feature

Елена Мицковска нов претседател на Федерацијата на училишен спорт

Федерацијата на училишен спорт на Македонија денес избра нов претседател – и за првпат во својата историја, на чело на организацијата застана жена.

За нова претседателка е избрана Елена Мицковска, долгогодишен спортски работник која успешно извршувала бројни значајни функции во спортот, како и во делегациските структури. Таа е поранешна кошаркарска репрезентативка со богато искуство и посветеност кон спортот на сите нивоа.

„Овој избор претставува значаен чекор кон унапредување на родовата еднаквост, современо и инклузивно управување, како и транспарентно водење на Федерацијата. Со изборот на Мицковска започнува ново поглавје, исполнето со визија, интегритет и посветеност кон напредокот на спортот и благосостојбата на сите членови на заедницата. Федерацијата и понатаму останува отворена за соработка, дијалог и заеднички успех“ се вели во информацијата објавена од страна на Федерацијата за училишен спорт.


Ботафого го шокираше европскиот првак ПСЖ

Пари Сен Жермен претрпе изненадувачки пораз од Ботафого со 1-0 на Светското клупско првенство, со што ја прекина серијата од шест победи во сите натпреварувања. И покрај притисокот на ПСЖ, Ботафого ги покажа своите способности за одличен контранапад. Кон крајот на првиот дел токму еден брз контранапад заврши со шут на Игор Хесус од работ на шеснаесетникот, а топката отскокна од еден одбранбен играч на ПСЖ и го изненади Донарума, и заврши во неговата мрежа за водство на Бразилците.

Ова беше првиот гол кој ПСЖ го прими во последните четири натпревари, а на крајот се покажа и како конечен резултат на средбата.

Атлетико Мадрид забележа убедлива победа од 3-1 над Сиетл Саундерс во натпревар од групата Б.


НБА Европа ќе започне за три години

Заменик-комесарот на НБА лигата, Марк Тејтум, потврди дека во тек се активни дискусии со клучните засегнати страни, вклучувајќи ги инвестициските банки, Евролигата и ФИБА за доаѓањето на НБА во Европа.

Тејтум откри дека неодамна се одржал состанок во Женева каде што претставници од НБА, Евролигата, ФИБА и сите 13 клубови акционери на Евролигата седнале на иста маса за првпат.

Извршниот директор на Евролигата, Паулиус Мотијунас, исто така го потврди напредокот во разговорите:

Магазинот „Атлетик“ пишува дека НБА Европа би можела да биде лансирана за две до три години, доколку преговорите продолжат во позитивна насока.


Наполи го договори трансферот на Милинковиќ Савиќ

Db Torino 23/09/2021 – campionato di calcio serie A / Torino-Lazio / foto Daniele Buffa/Image nella foto: Vanja Milinkovic-Savic PUBLICATIONxNOTxINxITA

Вања Милинковиќ-Савиќ, голманот на Торино, се согласи да се пресели во Наполи.

Договорот помеѓу српскиот голман и актуелниот шампион на Италија треба да биде потпишан до 2029 година.

Според медиумите во Италија, преговорите меѓу клубовите исто така одат во добра насока, па се чини дека нема пречки голманот да се пресели во Неапол. Наполи за трансферот ќе издвои 18 милиони евра.

Во својата кариера, повремениот репрезентативец на Србија ги носеше дресовите на Војводина, Манчестер Јунајтед, Лехија Гдањск, Асколи, Спала и Торино.


Индијана издејствува мајсторка во НБА финалето

Кошаркарите на Индијана Пејсерс израмнија во финалето на НБА лигата на 3-3 и се изборија за „мајсторка“ која ќе одлучува за новиот шампион. На домашен терен против Оклахома Сити во финалето на плејофот, Индијана синоќа славеше убедливо со 108:91.

Најефикасен играч во тимот на Индијана беше Оби Топин со 20 поени, додека

Ендру Нембхард додаде 17 поени, а Паскал Сиакам имаше 16 поени и 13 скока.

Шеј Гилџес-Александер ја предводеше листата на стрелци кај Оклахома со 21 поен, а Џејлен Вилијамс додаде 16 поени.

Ова е првпат од 2016 година финалето на плејофот во НБА да има седми натпревар.


Рафаел Надал ја доби титулата Маркиз

Шпанскиот крал Фелипе VI денес му ја додели титулата маркиз на легендарниот тенисер Рафаел Надал како признание за неговиот придонес кон нацијата поради неговите неверојатни спортски резултати.

Надал отсега ќе ја носи титулата Маркиз од Левант де Мајорка, островот каде што е роден и живее, а тоа е наследна титула.

