feature

Интер Мајами со победа ја започна новата МЛС лига, Меси асистент

Фудбалерите на Интер Мајами со победа над Реал Солт Лејк (2-0) ја отворија новата сезона во МЛС лигата.

Ѕвездениот состав од Флорида предводен од Меси, Суарез, Бускетс и Алба ја оправда улогата на фаворит и ги израдува своите навивачи.

Лео и Луис не се запишаа во листата на стрелци, но беа дел од акциите при кои паднаа погодоците, Тејлор стрелаше во 39 минута на асистенција на Аргентинецот. Вториот гол падна во 83 минута кога Меси го проигра Суарез кој пак ја испрати топката до Гомес за потврда на трите бода за Интер Мајами.

Во наредното коло избраниците на Тата Мартино ги очекува дерби со Лос Анџелес Галакси.


Иво Карловиќ замина во тениска пензија

Карловиќ официјално денес објави дека повеќе нема да игра професионален тенис, меѓутоа уште од 2021 година не одиграл ниту еден меч. Последен пат настпаи на турнирот на Индијан Велс каде што беше поразен од Емилијано Гомез.

Дерби во Англија, Столе против кралевите во Мадрид ↓↓↓

Она што е уникатно во неговата кариера е што е еден од ретките кои можат да се пофалат со позитивен скор со еден од најдобрите на сите времиња, Новак Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ и Карловиќ одиграа три натпревари. Првпат во 2008 година во Мадрид каде што победи Хрватот, а потоа славеше и во Доха во 2015 година.

„Со Ѓоковиќ имам скор 3:1. Го победив и во квалификациите за турнирот во Мадрид во 2005 година, меѓутоа АТП тој меч не го признава. Од време на време знам да го потсетам на тој факт“, изјави Карловиќ.

Ќе се памети Карловиќ и како еден од тенисерите со најсилни сервиси, а за тоа му помагаше и неговата висина од два метри.


Тиаго Мота фаворит за клупата на Милан

Медиумите во Италија наведуваат дека Тиаго Мота е главниот кандидат да го наследи Стефано Пиоли на клупата на фудбалскиот состав Милан.

Според нивната анализа, „росонерите“ во текот на летото ќе се обидат да го ангажираат тренерот на Болоња кој има одлични резултати со неговиот состав во Серија А.

Иако имаше одредени најави дека Антонио Конте може да седне на клупата на „Сан Сиро“ , тоа веројатно нема да се случи.


Лондонски Челзи го враќа Кејн во Англија?

Челзи има намера да го придобие напаѓачот на Баерн, Хари Кејн ова лето. Шансите англискиот напаѓач да го напушти клубот од Минхен ќе се зголемат доколку тимот не успее да освои ниту еден трофеј.

Кејн му се приклучи на Баерн од Тотенхем во август 2023 година за 95 милиони евра. Во составот на тимот од Минхен, Англичанецот одигра 30 натпревари, на кои постигна 29 гола и креира осум асистенции.

Порталот „Transfermarkt“ ја проценува вредноста на 30-годишниот фудбалер на 110 милиони евра.

Договорот на играчот со германскиот клуб е до крајот на јуни 2027 година.


Ван Дајк постави клупски рекорд со голот против Лутон

Фудбалерот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк,  го собори рекордот на Финецот, Сами Хипија за најмногу голови што ги постигнал еден дефанзивец на стадионот – „Енфилд“.

Холанѓанецот погоди на вчерашниот меч со Лутон во Премиер-лигата со што дојде до бројката од 12 голови пред домашните навивачи.

Ван Дајк кој дојде во 2018 година во таборот на „црвените“, има 18 голови во Премиер лигата. Тоа е своевиден рекорд бидејќи ниту еден друг дефанзивец нема толку голови во тој временски распон.


Камавинга добива нов побогат договор во Мадрид

Едуардо Камавинга веќе се етаблираше во еден од најдобрите фудбалери на „кралскиот“ клуб и ги освои сите можни трофеи.

Иако има само 21 години Французинот е еден од најдобрите играчи за врска во Европа и за него интерес покажуваат многу европски гиганти. Поради тоа Реал реши да го награди со нов договор и преговорите со неговиот агент се во напредна фаза.

Французинот ги одбил сите понуди од други клубови и се очекува наскоро Камавинга да стави потпис до 2028 година со значително повисока плата.


Захариевски промовиран во нов тренер на Воска Спорт

Охридскиот прволигаш Воска Спорт го потврди именувањето на Захариевски за нов тренер.

Заедно со Захариевски на клупата на Воска Спорт ќе работи и Сеит Крека, кој досега работеше со младите возрасни групи во клубот.

Дебито на Захариевски на клупата на Воска ќе биде викендов на дуелот со Силекс во рамките на 20-то коло во Првата македонска фудбалска лига.


Сити застана во редот за потпис на Рафал Леао

Манчестер Сити е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Милан, Рафаел Леао, пренесуваат италијанските медиуми. Португалецот се етаблираше во еден од најдобрите млади фудбалери во Европа и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Гвардиола сака на лето да ги засили крилните позиции и да донесе играч кој ќе биде идеален партнер за Халанд, а верува дека најдобра опција е токму Рафа Леао.

Португалецот пред неколку месеци стави потпис на нов договор, но Сити е спремен да испрати понуда од 100 милиони евра.


Годин ја прекинува пензијата за да заигра за нисколигаш

Диего Годин по само шест месеци се враќа во фудбалот. Годин се пензионираше, меѓутоа по половина година пауза одлучи одново да се врати на професионалните обврски и тоа во уругвајскиот нисколигаш Поргонос. Годин со овој тим постигна договор за соработка до крајот на годината.

Станува збор за клуб со долга историја на постоење бидејќи е основан во 1910 година во една од повеќето лиги во Уругвај. Медиумите пренесуваат дека главен „виновник“ што Годин се враќа е неговиот пријатело, Гонзало Кастро, екс-фудбалер на Мајорка и Реал Сосиедад кој исто така ја прекина пензијата и потпиша за овој клуб.

Во својата последна сезона Годин го носеше дресот на Велез Сарсфилд, а претходно играше за: Вилјареал, Атлетико Мадрид, Интер, Каљари и Атлетико Минеиро.

 Својот најголем успех го постигна со Атлетико Мадрид со кој освои два трофеи во Лигата на Европа, два Супер-Купа на Европа, Ла Лига, Куп на Шпанија и Супер-Куп. Исто така со Атлетико играше и две финалиња во Лигата на шампионите.


Антонио Силва на радарот на сите европски гиганти

ПСЖ е последниот клуб кој се вклучи во трката за младиот дефанзивец на Бенфика, Антонио Силва.

Станува збор за 20-годишен централент дефанзивец, кој одигра фантастично оваа сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти. Тој веќе е стадарден и во португалската репрезентација, а скаутите на европските гиганти се убедени дека Силва има потенцијал да биде нова голема ѕвезда во иднина.

Манчестер Јунајтед, Сити, Челзи, Баерн Минхен и Реал Мадрид веќе подолго време го следат Антонио Силва и сакаат да го доведат на лето.

Меѓутоа, тоа воопшто нема да биде лесно бидејќи Силва има договор со Бенфика до 2027 година, а португалскиот клуб за неговата слобода бара 100 милиони евра.