feature

Нико Ковач ќе добие нов договор во Дортмунд

Нико Ковач од Борусија Дортмунд ја доби довербата да го предводи тимот и следната сезона.

Хрватскиот стручњак пристигна на „Вестфален“, во февруари годинава и досега го водеше тимот на 16 натпревари. Во тој период „милионерите“ победија осум пати, три пати ремизираа и пет пати загубија.

Борусија започна прилично бавно под палката на Ковач, но тимот и играта изгледаат се подобро во последно време.

На последните четири натпревари во Бундеслигата, Дортмунд трипати триумфираше, ремизирајќи (2-2) со лидерот Баерн.

Во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите (3:1) за малку ќе ја надополнеја големата разлика од Барселона (0:4), покажувајќи дека можат да ги одмерат силите со најдобрите тимови на Стариот континент.

Сето ова му овозможи на поранешниот тренер на Баерн, Монако и Волфсбург да остане на кормилото и следната сезона.

„Милионерите“ моментално се на седмата позиција во Бундес лигата, а се на четири бода од четвртото место кое води во Лигата на шампионите.


Милер размислува за понудата на Фиорентина

Италијанскиот фудбалски состав Фиорентина може да се обиде да го ангажира ветеранот, Томас Милер, кој на крајот на сезоната ќе го напушти Баерн Минхен.

Наводно, „виолетовите“ ги направиле првите контакти со агентот на 35-годишниот Германец кој целата кариера ја помина во Баварија.

Ќе потсетиме дека Фиорентина на времето ангажираше играчи на Баерн Минхен. Тоа беа Клаудио Пизаро и Франк Рибери.


Нерес го повреди мускулот, се враќа дури следната сезона

NAPLES, ITALY – AUGUST 25: David Neres of SSC Napoli during the Serie match between Napoli and Bologna at Stadio Diego Armando Maradona on August 25, 2024 in Naples, Italy. (Photo by Francesco Pecoraro/Getty Images)

Фудбалерот на Наполи, Давид Нерес, се соочува со повреда на мускулот на левата нога и дефинитивно ќе мора да оди на рехабилитација.

Тој бил на дополнителни прегледи и ќе мора да отсуствува најмалку неколку недели што значи дека ќе мора да пропушти поголем дел од натпреварите во Серија А.

Бразилскиот фудбалер не играше против Монца.


Вардар доби службена победа, Воска Спорт пред дополнителни санкции

Натпреварувачка комисија во рамките на Фудбалската федерација го регистрираше прекинатиот натпревар Воска-Вардар со службени 3-0 за гостите од Скопје.

Воска е предадена на Дисциплинска комисија поради самоволно напуштање на теренот и поради слаба организација на мечот со „црвено-црните“ од 28. коло во првата лига.

Тренерот на Воска, Арбри Клодиан и капитенот, Агон Хани, ќе бидат под лупата на дисциплинците бидејќи ги повикаа играчите да се повлечат во соблекувалните.


Флик: Голманот на Мајорка беше одличен

Тренерот на Барселона, Ханзи Флик, изрази задоволство од победата над Мајорка од 1-0 во натпревар од Ла Лига. Каталонците можеа да постигнат и далеку позначаен успех, но тоа не го дозволија одличните интервенции на гостинскиот голман Лео Роман.

„Одигравме силен натпревар и создадовме многу шанси, затоа јас сум среќен. Нивниот голман одлично се снајде. Целиот тим на Мајорка добро се бранеше. Сепак, направивме помалку грешки во однос на претходните натпревари и тоа е позитивно”, изјави Флик.

Флик беше прашан и за „Ел Класико“ против Реал Мадрид во финалето на Купот на кралот. Тимот на Карло Анчелоти ќе има еден ден помалку за опоравување бидејќи вечерва патува за Хетафе.

„Ова може да биде предност, но не е задолжително. Имаше моменти кога бевме во потешка позиција. Реал има одличен тим и еден од најдобрите тренери – Анчелоти, кого многу го почитувам. Ни претстои одличен дуел. Барса и Реал секогаш се борат за трофеи – така беше и така ќе биде. Се надевам дека ќе победиме. Мора да бидеме фокусирани во текот на целиот натпревар“, заклучи тренерот на Барселона.


