feature

„Билд“: Зидан преговара да го преземе Баерн

Еминентниот „Билд“ пренесува дека Зинедин Зидан е главен кандидат за клупата на Баерн Минхен.

Извори блиски до Французинот тврдат дека Зидан е спремен да се врати на тренерската работа и не ја отврла можноста да седне на клупата на Баерн Минхен. Томас Тухел е на излезна врата, па Баерн веќе размислува за нов тренер и ја започна потрагата.

Според германските медиуми, челниците на Баерн Минхен го контактирале Зинедин Зидан и му понудиле да го наследи Томас Тухел. Французинот веќе неколку години е без ангажман, одби неколку понуди и сега е спремен да се врати на тренерската работа.


Интер размислува да го задржи Алексис Санчез

Напаѓачот на Интер, Алексис Санчез, веројатно ќе добие понуда да го продолжи договорот со „нероаѕурите“, наведуваат медиумите на Апенините.

35-годишниот фудбалер се претвори во значајна фигура во клубот и речиси е незаменлив во првата постава. Актуелниот договор на чилеанскиот напаѓач истекува на крајот на јуни.

Неговиот тим го чека реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид закажан на 13 март.


Фримпонг има своја цена, Баер Леверкузен бара 60 милиони евра

Манчестер Јунајтед, Баерн Минхен и Реал Мадрид се заинтересирани за дефанзивецот на Баер Леверкузен, Џереми Фримпонг, пренесуваат англиските медиуми.

Фримпонг пристигна во Леверкузен од Селтик за 11 милиони евра и има договор со „фармацевтите“ до 2025 година, а се етаблираше во еден од најдобрите бекови во Бундеслигата.

Европските гиганти го следат неговите настапи и ќе бодат битка за неговиот потпис на лето.

Леверкузен е свесен дека нема да може да го задржи уште долго и е спремен да слушне понуди повисоки од 60 милиони евра.


Јуве без Влаховиќ на дербито со Аталанта

Српскиот фудбалер, Душан Влаховиќ, ќе го пропушти натпреварот од 28. коло во Серија А меѓу Јувентус и Аталанта кој ќе се одигра в недела од 18 часот во Торино.

Напаѓачот на „Старата дама“ доби жолт картон во поразот од Наполи со 2-1 во последното коло што беше негов петти во тековнава сезона.

Отсуството на Влаховиќ ќе биде голем хендикеп за Јуве. Тој во сезонава за тимот од Торино на 24 натпревари постигна 15 гола.


Астон Вила со огромна загуба влезе во новата година

Фудбалскиот клуб Астон Вила пријави загуба од 119,6 милиони фунти на крајот на годината, објави денеска „Би-Би-Си.

„Бројките се во согласност со стратешкиот бизнис план и во рамките на ПСР. Сопствениците на Астон Вила остануваат посветени на долгорочниот и одржлив развој на клубот и со нетрпение очекуваме да продолжи имплементацијата на стратешки план“, се вели во соопштението на клубот.

Астон Вила е на четвртото место во Премиер лигата и има реални шанси да избори пласман во Лигата на шампионите


Дугари: Ова што го прави Мбапе е скандалозно

По крајот на сезоната Килијан Мбапе ќе го напушти Пари Сен Жермен, информацијата не е официјално потврдена, меѓутоа се друго од ваков развој на настаните би било изненадување.

И тренерот Луис Енрике во последно време знае да го замени Мбапе или остави на клупата. На оваа тема сега сео гласи легендата на францускиот фудбал, Кристоф Дугари.

Дугари имаше критики за Енрике, но и за Мбапе.

„За првпат во ПСЖ има тренер кој има ма*иња да го замени Мбапе затоа што не бил на ниво. По мене на Енрике не му се допаѓа и начинот на неговата игра. Секогаш бил провокативен, но ме изненадуваат неговите изјави. Мбапе си оди за три месеци, а ти немаш план? Дали ПСЖ знае да се снајде Мбапе? Ако да, покажи ни како.

Сезонава не успева да го искористи Мбапе на вистински начин. Но тоа што го прави Мбапе е скандалозно. Капитен е на ПСЖ и Франција. Мбапе нема право да трча почесни кругови и да прави селфи на секаде. Каков циркуз е тоа?!“, запраша Дугари.

