feature

Хау се враќа на клупата на Њукасл

Менаџерот на Њукасл, Еди Хау, се врати на работното место откако се опорави од пневмонија, соопшти денеска клубот од „Сент Џејмс Парк“.

Хау, пропушти три натпревари поради пневмонија. Од болницата во Њукасл бил отпуштен минатата недела.

Хау викендов ќе биде на клупата на првенствениот натпревар против Ипсвич кој испадна од Премиер лигата.

Во негово отсуство, тимот го предводеа помошниците Џејсон Тиндал и Греам Џонс, а црно-белите победија на два од три натпревари.

Њукасл се бори за место во Лигата на шампионите следната сезона, поточно за место меѓу првите пет екипи на табелата. Четири бода ги делат екипите од третото до седмото место.

На пет кола до крајот, Њукасл е петти на табелата со 59 бодови, еден бод помалку од четвртопласираниот Нотингем Форест и еден бод повеќе од шестопласираните Челзи и Астон Вила.


Варди по тринаесет години го напушта Лестер Сити

Херојот на Лестер, Џејми Варди по 13 години реши да го напушти клубот. Клупската легенда на социјалните мрежи објави дека по завршувањето на сезоната ќе замине од „Кинг Пауер“.

„Навивачи на Лестер, мразам што дојде овој ден, но мораше да дојде. По 13 неверојатни години во клубот со многу успеси, некои падови, но главно најголеми успеси, време е да се откажам. Уништен сум, но мислам дека е вистинското време. Само сакам да ви кажам големо благодарам што ме прифативте како едно од вас. Лестер секогаш ќе биде во моето срце, сигурно ќе го следам во наредните години и се надевам дека клубот ќе биде успешен. Во овој момент ова е мое збогум, но ќе ме видите наскоро, ви благодарам“, рече Варди.


Алгуасил заминува од Реал Сосиедад летово

Реал Сосиедад во четвртокот објави дека ќе се раздели со тренерот Иманол Алгуасил на крајот од сезоната.

Всушност, одлуката за заминување беше негова.

„Иманол Алгуасил го извести клубот за неговата одлука да не го води тимот следната сезона. По шест и пол години на чело на стручниот штаб, тој одлучи дека е време да се повлече кога ќе заврши оваа сезона. Но, пред да дојде тој момент, имаме уште многу работи за кои вреди да се бориме.

Билет за Европа би бил најдобриот крај што оваа приказна го заслужува. Ти благодариме Иманол“, соопштија од клубот.

Во периодот додека Алгуасил го предводеше клубот, Реал Сосиедад играше пет пати во европските натпреварувања и го освои Купот на кралот во сезоната 2019/2020.

Сосиедад моментално е деветти на табелата, со 42 бода и три последователни натпревари без победа.


Два клуба го бараат младиот Мекати од Сити

Англиски и германски клубови покажаа сериозен интерес за 22-годишниот играч од средниот ред на Манчестер Сити, Џејмс Мекати.

Нотингем Форест и Баер Леверкузен се во листата на кандидати кои би можеле да го ангажираат играчот од средниот ред, секако доколку Морган Гибс-Вајт и Флоријан Вирц ги напуштат своите тимови.

Манчестер Јунајтед , Њукасл и Милан исто така се меѓу клубовите кои наводно се заинтересирани за Мекати, но засега нема информации за конкретни активности по ова прашање.

Оваа сезона играчот од средниот ред одигра 13 натпревари во Премиер лигата и постигна 3 гола.


Вирц и Симонс опции за наследник на Де Брујне во Сити

Поранешниот спортски директор, Уго Вијана ,ќе ја преземе функцијата директор во Манчестер Сити оваа лето откако се повлече Чики Бегиристајн од позицијата на која беше успешен во изминатите 12 сезони.

На почетокот од месецов стигна официјална потврда и од клубот и од играчот – Манчестер сити нема да го продолжи договорот со клупската легенда Кевин де Бруjне, која ќе замине летово, како слободен играч.

Очекувано, голем број имиња се поврзуваат со преселба на „Етихад“ за да се пополни празнината што ќе ја остави Де Бруин. Најмногу се зборува за Флоријан Вирц од Баер Леверкузен, но, на радарот на Сити, се најде и Чави Симонс од Лајпциг.


