feature

Ливерпул планира нови договори за Ван Дајк и Салах

Управата на Ливерпул како приоритет го има потпишувањето на новиот договор со централниот бек Вирџил ван Дијк , и нов договор со напаѓачот Мохамед Салах. Договорите на двајцата играчи истекуваат летото 2023 година, а Ливерпул смета дека останувањето на Холанѓанецот е главната мисија. Клубот планира да објави нова зделка со Ван Дијк ова лето. Ливерпул има намера да му понуди подобрени услови во договорот на дефанзивецот, со кој тој сигурно ќе заработува повеќе од Салах, кој сега е најплатен играч во клубот и заработува 200.000 фунти неделно.


Евротип предлог тикет – Недела 24.01.2021

Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи околу 28 коефициент:

Сент-Етјен – Лион 0-2
Едно од најголемите француски дерби соочувања предвидувам дека ќе мине во знакот на голема борба и малку голови. Лион е благ фаворит, посебно ќе дојде лут по поразот од Мец, но Сент-Етјен не смее да се отпише.

 

Лацио – Сасуоло ГГ, 4+
Натпреварите на Сасуоло се спектакл, преполни со голови и позитивна и офанзивна тенденција. Најтешко е да се предвиди конечниот исход, но најлесно дека ќе има доста голови.

 

Шалке 04 – Баерн Минхен 2-2
Иако со Грос на клупата и неколку зимски засилувања има видно подобрување, Шалке не може многу работи да очекува против Баерн. Секој резултат освен гостинска победа ќе биде сензација.

 

Елче – Барселона 2
„Ранета“ по поразот во Суперкупот и неубедливата победа во Купот на Кралот и без Меси, Барса гостува во Андалузија. Сепак, екипата на Куман е под императив, едноставно мора да се наметне, а и противникот тоа го дозволува. Само победа ја остава Барса блиску до Атлетико и Реал.

 

Бешикташ – Гезтепеспор 1-1
Конечно Бешикташ влезе во ритам, победи и неколку дерби натпревари и како огромен фаворит влегува во дуелот со Гезтепеспор. Иако во минатото клубот од Истанбул редовно имал проблеми со вакви ривали, верувам дека ќе се радува на бодовите.


Мбапе: Ми треба време да одлучам дали ќе останам во ПСЖ

Килијан Мбапе, кој беше привлечен за 180 милиони евра во ПСЖ, призна дека засега нема да брза со евентуално обновување на договорот со својата екипа. Тој има договор со клубот до 30 јуни 2022 година, а за него е заинтересиран Реал Мадрид. „Разговараме со луѓето од клубот за да се обидеме да го најдеме вистинскиот план. Многу сум среќен тука и отсекогаш сум бил таков. Навивачите и клубот секогаш ми помагаа и секогаш ќе бидам благодарен за тоа. Но, сакам да размислувам за тоа што сакам да направам во следните години и каде сакам да бидам. Ова е она што го разгледувам. Ќе треба да донесам одлука наскоро, но сепак размислувам. Ако го имав одговорот сега, ќе ви кажев. Не сакам да потпишам нов договор и една година подоцна да одлучам дека сакам да заминам. Ми треба време да донесам одлука, дали ќе останам во ПСЖ или ќе заминам некаде на друго место“ изјави Мбапе.


Червар заминува од хрватското кормило по СП во Египет

Селекторот на хрватскиот национален тим, Лино Червар ја изненади јавноста и по натпреварот кој го загуби Хрватска од Аргентина со 23- 19 и најави оставка по завршувањето шампионатот. „Ја превземам одговорноста, разочаран сум и многу изненаден. Изненаден сум од начинот на кој мојата екипа го одигра решавачкиот натпревар на СП, но одговорен сум јас како селектор. Разочаран сум од пристапот кон играта во најважниот натпревар. Јас не можам да продолжам вака, се гордеам со се она што досега направив, но време е некој друг да ја превземе работата. Не сум навикнат да губам вакви натпревари. Сепак на Хрватскиот ракометен сојуз е да пронајде мој наследник, апелирамда бидат внимателни при зиборот затоа што следуваат квалификациите за Олимписките игри“ изјави Лино Червар веднаш по натпреварот со Аргентина.


Толисо се сели во Италија, ѕвездата на Баерн има две понуди од Серија А

Јувентус и Интер се сериозно заинтересирани за играчот на Баерн Минхен и француски репрезентативец, Корентин Толисо. 26-годишниот играч за врска на лето ќе влезе во последната година од договорот со Баерн Минхен, а нема најави за негово продолжување. Баварците се спремни да го продадат, а италијанските гиганти сакаат да ја искористат таквата ситуација. Толисо пристигна на „Алијанц Арена“ во 2017 година од Лион за 40 милиони евра, а Баерн за неговата слобода ќе бара 25 милиони евра.


