feature

Јуве го нуди Гати и пари зас Осимен

Јувентус изгледа е подготвен на се за да ги осигура услугите на напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен. Јувентус е подготвен да го вклучи Гати во понудата за Осимен.

Не е тајна дека Нигериецот е главна трансфер цел на „бјанконерите“ на лето и се чини дека се подготвени да направат што е потребно за да го доведат во своите редови, тврди „Тутоспорт“.

Не е тајна дека Наполи нема лесно да се раздели со овој играч, особено кога е во прашање неговата преселба во директен конкурент од Серија „А“. Во договорот на Осимен има откупна клаузула вредна 75 милиони евра, но Јувентус се надева дека некако ќе ја намали и за таа цел е подготвен како дел од зделката да го вклучи и дефанзивецот Федерико Гати.

Сличен предлог може да ги заинтригира и челниците на „Диего Марадона“. На тренерот Антонио Конте многу му се допаѓаат квалитетите на Гати и со задоволство би го имал на располагање. Згора на тоа, Наполи оваа сезона имаше некои проблеми во центарот на одбраната.

Инаку, се тврди дека желбата на Осимен е да се пресели во Јувентус и брзо ќе се договори со „бјанконерите“ околу условите од неговиот договор. Нигериецот, кој летото беше позајмен во Галатасарај, продолжува да ги покажува своите неверојатни голгетерски инстинкти, постигнувајќи импресивни 20 гола на 22 натпревари во турската лига оваа сезона.


Мота пред смена, Тудор се согласил да го наследи

Клупата на Јувентус продолжува да биде главна фудбалска тема на Апенинскиот полуостров.

Се чини дека Тиаго Мота ги брои последните денови во Торино, „Старата дама“ се уште не најде замена, но е многу блиску.

Како што стојат работите, хрватскиот стручњак и поранешен играч на Јувентус, Игор Тудор би можел да стане нов тренер на црно-белите.

Според „Газета дело Спорт“, челниците на Јувентус се одлучиле за Тудор бидејќи тој е подготвен да прифати договор на „определено време“, поточно до крајот на сезоната.

Тудор би го предводел Јувентус само на девет првенствени натпревари. Разговор за евентуално нов договор би се водел само доколку ја исполни примарната цела, пласман во топ 4.

На вакви услови не се согласи искусниот Роберто Манчини, додека како потенцијални тренери на лето се споменуваат Антонио Конте и Стефано Пиоли.

Да потсетиме, Тудор е без работа една година, откако го напушти Лацио, а во кариерата работеше и во Марсеј, Верона, Хајдук, Удинезе, Галатасарај, ПАОК, Карабукспор.


Ѓоковиќ ќе продолжи во Мајами и покрај болките и повредата

Иако нема освоено ниту една АТП титула од ноември 2023 година, кога го освои завршниот мастерс во Торино, Новак Ѓоковиќ нема намера наскоро да ја заврши кариерата.

Тој го потврди ова, во Макајми, во изјава за Тенис ченел.

„Додека се чувствувам како што се чувствувам сега, задоволство и уживање е да се биде на теренот. Без разлика каде сум. Сакам да продолжам да играм се додека ми се допаѓа. Очигледно нема да биде така на секој меч, но се додека можам да се натпреварувам на највисоко ниво, ќе продолжам да играм. Желбата е присутна имам поддршка и од најблиските во мојот живот. Па да видиме до каде ќе стигнам“, изјави по победата против Хиџиката во второто коло на овој Мастерс.

Ѓоковиќ, велерва околу 20 часот, во третото коло игра против Аргентинецот Карабели, 65-ти на АТП листата.


Тројца возачи дисквалификувани од ГН на Кина

MELBOURNE, AUSTRALIA – MARCH 14: Lewis Hamilton of Great Britain and Scuderia Ferrari prepares to drive in the garage prior to practice ahead of the F1 Grand Prix of Australia at Albert Park Grand Prix Circuit on March 14, 2025 in Melbourne, Australia. (Photo by Clive Rose/Getty Images)

Возачите на Ферари, Луис Хамилтон и Шарл Леклер и возачот на Алпин, Пјер Гасли, беа дисквалификувани од Големата награда на Кина што се одржа претпладнево по средноевропско време во Шангај.

