feature

Уникаха го одбрани трофејот на ФИБА Лигата на шампионите

Кошаркарите на Уникаха во финалето на ФИБА Лигата на шампиони ја победија турската Галатасарај со резултат 83-67 и стана шампион на ова натпреварување. Со оваа победа тие го одбранија трофејот ФИБА ЛШ кој го освоија минатата година победувајќи го Тенерифе во големото финале во белградската Арена. Сега Уникаха “му прочита лекција” на истанбулскиот Галатасарај во “Синан Ердем Домот” во нивниот град.

Тајсон Картер имаше 14 поени со 3 скока и 5 асистенции, Кендрик Пери додаде 13 со 4 скока и 3 асистенции, а 13 и 11 скокови имаше Тајсон Перес, додека Тајлер Калиноски имаше 11 поени и исто така беше двоцифрен.

На другата страна, имаше 14 поени на Тајрон Валас, а толку имаше и Вил Каминџ, додека 12 запиша Робертс Блумберг, а Џејмс Палмер 11 со по 4 скока и асистенции.


Познати сите учесници на Европското првенство, доминираат Балканците и Скандинавците

Македонската сениорска ракометна репрезентација ја победи Литванија и наредната година ќе биде дел од нов голем настап, Европското првенство кое ќе се одржи во Норвешка, Шведска и Данска.

Литванците имаа храбри изјави пред денешниот меч во Скопје, најавуваа победа, но добија лекција од избраниците на Лазаров кои триумфираа со 26-17.

Познати се сите учесници на Европското првенство во 2026 година: Македонија, Данска, Шведскa, Норвешка, Франција, Србија, Австрија, Полска, Словенија, Хрватска, Германија, Чешка, Фарски Острови, Холандија, Унгарија, Исланд, Грузија, Португалија, Црна Гора, Шпанија, Украина, Швајцарија, Романија и Италија.

Ждрепката за групната фаза на Европскто првенство ќе се одржи во четврток.


Лазаров: Одигравме екстра-квалитетен меч, сега ќе играме со најдобрите во Европа

Нашите најдобри ракометари ја прегазија Литванија со 26-17 во преполниот СЦ „Јане Сандански“ и очекувано обезбедија место на Европското првенство во 2026 година.

Иако започнавме лошо, во продолжението влеговме во победнички ритам и на крајот доминатно го завршивме мечот. Македонија на тој начин заедно со лидерот во групата, Словенија, си обезбеди место на уште едно големо меѓународно натпреварување.

„Сакам да им честитам на сите момци, им честитав во Естонија и ги поддржав. Дојде јавноста, не поддржи по победата со 19 гола разлика. Сите беа решени да се пласираат на ЕП 2026. Отворивме лошо, типично македонски. Но, како одминуваше време, така мечот замина на наша страна. Момците не се испаничија, покажаа карактер. Имавме екстра-квалитетен меч, знаевме што сакаме. Секоја чест за целиот тим. Сега ќе играме со најдобрите во Европа“, рече Лазаров.

Во нашите редови се истакнаа Кузмановски и Серафимов со пет гола, додека голманот Томовски забележа десет интервенции.


Литванија немоќна во скопскиот „пекол“, Македонија се пласира на Европското првенство

Македонската машка сениорска ракометна репрезентација во последното шесто коло од квалификаците за Европското првенство триумфираше над Литванија со 26-17 (13-11). На тој начин Македонија го освои второто место во групата и обезбеди пласман на континенталниот собир следната година.

Радува разноврсноста меѓу стралците, бидејќи по пет гола дадоа Филип Кузмановски и Мартин Серафимов, по три имаа Пешевски и Џонов, двапати стрелаа Ивановски, Лазаревски, Јагуриновски…


Шекил спремен да вложи во италијански кошаркарски клуб

Шекил О’Нил е еден од најдобрите центри на сите времиња во светот на кошарката, ретко кој можел да му се мери во сила, а денес е еден од најинтересните стручни коментатори.

Поранешниот кошаркар на Лејкерс често ги коментира и игрите на Никола Јокиќ, често е во комуникација со него, па затоа често е присутен во медиумите во Србија.

Италијанско-американскиот бизнисмен Мет Ричета купи 66% од акциите на Наполи, и улога во тој клуб ќе има и никој друг освен Шекил О’Нил.Наполи е еден од најслабите тимови во Серија А оваа сезона, со скор од 9-20 во овој момент.


Консеисао би можел сепак да остане во Милан

Во еден момент беше отпишан. Кога на почетокот на февруари против Лацио врза три последователни порази во Серија А, постоеше прашање дали Сержо Консеисао воопшто ќе го дочека крајот на сезоната на клупата на Милан.

Сепак, како што се ближи крајот на натпреварувачката година, така и шпекулациите за кандидатите кои би можеле да го наследат се потивни, додека можноста Португалецот да остане на Сан Сиро, изгледа дека се зголемува.

