feature

Тен Хаг кандидат за клупата на Рома

Поранешниот тренер на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг синоќа беше на „Олимпико“ на дербито меѓу Рома и Јувентус, а тоа ги подгреа гласините дека негова следна дестинација ќе биде Италија.

Интересно е тоа што и Рома и Јувентус се во потрага по нов тренер за следната сезона, па не може со сигурност да се каже на кој е мета Тен Хаг.

Клаудио Раниери има одлични резултати со Рома, но тој седна на кормилото на Волчицата изваден од пензија и неговата цел е само да ја заврши сезоната, а во меѓувреме клубот да најде решение за наредната.

Слично е и во Јувентус, Игор Тудор потпиша договор со трајност до крајот на сезоната, што значи дека и бјанконерите бараат решение за наредната сезона.

Времето ќе покаже дали Тен Хаг ќе биде тренер на еден од овие два клуба, или вчера на Олимпико бил присутен само како фудбалски фан.


Атаман не го сака Нан во турската репрезентација

Селекторот на турската кошаркарска репрезентација и тренер на Панатинаикос, Ергин Атаман, ги демантираше гласините дека Американецот Кендрик Нан ќе го облече дресот на националниот тим.

Се шпекулираше дека Нан би можел да заигра за Турција на претстојното ЕП, но Атаман веднаш ги отфрли овие наводи.

„Турција има еден важен натурализиран кошаркар, а тоа е Шејн Ларкин. Во моментов не ја разгледуваме опцијата за ангажман на друг играч. Нан е неверојатен и неговиот квалитет е неспорен, но сега нема ништо да менуваме“, изјави селекторот. на оваа репрезентација


Емери: Имаме тактика за ПСЖ

Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, изјави дека неговата екипа со самодоверба ќе патува во Париз на првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите, откако ја забележа седмата победа по ред. Вила патува кон Париз на можеби најголемиот европски судир во историјата на клубот по поразот од Јувентус во 1982.

„Мотивирани сме, возбудени сме! изјави Унаи Емери, кој е поранешен тренер на Пари Сен Жермен, а сега како ривал се враќа во француската престолнина.

„Јасно е дека тие се фаворити, но ние ќе се обидеме да ги одиграме овие два натпревари подготвувајќи се што е можно подобро. Ќе се надигруваме, но претходно ќе анализираме како треба да се прилагодиме на нив, како можеме да се наметнеме и да доминираме со нашата тактика“, изјави Емери.


Меси пак стрелец, Интер Мајами ремизираше со Торонто

Лионел Меси повторно постигна гол, но тоа не беше доволно за Интер Мајами да ги освои трите бода во дуелот против Торонто во МЛС лигата.

Натпреварот заврши со резултат 1-1, со два прекрасни гола и уште еден кој му беше поништен на Меси.

Меси постигна гол во 39. минута од работ на шеснаесетникот во негов стил биеше во десниот агол на голманот. Следуваше голема радост, која беше прекината бидејќи судијата по консултација со ВАР оцени дека Аргентинак направил прекршок на стартот од акцијата.

Двата гола беа постигнати во судиското надополнување на првото полувреме. Торонто поведе по соло акцијата на Италијанецот Федерико Бернардески во втората минута од судиското надополнување.

Сепак, Меси успеа да израмни во петтата минута од судиското надополнување. Од работ на шеснаесетникот, Меси со полуволеј ја испрати топката во долниот лев агол.

Во преостанатиот дел од натпреварот Интер доминираше, имаше дури 11 удари кон голот на ривалот, но резултатот не се промени.


Буфон го наполни со комплименти Миле Свилар

Легендарниот Џанлуиџи Буфон, еден од најдобрите голмани на сите времиња, со ентузијазам зборуваше за Миле Свилар, голманот на Рома.

Буфон не штедепше комплименти за Свилар откако Рома и Јувентус ремизираа (1-1) во Серија А.

„Зборовите кои се потрошени на него во последните две години се вистинити, тој тоа го потврдува секогаш кога ќе стапне на теренот и импресионира“, изјави славниот голман на Парма, Јувентус и ПСЖ.

Потоа откри што е она што го издвојува од останатите голмани.

„Тој прави работи што не може секој да ги направи“, рече рекордерот на Италија по бројот на настапи за националниот тим (176) за Свилар, кој собра шест одбрани во дерби колото во Серија А.

Моментално, Свилар е изедначен со Јан Сомер со 12 меча без примен гол во лигата.


Познати сите учесници во плеј-офот и плеј-инот на НБА лигата

Во НБА лигата познати се сите учесници во разигрувањето.

