feature

Наполи го финализира трансферот на Кевин Де Брујне

Наполи го реализираше трансферот на премиерлигашката легенда, Кевин Де Брујне, откако пристигна финалната потврда. Актуелниот шампион на Италија се подготвува да пречека еден од најдобрите плејмејкери во светот, а медицинските прегледи се закажани за четврток – последната етапа пред официјалното претставување. 

Се очекува Де Брујне да потпише договор на две години со опција за уште една, што ја потврдува сериозната намера на Наполи да го засили тимот со врвни играчи. Овој потег е значаен и за играчот и за клубот, кои имаат јасна цел – продолжување на успешната приказна. 

Откако е постигнат договорот, вниманието сега е насочено кон медицинските тестирања и завршните административни процедури. Пристигнувањето на Де Брујне во Неапол е прашање на време, а клубот се подготвува за неговото официјално претставување. 

Овој трансфер е силна порака за амбициите на Наполи на трансфер-пазарот. Клубот веќе работи на нови засилувања, со јасна цел – да остане конкурентен и во Серија А и на европската сцена. 


Ливерпул за рекордна сума го договори Флоријан Вирц

Ливерпул постигна рекорден договор за трансфер на Флоријан Вирц од Баер Леверкузен, при што вкупната сума – вклучувајќи бонуси – се очекува да достигне до 150 милиони евра. 

Германскиот репрезентативец, кој има 22 години, одамна беше цел на Ливерпул, а клубот го гледа како клучен дел од тековната реконструкција на тимот. Со својата креативност, визија и флексибилност во средниот ред, Вирц беше врвен приоритет за скаутскиот тим на Ливерпул во обидот да се освежи офанзивниот дел од средината. 

Личните услови беа брзо договорени, откако Вирц дал зелено светло за трансферот уште пред две недели. Двата клуба веќе ги финализираа сите детали од зделката, а играчот треба да помине медицински преглед во наредните денови пред официјално да биде претставен. 

Доведувањето на Вирц претставува значаен сигнал за амбициите на Ливерпул, кој се обидува да изгради тим способен за борба на сите фронтови. Доколку целосниот износ биде исплатен, ова ќе биде најскапиот трансфер во историјата на клубот — надминувајќи ја сумата од 85 милиони фунти платени за Дарвин Нуњез од Бенфика во 2022 година. 


Гатузо фаворит за селектоската место на „аѕурите“

Легендарниот играч за врска на Милан, Џенаро Гатузо е новиот фаворит да биде следниот селектор на Италија по отказот на Лучијано Спалети. Тој излезе во преден план, откако Клаудио Раниери и Стефано Пиоли одбија да го преземат кормилото.

Раниери одлучи повторно да се врати во „пензија“ и ќе биде советник на претседателот на Рома, а Стефано Пиоли е на чекор да го преземе тимот на Фиорентина, откако ќе замине од Ал-Наср.

Во еден ваков случај, раководните луѓе на италијанскиот фудбал сметаат дека поранешниот италијански репрезентативец Џенаро Гатузо, кој пред неколку дена замина од Хајдук Сплит, е добро решение. Во игра се и Даниеле де Роси и Фабио Канаваро.


Партизан на чекор до АБА титула

Партизан синоќа во Белград ја совлада екипата на Будуќност со 83-67 и поведе со 2:1 во финалната серија од плејофот на регионалната кошаркарска АБА-лига.

Домаќините беа подобри во текот на целиот натпревар и не им дозволија на гостите од Црна Гора да се надеваат на позитивен резултат.

Бековите на Партизан, Џонс и Лундберг беа најефикасни со по 14 поени, кај Будуќност се истакна Сулаимон со 20 поени.

Следниот натпревар исто така ќе се игра во Белград, утревечер од 20 часот. Партизан ќе игра за титула, додека Будуќност за продолжување на серијата.


