feature

Болоња пред потпис со Един Џеко

Един Џеко, 39-годишниот репрезентативец на Босна и Херцеговина, е блиску до враќање во Италија.

Според медиумите на Апенините, искусниот напаѓач треба да потпише договор со Болоња. Преговорите се во завршна фаза и остануваат само технички детали пред официјалната потврда.

Понудата вклучува договор за една сезона, со можност за продолжување за уште една година, доколку двете страни се задоволни од соработката.

Џеко би имал годишна плата од 1,5 милиони евра во Болоња, со дополнителни бонуси поврзани со бројот на натпревари и постигнати голови.

Одличниот напаѓач го напушти Фенербахче на крајот од сезоната, каде што помина две години.

Инаку, неколку месеци Џеко се поврзуваше со Хајдук од Сплит, но очигледно решил да игра во многу посилна лига од хрватскиот шампионат.


Антоан Семењо на пат кон Тотенхем

Тотенхем по лошата сезона во Премиер-лигата, сака да направи одредени корекции во составот.

Прва трансферна цел на „спарси“ е крилниот фудбалер на Борнмаут, Антоан Семењо. Медиумите тврдат дека лондонскиот состав може да плати околу 70 милиони фунти за интернационалецот од Гана со што би бил поставен и клупски рекорд.

За црномурестиот напаѓач се заинтересирани и екипите на Арсенал и Манчестер Јунајтед.


Мареска сака нов голман во Челзи

Новинарот, Греам Бејли, тврди дека менаџерот на Челзи, Енцо Мареска, нема доверба во ниту еден од голманите кои се на платниот список на Стемфорд Бриџ.

Познато е дека „сините“ ги имаат Роберт Санчез, Ѓурѓе Петровиќ, Филип Јоргенсен, Лукас Бергстром и Кепа Аризабалага.

Според наведеното, Мареска, не е задоволен од нив и затоа ќе се обиде во текот на летово да обезбеди нов чувар на мрежата. Првиот обид со Мајк Мењан од Милан пропадна.


Јуве го сака Парагваецот Енсисо од Брајтон

Екипата на Интер може да испрати понуда до младиот фудбалер на Брајтон, Хулио Енсисо, велат последните информации од Италија.

21-годишниот играч во 2022-ра го напушти Парагвај и се пресели во Англија. Тој за Брајтон има постигнато пет голови и направено шест асистенции.

Енсисо може да игра како офанзивен од средниот ред и воедно да дејствува по крилните позиции.


Челси го објави составот за Светското Клупско Првенство: Изненадувачки изоставувања

Челси го објави својот список од 28 фудбалери за претстојното Светско Клупско Првенство што ќе се одржи во САД, но изборот на составот донесе неколку неочекувани изоставувања. Меѓу фудбалерите кои нема да патуваат се Жоао Феликс, Џорџе Петрович, Аксел Дисаси, Бен Чилвел, Рахим Стерлинг, Кендри Паез и Ренато Веига, додека клубот го насочува вниманието кон помладите сили и новите засилувања за проширениот формат на турнирот. 

Голем дел од изоставените фудбалери минатата сезона ја минаа на позајмица надвор од Стемфорд Бриџ. Жоао Феликс, ја заврши сезоната во Милан, но поради неговата турбулентна форма, немаше надеж за траен трансфер. Стерлинг, кој пристигна од Манчестер Сити во 2022 година, играше како позајмен во Арсенал, додека Дисаси настапуваше за Астон Вила. Бен Чилвел беше дел од Кристал Палас, а голманот Петрович ја бранеше мрежата на Стразбур во Лига 1. 

Челси ќе биде и без Весли Фофана, кој останува во Кобам поради продолжено опоравување од повреда. Францускиот дефанзивец нема да настапи на турнирот, што дополнително ги намалува опциите во одбраната. 

Поради отсуството на неколку искусни имиња, составот на Челси за Светското клупско првенство се потпира на нови засилувања и млади таленти. Лиам Делап, Мајк Пендерс, Мамаду Сар и Дарио Есуго се дел од тимот, што го нагласува фокусот на клубот на долгорочна изградба и развој на новата генерација. 

Челси се подготвува за настап на новиот, проширен формат на турнирот, а останува да се види како оваа подмладена екипа ќе се снајде на светската сцена. 


Баерн се откажа од Леао и тргнува по Нико Вилијамс

Баерн Минхен се насочува кон ангажирање на шпанскиот репрезентативец Нико Вилијамс, тврди „Билд“. Баерн сака да ја засили криланта позиција, а прва опција беше Рафаел Леао, но Милан не сака да го продаде.

