feature

Манчестер Јунајтед застана во редот за голманот на Еспањол

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Манчестер јунајтед остварил контакт со агентите на Жоан Гарсија, младиот голман на Еспањол има одлична сезона и со месеци се говори дека го бара „половина Европа“.

Андре Онана не ги оправдува очекувањата по трансферот од Интер, имаше нови големи киксови против Лион во Лига Европа, па се почесто се говори дека „ѓаволите“ кројат планови за ангажман на нов голман.

Последните информации велат дека Манчестер јунајтед остварил контакт со агентите на Жоан Гарсија.

23 годишниот голман на Еспањол има одлична сезона и со своите добри настапи го привлече вниманието на Барселона, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и многу други гиганти ширум стариот континент. Кога се пишува за неговата иднина, често се говори дека го бара „половина Европа“.

Жоан Гарсија има откупна клаузула од 25 милиони евра, која ќе порасне на 30 милиони евра во последните недели од летниот преоден рок. Сумата исто така може да порасне за дополнителни 5 милиони евра ако во меѓувреме голманот дебитира за репрезентацијата на Шпанија.


Мобли од Кливелнд е најдобар дефанзивец во лигата

Еван Мобли од Кливленд Кавалирс е прогласен за најдобар одбранбен играч на сезоната во најсилното кошаркарско првенство во светот – НБА лигата. Тој ги „победи“ Дајсон Дениелс од Атланта и Дрејмонд Грин од Голден Стејт.

Кливленд беше најдобриот тим по лигашкиот дел во Источната конференција, а Мобли одигра голема улога во освојувањето на првото место.

Мобли одигра 71 натпревар за Кавалирси оваа сезона, со просек од 0,9 украдени топки, 1,6 блокади и 7 скока.


Вујовиќ влезе во „Куќата на славните“ на АСОБАЛ лигата

Алберто Ентрериос, Кристина Фернандез Пинеиро, Лоренцо Рико, Валеро Ривера и Веселин Вујовиќ се членовите на втората генерација на Куќата на славните во шпанската АСОБАЛ лига.

Петте спортисти беа најгласани во процесот на гласање, кој започна пред неколку недели и, како и во претходното издание, вклучуваше донесување одлуки од страна на жирито составено од специјалисти на „куќата на славните“, како и и отворена гласачка фаза за навивачите.

Ентрериос, Фернандез Пинеиро, Рико, Ривера и Вујовиќ им се придружија на победниците на првото издание за елитата на шпанскиот машки клубски ракомет, тоа се Талант Дујшебаев, Енрик Масип, Хуанин Гарсија, Жота Хомбрадос, Хуан де Диос Роман, Рамон Гаљехо и Сесилио Алонсо.


Монако пак пресилен за Барса, на Каталонците им треба подвиг за Ф4

Кошаркарите на Монако поведоа со 2-0 во плејоф серијата против Барселона. Во вториот натпревар, кошаркарите на Монако победија со 92-79.

Ова беше уште еден дуел меѓу овие два тима, кој Монако го доби во своја корист и сега се само на една победа од пласман во новиот фајналфор од Евролигата.

Ова беше натпревар на Мамаду Жаите, кој го одигра можеби својот најдобар натпревар во Евролигата. Без промашување постигна 20 поени. Алфа Диало имаше еден поен повеќе, додека Џордан Лојд постигна 13 поени. Стразел постигна двоцифрен број поени со 12, додека Ели Окобо го заврши натпреварот со 11 поени и осум асистенции.

Мајк Џејмс не беше на негово ниво, постигна само пет поени.

Кај Барселона, Џабари Паркер имаше 16 поени и девет скока, додека Кевин Пантер постигна четири тројки и вкупно 14 поени.

И навистина, овој исход и овој резултат во серијата по два натпревари е неверојатен, бидејќи Барселона победи во двата натпревари во лигашкиот дел од Евролигата.

Во среда во Блауграна, Барселона ќе биде домаќин во третиот натпревар. .


Олимпијакос пак го надигра Реал и се наоѓа на чекор до Ф4

Кошаркарите на Олимпијакос ја остварија втората победа во четвртфиналната серија од Евролигата против Реал Мадрид. Тимот од Пиреја победи со 77-71, па на Реал ќе му треба чудо за да се пласира на завршниот турнир.

Реал, за разлика од првиот меч, имаше шанси да направи брејк. Играчите на чус Матео водеа со 13 поени разлика во првиот период, кој го добија со 25.15. Олимпијакос се врати во натпреварот во втората четвртина, на полувреме резултатото беше 38:38.

Реал подобро влезе во третата четвртина, стекна предност од седум поени и тука застана. Олимпијакос од финишот на третата и првите четири минути во последната четвртина со серија 19:2, од -7 дојде до +10.

И повторно Реал успеа да фати приклучот, зонската одбрана им направи проблеми на домашните кошаркари, а реал предводен од Марио Хезоња се доближи на 67:64 на две минути до крајот.

Овој налет го одбија Алекс Питерс и Најџел Вилијамс-Гос со две тројки. Олимпијакос стекна предност од девет поени и тука беше крајот заРеал.

Стандардно, најефикасен кај Олимпијакос беше Саша Везенков со 22 поени, Еван Фурние одигра одлично и постигна 17 поени (9/10 од линијата за слободни фрлања). Единствен расположен кај Реал беше Хезоња со 22 поени и осум скока.

Следниот натпревар на програмата е во среда во Мадрид.


