Тотенхем ја има една од најлошите сезони во последните години – 15. место во Премиер лигата, елиминација од домашните купови, и само Лига Европа како последна надеж за трофеј. По ремито 1-1 во Лондон, реваншот со Ајнтрахт во Франкфурт ќе биде клучен за полуфинале.
Анге Постекоглу е пред отказ, а според италијанските медиуми, управата веќе размислува за нов тренер. Челниците немаат доверба во Австралиецот кој го води тимот.
Најсилен кандидат е Жозе Мурињо, кој моментално е во Фенербахче. Ако Португалецот се ослободи, можно е Тотнем ќе тргне во офанзива. Мурињо беше дел од клубот до 2021, кога доби отказ пред финале со Манчестер Сити во Лига купот.
Барса и ПСЖ едвај го потврдија полуфиналето на ЛШ
Фудбалерите на ПСЖ и Барселона се пласираа во полуфиналето во Лигата на шампионите. Конечни резултати: Борусија Дортмунд – Барселона 3:1 и Астон Вила – Пари Сен Жермен 3-2.
Барселона беше апсолутен фаворит против Борусија, што го потврди и на првиот натпревар во Шпанија каде победи со 4-0.
Сепак, реваншот на Вестфален целосно им припадна на фудбалерите во жолто-црни дресови и со малку среќа можеа да остварат сензационален резултат. Победија но со недоволна разлика.
Се истакна трикратниот стрелец Серху Гираси. Првиот гол го постигна од пенал, вториот веднаш на стартот на вториот дел и ја подигна температурата на трибините.
Жолтиот ѕид не ги штедеше грлата, но автоголот на Бенсебаини за момент ја стиша еуфоријата.
Гираси успеа да постигне хет-трик, имаше уште неколку можности, но на крајот Барселона со вкупен резултат 5-3 се пласираше во полуфиналето.
Избраниците на Ханси Флик во полуфиналето ќе играат против подобриот од дуелот Баерн – Интер. Во првиот натпревар во Минхен, Италијанците победија со 2-1. Реваншот е в среда во Милано.
Вистинска драма се одвиваше на „Вила Парк“ во Бирмингем, но Џиџи Донарума не и дозволи на Асти=он Вила да го елиминира ПСЖ. Италијанскиот голман во второто полувреме имаше три сензационални интервенции.
Има и многу возбуда во Бирмингем во Вила Парк. На првиот натпревар во Париз подобар беше шампионот на Франција. Гостите по 27 минути игра имаа предност од два гола. Стрелци беа Хакими и Нуно Мендеш.
Вила се врати во мечот со голот на Тилеманс во 34.минута. Во вториот дел Мекгин и Конса во 55. и 57.минута погодија за преднст на Вила. До крајот домаќинот не успеа да избори барем продолженија.
ПСЖ во полуфиналто го чека победникот од двомечот Реал-Арсенал. Англискиот тим има предност од 3:0 пред реваншот во Мадрид.
Полуфиналните натпревари се закажани за 29 и 30 април, реваншите на 6 и 7 мај.
УЕФА ја казни Албанија пред дуелот со Србија
Селекцијата на Албанија ќе ја дочека Србија во квалификациите за Светското првенство во јуни во Тирана.
За овој натпревар ФИФА одреди казна за домашната селекција поради однесувањето на навивачите. Станува збор за однесувањето на мечот против Андора кога дел од трибините имаше скандирања против Србија и заедничката организација на ЕП за млади фудбалери во 2027 година.
Албанците ќе имаат намален капацитет на својот најголем стадион за 20% и затворање на дел од трибините за мечот со Србија.
Овој натпревар и онака е прогласен од висок ризик, па Фудбалскиот сојуз на Албанија ќе има полни раце работа.
Надир Хифи е „Ѕвезда во подем“ на Евролигата
Кошаркарот на Париз, Надир Хифи беше прогласен за „Ѕвезда во подем“ за оваа сезона во Евролигата.
Дебитантот во Евролигата е најпријатното изненадување оваа сезона, успеа да го заземат местото кое носи пласман во плеј-ин, каде ривал ќе им биде Реал Мадрид.
Хифи за 20 минути колку што беше на теренот оваа сезона во Евролигата имаше просек од 14,7 поени, 2,1 скока и 1,3 асистенции.
Претходните години наградата „Ѕвезда во подем“ ја добија Габриеле Прочида (Алба), Јам Мадар (Партизан), Рокас Јокубаитис (Барселона), Усман Гаруба (Реал Мадрид).
Ралф Шумахер не верува во останување на Верстапен во Ред Бул
Поранешниот Формула 1 возач Ралф Шумахер верува дека Макс Верстапен наскоро може да го напушти Ред Бул.