По трката, стјуардите известија дека болидите на Леклер и Гасли се со недоволна тежина, а набрзо следеа казни. Двајцата возачи беа дисквалификувани.

Хамилтон беше дисквалификуван поради техничка грешка, еден од лизгачките блокови ја немал потребната дебелина по трката.

И Ферари и Алпин признаа дека нема олеснителни околности и дека тимовите се виновни, Шарл Леклер беше петти во неговото Ферари, пред тимскиот колега Хамилтон, додека Пјер Гасли го зазеде 11. место.

Нивната дисквалификација значи дека редоследот на возачите кои освоиле поени во Кина е следниов: Пјастри, Норис, Расел, Ферстапен, Окон, Антонели, Албон, Берман, Строл, Саинц.


Луис-Скели го собори рекордот на Рашфорд

18-годишниот Мајлс Луис-Скели постигна гол на своето деби за Англија во победата од 2-0 над Албанија.

Неговиот гол на „Вембли“ го направи најмладиот дебитант кој некогаш постигнал гол за Англија. Талентот на Арсенал го направи тоа на 18 години и 176 дена, со што го подобри претходниот рекорд на Маркус Рашфорд, кој во мај 2016 година постигна гол против Австралија на своето деби за Англија на возраст од 18 години и 209 дена.

По мечот со Албанија, Мајлс Луис-Скели беше толку емотивен што тешко наоѓаше зборови за да одговори на новинарските прашања.

„Многу сум благодарен на селекторот што ми веруваше. Многу сум среќен, немам зборови“, изјави Мајлс Луис-Скели.


Милевски: Најважно ни беше да победиме, Велс е сосема поинаков ривал

Селекторот на македонскaта фудбалска репрезентација Благоја Милевски, по средбата со Лихтенштајн и победата, на прес-конференцијата искажа задоволство од победата и трите бода.

„Честитки до моите играчи што во овие околности и трагедијата во Кочани, најдоа сили да го приведат натпреварот на најдобар можен начин. Искрено, не ми беше важно со колкава разлика и со каков резултат ќе победиме, туку само трите бодови на крајот“, рече Милевски.
„Очекувавме противникот да биде концентриран на својата одбрана, компактен, што го покажаа и на минатите мечеви, ги анализиравме детално, изгледавме доста 7-8 натпревари, и тоа е нашиот начин на подготовка“, изјави селекторот на македонскиот национален тим.

За групата, коментираше дека секоја селекција има шанси да замине на Мундијал, па дури и Казахстан и Лихтенштајн.

„Сите во нашата група се конкурентни, сите имаат свои шанси. Во денешниот фудбал мора да покажете максимален респект кон секоја репрезентација ако сакате да се надевате на позитивен резултат. Имаме интересна група, каде секоја репрезентација има свој квалитет и свои шанси“, дополнува Милевски.

Милевски ги истакна и очекувањата од дуелот со Велс.

„Почнавме веќе со подготовка против Велс, не очекува еден сосема поинаков натпревар, сосема поинаков тип на противник и очекувам меч за кој ќе треба повеќе и физички и психички напор. Се надевам дека пред се здравствено ќе бидеме добри сите, и ќе се одмориме овие два дена до мечот со Велс. Ме фасцинира нивниот тим како квалитет, и мислам дека ќе ни биде најсериозен предизвик во нашата група“, изјави Милевски.


Велс го победи Казахстан пред доаѓањето во Скопје

Велс со 3-1 го совлада Казахстан на стартот од квалификациите за мундијалот во 2026, па во Скопје следната недела ќе гледеме дуел на двете водечки екипи во Групата Ј.

Даниел Џејмс во 9. минута го отвори резултатот со доста среќа, неговиот удар се одби од еден противнички играч и заврши во мрежата за 1-0.

Казахстан изедначи во 32. минута, капитенот Тагиберген погоди од пенал за 1-1, резултат со кој се одите на пауза.