„Имаме целосна доверба во него, концентрирани сме да видиме како ќе се одвива оваа сезона, тој добро работи со тимот и веруваме во него“, изјави извршниот директор на „Росонерите“, Џорџо Фурлани по победата над Болоња.

Милан во среда против Болоња во финалето на Купот на Италија ќе има можност да обезбеди пласман во Лигата на Европа. Меѓутоа, извршниот директор на италијанскиот клуб не крие дека и во случај на освојување на втор трофеј сезоната би била неуспешна бидејќи „Росонерите“ нема да играат во Лигата на шампионите следната сезона.


Баерн спремен да го доведе и Џонатан Тах од Баер Леверкузен

Со заминувањето на Чаби Алонсо се очекува да си заминат и најголемите ѕвезди на Баер Леверкузен.

Вчера се шпекулираше за договорот на Флоријан Вирц со Баерн Минхен, а Баварците истовремено решија со сите сили да тргнат и по Џонатан Тах.

Договорот на дефанзивецот истекува на 30 јуни и ќе биде слободен во изборот на нова средина, а иако зимоска договори сè со Барселона, Каталонците се повлекоа од преговорите.

Откако Роналд Араухо остана, а Ерик Гарсија значително ја подигна формата и го доби довербата на Ханси Флик, и поради бројни финансиски проблеми, Каталонците ги стопираа преговорите со германскиот дефанзивец.

Баерн со сите сили се обидува да го убеди да дојде во Минхен, особено откако Ерик Дајер договори трансфер во Монако.

Во Минхен сметаат дека Вирц и Тах се совршени засилувања и главни цели за сезоната 2025/26 и во голема мера работат на потписот на двајцата.


Јунајтед се вклучува во трката по Донарума

Голманот на италијанската фудбалска репрезентација и на Пари Сен-Жермен Џанлуиџи Донарума (26) е на радарот на Манчестер Јунајтед, пренесуваат англиските и италијанските медиуми. Донарума оваа сезона е еден од клучните играчи на парискиот состав, кој веќе го обезбеди новиот трофеј во Ле Шампионат, како и пласман во финалето на Лигата на шампионите.

Италијанскиот голман особено блесна против англиските клубови Ливерпул, Астон Вила и Арсенал во осминафиналето, четвртфиналето и полуфиналето на Лигата на шампионите. Неговиот договор со клубот истекува во јуни 2026 година, меѓутоа се шпекулира дека би можел да си замине ова лето.

„Островските“ медиуми сè погласно го споменуваат интересот на Манчестер Јунајтед. Се наведува дека менаџерот на Јунајтед, Рубен Аморим, побарал понуда за Донарума, незадоволен од изведбите на Андре Онана. Донарума во Паркот на принцовите пристигна во јуни 2021 година како слободен играч од Милан, а се шпекулира дека ПСЖ ќе бара најмалку 50 милиони евра за него.


Гатузо заминува на крајот од сезоната од Сплит

Хајдук беше блиску, а сега е далеку од титулата во Хрватска.

Има три бода помалку од Риека, два од Динамо и само чудо во последните три кола може да ги одведе до титулата. Ѓенаро Гатузо го водеше овој тим цела сезона, а поради слабите резултати на крајот, титулата е далеку.

“Можеби се повторувам, но… Дојдов во овој прекрасен град со насмевка и така ќе биде и кога ќе заминам”, рече Гатузо.

“Овие 11 месеци беа тешки и во моментот кога ќе заминам многу ќе ми биде жал. Сретнав луѓе кои ми обележаа живот”, истакна италијанскиот тренер кој на овој начин го најави своето заминување.


Шоу на Сорлот, Атлетико го прегази Реал Сосиедад

Атлетико Мадрид експресно ја заврши работата против Реал Сосиедад и со убедливи 4-0 забележа три бода на контото во 35. коло од Ла Лига.

Херој на вечерта беше Александер Сорлот, кој блесна со хет-трик уште во првите 11 минути, а потоа додаде и четврти гол пред да се наврши првиот половина час од натпреварот.

Се играше седмата минута кога Сорлот првпат ја затресе мрежата, а потоа следуваше вистинска норвешка бура – два гола во две минути (10’ и 11’) и историја: најбрз хет-трик во историјата на шпанската Примера. Во 30. минута, по убава акција и асистенција на Галан, Сорлот погоди за 4-0 и го заокружи спектакуларното прво полувреме.

Во вториот дел Атлетико ја намали брзината, а Сорлот беше блиску до петти погодок, но ја погоди пречката. Со оваа победа, „јорганџиите“ стигнаа до бројката од 70 бодови и математички си го обезбедија настапот во Лигата на шампионите. Реал Сосиедад останува на 43 бодови и се наоѓа на 12. позиција.