Џејлен Брансон е најдобар „Clutch“ играч во НБА

НБА го објави името на добитникот на наградата „Џери Вест“ која се доделува во последните три години.

ауреат е Џејлен Брансон од Њујорк Никс, која доби најмногу гласови, веднаш пред второпласираниот Никола Јокиќ.

Станува збор за награда наречена „NBA Clutch Player of the Year“, односно за најдобриот играч во одлучувачките моменти од натпреварот.

Брансон навистина се истакна оваа сезона во неизвесните завршници и беше фаворит за освојување на овој трофеј, па немаше големо изненадување.

Јокиќ беше и втор фаворит, кој го доби местото што се очекуваше пред објавувањето на конечните резултати. Трет по бројот на гласови заврши Ентони Едвардс од Минесота Тимбервулфс.


Цибона ја напушта АБА лигата?

Загрепска Цибона, еден од основачите на АБА кошаркарската лига, според информациите кои пристигнуваат од највисокото раководство на клубот, сериозно размислува за повлекување од регионалното натпреварување.

Долгогодишното незадоволство од статусот и третманот се прелеа на последниот состанок.

„Сè кулминираше со последните одлуки на Собранието на АБА-лигата, кои тргнаа кон укинување на националниот клуч со можност за проширување на лигата на 20 клубови, поделени во две конференции“, се вели во клупската реакција на загрепчани.

Како што стојат работите во моментов, Цибона како претпоследен тим и според постоечките правила треба да игра за опстанок во лигата со финалистот од АБА 2 лигата.


Лидс ќе му врачи отказ на тренерот кој го врати во Премиер лигата

Лидс се врати во Премиер лигата со стил – со 6:0 триумф над Стоук Сити и помош од Барнли, кои го совладаа Шефилд јунајтед, „белите“ обезбедија директна промоција. Но, наместо еуфорија, на „Еланд Роуд“ владее неизвесност – иднината на менаџерот Даниел Фарке виси во воздух.​

Германецот, кој во 2023 година беше назначен за менаџер на Лидс, го врати тимот во елитата со импресивен биланс – 59 победи во 102 натпревари . Сепак, сопствениците на клубот се двоумат дали да го задржат, поради неговото слабо претходно искуство во Премиер лигата со Норич, каде што освои само 6 победи во 49 натпревари.​

Фарке, познат по својата офанзивна филозофија и работа со млади играчи, ја освои довербата на навивачите. Сепак, управата на клубот размислува дали тој е вистинскиот избор за предизвиците што ги носи Премиер лигата.

Во меѓувреме, клубот планира проширување на стадионот „Еланд Роуд“ од 37.792 на околу 53.000 седишта, со цел да стане еден од најголемите во Обединетото Кралство . Овој амбициозен проект дополнително ја зголемува потребата за стабилност и јасна визија на клупата.​


Астон Вила застана во редот за Де Брујне

Астон Вила не планира само да учествува во Премиер лига – тие сакаат да диктираат темпо! Според извори блиски до клубот, во Бирмингем веќе се зборува за историски трансфер – ангажман на Кевин Де Брујне!

Раководството на клубот веќе одржало внатрешни разговори за можноста да го доведат белгискиот ас како слободен агент.

Унаи Емери е фасциниран од идејата да има играч од калибарот на Де Брујне во својата средна линија, а со Вила која сериозно атакува на Лигата на шампионите, ова не е само сонот на навивачите – туку амбициозен план.

Се чини дека проектот на Вила станува сè поатрактивен за ѕвезди од светски ранг, а ако ова се реализира – Премиер лигата ќе има нова гравитациска точка!


Јуве во недоумица околу иднината на Тудор

Јувентус ќе одлучи за иднината на тренерот Игор Тудор по Светското клупско првенство, тврдат извори блиски до клубот. Иако многу мина очекуваа одлуката да дојде уште на неколку кола пред крајот на сезоната, на раководството на торинсиот гигнат не му се брза.

„Бјанконерите“ вчера загубија од Парма (0:1) во 33. коло од италијанскиот шампионат. Поразот беше прв за Јувентус под водство на нивниот нов тренер, кој беше назначен на позицијата на 23 март.

„Јасно кажавме уште од самиот почеток. За иднината ќе зборуваме на крајот на сезоната“, изјавил директорот на Јувентус, Кристијано Џунтоли.

Светското клупско првенство ќе се одржи од 15 јуни до 13 јули.