feature

Кличко ќе ја прекине пензијата и ќе се врати во рингот

Владимир Кличко е еден од најдобрите боксери во историјата. Украинецот беше неприкосновен светски шампион од 2008 до 2015 година, а титулите ги бранеше 25 пати. Кариерата ја заврши во 2017 година, по поразот од Ентони Џошуа и рекорд од 64 победи и пет порази.

Откако се повлече од спортот, се занимава со политка. Неговиот брат Виталиј е градоначалник на Киев. Сепак, според последните информации на американските медиуми, славниот Украинец би можел да се врати во рингот на 49-годишна возраст.

Имено, неговиот долгогодишен менаџер и промотор Том Лофлер во интервју за „The Ring“ изјави: „Владимир е историска личност. Не сакам да шпекулирам во негово име, но од она што го разбрав, тој сака да се врати во борба за титулата“.

“Ако некој може да се врати на оваа возраст, тоа е тој. Тој е во врвна форма и секогаш кога ќе го видам, тој е ист како кога имаше серија од 25 одбрани титулата. Има многу навистина добри борби за него. Реваншите со Џошуа и Фјури. Борбата за титулата со Дубоа би била одлична борба”, додаде Лефлер.

Доколку се врати и го нападне појасот, ќе има шанса да стане најстариот шампион во тешка категорија во историјата. Тој рекорд сега го држи Џорџ Форман, кој беше шампион на 45-годишна возраст.

Веќе се појавија гласини дека Кличко би можел да се врати во рингот, во борба за појасот на ИБФ што го држи Дубоа, во спротивно ќе мора да се бори со својот сонародник Усик, што не го сака.


Исак ќе биде подготвен за финалето со Ливерпул

И покрај сите шпекулации за тежината на неговата повреда, голгетерот на Њукасл, Александар Исак тренираше со своите соиграчи вчера. Тоа е добар знак за фановите на Њукасл кои го очекуваат неговиот старт на финалениот меч од Лига Купот против Ливерпул.

Според информациите на Скај Спортс, охрабрувачко е тоа што Исак вчера се појави на тренингот на тимот и бил „добро расположен пред претстојните натпревари“.

25-годишниот напаѓач беше сликан со една бандажирана повреда под десното колено што веројатно малку загрижува, но прогнозите се дека тој ќе биде подготвен за мечот со Ливерпул во битката за првиот трофеј сезонава.


Инфантино размислува за Мундијал со уште повеќе учесници

ФИФА разговара за можноста за проширување на Светското првенство во 2030 година од 48 на 64 репрезентации по повод одбележувањето на 100-годишнината од турнирот.

Според изворот, слична идеја предложил и делегат од Уругвај, земјата каде што се одржа првото Светско првенство во 1930 година.

Се нагласува дека претседателот на ФИФА, Џани Инфантино изјавил дека оваа иницијатива бара анализа. Сепак, постои голема веројатност другите членови на одборот на организацијата да ја отфрлат таквата идеја.

Во 2026 година Светското првенство ќе се одржи во Северна Америка, со зголемен број на учесници на 48 репрезентации.


Лаутаро: Сакам да ја завршам кариерата во Интер

Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез по вчерашниот меч со Феенорд во Лигата на шампионите, за италијанските медиуми изјави дека сака остатокот од кариерата да го помине во Интер.

Аргентинецот го постигна вториот гол за миланскиот клуб против Феенорд и стана најдобриот стрелец на Интер во Лигата на шампионите во историјата. По победата Лаутаро озјави дека сака остатокот од кариерата би сакал да го помине во Милано.

„Го сакам овој клуб и се чувствувам се подобро секој ден. Потпишав продолжување на договорот летово, иако имав многу други понуди. Со задоволство би останал во клубот и до крајот на кариерата. Среќен сум и горд што го носам дресот на Интер“, изјави Лаутаро.

27-годишниот Мартинез игра за Интер од летото 2018. За клубот одигра 319 натпревари, постигна 146 гола и направи 49 асистенции.


Нејмар по една година се враќа во бразилската репрезентација

Бразил го повика напаѓачот на Сантос, Нејмар Жуниор за квалификациите за Светското првенство овој месец против Колумбија и Аргентина по повеќе од една година, објави во четвртокот Бразилската фудбалска конфедерација.

33-годишниот фудбалер доживеа повреда на коленото на квалификацискиот натпревар на Бразил против Уругвај во октомври 2023 година.

По разочарувачкиот период во саудискиот премиерлигаш Ал-Хилал, Нејмар се врати во неговиот клуб од детството Сантос во јануари, постигнувајќи три гола и додавајќи три асистенции во седум натпревари за да го привлече вниманието на селекторот на Бразил, Доривал Јуниор.

Нејмар има 128 натпревари и рекордни 79 гола за својата земја, надминувајќи го бројот на Пеле од 77 гола. Тој беше дел од тимот на Бразил кој освои златен медал на Олимписките игри во Рио во 2016 година и исто така им помогна да завршат како второпласирани пред Аргентина на Копа Америка во 2021 година.

Бразил, кој е петти на табелата КОНМЕБОЛ со 18 бодови од 12 натпревари, на 21 март ќе и гостува на Колумбија, а пет дена подоцна ќе гостува во Аргентина.

Најдобрите шест директно се квалификуваат за Светското првенство.


Историски успех: Трајковски се пласира во финалето во скок во далечина!

Историски успех за македонската атлетика. Андреас Трајковски се пласираше во финалето во скок во далечина на ЕП во сала.