Во плеј-ин на Истокот ќе се сретнат Орландо Меџик (7) и Атланта Хокс, односно Чикаго Булс (9) и Мајами Хит (10). Победникот од натпреварот помеѓу 9-от и 10-от ќе се сретне со поразениот од мечот помеќу 7-от и 8-от.

Победникот ќе игра во плеј-офот со најдобриот тим од регуларниот дел на сезоната Кливленд Кавалирс.

Победникот од мечот помеѓу 7-от и 8-от на истокот ќе се сретне со актуелниот првак Бостон Селтикс (2). Другите двојки од плеј-офот во Источната коференција ги сочинуваат Индијана Пејсерс (4) – Милвоки Бакс (5), односно Њујорк Никс (3) – Детроит Пистонс (6).

На Западот во плеј-ин ќе се сретнат Милвоки (9) и Сакраменто Кингс (10), односно Лос Анџелес Клиперс (7) и Мемфис Гризлис (8). Победникот од натпреварот помеѓу 9-от и 10-от ќе се сретне со поразениот од мечот помеќу 7-от и 8-от. Победникот ќе игра во плеј-офот со најдобриот тим од регуларниот дел на Западот – Оклахома Тандер, додека победникот од мечот помеѓу 7-от и 8-от на истокот ќе се сретне со Хјустон Рокетс (2). Плеј-офот на Западот го комплетираат ЛА Лејкерс (3) – Минесота Тимберволфс (6) и Денвер Нагетс (4) – Голден Стејт Вориорс (5).

Плеј-ин турнирот се игра од 15-18 април, а плеј-офот стартува на 19 април.


Фофана пак се повреди, го чека нова операција

Фудбачерот на Челси, Весли Фофана заработи уште една повреда. Стоперот на лондонските „сини“ беше надвор од терените речиси една година поради тешка повреда на коленото, а сега повторно се повреди.

Од Челси потврдија дека поради повредата на Фофана тој ќе мора да оди на операција и да паузира неколку недели. За него оваа сезона заврши, на теренот мина нешто повеќе од илјада минути.


Шкендија го освои Кавадарци, голема победа на Силекс во Охрид

Шкендија ја задржа предноста над Силекс од четири бода и по 26. коло во Првата македонска фудбалска лига. Двата тима победија како гости, Шкендија во Кавадарци, а Силекс во Охрид. Вардар во најава за Куп дуелот ја победи АП Брера во Струмица, Беса го совлада Гостивар и избега од опасната зона, а Шкупи и Работнички одиграа натпревар без голови.

Резултати, 26.коло:

АП Брера-Вардар 0-2
Тиквеш-Шкендија 0-1
Шкупи-Работнички 0-0
Воска спорт-Силекс 1-2
Беса-Гостивар 2-1

сабота:

Струга-Пелистер 4-1


Елмас стрелец, Торино не успеа да ја победи Верона

Елиф Елмас го постигна третиот гол за Торино откако се пресели во овој тим од Лајпциг. Торино сепак не успеа да ја победи Верона во 31. коло, во Серија А.

Вистински ролеркостер се случи на стадионот во Торино во интервал од 62. до 67.минута.

Че Адамс промаши пенал во 62.минута и пропушти шанса да му донсе предност на торино. Две минути по промашениот пенал, Сар погоди за верона.

Радоста на гостите траеше само три минути кога Елмас го изедначи резултатот.

До крајот Торино остана со играч помалку на теренот. Во 86.минута црвен картон доби капитенот Самуеле Ричи.


Атлетико Мадрид во последната минута победи во Севиља

Атлетико Мадрид излезе од мини кризата со триумфот на „Рамон Санчез Писхуан“ во Севилја. Во 30.коло, Атлетико ја победи Севилја со 1-2, со голот на Пабло Бариос во 93.минута.

Севилја поведе по само седум минути игра. Лусиен Агуме налета на една одбиена топка по корнерот на Лукебакио и од работ на шеснаесетникот ја испрати топката во десниот агол.

Во 23. минута Лоик Баде, капитенот на Севилај со несмасен старт над Конор Галагер, му подари пенал на Атлетико.

Хулијан Алварез беше прецизен од белата точка за 1-1. Аргентинецот го постигна 12 гол во Ла Лига, 24 во сите натпреварувања оваа сезона.

Севилја потоа пропушти неколку опасни ситуации, но Јан Облак не дозволи повотрно да биде совладан. Словенецот мечот го заврши со пет интервенции, една повеќе од колегата Ниланд.

Од 60.минута Атлетико целосно ја презеде контролата врз натшреварот. Криераа „хорганџиите“ неколку опасни ситуации, но резултатото остана 1-1, се до третата минута од судиското надополнување кога Пабло Бариос, одлично повлече во полу контра, си создаде чиста ситуација и од 18 метри со прецизен удар погоди за триумф.