Џек Грилиш ќе го следи Де Брујне во Наполи?

По Кевин е Бројне, Наполи тргна и по – Џек Грилиш!
Многу извори денес пренесуваат дека Наполи е сериозно заинтересиран за уште еден играч од Сити и дека италијанскиот шампион е подготвен да плати до 45 милиони за неговиот трансфер.
Наполи испрати почетна понуда од 35 милиони евра, но доби одговор дека ќе треба да ја зголеми и е подготвен да го направи тоа.
Макар што Антонио Конте сакал и Алехандро Гарначо, Манчестер јунајтед го прецени својот играч на дури 70 милиони, што Наполи не сака да го плати.
Од друга страна, Грилиш исто така е по вкусот на Антонио Конте и Наполи е подготвен да ја зголеми понудата.
Се разбира, важен фактор е и Де Бројне, со кого Грилиш ја делеше соблекувалната од неговото доаѓање од Астон Вила во летото 2021 година за 117 милиони евра.