година. Во акриерата Асамо го носеше и дресот на Удинезе.


Борбено реми на футсалците на Македонија и Романија

Македонската футсал репрезентација одигра нерешено, 2-2 против фаворизираната селекција на Романија во рамките на второто коло од квалификациската група за пласман на Европското првенство 2022 година. Во СЦ „Јане Сандански”, избраниците на селекторот Васко Скендеровски одиграа одличен натпревар и заслужено го освоија првиот бод во овие квалификации. Нашата селекција поведе во првото полувреме со голот на Даниел Дандан, но романската селекција израмни веќе во следната минута кога изведоа корнер, а топката го закачи Мицевски, го смени правецот и го имзами голманот Петровски. Во 33. минута, Марлос им донесе водство на гостите по корнерот на Фелипе, а бодот за Македонија го обезбеди капитенот Дарко Ранготов во 38.минута со убав и прецизен удар. За дарко Ранготов ова беше јубилеен, стоти натпревар во дресот на Македонија. На вториот натпревар во нашата група, БиХ ја совлада селекцијата на Србија на гостински терен со 4-2, а тоа беше втора победа за БиХ.


Парма го врати Пеле во Серија А

Грацијано Пеле денес треба да ги помине лекарските прегледи во Парма и да го потпише договорот за една година со опција да му биде продолжен доколку „млекарите“ обезбедат опстанок во Серија А. 35-годишниот напаѓач доаѓа како слободен играч откако го напушти кинескиот состав Шандонг Лунег. Пеле по втор пат ќе го носи дресот на екипата од „Енио Тардини“. Тој играше за Парма шест месеци во сезоната 2011/12. Неговиот нов тим се наоѓа на претпоследното 19-то место во Серија А.