feature

Чедомир Јаневски пред нов ангажман

Поранешниот селектор на фудбалската федерација на Македонија, Чедомир Јаневски по втор пат во својата кариера ќе работи на Кипар. Искусниот фудбалски стратег има понуда од Олимпијакос од Никозија, а кипарските медиуми јавуваат дека извесно е прифаќањето на истата, пренесуваат кипарските медиуми. Јаневски беше тренер на Енозис, но поради КОВИД-19 ја прекина соработката. Неофицијално, поранешниот тренер на Вардар, Бриж, Монс, Мускрон, Беверен и Црвена Звезд, а во Олимпијакос ќе започне со работа на идната недела.


Џеко до крајот на неделата ја напушта Рома

Един Џеко може наскоро да ја напушти Рома. Според изворот, 34- годишниот фудбалер ја изразил својата желба за заминување од Рома по конфликтот со тренерот Пауло Фонсека. Проблем е што Босанецот досега доби само една понуда и тоа од Вест Хем Јунајтед. Сепак, Един Џеко не сака да се пресели во лондонскиот клуб. Да потсетиме, Џеко во моментов тренира одвоено од главниот состав на Рома по одлука на Фонсека. Покрај тоа, тренерот му ја одзеде капитенската лента на напаѓачот. Џеко ги брани боите на Рома од 2015 година. Оваа сезона тој учествуваше на 15 натпревари од италијанската Серија А, на кои постигна 7 гола. Рома во моментов има освоено 37 бода по 19 кола, го заземаат третото место на табелата во првенството.


Мбапе има понуда на маса: Реал му нуди 21 милион евра годишно

Реал Мадрид се соочува со финансиски потешкотии во пресрет на потенцијалниот трансфер на напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе.
Како што објави „АС“, во Реал Мадрид не се во можност да ги исполнат барањата на 22-годишниот фудбалер. Според условите на тековниот договор со Парижаните, кој е со важност до летото 2022 година, Килијан добива 21 милион евра. Реал е подготвен да му плати исто, но нема да може да гарантира поголема плата. ПСЖ, од друга страна е подготвен да му обезбеди на Французинот иста плата како и неговиот партнер во нападот Нејмар, односно 36 милиони евра.
Претходно беше објавено дека Реал Мадрид во моментов не е подготвен да ја плати сумата која ја бара ПСЖ за Мбапе во клаузулата од неговиот договор, а која изнесува 150 милиони евра.


Данило Брестовац веќе не е селектор на Македонија

По исклучително лошиот настап на Светското првенство во Египет, сениорската ракометна репрезентација на Македонија се враќа дома со освоено 23. место.
Лошиот настап на Мундијалот влијаеше на промена на селекторот, па Данило Брестовац од денеска повеќе не е предводник на А селекцијата.
„Ракометната Федерација на Македонија би сакала да ја извести јавноста дека македонската куќа на ракометот и г. Данило Брестовац, на 26 јануари 2021 г., взаемно се спогодија да ја прекинат соработката околу ангажманот на машките ракометни сениори.“ – соопштија од РФМ.
Брестовац беше назначен за селектор на Македонија во јуни 2019. година.


Барса пријави огромен долг на крајот од 2020 година

Барселона забележува нагло влошување и ја покажува финансиската состојба на клубот. Стана познато дека Барселона прогласи долг од 1,2 милијарди евра, како и краткорочен долг за уште 730 милиони евра. Најголемиот дел од трошоците на клубот се во платниот список, што сочинува 74% од буџетот на клубот. Ситуацијата со договорите на играчите предизвикува сериозна загриженост во клубот, што доведе до преговори за одложување и намалување на платите уште од почетокот на пандемијата.
Барселона, исто така, им должи на другите клубови вкупно 126 милиони евра како резултат на неколку зделки за трансфери склучени од клубот во последните неколку години. Клубот сè уште му должи 29 милиони евра на Ливерпул за потписот на Филипе Кутињо, 16 милиони на Ајакс за Френки де Јонг и 10 милиони на Бордо за Малком. Секој од овие долгови треба да се исплатат до 30 јуни оваа година.
Каталонците ја завршија сезоната 2019/2020 со нето долг од 488 милиони евра и клубот разговара за одложување на овие плаќања со нивните доверители, посочувајќи го влијанието на пандемијата на коронавирусите врз буџетот.


