feature

Ентони заминува од „Олф Трафорд“ во јуни

Манчестер Јунајтед, сака да се раздели со крилниот фудбалер, Ентони
но, полициската истрага, би можела да ја отежне продажбата.
Ќе потсетиме дека Бразилецот е обвинет за физички напад врз
неговата девојка. Доколку Јунајтед биде принуден да го продаде

Ентони, клубот ќе може да бара само дел од 85,5 милиони фунти што
ги плати за него во 2022 година.
Ентони во сезонава одигра 22 натпревари во најсилната лига на
Англија но, не се запиша во листата на стрелците.


Ако Тиаго Мота го преземе Јуве ќе го поведе со себе Луис Фергусон

Фудбалерот на Болоња, Луис Фергусон, влегува во трансфер-
плановите на италијанските гиганти Јувентус и Наполи, објавија
тамошните медиуми.
Играчот од средниот ред има одлични партии во сезонава а неговиот
тим се бори за место во Лигата на шампионите. Евентуалниот
трансфер би се случил во текот на летото.
24-годишниот фудбалер пред две години си замина од шкотскиот
Абердин и го облече дресот на Болоња. Тој во сезонава има 6 голови и
5 асистенции на 25 одиграни мечеви.


Фенербахче спремен да достави понуда за Мурињо

Турските медиуми објавија дека Жозе Мурињо, може да го преземе
кормилото на фудбалскиот состав Фенербахче.
Тие се повикуваат на италијански извори кои тврдат дека
Португалецот би можел да го преземе турскиот великан во почетокот
на следната сезона. „Специјалниот“ во јануари ја напушти „римската
волчица“ . Тој во сезонава ја предводеше италијанската екипа на 28
натпревари а забележа 13 победи, девет порази и шест нерешени.
Мурињо во богатата кариера работеше во Порто, Челзи, Интер,
Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Тотенхем и Рома.


Мартушело од помошник на Сари промовиран во шеф на стручниот штаб на Лацио

Се чинеше дека ќе остане и верува дека може да обезбеди учество во Лигата на шампионите за следната сезона, но Маурицио Сари поднесе оставка на местото тренер на Лацио.

Во претходниот месец се изгледаше дека Сари полека ја губи довербата во тимот. Од победата над Баерн единствена светла точка беше триумфот на гости кај Торино.

Иако тимот од Рим во Минхен пристигна со позитива од првиот натпревар, евидентно беше дека е само прашање на време кога Баварците ќе ја тресат мрежата на Иван Проведел и ќе обезбедат пласман во четвртфиналето.

Медиумите во Италија во понеделникот објавија дека Сари одлучил да остане на клупата и дека целта е петтото место кое најверојатно ќе води во Лигата на шампионите. Но, утрово италијанскиот тим објави дека Сари официјално заминува, а него ќе го наследни помошникот Џовани Мартушело кој потпиша договор до крајот на сезоната.


Ајакс состави долга трансфер-листа

Ајакс во јуни ќе смени речиси половина од тимот, бидејќи на трансфер листата ќе се најдат најмалку девет играчи.

Дури 9 од 13-те играчи кои минатото лето ги донесе спортскиот директор кој подоцна беше сменет Свен Мислинтат се на продажба. Станува збор за: Јосип Шутало, Борна Соса, Јаков Медиќ, Георги Микаутадзе, Карлос Форбс, Гастон Авила, Чуба Акпом, Бенџамин Тахировиќ и Антон Гаи, а од новите играчи на трансфер листата не се само Сиверт Мансверк, Диант Рама и Бранко ван Ден Бумен.

На крајот од минатата сезона Ајакс го загуби долгогодишниот капитен Душан Тадиќ, а резултатите сезонава се исклучително лоши. Клубот е далеку од врвот на табелата и има дури 29 бода помалку од лидерот ПСВ.

Ајакс беше елиминиран од холандскиот куп од третолигашот УСЦ Херкулес, а се уште е дел од Конференциската лига, каде по нерешениот резултат 0:0 на првиот натпревар во четврток, ќе го одигра реваншот од 1/16 финалето против Астон Вила во Бирмингем.


Клоп полека ги враќа повредените за клучниот дел на сезоната

Фудбалерите на Ливерпул влегуваат во завршницата од сезоната како единствен тим од Англија кој може да освои четири трофеи.