Сепак, домаќините се вратија во предност на стартот од вториот дел, Бен Дејвис најдобро се снајде по еден корнер и реализираше за 2-1 во 47. минута.

Гостите се обидуваа да стигнат до ново изедначување, го ставија на мака фаворитот, но мечот беше решен во 90. минута кога Матондо доби топка на 5 метри и прецизно биеше по земја за 3-1.

Во вторник, Велс гостува во Скопје на мегдан со Македонија и дуел на двете водечки екипи во Групата Ј, во отсуство на главниот фаворит Белгија.


Карачиќ заминува од Киелце

Поранешниот ракометар на Вардар и хравтски репрезентативец Игор Карачиќ ја игра шестата сезона во тимот на Талант Душебаев, но оваа лето ќе си замине од Полска, пишуваат сите полски медиуми.

„Сакам кога чувствувам притисок, сметам дека тогаш играм подобро. Карачиќ имаше одлични настапи овде, знам дека нема да биде лесно да го заменам. Сепак знам за што сум способен“, кажа Влах на промоцијата во дресот на Келце.

Покрај Влах, од позајмица се враќа и младиот полски репрезентативец Пјотр Једрашчук, a Душебаев често ги користи Олејничак и Даниел Душабев на средната бековска позиција.


Ковентри инсистира на враќање на Русија во олимпиското движење

Претседателката на МОК, Кирсти Ковентри, за Скај њуз откри дека е против забраната на земјите од Олимпијадата поради војни и дека ќе отвори разговори за потенцијалното враќање на Русија на Игрите. Новата претседателка на МОК ќе преговара за можното враќање на Русија на Олимпијадата

Само на Русите кои се натпреваруваа како неутрални им беше дозволено да учествуваат во Париз 2024 година, бидејќи Москва беше казнета за започнување на целосна инвазија на Украина, пишува Скај Њуз.

Кирсти Ковентри ќе биде првата жена претседателка на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) и нејзиниот прв африкански лидер.

Поранешната олимписка пливачка, која освои два златни медали за Зимбабве, рече дека гледа недоследности во сегашниот пристап на издвојување на Русија додека има конфликти на нејзиниот континент.

Запрашана еден ден по нејзиниот избор дали е против забраната на земјите од Олимпијадата поради конфликти, Ковентри изјави за Sky News: „Јас сум, но мислам дека треба да ја земете предвид секоја ситуација.“

„Она што би сакал да го направам е да формирам работна група каде што оваа работна група се обидува да постави некои политики и некои водечки рамки кои ние како движење можеме да ги користиме за да донесуваме одлуки кога ќе бидеме доведени во конфликти.“

„Имаме конфликти во Африка и тие се ужасни во моментот. Така што ова не исчезнува, за жал.

„Па, како ќе ги заштитиме и поддржуваме спортистите?

„Како ќе обезбедиме сите спортисти да имаат можност да дојдат на Олимписките игри?

„И наша одговорност е, исто така, да обезбедиме штом сите тие спортисти се таму, да се безбедни и дека ги штитиме и поддржуваме за време на Олимписките игри.“

„Значи, постои добра рамнотежа. Но, на крајот, верувам дека е најдобро за нашето движење да се осигура дека сите спортисти ќе бидат претставени“.


Повредата на Алисон не е сериозна

Голманот на Ливерпул, Алонсо Бекер, се огласи на социјалните мрежи за да ги смири навивачите на „црвените“ по повредата што ја заработи на квалификацискиот натпревар за Светското првенство помеѓу Бразил и Колумбија.

Голманот доби силен удар во главата и не можеше да го продолжи натпреварот, а потоа беше ослободен од репрезентативниот камп и вратен на лекување во Ливерпул.

Првичните прогнози беа дека голманот има потрес на мозокот, но се чини дека неговата ситуација не е толку загрижувачка.

„Здраво момци! Само сакав да кажам дека сум добро. Само морав да ги следам протоколите. Фала на сите за пораките“, напиша Алисон.

Се очекува тој да биде подготвен за настап за претстојното дерби на Ливерпул против Евертон на 2 април.