Упамекано на чекор до „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед доби голем конкурент во трката за ангажман на дефанзивецот на РБ Лајпциг, Дајот Упамекано, бидејќи Челзи, наводно, контактирал со неговиот агент.
За Јунајтед се знаеше дека е главниот фаворит за привлекување на 22- годишниот фудбалер за 55 милиони фунти кој според најавите треба да му биде партнер на Хари Мегваер во дефанзивната линија, но, сега информациите најавуваат дека „сините“ исто така ќе притискаат за потписот на црномурестиот фудбалер.
Во исто време медиумите во Англија најавуваат дека покрај Манчестер Јунајтед и Челзи, за одличниот одбранбен фудбалер е заинтересиран и германскиот гигант, Баерн Минхен.


Бејл не се снајде во Лондон, веќе е отпишан?!

Големи беа очекувањата од помпезното враќање на Герет Бејл во Тотенхем, а гласот за незадоволството од покажаното на скапиот велшанец прв го подигна лично Жозе Мурињо. Бејл се врати по цели седум години во клубот кој го афирмираше, но од враќањето беше стартер на само два натпревари. Позајмицата му истекува на крајот од сезоната, а веќе на половина од истата мали се шансите тој да се задржи во Лондон. Во врска со скромната минутажа на Бејл, Мурињо сурово, но искрено рече дека фудбалерот на Реал ќе игра повеќе кога ќе заслужи. „Не можам да им давам минути на играчите. Тоа не е нешто што јас го подарувам. Знаеме со какви потешкотии се соочуваше години наназад. Знаеме дека дојде повреден. Знаеме дека оваа сезона напредуваше, но и назадуваше во некои нешта.“ – вели Мурињо за Бејл. Тој додаде дека најважно за Бејл е да биде конзистентен на тренинзите, што е услов да биде подготвен, а тогаш ќе ги заработи и своите минути.


Намалени наградите на Австралија Опен

Организаторите на Австралија Опен донесоа одлука да ја реструктуираат поделбата на парите кога наградите се во прашање. Така, победниците во машка и женска конкуренција годинава ќе добијат помала награда во однос на минатата година. Како што е соопштено, на шампионите во сингл конкуренција ќе им бидат доделени околу 2,75 милиони австралиски долари, во однос на минатогодишните 4,12 колку што добија Новак Ѓоковиќ и Софија Кенин. Наградниот фонд сепак ќе остане ист, 71,5 милиони австралиски долари, па тенисерите кои ќе бидат елиминирани во раните фази ќе добијат поголема награда во однос на минатата година. На пример, поразените во првото коло ќе заработат дури сто илјади долари, што е зголемување за 10 отсто од минатогодишното издание.


Солскјер загрижен, Рашфорд на дополнително прегледи на коленото

Маркус Рашфорд синоќа одигра уште еден одличен натпревар оваа сезона и даде гол и асистенција за победа на неговиот тим од 3-2 над Ливерпул. Рашфорд асистираше на перфектен начин за голот на Мејсон Гринвуд за 1-1 во првото полувреме, а тој погоди за пресврт на мечот за 2-1 на почетокот на второто полувреме. На пет минути пред крајот на мечот, тој го напушти теренот жалејќи се на болка во коленотот. Ова го потврди Оле Гунар Солскјер, кој рече дека Рашфорд ќе го мора да оди на дополнителен преглед денес за да ја проценат неговата состојба. „Рашфорд играше на врвот на нападот, десно, лево. Одлучивме дека начинот на кој тие се бранеа, тој може да менува крилните позиции, ни требаше брзина за да ги нападнеме и добро се справивме со тоа. На крајот, имаше проблем со коленото, па денес ќе помине скенер за да видиме каква е состојбата“, изјави Норвежанецот.


Мукаетов доби поддршка од сите македонски клубови

Македонската ракометна федерација веќе го закажа организирањето на Изборното Собрание за избор на претседател на РФМ. Актуелниот прв човек на РФМ, Живко Мукаетов повторно се кандидира за позицијата претседател, а сите клубови од Македонија му изразија поддршка. Со официјален документ, на кој се потпишаа и ставија клупски печати, сите македонски екипи застанаа зад сегашниот претседател, што е доказ дека Мукаетов одлично ја вршел својата работа досега. Со овој допис во кој клубовите ја изразуваат поддршката за Мукаетов станува јасно дека на 31 јануари нема да има многу дилеми кој ќе продолжи да ја води федерацијата. Бидејќи еден клуб не може да даде поддршка на двајца претседателски кандидати, тоа значи дека Живко Мукаетов ќе биде претседател најмалку до 2025 година. Изборното Собрание на РФМ е закажано за 31 јануари во хотелот Александар Палас со почеток во 12:00 часот. Сите делегати од машките и женските клубови застанаа зад Мукаетов, па тоа значи дека ќе бидеме сведоци на реизбор на Муакетов за прв човек на федерацијата за уште еден мандат.