Мбапе во актуелната сезона постигна 32 гола на 33 натпревари за ПСЖ, меѓутоа на последните дуели играше 28, 65 и 45 минути, па тоа е уште еден показател дека Енрике го подготвува тимот без него.


Фудбалерките ги дознаа противниците за Лигата на нации

Европската фудбалска федерација УЕФА ја одржа ждрепката за квалификациската фаза за следното Европско првенство во женска конкуренција кое ќе се одржи во Швајцарија во 2025 година.

Првпат патничките на Европското првенство ќе се избираат преку лигашки модел,односно преку Лигата на Нации. Селекциите ќе бидат поделени во три дела: Лига А, Лига Б и Лига Ц.

Од Лига А каде што се најсилните селекции место ќе добијат по два првопласирани од четирите групи. Кога во прашање се Лига Б и Ц каде што е Македонија патот е потежок бидејќи ќе има и плеј-оф дуели.

ГРУПИ ВО ЛИГА Ц:

Група Ц1: Белорусија, Литванија, Кипар, Грузија

Група Ц2: Словенија, Летонија, Македонија, Молдавија

Група Ц3: Грција, Црна Гора, Андора, Фарски Острови

Група Ц4: Романија, Бугарија, Казахстан, Ерменија

Група Ц5: Албанија, Естонија, Луксембург


Челзи пронајде две опции за наследник на Почетино

Раководството на Челзи одлучи дека доколку го отпушти актуелниот тренер на тимот, Маурицио Почетино , ќе се обиде да го ангажира Рубен Аморим , кој го предводи Спортинг Лисабон или Роберто Де Зерби, кој работи во Брајтон. Оваа информација ја објави авторитетниот „Гардијан“.

Според изворот, раководството на лондонскиот клуб ќе одлучи за иднината на аргентинскиот стручњак во Челзи по завршувањето на актуелната сезона.

Да потсетиме дека Покетино ја презеде тренерската функција на Челзи минатото лето. По 26 кола од англискиот шампионат, сините освоија 36 бода и моментално го заземаат единаеттото место. Под водство на Почетино, Челзи стигна до финалето на Лига купот, но загуби од Ливерпул со резултат 0-1.

Претходно во медиумите се појави информација дека сопствениците на лондонскиот клуб веќе почнале да бараат замена за Почетино.


Барса го нуди Ансу Фати за потписот на Митома

Барселона е сериозно заинтересирана за ѕвездата на Брајтон и јапонски репрезентативец, Каору Митома.

Скаутите на Барселона веќе подолго време го следат 26-годишниот Јапонец, кој оваа сезона блеска во Премиер лигата. Англиските гиганти исто така го сакаат Митома, но Барселона има адут како да ја победи конкуренцијата, а тоа е Ансу Фати.

Фати игра како позајмен фудбалер во Брајтон и како дел од откупот англискиот клуб може да го понуди потписот на Митома.


Ѓоковиќ ги избегна фаворитите на ждрепката во Индијан Велс

На еден ден пред почетокот на турнирот, денеска беше извлечен ждребот за турнирот во Индијан Велс. Новак Ѓоковиќ кој на овој турнир се враќа по пауза од пет години, веројатно ќе има релативно лесен пат до полуфиналето.

Ѓоковиќ ќе го започне турнирот од второто коло и според ждребот не би требало да има проблем да дојде до завршната фаза. Ако нема изненадувања, во четвртфиналето ќе го чекаат Хуркач или Руд, додека во полудиналето еден од Медведев, Руне, Димитров и Фриц. Ако се погледне формата и меѓусебните дуели, посериозна закана за Ѓоковиќ е само Медведев.

Пресметка со Надал кој се враќа на Мастерс серијата би можеле да видиме во полуфиналето, но прашање е како ќе одигра Шпанецот, а во првото коло ќе се сретне со Милош Раониќ.

Карлос Алкараз, Јаник Синер, Зверев и Рубљов се на другата страна од ждребот и тука веројатно не очекуваат многу понеизвесни мечеви.