Избран најдобриот тим на годината, каде е Меси?!

Ретко кој избор за најдобар тим на светот во претходните десетина години би можел да помине без Лионел Меси, а сега се случи и тоа. Имено, ЕА Спорт, кој е сопственик на лиценцата за видео-играта ФИФА, направи тим на годината во кој немаше место за Аргентинецот за првпат од 2009. година кога се врши овој избор. Во изборот, учествуваа 10 милиони играчи од 185 земји на светот. Фудбалерите се подредени во формација 4-3-3, пред голманот Нојер се Алфонсо Дејвис, Серхио Рамос, Вирџил ван Дајк и Трент Александер-Арнолд. Средината на теренот ја држат Бруно Фернандеш, Кевин де Брујне и Џошуа Кимих, додека тројката во нападот ја сочинуваат фудбалери кои се во одлична форма, Роберт Левандовски, Кристијано Роналдо и Килијан Мбапе. Многу фанови на оваа игра тврдат дека и покрај неуспешната сезона во Барселона, требаше да има место за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.


Со само 16 години, стана првата жена која е дел од Ферари!

Славната италијанска Ф1 екипа Ферари, потврди дека има договор со 16-годишната холанѓанка Маја Војг, кој ќе стана првата жена дел од возачката академија на Ферари во Ф1. Војг беше победник на петдневниот камп во седиштето на тимот и на тест возењата во Маранело и Фиорано, а бидејќи како женско беше побрза од поголемиот број нејзини противници, ќе добие прилика да се натпреварува во првенството Формула 4. Директорот на Академијата, Марко Матаса изјави дека таа постигна најголем број на поени од сите во историјата на кампот. „Ова е клучен момент во историјата на Скудерија Ферари и неговата академија.“ – изјави шефот на Ф1 тимот, Матија Биното, кој додаде дека доаѓањето на Маја е јасен показател на Ферари дека мото-спортот е се поинклузивен и рамноправен. Војг е родена во Шпанија, има мајка од Белгија и татко од Холандија. Академијата на Ферари досега помогнала на пет возачи да стигнат до Формула 1, вклучувајќи го возачот на Ферари Чарлс Леклерк и дебитантот Мик Шумахер. Формула 1 немала жена возач да се натпреварува за Големата наградата уште од покојната италијанка, Лела Ломбарди во 1976. година.


Поранешен фудбалер на Шефилд Јунајтед пронајден мртов во својот дом

Фудбалерот од Јамајка, Лутон Шелтон, кој го носеше и дресот на англиски Шефилд Јунајтед, почина на 35 годишна возраст. Шелтон боледувал од амиотрофична латерална склероза, тешко заболување на моторните неврони што резултира со прогресивно губење на можноста за одење, зборување, голтање, а на крај и дишење. Тој беше пронајден починат во неговиот дом. Болеста на поранешниот фудбалер му е откриена во 2018. година, 19 месеци откако доживеа повреда во дресот на Харбор од Јамајка. Шелтон за репрезентацијата на Јамајка одигра 75 натпревари, постигнувајќи 35 гола.


АСОМ: Над 8.000 вработени на улица и отворање пат за нелегално обложување ако се усвојат предлог измените на Законот на игрите на среќа

По објавата на Единствениот национален електронски регистер на прописи (ЕНЕР) за почеток на процесот за подготовка на закон за измена и дополнување на Законот за игрите на среќа и забавните игри, Асоцијацијата на спортски обложувалници децидно стои на ставот дека се подготвуваат измени на законот кои се крајно неприфатливи и ќе доведат до целосно затворање на индустријата, губење на илјадници работни места и огромни загуби за државниот буџет.
„Ставот на АСОМ по однос на измените за одалечување на деловните објекти е целосно неприфатлив и на истиот силно се спротивставуваме. Растојанието од 500 м оддалеченост на нашите деловни објекти од училишта и високообразовни институции, според анализите кои ги направивме, значи затворање на 98% од уплатно-исплатните места, односно гасење на цела индустриска гранка. Со ова, директно се загрозува егзистенцијата на речиси 8.000 семејства, односно 8.000 вработени во индустријата на игрите на среќа кои преку ноќ ќе ја изгубат работата. Негативни последици ќе има и врз повеќе од 50.000 работни места во други стопански гранки, кои индиректно зависат од нашата работа.“– изјави Васко Илијевски, претседател на АСОМ.

