feature

Упамекано ставен на трансфер листа во РБ Лајпциг

Бундеслигашот РБ Лајпциг е подготвен да го продаде Упамекано доколку добие добра понуда, објавија медиумите во Германија.
Извршниот директор на клубот, Оливер Минцлаф, отворено изјави дека 22-годишниот централен дефанзивец ќе биде ставен на трансфер листата и дека за него се заинтересирани екипите на: Челзи, Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Барселона и Реал Мадрид.
„Имаме многу квалитетен состав. Мислам дека тоа е разумен финансиски потег. Кога ќе помислам на Вернер, Куња, Кеита и Деме, јасно е дека заработивме многу пари и напредувавме како тим“, нагласи Мицлаф.


Дембеле одбива нов договор, Барса пред нов проблем

Барселона се наоѓа во голем проблем, бидејќи може да го загуби Осман Дембеле без обештетување.
Имено, како што пренесуваат шпанските медиуми Дембеле одбил да го продолжи договорот, а во Барселона претпоставуваат дека ќе го почека истекот на договорот за да си замине како слободен играч.
Договорот на Дембеле со Барселона истекува на 30. јуни 2022 година, но тој наводно ги одбил сите можности за продолжување на соработката.
Уште има доволно време да се променат работите и во Барселона веројатно ќе се обидат да го направат тоа, во спротивно ќе го стават на продажба на крајот на сезоната.


„Кралевите“ ги сменија плановите, не се враќаат во Мадрид, туку патуваат за Малага

Реал Мадрид нема да се враќа во Мадрид и од Памплона ќе лета дирекно во Малага. Ова беше одлучено денес поради хаосот кој настана на аеродромите во поголем дел од Шпанија поради снегот.
Во саботата „кралевите“ играа против Осасуна и се надеваа дека ќе успеат да се вратат во Мадрид после завршувањето на мечот, но не добија одобрение.
Проблемот не е во аеродромот во Памплона, туку на тој во Мадрид, каде поради снегот авионите можат само да полетуваат, а не и да слетуваат.„Кралевите“ ќе останат во хотел, а во понеделник ќе летаат во Малага, каде во четврток ги очекува меч против Атлетик Билбао во Суперкупот.


Јапонците сакаат откажување на Олимписките игри

80% од Јапонците сакаат Олимписките игри во Токио да бидат откажани или повторно одложени покажува анкетата организирана од агенцијата – Кјодо.
Според бројките, 35,3 проценти бараат откажување на Игрите, додека 44,8 проценти сакаат ново одложување. Ќе потсетиме дека Олимпијадата требаше да се реализира во 2020 година, но, поради пандемијата КОВИД-19 беше префрлена за претстојното лето.
Првото пролонгирање на Олимписките игри донесе дополнителни трошоци од три милијарди долари за организаторите.


Манчестер Сити се „опоравува“ од коронавирусот

Талентираниот крилен напаѓач на Манчестер Сити, Феран Торес се опорави од проблемите со КОВИД-19, откако на последното тестирање доби негативен резултат.
Поранешниот фудбалер на Валенсија беше еден од неколкумина фудбалери кои се заразија со вирусот по гостувањето кај Арсенал во Лига купот.
Торес во меѓувреме ги пропушти натпреварите на англиските вицешампион против Челзи и Манчестер Јунајтед.
Наредниот натпревар на Сити е во ФА купот против Бирмингем, а се очекува Торес да биде на клупата.


Најдобриот стрелец во историјата го напушта Сити како слободен играч!?

Маурисио Покетино е во потрага по играчи со кои дополнително би го засилил Париз Сен Жермен откако го презеде францускиот клуб, а најголемото име кое се поврзува со клубот од Париз секако е Лионел Меси.
Меѓутоа, во приказната влегува уште еден аргентинец. Станува збор за Серхио Агуеро, напаѓачот на Манчестер Сити. Така барем тврди фудбалскиот менаџер Бруно Сатин, кој тоа го изјави за францускиот медиум Канал +.
Засега, се чини дека Агуеро нема да добие нов договор од Сити, па ПСЖ доколку навистина е заинтересиран, би можел да го доведе целосно бесплатно.


Ван Нистелрој го презема У21 тимот на ПСВ Ајндховен

Чекор по чекор, темелно и без премногу брзање, Руд ван Нистелрој продолжува да ја гради својата тренерска кариера. Далеку од јавноста тој работи како асистент во ПСВ, клуб во кој се грижи и за играчи до 18 години.
Руд апсорбира знаење и го собира искуството што еден ден ќе му биде потребно кога ќе заземе работа како главен тренер. Во клубот во кој експлодираше и од каде го направи својот прв меѓународен трансфер во Манчестер Јунајтед, Ван Нистелрој прави чекор напред кон нова кариера.
Ван Нистелрој од следната сезона ќе го преземе клупскиот У21 тим, каде го чекаат многу лица кои тој веќе ги предводеше.


Станковиќ го носи Асамоах во Црвена Звезда

Црвена Звезда овој јануари би можела да добие големо засилување.
Имено, желба на српскиот клуб е Квадво Асамоа. Левиот бек од Гана после раскинувањето на договорот со Интер во октомври минатата година е слободен агент.
Најдобрите денови од кариерата Асамоа ги помина во Јувентус со кој освои шест скудета, но како член на „старата дама“ имаше неколку тешки повреди.
Искусниот 32 годишен играч претходно го носеше дресот на Удинезе од 2009 до 2012. Платен на Белинцона беше еден милион евра, а подоцна продаден на Јувентус за 18.


Озил го уценува Арсенал?!

Месут Озил веќе некое време е на излезните врати од Арсенал бидејќи не е во плановите на Микел Артета, но се уште не го пронајде клубот во кој ќе ја продолжи кариерата.
Голем проблем кога е заминувањето во прашање претставува неговиот договор од 350 илјади фунти неделно кој трае до 2023. година, па германецот не мора да се брза со промена на средината.
Сепак, англискиот „Сан“ пишува дека Озил е подготвен да го напушти клубот, доколку Арсенал се согласи до 2023. година да ја исплаќа онаа разлика до 350 илјади фунти која останува кога некој од заинтересираните клубови ќе му понуди договор. Никој не може да го плати, но тој се надева дека Арсенал би можел да помогне.
Се верува дека Озил ќе потпише со турски Фенербахче договор на три и пол години, а Фенербахче за него ќе извои 10 милиони евра.


Мандалиниќ позираше со деветката по потписот на новиот договор

Репрезентативецот на Хрватска, Стипе Мандалиниќ, официјално ја продолжи соработка со нашиот ракометен состав Еурофарм Пелистер. Левиот бек кој одработи шест месеци во Битола, вели дека е задоволен од постигнатото.
„Мојот впечаток е многу позитивен. Градот е мал, но, има душа и живее за спортот, посебно за ракометот. Среќен сум во Битола, затоа ја договоривме соработката за наредната сезона. Клубот се стреми за големи цели почнувајќи од тренерот и стручниот штаб. Ќе има многу натпревари, но не ме плаши збиениот календар бидејќи играв во Бундеслигата каде што се играат три натпревари неделно. За навивачите на Пелистер сум слушал претходно, гледав и неколку натпревари на Интернет, минатата сезона против Веспрем и Мешков Брест и тоа е навистина атмосфера која ти дава „ветер во грб“. Таква публика со таков ентузијазам посебно ќе ни недостига на големите натпревари“, вели ракометарот на Еурофарм Пелистер.