feature

Пол Погба доби понуда за двегодишен договор од Монако

Монако поднесе официјална понуда за двегодишен договор до Пол Погба, кој е слободен играч и размислува за следниот чекор во кариерата. Францускиот клуб сака да го засили составот пред настапот во Лигата на Шампионите и го гледа Погба како клучно засилување. 

Со 32 години, Погба повторно има право на настап ова лето откако неговата суспензија за допинг беше намалена по жалба. Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед и Јувентус не одиграл натпревар од 2023 година, но преговорите со Монако се во напредна фаза. Преселбата во Монако би значела и враќање во францускиот фудбал по многу години. 

Интересот за Погба е дел од поширокиот план на Монако за засилување. Клубот води преговори и со шпанскиот крилен напаѓач Ансу Фати, во обид да комбинира искуство со младински потенцијал. Погба се гледа како лидер на средината, играч што може да внесе стабилност и авторитет. 

Разговорите меѓу Погба и Монако продолжуваат, а двете страни се оптимистични. Иако има и други понуди, понудата од Монако се смета за сериозна можност за Погба да ја рестартира кариерата во својата татковина. 


Јуве ќе му даде шанса на Тудор, Хрватот на клупата и следната сезона

Она за што се шпекулираше неколку дена сега е официјално. Игор Тудор стана трајно решение на клупата на Јувентус и договорена е соработка за (барем) следните две години.

Хрватот потпиша договор со Јувентус до 2027 година. Но, со опција за продолжување за уште една година.

Поранешниот играч на торинскиот гигант, кој веќе беше во тренерскиот штаб на чело со Андреа Пирло, дојде на крајот од сезоната да го замени Тијаго Мота. И успеа да ја постигне примарната цел, да го одведе тимот до четвртото место и да обезбеди место во Лигата на шампионите.

Постои надеж дека со Тудор ќе се обезбеди некаков вид стабилност, со оглед на тоа што Јувентус смени четири тренери во изминатите шест години.


Ливерпул спремен да се вклучи во трката за Осимен

ISTANBUL, TURKEY – NOVEMBER 7: Victor Osimhen of Galatasaray celebrates after scoring his team’s second goal during the UEFA Europa League 2024/25 League Phase MD4 match between Galatasaray A.S. and Tottenham Hotspur at Rams Park on November 7, 2024 in Istanbul, Turkey. (Photo by Ahmad Mora/Getty Images)

Ливерпул ќе биде еден од најактивните клубови на трансфер пазарот летово. „Црвените“ веќе го обезбедија потписот на десниот бек Џереми Фримпонг и се блиску до договор со германскиот репрезентативец Флоријан Вирц.

За холандскиот репрезентативец Ливерпул плати 35 милиони фунти, додека за Вирц се очекува да го срушат трансферниот рекорд во Англија со сума од речиси 130 милиони фунти.

И покрај овие големи зделки, тимот на Арне Слот не планира да застане со засилувањата. Според последните информации од Англија, скаутите на Ливерпул внимателно ја следат ситуацијата околу голгетерот на Наполи, Виктор Осимен.

Напаѓачот, кој минатата сезона беше на позајмица во Галатасарај, веќе одби понуда од милиони за трансфер во Саудиска Арабија, обидувајќи се да обезбеди трансфер во Европа. Се тврди дека турскиот гигант е подготвен да понуди 75 милиони евра за услугите на Осимен.

Од друга страна, фудбалерот посакува трансфер во Премиер – лигата. Пред некое време се зборуваше дека тој е цел на Манчестер Јунајтед, а според нови информации, во трката за неговиот потпис би можел да се вклучи и Ливерпул. Се претпоставува дека понуда од 90 милиони евра би била доволна за Осимен да пристигне на „Енфилд“.


Ако Милан го продаде Тео Хернандез ќе го купи Зинчеко

Играчот на Арсенал, Олександр Зинченко, е заинтересиран за трансфер во Милан, објавија италијанските медиуми.

Трансферот зависи од Тео Хернандез, кој се подготвува да замине од „Сан Сиро“. Милан преговара со Атлетико за трансферот на Тео, бидејќи фудбалерот изразил желба да се врати во клубот од чија академија потекнува.

Кога овој трансфер ќе биде завршен, Зинченко ќе може да го напушти Арсенал. Украинецот бара нов клуб бидејќи минатата сезона немаше никаква улога кај Микел Артета.


Гонзало Гарсија седна на клупата на Хајдук

Гонзало Гарсија официјално го презеде Хајдук, потврди клубот. На клупата на третопласираниот тим од неодамна завршената сезона во Хрватска тој го наследи Гатузо.

Трансферот на тренерот беше потврден откако сплитскиот клуб постигна договор со Истра 1961, која претходно ја водеше Гарсија. Договорот е потпишан до летото 2028 година, а новиот тренер официјално ќе и биде претставен на јавноста следната недела, пред почетокот на подготовките на клубот за новата сезона.

