feature

Градско реми без голови во Манчестер

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити одиграа 0-0 во 31. коло од Премиер лигата. По осум години натпревар на градските ривали заврши без голови.

Сити сега заостанува еден бод зад Челзи, кој е четврти, додека Јунајтед успеа да го престигне Тотенхем на 13. место со 38 бодови.

Јунајтед и Сити практично ништо не им понудија на гледачите во првото полувреме.

Двата тима вкупно во првото полувреме упатија осум удари кон голот. Само два пати имало помалку обиди во градските пресметки откако се води ваква статистика (сезона 2003/04), тоа се случи на натпреварите на 6 јануари 2023 година и на 4 октомври 2015 година.

„Нема квалитет, нема атмосфера, ова е дерби, а нема енергија на трибините… Ова е пријателски дерби“, рече поранешниот капитенна Јунајтед, Рој Кин, кој сега работи како стручен коментатор.

Можеби најголемото возбудување на теренот се случи во 48. минута кога Фил Фоден по еден дуел падна во шеснаесетникот, но судијата Џон Брукс само одмавна со раката на приговорите на гостите.

Слична ситуација видовме само на другата страна, во 81. минута кога Касемиро падна во шеснаесетникот по дуелот со Ковачиќ. Брукс не се огласи и во оваа ситуација. Ова градско дерби беше последно за Кевин Де Брујне. Капитенот на Манчестер Сити ќе го напушти клубот по завршувањето на сезоната.

Интересно, Рубен Аморим сезонава има два победи и едно реми против Пеп Гвардиола. Победи како тренер на Спортинг во Лигата на шампионите и во првото дерби како менаџер на Јунајтед.


Овечкин го собори рекордот на Грецки

Рускиот хокеар Алекс Овечкин стана најдобар стрелец во историјата на НХЛ.

Овечкин го постигна својот 895 гол, на вечната листа го престигна легендарниот Вејн Грецки за еден гол, во исто толку одиграни натпревари (1.487).

Овечкин го постигна својот 895-ти гол во кариерата на натпреварот меѓу Вашингтон Капиталси Њујорк Ајландерс.

Грецки го држеше рекордот од 1999 година, а во моментот кога Русинот го собори својот рекорд беше на трибините и тој момент го следеше во живо.

Откако Овечкин го собори рекордот, играта беше прекината поради кратка церемонија, а Грецки му честиташе и одржа мал говор.

Овечкин ја започна сезоната со 853 гола, постигна 15 на првите 18 натпревари, но во ноември заработи повреда поради која мораше да пропушти дури пет недели.

Тој веќе достигна 30 гола сезоната (33), по 19. пат во неговите 20 сезони во НХЛ, постигнува најмалку 30 гола. Тој е четвртиот играч на возраст од 39 или повеќе години кој постигнал 30+ голови во една сезона.


Лаказет руши рекорди во Лига 1

Александре Лаказет запиша уште една златна страница во кариерата, откако го постигна својот 157 гол во Лига 1 и влезе меѓу дваесетте најдобри стрелци на сите времиња во француската елита.

Напаѓачот на Олимпик Лион беше дел од победата од 2:1 над Лил за да ја престигне легендата Жан-Пјер Папен (156 гола) и да се израмни со Дезире Корани на 18-то место на вечната листа на стрелци.

Важната победа на Олимпик Лион дојде во клучен момент од сезоната – тимот се искачи на 4-та позиција во поредокот, на само два бода од второто место. Лион дојде до израмнување во 38. Минута, а Лаказет застана зад топката кога беше досуден пенал и со ладнокрвно изведен пенал не му остави шанса на голманот – гол што уште длабоко го впишува во историјата на францускиот фудбал.


Анчелоти ќе го преземе Бразил ако добие отказ од Реал во јуни

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти е оптимист за преземање на репрезентацијата на Бразил доколку шпанскиот гигант го отпушти на крајот од актуелната сезона, објави „Релево“.

Според изворот, претседателот на Бразилската фудбалска федерација (ЦБФ) Едналдо Родригез сака да го види италијанскиот стручњак како селектор на националниот тим. Исто така реномирани играчи како што се Алисон, Маркињос, Данило позитивно го оценуваат потенцијалното назначување на Анчелоти.

Доаѓањето на 65-годишниот специјалист во репрезентацијата ќе го поздрават и бразилските фудбалери на Реал Мадрид: Винисиус Жуниор, Родриго, Едер Милитао и Ендрик.

Сепак, Анчелоти не сака да го напушти шпанскиот гигант додека не му истече договорот во 2026. Дали италијанскиот стручњак ќе продолжи да работи како главен тренер на Реал Мадрид ќе зависи од резултатите на тимот оваа сезона.


Бобоа се повреди, грижи за Ефес пред плеј-офот

Berlin, Deutschland 23. März 2023: Basketball EuroLeague – 2022/2023 – Alba Berlin vs. Anadolu Efes Istanbul Im Bild: Rodrigue Beaubois (Anadolu Efes Istanbul)

Родриг Бобоа, еден од најискусните играчи на тимот, мораше да го напушти теренот поради повреда во текот на третата четвртина, и тоа во моменти кога играше одлично.

Тој беше изнесен од теренот во инвалидска количка, а првичните прогнози велат дека сезоната за него е веројатно завршена.

Процесот на рехабилитација веќе започна, а повреден е листот на левата нога.

Иако има 37 години, Родриг Бобоа оваа сезона настапуваше одлично во Евролигата со просек од 8.9 поени, 1.4 скока и 1.6 асистенции по натпревар.


