feature

Еурофарм Пелистер е кадетски шампион на Македонија!

Со две победи во еден ден и со максимален учинок низ целата сезона Еурофарм Пелистер ја освои кадетската тутула шампион на Македонија. Денешниот фајнал-фор турнир во кадетска конкуренција што се одржа во салата „Автокоманда“ во Скопје донесе одличен и максимално неизвесен ракомет. На крајот, на титулата се радуваа кадетите на Еурофарм Пелистер откако битолчани во големото финале ја совладаа Струга со 38-31.

Стружани беа рамноправен противник само на стартот од финалето. Потоа „зелено-белите“ влегоа во ритам и почнаа да градат предност која беше недостижна за ривалот. На полувреме се замина со 18-11 за битолчани, а на стартот од вториот дел Еурофарм Пелистер поведе и со девет гола и стави крај на сите надежи на ривалот. Конечниот резултат од финалето беше 38-31 за битолскиот состав.

Најефикасни во победничкиот тим во финалето беа Трсунов со десети Данчевски и Ѓорѓиевски со по шест гола.

Во полуфиналето Еурофарм Пелистер по изведување на седмерци го совлада Мулти Есенс со 29-27 по седмерци, откако во регуларниот тек натпреварот заврши со резултат 26-26.


Ал Келаифи подготви изненадување за сите вработени во ПСЖ

Од редовите на Пари Сен Жермен сега се истакнаа со еден убав гест кој доликува на голем клуб и ќе обезбеди влезници за сите 600 вработени во клубот за претстојното финале во Лигата на шампионите во кое ќе се сретнат со Интер.

На 31 мај, „светците“ во Минхен ќе се соочат со милански Интер, а Ал-Келаифи одлучи да го награди целиот персонал за нивната посветеност и лојалност.

„Горди сме што сме едно семејство, семејството на Пари Сен Жермен кое го претставува Париз и Франција на најголемата европска сцена. Секој од вас придонесе за овој успех и затоа ќе бидете таму, да го бодрите тимот во живо во Минхен. Ви благодарам за вашата работа, труд, професионалност и страст кон клубот“, се наведува во писмото кое претседателот лично го испратил до сите вработени.

ПСЖ ќе игра второ финале во својата историја и ќе се обиде конечно да го освои најпосакуваниот трофеј во европскиот клупски фудбал.


Лазаров: Литванија е сериозен тим, ни следи врвен меч

Македонија ги одработува последните подготовки за последниот квалификациски меч од циклусот за Европското првенство (ЕП). И тоа клучен, затоа што е со директниот ривал за второто место Литванија.

Селекторот Кирил Лазаров, кој го прославува 45. роденден непосредно пред средбата во Скопје, истакна дека Литванците се доста незгоден ривал и мора да се има сериозен пристап исто како протов Естонија во Талин.

„Треба да бидеме максимално спремни за овој дуел, но и претпазливи. Литванската репрезентација уште кога заминавме да играме таму, целата македонска јавност мислеше на кошарка, затоа што на тоа ти доаѓа асоцијација кога ќе кажеш Литванија. Но, не е така. Се работи за сериозна репрезентација, има искусен селектор кој има водено екипа од Лигата на шампионите. Има искусни играчи кои играат и играле во добри екипи. Амбициозна нова федерација и нова раководна гарнитура. Очекувам со Литванците еден врвен меч, класен меч, со добар и квалитетен ракомет и од наша и од нивна страна. Нема да биде воопшто лесно, но ние се подготвуваме и го анализираме противникот“, изјави Лазаров.

Натпреварот меѓу Македонија и Литванија се игра во СЦ „Јане Сандански“ на 11 мај со почеток од 18:00 часот.


Четворица ветерани заминуваат од Вест Хем ова лето

Фудбалерите Арон Кресвел, Владимир Цоуфал, Дани Ингс и голманот Лукаш Фабиански си заминуваат од Вест Хем на крајот од сезоната, потврди лондонскиот клуб.

Кресвел, Цoуфал и Фабиански беа дел од златната генерација на „чеканите“ која во 2023 година ја освои Конференциската лига, втор европски трофеј во историјата на клубот по Купот на победниците на купови од 1965 година.

Полскиот чувар на мрежата пристигна на „Лондон стадиум“ во 2018 година и одигра вкупно 215 натпревари во сите конкуренции.

Левиот бек Кресвел беше член на тимот цели десет години, откако пристигна од Ипсвич во 2014 година. Во тој период запиша 365 настапи и постигна 11 гола.

Цоуфал, кој го засили Вест Хем во 2020 од редовите на Славија Прага, одигра 144 натпревари, но не успеа да се запише меѓу стрелците.

Напаѓачот Дани Ингс пристигна веднаш по европскиот триумф, но по само две сезони и 69 настапи (5 гола), и тој ќе ги напушти редовите на Вест Хем.


Абрахам може да го замени Милан со соседниот Интер

Тами Абрахам речиси сигурно ќе ги промени клупските бои ова лето – по завршувањето на сезоната ќе се врати во Рома, но можно е таму да не се задржи долго.