ПСЖ првпат загуби сезонава во Лига 1, Ница со полн плен се враќа од Париз

Paris Saint-Germain’s French midfielder #14 Desire Doue (R) is tackled by Nice’s French defender #26 Melvin Bard during the French L1 football match between Paris Saint-Germain (PSG) and OGC Nice at the Parc des Princes stadium in Paris, on April 25, 2025. (Photo by FRANCK FIFE / AFP)

Старо-новите шампиони на Франција, фудбалерите на ПСЖ, во 31.коло го доживеаја првиот пораз оваа сезона во Лига 1. „Светците“ во минатото коло ја одбранија титулата, па овој пораз на домашен терен и не е изненадување.

Тимот од Азурниот Брег направи изненадување во 31. коло, победи во Париз со 3-1.

Тренерот на ПСЖ Луис Енрике на „Паркот на принцовите“ го изведе најсилниот состав.

Морган Сансон ја доведе Ница во водство во 34. минута, а пред паузата домашните одговорија преку Фабијан Руиз.

Сансон повторно постигна гол веднаш на почетокот од второто полувреме, во 46. минута, а Јусуф Ндаџишимије најави големо изненадување во 70. минута.

ПСЖ нападна на крајот, но Марчин Булка се истакна, завршувајќи го натпреварот со двоцифрен број интервенции.

Парижаните се први со 78 бода, додека Ница ги задржува шансите за пласман во Лигата на шампионите и моментално е четврта со 54 бода.


Воска Спорт драконски казнета, се сели во Втората лига

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија денеска донесе одлука ФК Воска Спорт да биде казнет со одземање на 9 (девет) бодови од вкупниот број на освоени бодови во тековната натпреварувачка сезона од Прва МФЛ и парична казна од 2.500,00 евра поради напуштање на натпреварот со ФК Вардар во рамките на 28. коло од Прва МФЛ;

ФК Воска Спорт АД се казнува со парична казна во износ од 5.000,00 евра поради слаба организација на натпреварот со ФК Вардар АД од 28. коло во Прва МФЛ;

Нефи Усеини – претседател на ФК Воска Спорт АД се казнува со забрана на вршење на функција во траење од 2 (две) години и парична казна во износ од 1.500,00 евра. Дисциплинската мерка е изречена поради наговарање, односно повикување за повлекување на екипата на ФК Воска Спорт АД на натпреварот против ФК Вардар АД од 28. коло во Прва МФЛ;

Тренерот на ФК Воска Спорт АД, Арбри Клодиан е казнет со 2 (две) години забрана за вршење функција, додека капитенот на ФК Воска Спорт АД, Агон Хани доби казна – забрана за настап 1 (еден) месец.


Може ли Мурињо да ја преземе португалската репрезентација?

Интересно е тоа што Фудбалската федерација на Португалија веќе подготвува планови да започне преговори со Мурињо доколку тој биде ослободен од Фенербахче.

Идејата добила поддршка и од Кристијано Роналдо, што дополнително ја зголемува веројатноста за можен трансфер на „Специјалниот“ на клупата на националниот тим на Португалија.

Мурињо одамна има изразено желба да ја предводи својата земја, а нестабилната атмосфера во Турција и честите контроверзии во кои се вклучува, можеби навистина ќе го одведат кон тој чекор.


Јанис најави заминување од Милвоки

Apr 9, 2024; Milwaukee, Wisconsin, USA; Milwaukee Bucks forward Giannis Antetokounmpo (34) calls a play in the second quarter against the Boston Celtics at Fiserv Forum. Mandatory Credit: Benny Sieu-USA TODAY Sports

Иднината на грчкиот репрезентативец во редовите на Бакс е неизвесна. Суперѕвездата на Милвоки, кој беше драфтуван во 2013 година и ја водеше оваа франшиза до титулата во 2021 година како МВП на финалето, можеби нема да го носи овој дрес во иднина.

Брајан Виндхорст, известувач на ESPN, ги анализираше причините зошто Јанис сериозно размислува за својата иднина во Бакс.

Американскиот новинар изјави дека доколку Милвоки биде елиминиран од Пејсерс (тимот на Индијана води во серијата со 2-0), тоа ќе биде трета последователна елиминација во првата рунда од плеј-офот.

Дополнително, како што истакна Виндхорст, Бакс имаат финансиски проблеми, што би можело да го принуди Милвоки да размисли за тргување со Антетокунмпо.

Новинарот, сепак, истакна дека „сите овие гласини за заминувањето на Гркот доаѓаат од луѓе блиски до Милвоки“. Самиот Јанис никогаш не кажал дека сака да замине, ниту пак покажал знаци за такво нешто. Напротив, тој е стопроцентно фокусиран на тоа да ги направи Бакси подобри”.


Ѓоковиќ: Се чувствува смената на генерации

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави денес дека се чувствува оти дошло до генерациска смена и луѓето почнале да прифаќаат дека Роџер Федерер, Рафаел Надал и Енди Мареј повеќе не играат.

„Се чувствува како да се променила цела генерација. Луѓето почнаа да прифаќаат дека Роџер, Рафаел и Енди повеќе не играат, а наскоро ниту јас“, рече Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ утре во рамки на второто коло на АТП турнирот во Мадрид ќе игра против Италијанецот Матеа Арналди, а во шпанската престолнина ќе се обиде да стигне до својата 100-та титула во кариерата.

„Кога си врвен играч, правиш работи надвор од теренот, се обидуваш да придонесеш за популарноста на тенисот, да привлечеш повеќе луѓе, да привлечеш млади деца кон тенисот. Гледам дека тоа се случува, но сепак треба да работиме на тоа поле“, рече Ѓоковиќ.