За време на својата богата кариера, Надал освои 22 грен слем титули, од кои неверојатни 14 беа на Ролан Гарос, и без сомнение е најдобриот играч во историјата на земјена подлога.

Покрај Надал, кралот ги почести и поп-рок пејачката Луз Касал и параолимписката пливачка Тереза ​​Пералес.

„Тие се гордост на Шпанија и постојана референтна точка на вредности што треба да го инспирираат нашето општество“, објави шпанската кралска куќа.


Меси од слободен удар го потопи Порто, прва победа на Интер Мајами на СКП

Со спектакуларниот гол на Лионел Меси, Интер Мајами го победи Порто со 2:1 и дојде на чекор до пласман во осминафиналето на Светското клупско првенство во Соединетите Американски Држави. Еден од најдобрите играчи во историјата ја намести топката во 54. минута и изведе совршен слободен удар од околу 20 метри. Аргентибецот го погоди левиот горен агол од голот на Клаудио, кој не можеше да се одбрани. Тоа беше клучен момент на натпреварот.

Во првото полувреме, Порто беше подобриот тим. Тие поведоа веќе во осмата минута кога шпанскиот репрезентативец Сама постигна гол од пенал. Португалците можеа да водат поубедливо, но не ги искористија своите можности.

Сè се промени за осум минути во второто полувреме. Прво, Сеговија го израмни резултатот по додавање на Вејнгант, а потоа волшебникот од Росарио реши сè.

Палмеирас и Интер сега имаат по четири бода, додека Ал Ахли и Порто имаат по еден бод


Шпанецот Карлос Куеста е нов тренер на Парма

Парма официјално го назначи Карлос Куеста за свој нов главен тренер по отпатот на Кристијан Киву кон Интер. Договорот на 29-годишниот досегашен помошник на Микел Артета во Арсенал е за 2+1 сезона.

Ова значи дека Шпанецот се претвора во вториот најмлад тренер во целата историја на Серија A. При својот дебит за Парма против Јувентус на 24 август, Куеста ќе има 30 години и 26 дена. Порано од него, тренер во италијанската елита бил само Елио Лоски, кој исто така против “бјанконерите” на 28 мај 1939-та ја водеше Тријестина на 29 години, 9 месеци и 20 дена.

Новонаречениот тренер на Парма е број 1 во две други категории во овој аспект: за најмлад тренер во Калчото во 21-ви век, како и за најмлад таков во петте водечки првенства во Европа.

За Куеста ова ќе биде прв обид како главен тренер во неговата кариера, откако пет години беше асистент на Артета во Арсенал. Пред тоа, тој беше помошник во младинскиот состав на Атлетико Мадрид до 17 години помеѓу 2014-та и 2018-та, по што ја имаше истата позиција во Јувентус U17 две сезони.


Евролигата проширена од 18 на 20 клубови

Кошаркарската Евролига денеска го потврди списокот на клубови што ќе учествуваат во сезоната 2025/26.

Бројот на учесници се зголеми од 18 на 20, откако во Евролигата се вратија Валенсија и Хапоел Тел Авив.

Петгодишната лиценца му е доделена на Дубаи, кој за прв пат ќе игра во Евролигата.

Единствениот учесник од минатата сезона кој не е на списокот на клубови што ќе играат во Евролигата следната сезона е Алба од Берлин, која ќе игра во Лигата на шампионите на ФИБА.

Клубовите кои следната сезона ќе учествуваат во Евролигата се: Партизан, Црвена звезда, Фенербахче, Панатинаикос, Олимпијакос, Реал Мадрид, Барселона, Монако, Виртус, Валенсија, Дубаи, Хапоел Тел Авив, Макаби Тел Авив, Асвел, Басконија, Баерн Минхен, Ефес, Жалгирис, Олимпија Милано и Париз.

Сезоната во Евролигата започнува на 30 септември.


Нова фудбалска сезона во Македонија почнува на 8 август

Управниот одбор при Фудбалската федерација на Македонија ги усвои календарите за Првата, Втората лига и сениорското Куп натпреварување во натпреварувачката сезона 2025/26.

Натпреварите од Првата македонска фудбалска лига во претстојната сезона ќе бидат распоредени во текот на три дена од викендите (петок, сабота и недела), Втора МФЛ ќе се игра во сабота, а Куп натпреварувањата во текот на работната недела (вторник, среда или четврток).

Есенскиот дел од Прва МФЛ започнува на 8 август, ќе се играат натпревари и на 9 и 10 август,

Жрепката за двојките ќе биде извршена дополнително.