Англискиот напаѓач сезонава настапуваше за Милан, но не успеа целосно да се наметне, па се очекува враќање во редовите на „волчицата“, со која има важечки договор до 2027 година. Сепак, според последните информации од Италија, Интер сериозно ја следи ситуацијата околу неговиот статус.

Симоне Инзаги е голем почитувач на квалитетите на Абрахам и го гледа како потенцијално решение за нападот во новата сезона. „Нераѕурите“ би можеле да понудат позајмица со опција за откуп, што би било прифатливо и за Рома, која би сакала да го врати играчот во форма, но и да го ослободи од платниот список.

По тешката повреда што го оддалечи од терените, 26-годишниот напаѓач сè уште се обидува да ја врати старата форма, а нова средина како Интер би можела да му отвори ново поглавје во кариерата.


Салах: Немав најдобар однос со Мане

Фудбалерот, Мохамед Салах, кој беше прогласен за играч на сезоната во Премиер-лигата, откри дека на времето немал добри релации со соиграчот во Ливерпул, Садио Мане, кој сега настапува за Ал Наср.

„Вистина е дека имаше тензии меѓу мене и Мане, но, бевме професионалци до крајот и нашиот однос никако не влијаеше на тимот. Човечки е секогаш да сакате нешто повеќе, не бевме блиски“, рече Салах.

Репрезентативецот на Египет и црномурестиот напаѓач од Сенегал беа заедно во редовите на „црвените“ од 2017 до 2023 година.


ФИФА го зголемува бројот на учесници на женскиот Мундијал

WREXHAM, WALES – 25 FEBRUARY 2025: Wales’ Kayleigh Barton scores from the penalty spot and celebrates 1-1 during the UEFA Women’s Nations League, Group A4 match between Wales and Sweden at the STōK Cae Ras in Wrexham on the 25th February 2025. (Pic by Ashley Crowden/FAW)

Светското првенство во фудбал за жени од 2013 година ќе се зголеми на 48 селекции одлучи Меѓународниот одбор на ФИФА.

Тоа значи дека ќе бидат додадени уште 16 репрезентации бидејќи сега на Мундијалот играат 32- две. Одлуката е објавена пред 75-от Конгрес кој ќе се одржи во Асунсион (Парагвај). Мундијалот за жени во 2031 година ќе се одржи во Соединетите Американски Држави.

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, ја најави промената на форматот за време на Конгресот на УЕФА во Белград.


Арсенал го договори Зубименди

Медиумите во Англија и Шпанија тврдат дека актуелниот фудбалер на Реал Сосиедад, Мартин Зубименди, дефинитивно решил да ја напушти Ла Лига и да замине во Арсенал.

Англичаните за неговиот потпис ќе платат 60 милиони евра. Со доаѓањето на Зубименди во Лондон, ќе се зголеми шпанската колонија во Арсенал.

26-годишниот играч целата кариера ја помина во родниот град. Тој ја освои титулата во Купот на Шпанија во 2020 година а беше и клучен играч во репрезентацијата на Шпанија која на Европското првенство во 2024 година стигна до златниот медал.


6 Англиски клубови ќе настапуваат во Лигата на Шампионите следната сезона

Постигнат е нов интересен рекорд во фудбалот, англиската Премиер Лига ќе стане првата лига што ќе има шест клуба во Лигата на Шампионите во сезоната 2025/26. Ова беше потврдено по откривањето на финалистите во Лига Европа. 

Благодарение на перформансите на клубовите од Премиер Лигата во сите натпреварувања на УЕФА оваа сезона, на англиската лига и е загарантирано второто место на рангирањето на клубските коефициенти на УЕФА.  

Како резултат на тоа, тимот што ќе заврши на петтото место во Премиер лигата сега ќе добие место во квалификациската фаза на Лигата на Шампионите, што ќе ја направи битката за топ-5 уште поинтензивна. 

Со оглед на тоа што Манчестер Јунајтед ќе се соочи со Тотенхем во финалето на Лига Европа, а двата клуба математички не можат да завршат во првите пет во Премиер Лигата оваа сезона, гарантирано е дека еден од нив ќе освои Лига Европа и ќе влезе во Лигата на Шампионите следната сезона како шести учесник од Премиер лигата. 


Барселона со нетрпение чека да понуди нов договор на Ламин Јамал

Дијамантот на Барселона моментално има младински договор во Каталонија кој истекува во 2026 година. Не може да потпише долгорочен договор додека не го прослави својот 18-ти роденден на 13 јули.

Барса работи напорно за да осигура дека има спремen договор пред тој ден. Според „SPORT“, разговорите околу договорот биле позитивни. Подготвен е да се потпише петгодишен договор кој ќе трае до 2030 година. 

Барселона е решена да го задржи Јамал бидејќи разбирливо го гледаат како незаменлив член на нивниот прв тим, подготвени се да уживаат во неговиот талент и во идните години, и покрај шпекулациите за интерес од Пари Сен Жермен и Манчестер Сити. 
 
Јамал, кој има постигнато 15 гола и 22 асистенции на 51 настап оваа сезона, моментално е вториот најскап играч во светот, со проценета вредност од 173,2 милиони евра.