Гарсија со Истра 1961 сезоната ја заврши на шестото место. Во 18 натпревари од вториот дел од сезоната, тој загуби само три пати, а покрај тоа, имаше седум победи и осум нерешени резултати.


Пипо Инзаги замина од Пиза, Џилардино кандидат да го замени

Поранешниот напаѓач на италијанската репрезентација, сега тренер, Филипо Инзаги, ја напушта клупата на Пиза еден месец по историската промоција во Серија А, објави клубот во петокот.

„Договорот на Инзаги, кој траеше уште две години, беше спогодбено раскинат“, објави тосканскиот клуб.

Се очекува 51-годишникот, како што тврдат медиумите ќе го преземе Палермо.

Палермо наводно ѝ платил на Пиза речиси милион евра за Инзаги. Сицилијанскиот клуб, во сопственост на Сити Фудбал Груп (сопственик и на Манчестер Сити), исто така се стреми кон враќање во Серија А.

Пиза заврши втора во Серија Б под водство на Инзаги, остварувајќи промоција во Серија А за прв пат по 34 години.

Алберто Џилардино е еден од кандидатите за клупата на Пиза, како и Марко Џампаоло, кој неодамна беше отпуштен од Лече.


Милнер сруши уште еден премиерлигашки рекорд

BRIGHTON, ENGLAND – AUGUST 12: James Milner of Brighton makes a point to the assistant referee during the Premier League match between Brighton & Hove Albion and Luton Town at American Express Community Stadium on August 12, 2023 in Brighton, England. (Photo by Mike Hewitt/Getty Images)

Фудбалерот на Брајтон, Џејмс Милнер, го продолжи договорот со клубот за уште една година, објави англискиот тим.

Милнер, кој ќе наполни 40 години во јануари, игра во Брајтон од 2023 година. Тој одигра вкупно 24 натпревари за тимот, но минатата сезона настапи на само четири настапи поради повреда.

Милнер, кога ќе наполни 40 години на 4 јануари ќе им се придружи на Теди Шерингам, Рајан Гигс, Кевин Филипс и Гордон Страхан. Тој би можел да ја заврши сезоната како трет најстар играч во Премиер лигата, бидејќи ќе има 40 години и 140 дена на 24 мај. Во тој случај, само Шерингам и Гигс би биле пред него.

Овој играч од средниот ред ја започна својата кариера во Лидс, а потоа играше за Њукасл, Астон Вила, Манчестер сити и Ливерпул.

Досега во кариерата има одиграно 638 натпревари во Премиер лигата, а само рекордерот Гарет Бери (653) има повеќе настапи од него.

Во кариерата Милнер има учинок од 55 гола и 86 асистенции.


Џио ван Бронкхорст дел од стручниот штаб на Слот во Ливерпул

Џовани ван Бронкхорст му се приклучи на стручниот штаб на Арне Слот во Ливерпул. Поранешниот дефанзивец на Барселона, Арсенал и холандски репрезентативец ќе го замени Џон Хејтинга, кој го напушти Ливерпул за да стане тренер на Ајакс.

Последната работа на Ван Бронкхорст беше во Бешикташ, каде што го водеше турскиот клуб од јуни до ноември 2024 година.


Гркот Костулас го засили Брајтон

Брајтон потпиша со 18-годишниот Харалампос Костулас. Грчкиот напаѓач ќе добие петгодишен договор и ќе му се приклучи на клубот на 1 јули, под услов успешно да ги заврши сите потребни регулаторни процедури.

Костулас е производ на Олимпијакос и минатата сезона со тимот ја освои двојната круна во грчката лига и куп. Тој постигна седум гола и имаше две асистенции во 35 натпревари во домашното натпреварување и во Лигата на Европа.

Според новинарот Бен Џејкобс, Брајтон ќе плати 35+2 милиони евра за 18-годишниот фудбалер.


Димитар Митровски ја замени Хрватска со Словенија

Македонскиот фудбалски репрезентативец Димитар Митровски од денеска и официјално е нов фудбалер на словенечкиот шампион Олимпија. Митровски кој сезоната ја заврши во екипата на Вараждин и тоа како еден од најдобрите фудбалери во хрватското првенство, утрово стави потпис на договор со Олимпија која ова лето ја очекуваат настапи во УЕФА Лигата на шампионите.

Како што објавија од Олимпија, Митровски потпиша договор со словенечкиот првак до 2028 година. Според словенечките медиуми станува збор за рекорден трансфер во историјата на клубот, најверојатно за сума на обештетување од 1 милион евра за последната година од договорот на Митровски со Вараждин.

26-годишниот репрезентативец на Македонија постигна осум гола на 28 лигашки натпревари во сезоната 2024/25 и одигра значајна улога во историскиот квалификациски пат на Вараждин за Конференциската лига.