ПСЖ непоразен на 39 натпревари, го собори рекордот на Милан

ПСЖ има 39 натпревари по ред без пораз на гости (30 победи, 9 нерешени), надминувајќи го рекордот на Милан поставен во 1993 година. Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, го оцени рекордот на тимот за најдолга серија без пораз на гостински терен во историјата на најдобрите 5 европски лиги.

Парижаните вчеравечер ремизираа со Нант (1:1) во одложеното 29. коло од францускиот шампионат.

ПСЖ има 39 натпревари по ред без пораз на гости (30 победи, 9 нерешени), надминувајќи го рекордот на Милан поставен во 1993 година.

„Да се ​​собори рекордот на Милан е посебно чувство, тоа е неверојатно. Оваа серија започна со Кристоф Галтие, па респект и за неговата работа. Сè е одлично, освен денешниот резултат, сакавме да победиме“, изјави Гвардиола..

ПСЖ оваа сезона предвреме стана шампион на Франција. На четири кола до крајот на турнирот, тимот е на првото место во Лига 1 со 78 бодови.


Манчестер Јунајтед го сака голманот на Парма

Луѓето од фудбалскиот состав, Манчестер Јунајтед, планираат да испратат понуда за голманот на Парма, Сион Сузуки.

22-годишниот играч кој е роден во САД, настапува за селекцијата на Јапонија. Тој во летото во 2024 година го напушти белгискиот клуб Сен-Труден и за 7,5 милиони евра се пресели во Италија.

Медиумите наведуваат дека неговата ослободителна клаузула се движи околу 40 милиони евра.


Пејтон Причард e најдобра резерва во НБА лигата

Кошаркарот на Бостон Селтикс, Пејтон Причард е прогласен за најдобар шести играч во НБА лигата.

Споменатата награда се доделува на кошаркарот кој дава најголем придонес од клупата. Очекувано, Причард славеше пред Малик Бисли од Детроит и Тај Џером од Кливленд.

Бекот на франшизата од Масачусетс имаше просек од 14,3 поени, со 40 отсто реализција во шутот за три поени, што е и негово главно оружје. Во регуларниот дел погоди 255 тројки.

Во лигата е од 2020 година, кога Селтикси го избраа како 26-ти пик во првата рунда на драфтот, а студираше на универзитетот Орегон.


Винициус одлучил да потпише нов договор со Реал

Винисиус Жуниор донел одлука да го продолжи договорот со Реал Мадрид, објавија шпанските медиуми.

Информацијата дека Бразилецот нема намера да го напушти Мадрид и покрај финансиски неверојатната понуда што ја добил од Саудиска Арабија, ја објави новинарот Ману Карено во неговата емисија „Ел Ларгеро“, а во текот на ноќта ја пренесоа и двата реномирани мадридски медиуми, „АС“ и „Марка“.

Споменатиот новинар тврди дека менаџерите на 24-годишниот фудбалер во изминатите денови неколкупати се сретнале со челниците на Реал и дека повеќето детали се договорени, а официјалното соопштение за продолжување на соработката се очекува веднаш по завршувањето на сезоната. Неизвесно е само дали новиот договор ќе биде потпишан на две или три години.

Наводно, Винисиус успеал да го убеди Флорентино Перез да му ја зголеми платата која според договорот потпишан во 2022 година во просек изнесува 15.000.000 евра по сезона.


Голманот на Порто ќе го замени Едерсон во Сити

Извесно е дека Манчестер сити во летниот преоден рок ќе добие нов голман. Медиумите шпекулираат дека португалски голман ќе дојде на местото на Бразилецот Едерсон.

„Граѓаните“ решија да се разделат со Кевин Де Брујне, а се чини дека истото ќе го направат и со долгогодишниот голман.

Како што дознава „Фут Меркато“, наследник на Едерсон на голот на Манчестер сити би требало да биде голманот на Порто, Жоао Коста.

Португалскиот репрезентативец неколку сезони брани во врвна форма, јасно е дека Порто нема да го пушти така лесно. се шпекулира дека Сити ќе треба да плати 75 милиони евра колку што изнесува откупната клаузула.

Инаку и Едерсон во Сити дојде од Португалија, од редовите на Бенфика. „Граѓаните“ во 2017 година за неговиот трансфер издвоија 40 милиони евра.