„Убеден сум дека ако ажурирањата на Ред Бул немаат ефект пред трката во Имола и тестовите на моторот во 2026 година покажат слаби резултати, Макс Верстапен дефинитивно ќе го напушти тимот. Тој сега покажува феноменална разлика во брзината – на секој тим му треба возач како него. Мислам дека ќе има нов предизвик во Астон Мартин каде што може да постигне уште повеќе“ изјави Шумахер за „Racingnews365“.
Следната фаза од Формула 1 ќе се одржи во Саудиска Арабија од 18 до 20 април.
Барса во септември ќе се врати на новиот „Камп ноу“
Објавен е веројатниот датум за враќање на Барселона на стадионот „Камп Ноу“.
Според „Onze Mondial“, клубот очекува да ја заврши реконструкцијата во септември оваа година. Капацитетот на стадионот по завршувањето на сите процеси се очекува да биде 105 илјади гледачи.
Реконструкцијата на „Камп Ноу“ започна во 2023 година. Оттогаш, Каталонците своите домашни натпревари ги играат на „Олимпискиот стадион“ во Барселона, кој има капацитет од 56.000 гледачи.
По 31 коло, Барселона води во Ла Лига со 70 бодови, четири бода повеќе од Реал Мадрид.
Вечер тимот на Ханс Дитер Флик ќе игра на гости кај Борусија Дортмунд во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Првиот натпревар заврши со победа на Каталонците со 4:0.
Матеус верува во пресврт на Баерн во Милано
Лотар Матеус верува дека Баерн Минхен и покрај поразот од Интер (1-2) на првиот натпревар сепак ќе продолжи понатаму.
„Цврсто верувам дека Баерн оди понатаму! Вистина е дека „Сан Сиро“ има посебна моќ, но кога се работи за Баерн, играњето на противничкиот стадион, пред противнички навивачи, секогаш носи посебна мотивација“, изјави Матеус.
Тој смета дека Интер не може двапати да се „провлече“.
„Дури и минатата недела во Минхен можеше да се види дека Баерн е подобар тим. Единствениот проблем е, како и против Дортмунд, што не успеваат да ги искористат шансите. Ако успеат, Баерн ќе успее да ја анулира негативата од еден гол. На првиот натпревар решија ситници. Хари Кејн ја погоди стативата, не му оди најдобро во последно време, но не верувам дека е во криза. Знае тој што треба да направи за да постигне гол“.
На крајот, Матеус изјави дека резултатот од натпреварот на стадионот „Џузепе Меаца“ ќе биде 3:1 за Баерн.
Салах одбил богатство за да потпише нов договор со Ливерпул
Фудбалерот на Ливерпул Мохамед Салах добил профитабилна понуда од Саудиска Арабија вредна 500 милиони фунти, јавува „Би-би-си“.
Сепак, фудбалерот реши да го продолжи договорот со Ливерпул, бидејќи сè уште се стреми кон „спортски предизвици во Премиер лигата и Лигата на шампионите“.
Египетскиот интернационалец ќе остане најплатен играч во тимот со плата од околу 400.000 фунти неделно. Воедно, тој не ја исклучува можноста да се пресели во саудискиот клуб по истекот на новиот двегодишен договор со англискиот клуб.
Салах оваа сезона забележа 46 настапи за Ливерпул во сите натпреварувања, постигнувајќи 32 гола и 23 асистенции.
Неговиот актуелен договор со клубот е до летото 2027 година.
Дресот на Дончиќ во Лејкерси напродаван сезонава во НБА лигата
Објавен е податокот за продажба на дресови во НБА сезонава, по 11 години најпродавани дресови не се оние на Леброн Џејмс и Стивен Кари. Годинава за прв пат најпродаван е дресот на словенечката ѕвезда Лука Дончиќ.
На Дончиќ веројатно му помогна тоа што среде сезоната го смени клубот, па најпрвин неговите дресови ги купуваа навивачите на Далас Маверикс, а потоа и на Лос Анџелес Лејкерс.
Од 2014 година, Леброн и Кари редовно ги имаат најпродаваните дресови. Во тој период дресот на Леброн седум пати бил најпродаван, а на Кари четири пати.
Според достапните податоци, Леброн го имаше најпродаваниот дрес во 2011 година, додека во 2012 година најпродаван беше дресот на Дерик Роуз, а во 2013 година дресот на Кармело Ентони.
Иако не се на првото место, Кари и Леброн останаа на врвот и го заземаат второто, односно третото место. Џејсон Тејтум од Бостон Селтикс и Џејлен Брунсон од Њујорк Никс се меѓу првите пет продавачи.
Валенсија пред ангажман на Исмаел Бако
Шпанска Валенсија планира да го ангажира Исмаел Бако. Договорот на 29-годишниот центар со екипата на Уникс ќе заврши на крајот на сезонава.
Тој има просек од 8,6 поени и 6,4 скокови на 41 натпревар во ВТБ лигата.
Според дел од медиумите, белгискиот кошаркар е една од приоритетните цели на шпанскиот клуб кој сака да се врати во Евролигата.