feature

Хезоња заминува од Мадрид на крајот на сезоната

Хрватскиот кошаркарски репрезентативец од редовите на Реал Мадрид, Марио Хезоња одбил две понуди за продолжување на договорот со „кралскиот клуб“, открива шпанскиот медиум „Марка“.

Причината за тоа е финансиската страна од која 28-годишниот крилен центар воопшто не е задоволен.

Шпанските медиуми откриваат и дека Хезоња има богата понуда од Панатинакос вредна два милиони евра по сезона.

Хрватот не ја крие поврзаноста со грчкиот тим каде брзо стана и миленик на навивачите па се поголема е веројатноста дека ќе се врати во Атина.


Се спрема голема промена во правилата во скок во далечина

Светската атлетика (СА) размислува да воведе нов формат за мерење во дисциплината скок во далечина. Во иднина скокот би се мерел од т.н.„зона за полетување“, односно од местото каде што е предното стапало на спортистот при отскокот, па до местото каде што ќе слета во песочната јама. Традиционалната дрвена табла би заминала во историјата.

„Тоа значи дека секој скок ќе биде важечки со што ќе се зголемат возбудувањата и драматичноста на натпреварите, изјави извршниот директор на СА, Џон Риџон.

Целта на промените на скокот во далечина е да се намали и бројката на неважечки скокови. Риџон рече дека една третина од сите скокови на Светското првенство (СП) 2023 година во Будимпешта не се мереле бидејќи спортистите направиле престап.

Не е лесно да направите промени во спортот кој во основа бил измислен пред 150 години. Годинава ќе направиме тестови во реални околности со многу добри спортисти и доколку не мине добро тестирањето, нема да ги воведеме промените.

Во истовреме се обидуваме да најдеме и начини побрзо да ги добиваме резултатите и да не мора да чекаме 20 или 30 секунди пред да се појават“, додава Риџон.


Бруклин го отпушти тренерот Жак Вон

Тренерот на НБА тимот, Бруклин Нетс, Жак Вон доби отказ. Веста официјално ја потврдија од клубот.

Бруклин е единаесетти во Источната конференција со 21 победа и 33 порази и скор без шанси за пласман во плеј-офот. Од клубот прецизираа дека замената на Вон во моментов не е избрана, но некои инсајдери објавија дека тоа ќе биде Кевин Оли, кој од минатата сезона беше помошник на Вон во клубот.

Вон го презеде Бруклин Нетс во ноември 2022 година.


Барса продава најмногу фудбалски дресови во светот

Европската куќа на фудбалот го претстави финансискиот извшетај за 2023 година, а во тој извештај се и бројките од заработка на клубовите од своите клупски продукти.

Барселоан и без Лионел Меси се наоѓа на врвот на листата со заработени 178 милиони евра. Веднаш зад каталонскиот гигант е нивниот најголем ривал Реал Мадрид со заработка од 155 милиони евра. Тие се и двата единствени шпански клуба.

Интересно е што во топ 10 немаше место за Манчестер Сити кој минатата година ја освои Лигата на шампионите, исто така и Интер кој играше во финалето не се најде на оваа листа. Од Англија тука се: Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Арсенал, Челзи и Тотенхем, додека од Италија само Јувентус.

ТОП 10 КЛУБОВИ СО НАЈГОЛЕМА ЗАРАБОТКА ОД ДРЕСОВИ:

Барселона (178 милиони евра)

Реал Мадрид (155 милиони евра)

Баерн Минхен (147 милиони евра)

Ливерпул (132 милиони евра)

Манчестер Јунајтед (130 милиони евра)

ПСЖ (97 милиони евра)

Арсенал (89 милиони евра)


Чаби Алонсо го носи Фримпонг со себе на „Енфилд“

Чаби Алонсо е прв кандидат да го наследи Јирген Клоп, но тој можеби нема да биде единствениот кој од Леверкузен ќе се пресели во Ливерпул ова лето.

Во дел од германските и островските медиуми се појави информација дека заедно со Алонсо на „Енфилд“ би можел да се пресели и десниот крилен играч Џереми Фримпонг. Самиот фудбалер и не ја крие желбата еден ден да го облече дресот на Ливерпул.