Лига купот е веќе освоен, Манчестер Јунајтед им е следен противник во ФА Купот, Спарта Прага е поразена во Лига Европа, а во Премиер лигата ја имаме неизвезна трка во која тука се уште Сити и Арсенал. Јирген Клоп денес објави добри вести во пресрет на клучните битки за трофеи. Мо Салах целосно се опоравил, а наскоро се очекува да се вратат и други важни играчи.

„Многу е важно што целосно го опоравивме Салах. Конечно е подготвен за 90 минути и е во врвна форма“, потврди Клоп.

Позитивна вест е дека Трент Александер-Арнолд се враќа веднаш по репрезентативната пауза, додека во првата половина на април во тимот се очекува да бидат Алисон и Диого Жота.


Финансиска полиција го „чешла“ Милан

Финансиската полиција упаднаа во канцеларијата на Милан во текот на денешниот ден, откри агенцијата АНСА.

Истражителите биле и во приватните канцеларии на извршниот директор на клубот Џорџо Фурлани и други директори на миланскиот гигант.

Предмет на истрага од обвинителството е продажбата на Милан од страна на претходниот сопственик „Елиот фонд“ на сегашниот „Ред брд“ во 2022 година.

„Во врска со претресот што денеска беше извршен во нашите простории, Милан како компанија е трета страна и не е вклучен во процедуралните дејствија во врска со промената на сопственост во 2022 година. Истрагата во која се вклучени актуелниот извршен директор Фурлани и поранешниот директор Газидис се однесува на можна погрешна комуникација со властите за контрола. Милан целосно соработува со истражните органи“, соопштија од клубот.


Маркињос по една деценија заминува од Париз

Париз Сен Жермен разгледува можност да дозволи на својот капитен, Маркињос, да го напушти тимот ова лето.

Оваа информација која пристигнува од Франција можеби е малку и изненандувачка ако се знае дека Маркињос се уште е еден од поважните играчи во тимот. Маркињос во ПСЖ е од 2013 година и во изминатите години прерасна во вистински лидер на одбраната.

Веројатно потребата за освежување на одбраната ги доведе луѓето во клубот до размислување за ваков чекор, особено откако за време на повредите на Маркињос во последно време Лукас Ернандез и Лукас Бералд се покажаа во солидно светло.

Желбата е да се ангажира талентираниот Лени Јоро од Лил, за кого би требало да платат сума од околу 40 милиони евра, меѓутоа конкуренција за неговиот потпис ќе имаат и од Реал Мадрид.

Маркињос во моментов има договор со Пари Сен Жермен кој важи до 2028 година.


Пеп го сака најдобриот фудбалер на Њукасл

Еден од најдобрите фудбалери во Премиер лигата, Бруно Гимараеш на лето ќе го напушти Њукасл.

Голем интерес за неговите услуги покажуваат неколку европски гиганти, а најсериозен е интересот на Манчестер Сити. Гвардиола сака на лето да го засили средниот ред, а примарна трансфер цел ќе биде токму Бруно Гимараеш.

Гимараеш неодамна го продолжи договорот со „чавките“, но во него има откупна клаузула.

Со оглед на слабата сезона на Њукасл, кој најверојатно ќе остане без играње во Лигата на шампиони, 27-годишниот Бразилец сака да ја промени средината.

Сити е спремен за неговиот потпис да понуди 100 милиони фунти, колку што бара Њукасл бара за неговата слобода.


Кого ќе жртвува Реал за потписот на Мбапе?

Килијан Мбапе по завршувањето на сезоната, ќе го напушти ПСЖ и
ќе се пресели во Реал Мадрид како слободен агент.

Мбапе ќе добие 100 милиони евра бонус при потпис на договорот и
ќе добие највисока плата, па Реал ќе мора да „жртвува“ некој
фудбалер. Поради големата конкуренција во нападот Реал ќе мора да
се ослободи барем од еден напаѓач и веќе е донесена одлука кој ќе
биде тоа.
Перез ќе го „жртвува“ Родриго кој ќе замине за сума од 120 до 150
милиони евра.
За потписот на Родриго се заинтересирани Манчестер Јунајтед и
Челзи, иако гигантот од „Олд Трафорд“ е поблиску до реализирање на
трансферот.