Изданието наведува дека Баерн го следи Вилијамс подолг период. Во неговиот договор има фиксна откупна клаузула којашто изнесува околу 60 милиони евра.

Неговото пристигнување на „Алијанц Арена“ стана уште поверојатно откако Лерој Сане не го обнови договорот и ќе се пресели во Галатасарај.

Вилијамс веќе дал согласност за трансферот и се договорил со Баварците.


Влаховиќ би го менувал Јуве само за Милан

Српскиот напаѓач и репрезентативец Душан Влаховиќ ова лето сигурно ќе го напушти Јувентус, а најверојатно ќе остане во Серија А.

Тој влезе во последната година од договорот и Јувентус сака да го продаде, а интерес за него покажуваат неколку клубови меѓу кои и Милан.

Алегри одлично го познава Влаховиќ и повторно го сака во својот тим, а Милан е спремен да ја плати сумата која Јувентус ја бара.

Влаховиќ ја одбил богатата понуда од Фенербахче, бидејќи негова желба е да се пресели на „Сан Сиро“.


Дуел од Серија А ќе се игра во Австралија?

Натпреварот од италијанското првенство може да се одржи во Австралија следната сезона. Раководството на Серија А води разговори за тоа мечот помеѓу Милан и Комо да се одржи во Перт за време на викендот на 7-8 февруари 2026 година.

Според програмата, натпреварот треба да се одигра на „Сан Сиро“, но стадионот ќе биде искористен за отворањето на Зимската олимпијада во Милано-Кортина на 6 февруари.

На стадионот, натпреварите ги играат Милан и Интер и обично тие се домаќини во различни викенди. Веќе на стартот на следната сезона двата тима ќе домаќинат во првото коло. Причината е да се ослободи товарот околу градот за време на Зимската олимпијада и параолимпијада во февруари.

Ако се постигне договор да има меч од Серија А во Австралија, тоа ќе биде првиот меч од европско првенство кој ќе се игра надвор од земјата. Според „Атлетик“, политиката на ФИФА е да одобри таков развој, а минатата година формираше специјална комисија која да ги разгледа промените во правилата и тоа е една од перспективите на кои се работи.

До сега од Серија А не покажале интерес средби да се играат во странство, иако Суперкупот на Италија последните три години се одржува во Саудиска Арабија. Од шпанската Ла Лига веќе долго време се обидуваат да го направат тоа и направија обид да го преместат мечот Барселона – Атлетико Мадрид во Мајами.


Тебас: Светското клупско првенство е апсурдно натпреварување

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, нема да присуствува на Светското клупско првенство на ФИФА кога ќе започнат натпреварите оваа недела. Претседателот на Ла Лига го нарече Светското клупско првенство на ФИФА „тотално апсурдно“.

Тој е првенствено загрижен за фудбалското првенство на неговата земја, бидејќи два од 32-те тима на турнирот, Реал Мадрид и Атлетико Мадрид, играат во Ла Лига и би можеле да го одложат почетокот на нивната сезона ако се квалификуваат за осминафиналето во јули. Ла Лига е закажана да започне на 16 август.

„Веќе постои спор околу тоа кога Реал Мадрид и Атлетико ќе ја започнат Ла Лига, што го нарушува нормалниот фудбалски распоред и ни штети на среден рок. Одлуката дали Реал и Атлетико ќе ја започнат сезоната во Шпанија подоцна за да се одморат не е само моја. Ќе ја донесеме навреме, кога ќе видиме каде се. Но, не можеме постојано да го менуваме нашиот распоред за други натпреварувања кои не се наш приоритет, рече Тебас во интервју за радио „Кадена Копе“.

ФИФА е организатор на Светското клупско првенство и на Светското првенство следната година. Тебас рече дека немал контакт со никакви службени лица во централата и дека тие не се консултирале со Ла Лига за деталите за одржување на турнирот во Соединетите Американски Држави.

„Ова е целосно апсурдно. Тие не се консултирале со нас за датумите, не се консултирале со нас за ништо. Она што го прават е да ја попречат сезоната во Шпанија ако големи тимови како Реал Мадрид или Атлетико не можат да играат на првиот ден од Ла Лига“, заклучи тој.


Свилар ги одби сите понуди за да остане во Рома

Миле Свилар би можел да ја продолжи кариерата во Рим.

Голманот со српско потекло имаше одлична сезона со тимот од Рим и беше прогласен за најдобар голман на мрежата на Серија А.

Поради тоа, Рома нема нема намера да го пушти Свилар, па преговорите околу неговото останување во Рим се веќе во завршна фаза.

Олеснителна околност е тоа што Свилар сака да остане во тимот.