Македонскиот репрезентативец Андреас Трајковски, член на АК Работнички, со нов национален рекорд во сала со скок од 7 метри и 85 сантиметри го освои 7-то место со што обезбеди место во финалето на Европското првенство во сала кое се одржува во Апелдорм (Холандија).

Во првата серија Андреас прескокна 7.51 метар, во втората 7.77 метри и во третата серија 7.85 метри. Ова е огромен успех за Андреас и Македонија, прв македонски атлетичар што обезбедил финале на едно Европско Првенство во атлетика.

Финалето во скок во далечина е на програмата утре (петок) со почеток во 20:34 часот.


Ренџерс го победи Фенер среде Истанбул, важна победа и за Лион

3A143T1 Rangers’ Vaclav Cerny, left, celebrates with his teammates after scoring his side’s third goal during the Europa League round of 16 first leg soccer match between Fenerbahce and Rangers at Sukru Saracoglu stadium in Istanbul, Turkey, Thursday, March 6, 2025. (AP Photo/Khalil Hamra)

Глазгов Ренџерс и Лион стекнаа предност пред осминафиналните реванши во Лига Европа, откако славеа со 3-1 како гости кај Фенербахче, односно ФЦСБ. АЗ во Алкмар го победи Тотенхем, а дербито Реал Сосиедад-Манчестер јунајтед заврши без победник.

Манчестер јунајтед извлече добар резултат на гостувањето во Сан Себастијан. Имаше предност со глот на Зиркзе, а изедначи Ојерзабал од пенал.

АЗ го победи Тотенхем со авто голот на Бергвал во 18. минута.

Фенербахче доживеа шокатнтен пораз од Глазгов Ренџерс. Изненадувањето гостите го најавиха со глот на Десерс во седмата минута, Џику изедначи, меѓутоа Шкотите заминаа на одмор со предност, откако погоди Черни во финишот на полувремето.

Во вториот дел на Десерс му беше поништен гол по интервенцијата од ВАР собата, но точка на мечот стави Черни со својот втор гол во 81. минута.


Победи на римските клубови во осминафиналето на Лига Европа

Нестварна ноќ на римските клубови, Рома и Лацио во првите осминафинални натпревари во Лига Европа. Рома со голот на Шомуродов во 94.минута го победи Атлетик Билбао со 2-11, а Лацио во Чешка, со двајца помалку на теренот, со голот на Исаксен во 98.минута ја победи Викторија. Велерва Бодо/Глимт го декласира Олимпијакос со 3-0, додека Ајнтрахт победи во Амстердам, против Ајакс (2-1).

Рома со пресврт го победи Атлетик на „Олимпико“. Баските дојдоа до предност преку Инаки Вилијамс во 50 минута, а шест минути подцна изедначи Анхелињо. Во 85. минута Ателетик остана со играч помалку, кога Јерај Алварез го доби вториот жолт картон. Од тој момент Рома го засили притисокот, тргна со сите сили напред, а наградата стигна во последните секунди кога Шомуродов го совлада Агирезабала.

Во Плзен, Лацио преку капитенот Ромањоли го отвори резултатот во 18.минута. Во вториот дел Дорусимни изедначи, а Виторија целосно ја презеде контролата врз натпреварот кога Ровека во 70. минута доби црвен картон. Во 93. минута црвен картон доби и Гигот.

И со двајца помалку на теренот, Лацио успеа да изведе полуконтра, која со брилијантен гол ја заврши Исаксен.


Пораз од моќниот ПСЖ за крај на европската сезона на Еурофарм Пелистер

Во натпревар без никакво резултатско значење и во кој се играше единствено за престиж, Еурофарм Пелистер успеваше да му парира на моќниот ПСЖ во првото полувреме, но потфрли во вторите триесет минути и на крајот се прости со убедлив пораз од новата епизода во Лигата на шампиони. Битолчани успеваа да се држат и одржуваа минимална негатива, но ПСЖ почна да се одлепува во завршните минути од првиот дел и стана јасно дека избраниците на Раул Алонсо нема да можат да се носат со големиот фаворит.

Фактот што Еурофарм Пелистер немаше ниту едно водство во текот на 60-те минути доволно говори за вечерашниот натпревар, кој на крајот заврши со убедливи 26-35 за гостите од Париз.

Францускиот репрезентативец Пранди со осум гола беше нерешлива енигма за битолчани, Јахја постигна пет погодоци, додека светли точки во Пелистер беа Кузмановски со седум и Пешевски со четири погодоци.


Одермат веќе обезбеди мал кристален глобус

Марк Одермат, 27-годишениот швајцарски скијач, го обезбеди првиот Мал кристален глобус оваа сезона во Светскиот куп. Математички стана најдобар во супер-џи.

Во Квитфјел, Норвешка, за време на тренинзите во спуст, неговиот единствен ривал, италијанскиот скијач Матија Касе, доживеа сериозен пад со што ја заврши сезоната.

Откако бил пренесен во болница, му била констатирана фрактура на лактот, поради што Италијанецот веднаш бил опериран.

Остануваат уште две трки во супер-џи до крајот на сезоната, а само Касе може да го стигне Одермат, кој има 181 бод повеќе во поредокот.

Одермат беше најдобар во супер-џи во претходните две сезони. Освен тоа, Швајцарецот има еден глобус во спуст, три во велеслалом и три пати го има освоено Големиот кристален глобус за најдобар во Светскиот куп, во 2022, 2023 и 2024 година.

Марк е на чекор до нова победа во Светскиот куп бидејќи моментално води со 1306 бодови, додека на второто место е Норвежанецот Хенрик Кристоферсен со 946 бодови.