„Ливерпул е голем клуб со богата историја. Би било одлично да заиграм за така голем клуб. Ќе видиме, кој знае што носи иднината за мене“, изјави Фримпонг.

Фримпонг е еден од најдобрите фудбалери на Баер кој чекори кон титулата во Бундеслигата каде што има осум бода предност во однос на Баерн Минхен. Фримпонг импресионираше со учинок од девет голов ии десет асистенции.

Исто така не треба да се заборави и дека има само 23 години, па така пред него е светла иднина, но ќе видиме каде.


Мбапе добива огромен бонус за потпис со Реал

Килијан Мбапе ќе добие бонус за потпис од 150 милиони евра со Реал Мадрид. Ова го откри шпанскиот новинар Балаг.

Оваа сума ја добива Французинот за пристигнувањето на „Сантијаго Бернабеу“ како слободен играч. Истата ќе биде исплатена во рок од пет години колку што ќе трае договорот. Платата на Мбапе ќе биде 15 милиони евра по сезона нето, со што ќе се почитува условот капитенот на Франција да не добива повеќе од другите големи ѕвезди на Реал, Џуд Белингем и Винисиус Жуниор. Мбапе ќе задржи и процент од правата на имиџот, но нема да ги поседува во целост, како што е моментално случајот со Пари Сен Жермен.

Балаге дури откри дека Мбапе најверојатно ќе игра со број 10 во Реал бидејќи бројот ќе биде слободен по заминувањето на Лука Модриќ на крајот од сезоната. Со истиот број напаѓачот настапува и во француската репрезентација. Вчера „Марка“ објави дека Мбапе пред две недели го потпишал договорот со Реал.


Иднината на Заниоло е во Милан

Италијанскиот репрезентативец, Николо Заниоло после одлични шест месеци во дресот на Галатасарај, во летниот преоден рок се пресели во Премиер лигата. Астон Вила плати 3 милиони евра за едногодишна позајмица со право  на откуп на крајот на сезоната.

Иако Италијанецот пружи солидни партии во Премиер лигата, сепак Астон Вила донела одлука да не го откуп неговиот договор на крајот на сезоната.

Ситуацијата будно ја следи Милан, кој покажува интерес за Заниоло и сака да го донесе на „Сан Сиро“. Италијанецот исто така сака да се врати во Серија А.


Баерн бесплатно го носи Рабио

Францускиот  фудбалски репрезентативец Адриен Рабио оваа лето би може да го напушти Јувентус и да се пресели во Бундеслигата, и тоа во редовите на тимот кој моментно поминува низ голема резултатска криза, Баерн Минхен.

Договорот на Рабио со Јувентус истекува на крајот од сезоната и засега сè уште не се почнати преговори за нов договор и тоа сака да го искористи германскиот тим. Баварците веќе стапиле во контакт со мајката на Рабио, Вероника, која му е агент.


Леброн сака да игра на олимпискиот турнир во Париз

Леброн Џејмс изјави дека сака да биде дел од американската репрезентација на Олимписките игри во Париз.

По олстар-натпреварот Џејмс кажа дека е подготвен за настап и борба за златниот медал, иако има 39 години.

„Играм за Лејкерс веќе шест сезони и се надевам дека така ќе остане. Пред крајот на сезоната ќе видам како ќе се чувствувам, но сакам да играм на Олимписките игри во Париз“, кажа Џејмс.


Сериозна повреда и долга пауза за Калајџиќ од Ајнтрахт

Напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, Саше Калајџиќ ги скина вкрстените и страничните лигаменти на десното колено нс натпреварот со Фрајбург, соопштија од клубот.

26-годишниот австриски репрезентативец игра за Ајнтрахт Франкфурт  како позајмен од Вулверхемптон. Голгетерот ќе биде надвор од терените на неодредено време и ќе се опоравува најмалку шест месеци.

За Калајџиќ ова е трета ваква повреда од 2019 година. Напаѓачот одигра 6 натпревари за Ајнтрахт од неговиот трансфер во зима, во кои се истакна со еден гол и две асистенции.