Ботафого се засили со Аргентинецот Хоакин Кореа

Екипата на Интер потврди дека аргентинскиот фудбалер, Хоакин Кореа, го напушта тимот откако му истече договорот со „нероаѕурите“.

Тој ќе замине во бразилскиот состав Ботафого и ќе настапи на Светското клупско првенство.

Кореa во дресот на Интер настапуваше две сезони. Тој се појави на 64 мечеви и постигна 10 голови.


Коларов вклучен во стручниот штаб на Киву

Кристијан Киву кој го наследи Инзаги на клупата на Интер, ќе има ново име во стручниот штаб.

Станува збор за Александар Коларов кој ќе се врати во Италија и тоа на стадионот – Сан Сиро, објавија повеќето медиуми.

Поранешниот фудбалер откако ја заврши кариерата во краток период работеше како спортски директор на Пиза а потоа стана тренер на младинската репрезентација на Србија.


Сити се засили со Рајан Черки од Лион

Фудбалерот, Рајан Черки, потпиша за Манчестер Сити. Тој доаѓа од Лион за 34 милиони фунти.

21-годишниот француски репрезентативец кој во претходната сезона постигна 12 гола и имаше 20 асистенции, ќе биде вклучен во тимот кој ќе настапи на Светското клупско првенство.

Неговата соработка со „граѓаните“ треба да трае до 2030 година.


Австралија шести пат се пласира на Светско првенство

Австралија го обезбеди своето место на Светското првенство со победа од 2-1 над Саудиска Арабија во Џеда, додека Оман ги одржа своите надежи за место во финалето по ремито 1-1 против Палестина во Јордан во нивните квалификации за Светското првенство 2006 во азиската зона.

Австралијците требаше да избегнат пораз од пет гола за да го потврдат своето место на шестото Светско првенство по ред, а головите на Конор Меткалф во 42-та минута и Мич Дјук во 48-та минута ја обезбедија победата откако се вратија од негатива од 0:1 по голот на Абдулрахман Ал Обуд во 19-та минута.

Во 85-та минута, голманот на гостите Мати Рајан, кој го играше својот 100-ти натпревар за националниот тим, одбрани пенал, спречувајќи израмнување за Саудиска Арабија.

Победата го зацврсти второто место на Австралија во Групата Ц, зад Јапонија, која веќе обезбеди место на СП уште во март. Саудиска Арабија е трета во привремениот пласман во групата и ќе учествува во четвртото коло од квалификациите во октомври заедно со Индонезија, Катар, Обединетите Арапски Емирати, Ирак и Оман.


Ајнтрахт и Челзи не постигнаа договор за Екитике

Трансферот на напаѓачот на Ајнтрахт, Хуго Екитике во Челзи е во опасност да пропадне.

Според Скај Германија англискиот клуб одбил да плати 100 милиони евра за 21-годишниот Французин.

Ваков развој на настаните би можел да го искористи Ливерпул, кој исто така е заинтересиран за трансферот на Екитике.

Минатата сезона напаѓачот постигна 22 гола и направи 12 асистенции на 48 натпревари во сите натпреварувања. Неговиот договор со Ајнтрахт е до 30 јуни 2029 година.

Трансфермарк ја проценува пазарната вредноста на Екитике на 75 милиони евра.


Маркус Бетинели потпиша за Сити

Манчестер Сити потпиша со голманот на Челси, Маркус Бетинели, објави клубот.

Бетинели ќе биде третиот голман за „граѓаните“ и ќе ги извршува функциите што претходно ги извршуваше Скот Карсон. Договорот е за една година, а Бетинели ќе биде во тимот за претстојното Светско клупско првенство во САД, кое започнува оваа недела.

Голманот е второто ново засилување од почетокот на летниот преоден рок по левиот бек Рајан Аит-Нури. До крајот на денот, се очекува „граѓаните“ да ги финализираат и договорите за потпишување на играчите од средниот ред Рајан Черки од Олимпик Лион и Тиџани Рајндерс од Милан.