Пет француски тенисери суспендирани заради местење мечеви

Светската агенција за тениски интегритет (ITIA) соопшти дека пет француски тенисери се казнети за прекршување на Антикорупциската програма на тенисот. Претходно, шефот на синдикатот, Григор Саркисјан доби пет години затвор за наместени натпревари, а голем број тенисери добија долгорочни дисквалификации.

Јаник Тивант (38) доби доживотна забрана. Тој призна дека наместил 22 натпревари помеѓу 2017 и 2018 година, вклучително и 16 негови. Тивант исто така е казнет со 75.000 долари.

Томас Брехемиер (28) е суспендиран на 7 години и 6 месеци откако призна дека наместил 11 натпревари помеѓу 2017 и 2018 година. Неговата суспензија ќе заврши на 11 август 2032 година.

Габриел Петит (29) е суспендиран на 6 години и 6 месеци и казнет со 35.000 долари. Ја призна одговорноста за седум местени натпревари помеѓу 2017 и 2018 година. Дисквалификацијата на спортистот ќе заврши на 20 септември 2031 година.

Томас Сетоји (29) беше дисквалификуван на 10 години и казнет со 20.000 долари и мора да плати отштета од 5.500 евра. Тој беше прогласен за виновен за наместени три натпревари во 2017 година и непријавување на корупциски заговор во 2018 година. Дисквалификацијата на играчот ќе заврши на 31 март 2035 година.

Хуго Даубиас (28) е суспендиран на две години и казнет со 15.000 долари. Тој призна дека наместил два натпревара во 2017. Суспензијата на Даубијас ќе заврши на 20 март 2027 година.

Додека се суспендирани, на играчите им е забрането да играат, да тренираат или да присуствуваат на кој било тениски натпревар организиран од ITIA или од која било национална асоцијација.


Барселона ќе го ангажира Венсан Жерар

Vincent GERARD of France celebrate during the EHF Euro 2024 Qualifying match between Poland and France on March 8, 2023 at Ergo Arena in Gdansk, Poland. (Photo by Hugo Pfeiffer/Icon Sport)

Шпанскиот великан Барселона разгледувал повеќе опции за голманската позиција и на крајот било решено дека најдобра солуција е де се убеди легендарниот Венсан Жерар да ја прекина пензијата и да помогне до јуни.

„Мундо Депортиво“ тврди дека преговорите со Жерар се во финална фаза и 38-годишниот Французин наскоро ќе биде промовиран како голманско засилување на Барса.

Перез де Варгас ги скина лигаментите на коленото на 15. февуари на дуелот со Бидасоа, па сценариото со Жерар копија на ангажирањето на Шчесни, кој ја прифати понудата на Барселона непосредно откако најави крај на кариерата. Тој го менува Марк-Андре Тер Штеген.


Челзи ризикува казна од УЕФА

Европската фудбалска федерација (УЕФА) утврди прекршување на правилата на финансискиот фер плеј од страна на Челзи и англискиот клуб се соочува со можна казна и исфрлување од европските купови.

Познато е дека Челси беше во голема негатива поради големите инвестиции во трансфери последните години, па изминатиов период се обидуваше да го подобри статусот со излезни трансфери, како и продажба на женскиот клуб.

Токму последната ставка тешка 200 милиони фунти не била призната од УЕФА како соодветна во прикажувањето на приходите, а причина е фактот што купувачот е сестринска компанија на клубот.

Овој договор за продажба помина кај одговорните во Премиер лигата кои го признаа како соодветен приход и Челси избегна казна на домашен терен, но УЕФА отворила случај затоа што англискиот клуб има поголеми трошоци од предвиденото.


Мурињо казнет со три меча заради инцидентот во дербито со Галатасарај

Дисциплинската комисија на турскиот фудбалски сојуз го казни тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо со суспензија од три натпревари.

По поразот од Галатасарај на домашен терен со 1-2 во четвртфиналето на Купот на Турција, Мурињо му го штипна носот колегата од спротивниот табор Окан Бурук, што беше окарактеризирано како напад.

Порадит тоа, Португалецот беше суспендиран за следните три првенствени натпревари.

Под водство на Мурињо, Фенербахче ги загуби двете големи дербија на домашен терен од Галатасарај, во првенството беше 3:1.


Штип УГД го одбрани трофејот од Купот на Македонија

Одбојкарите на Штип УГД одиграа извонреден натпревар и со максимални 3-0 во сетови ја совладаа екипата на Струмица во финалето од Купот на Македонија, обезбедувајќи си уште еден значаен трофеј. Сетовите завршија со резултати 25-21, 26-24 и 25-21.

Штипјани одлично го отворија мечот, демонстрирајќи стабилна игра и самодоверба уште од самиот старт. Иако Струмица успеа да се врати во првиот сет и го израмни резултатот на 20-20, УГД повторно заигра со сигурност и со серија поени го затвори сетот во своја корист со 25-21.

Во вториот сет, Струмица поведе со 13-9 и изгледаше како да ќе изедначи во сетови, но одбојкарите на Штип покажаа карактер и борбеност. Со ефикасни блокови и одличен прием, успеаја да се вратат и во еден крајно драматичен финиш да го добијат сетот со 26-24.

Третиот сет беше нова жестока битка на паркетот. Двете екипи се менуваа во водство, но повторно УГД Штип влезе во клучна серија во завршницата, како и во првиот сет, и со конечни 25-21 стави точка на финалето и го подигна пехарот.