Од Асоцијацијата предупредуваат дека ваквото законско решение широко ќе го отвори патот на сивата економија и нелегалното обложување. Нејасно е дали Владата сака од целосно регулиран пазар кој сега го имаме, да направи нерегулиран бидејќи ефектот од законот ќе биде токму тој. Затворањето на спортските обложувалници нема да го запре обложувањето. Играчите ќе бараат алтернативни начини, а обложувањето ќе се префли на нелегални локации. Така државата ќе нема контрола ниту врз средствата, ниту врз безбедноста на играчите и малолетниците, сметаат од Асоцијацијата.
Исто така, велат од АСОМ, со ваквиот закон се одзема стекнатото деловно право на компаниите кои имаат важечки лиценци за постоечките објекти и предупредуваат дека ќе има сериозни домашни и меѓународни правни импликации доколку се скрати ова право на компаниите.
Во однос на предлогот за зголемување на давачките, АСОМ потенцира дека приредувачите во РС Македонија и сега плаќаат највисоки даноци во Европа, а наведената причина за нивно зголемување е целосно контрадикторна со оддалечувањето на објектите.
„Зголемувањето на ионака, највисоките даноци во Европа кои и сега ги плаќаме, а со цел како што се наведува зголемување на средства во буџетот, воопшто не кореспондира со предлогот за оддалеченоста. Ако ние ставиме клуч на врата на нашите објекти, државата ризикува да ги изгуби сите средства со кои индустријата на игри на среќа и сега придонесува во државниот буџет, а тое се повеќе од 250 милиони евра по сите основи на работењето. Зошто се покачуваат даноци, ако практично планот е да се затворат објектите и кој би бил економскиот ефект од тоа. Сметаме дека предлог законот е направен без никакви економски и пазарни анализи и дека ќе има многу сериозни импликации врз државната економија, која ионака е силно погодена и дестабилизирана од ковид кризата.“ – истакнува Илијевски и ги повикува Владата и Министерството за финансии сериозно да размислат дали ваков закон оди во прилог на јакнење на кревката економија и намалување на стапката на невработеност.
Заклучоците на Асоцијацијата се дека ова не е европски закон, затоа што ниту еден европски закон не предвидува оддалеченост на објектите, бидејќи тоа нема никаков ефект врз навиките. Асоцијацијата на спортски обложувалници е подготвена да прифати било кој од европските закони во земјите членки на ЕУ, но закон кој има за цел затворање на индустријата нема да прифати.
„Ние како Асоцијација, во изминатите месеци делувавме конструктивно и доставивме предлози за унапредување на сите аспекти од работењето на индустријата кои се во интерес на сите чинители. Неколкупати побаравме средба во Владата и Министерството за финансии да ги образложиме истите, но не добивме одговор. Нашите предлози беа токму во делот на покачување на приходите на државата од игрите на среќа преку ефикасни европски модели на оданочување, поголема безбедност за играчите, едукација, како и трикратно повисоки казни за приредувачите кои ќе ги прекршат законите. За жал, ништо од тоа досега не е прифатено.“- истакнува Илијевски и бара итен прием на претставници на АСОМ во Владата и министерството за да ги аргументираат нивните предлози за закон по европски терк.
„Бараме стопирање на целиот процес на носење предлог закон и вклучување на сите засегнати страни во подготовка на нов предлог закон и транспарентна дискусија што и доликува на земја со европски аспирации„- заклучува Илијевски.


Жестоки казни за учесниците во таканаречената Суперлига

Строги казни за сите клубови и играчи, кои евентуално би учествувале во најавената т.н. „затворена Суперлига“, чие формирање го заговараат неколку европски фудбалски гиганти, најавија ФИФА и шесте континентални федерации. Во врска со неодамнешните медиумски написи дека некои европски клубови би можеле да формираат европска Суперлига од затворен тип, ФИФА и шесте континентални федерации (АФЦ, ЦАФ, КОНКАКАФ, КОНМЕБОЛ, ОФЦ, УЕФА). одлучно истакнуваат дека таквото натпреварување нема да го признае ниту ФИФА, ниту која било континентална федерација, се наведува во заедничкото соопштение на челните луѓе на ФИФА и УЕФА, Џани Инфантино и Александар Чеферин, како и претседателите на преостанатите пет континентални фудбалски асоцијации. Во соопштението, исто така, се нагласува дека ниту еден клуб или фудбалер, кој би учествувал во таквата Суперлига нема да може да настапува на натпреварувањата организација на ФИФА и континенталните федерации. Идејата за формирање Суперлига, што би била алтернатива на сегашната Лига на шампиони во организација на УЕФА, веќе неколку години се споменува во медиумите.