feature

Еурофарм Пелистер се засили со „џин“ од Полска

Македонскиот ракометен шампион, Еурофарм Пелистер, пред почетокот на пролетниот дел од сезоната, доведе нов ракометар на пивотменската позиција.

Нов член на пелистерци е кружниот напаѓач од Полска, Матеуж Пиеховски, кој според договорот ќе го носи зелено-белиот дрес во наредната една и пол година.

28-годишниот Пиеховски е висок 210-сантиметри и во Битола доаѓа од редовите на турски Бешикташ, а претходно настапувал во Висла Плоцк, шпански Адемар Леон, Виктор Ставропол од Русија и германски Емшдетен.


Начо се повреди, виси неговиот настап против Џирона

Капитенот на Реал Мадрид, Начо Фернандез, речиси сигурно нема да игра на најважниот дуел со Џирона во сабота, што му создава уште еден проблем на менаџерот Карло Анчелоти, пренесува „АС“.

34-годишниот дефанзивец претрпе истегнување на ногата и е во непријатност, поради што мораше да мирува неколку дена. Реал Мадрид се уште има мала надеж дека играчот може да се опорави за мечот во сабота, но шансата за тоа е само неколку проценти.

Се очекува Начо да биде подготвен за гостувањето кај РБ Лајпциг следната недела во Лигата на шампионите, бидејќи денес не тренираше и се очекува да го пропушти тренингот утре.

Опоравените Антонио Рудигер и Аурелиан Чуамени најверојатно ќе стартуваат во центарот на одбраната на Реал Мадрид против Џирона, а како опција е и Дани Карвахал.


МекГрегор и Чендлер избраа термин за меѓусебен дуел

Претседателот на УФЦ, Дејна Вајт, потврди дела борбата меѓу Ирецот Конор Мек Грегор и Американецот Мајкл Чендлер ќе биде организирана во текот на оваа година.

„Тоа ќе се случи со текот на времето. Се надеваме оваа година. Се уште нема датум. Но, се надевам дека ќе можеме да организираме сè на есен“, рече Вајт.

Претходно и самиот Мекгрегор изјави дека неговата прва борба по паузата ќе биде со Американецот Мајкл Чендлер.


Бензема во нова караница со Гаљардо, неговото заминување се поизвесно

Карим Бензема прави нови проблеми во Ал Итихад, откако во понеделникот се скарал со тренерот Гаљардо, а потоа го напуштил тренингот.

Според „Марка“, аргентинскиот стратег го испратил 36-годишниот Французин да тренира индивидуално, што не му се допаднало на Бензема, па го напуштил тренингот.

Бензема веќе некое време е незадоволен во Саудиска Арабија и бара начин како да си замине и да се врати во Европа.

Французинот не беше вклучен во составот на Ал-Итихад за натпреварот против Ал-Таи во 19. коло на шампионатот на Саудиска Арабија.


Де Лаурентис: Заминувањето на Спалети беше голема грешка

Аурелио Де Лаурентис е познат како човек кој не ги убедува и задржува да останат оние кои не сакаат, таков беше случајот и со Лучијано Спалети.

На крајот од минатата сезона, Спалети одлучи дека е изморен и истрошен по освоената историска титула со Наполи и одлучи да си замине. Заминувањето на Спалети беше изненадување затоа што тој има ја донесе титулата по 30 години чекање.

Во последното интервју Де Лаурентис открива дека многу лесно можел да го задржи Спалети бидејќи во неговиот договор имало клазула за продолжување на соработката до 2025 година. Место тоа тој одлучил да разговара со Спалети, а на крајот му дозволил да замине.

„Јас сум одговорен за заминувањето на Спалети, направив голема грешка. Договорот беше добар, ист како што имаше Рафа Бенитез. Во него имаше опција за продолжување и можев да ја активирам во секој момент. По трите натпревари со Милан минатата сезона му испратив порака дека ќе ја активирам. Сите ми зборуваа дека треба да го направам тоа, но јас воопшто не очекував дека Спалети ќе дојде кај мене на 12-ти мај и ќе ми каже дека сака да одмори.

Од денешен аспект се обвинувам што го дозволив тоа. Ако ја активирав опцијата тој ќе останеше, ќе имаше можеби правен спор, но морав да останам верен на тоа што го потпишав. Спалети сметаше дека дал се што има за тимот. Сепак, моите претпоставки се дека веќе имал направено контакти со репрезентацијата, но не можам да го тврдам тоа. Ми кажа дека е изморен, а потоа ја преземе репрезентацијата за мене тоа е контрадикторно“, изјави Де Лаурентис.


Белгиецот Муние потпиша за Трабзонспор

Eден од најголемите трансфери во Турција оваа зима го заврши клубот на македонскиот репрезентативец, Енис Барди, Трабзонспор.

Тимот кој има високи цели во турскиот шампионат го доведе Томас Муние, фудбалер кој сезонава го носеше дресот на Борусија Дортмунд.

Муниер со „милионерите“ потпиша договор на 18 месеци. На белгискиот фудбалер му истече договорот во јуни и се очекуваше да замине на лето, меѓутоа одлучено било уште ова зимо да ја напушти Борусија.

Муние никогаш не успеа да направи нешто поголемо во Борусија Дортмунд од неговото доаѓање од Пари Сен Жермен уште 2020 година. На 83 натпревари постигна три гола и подели осум асистенции.

Борусија одлучи да се раздели со него најмногу поради неговата плата која изнесува дури четири милиони евра и претставуваше товар на буџетот.


Барса го сака Митома од Брајтон, во трансферот ќе го вклучи Ансу Фати

Барселона е сериозно заинтересирана за ѕвездата на Брајтон и јапонски репрезентативец, Каору Митома.

Скаутите на Барселона веќе подолго време го следат 26-годишниот Јапонец, кој оваа сезона блеска во Премиер лигата.

Англиските гиганти исто така го сакаат Митома, но Барселона има адут како да ја победи конкуренцијата, а тоа е Ансу Фати.


Димитриоски доби нов договор во Ваљадолид

Македонскиот ракометен интернационалец, Димитар Димитриоски го продолжи договорот со шпанскиот прволигаш Атлетико Валјадолид.

Крилото и следната сезона ќе го носи дресот на Валјадолид откако клубот му го продолжи договорот и тоа денеска официјално го објави на својата интернет страница.

Димитриоски досега има постигнат 77 голови за оваа екипа, а сезонава има просек по два гола по натпревар. По настапот за неколку македонски екипи, левото крило од Еурофарм Пелистер се пресели во Валјадолид во 2022 година.


Јунајтед спремен да испрати понуда за Кимих


Гигантите бараат намалување на екипите во Серија А

Трите најголеми клубови во италијанскиот фудбал – Милан, Јувентус и Интер – имале заеднички состанок на кој се разговарало за поведување иницијатива за намалување на бројот на тимови во Серија А од почетокот на сезоната 2025-2026.

„Тутоспорт“ пренесува дека во понеделникот раководствата на Интер, Јуве и Милан се сретнале во седиштето на „нероаѕурите“ во Милано. На овој состанок се донесени заклучоци за потребата да се намали бројот на прволигаши од 20 на 18 од почетокот на сезоната 2025-2026.

По состанокот идејата им била претставена на останатите клубови и добила различни ставови. За предлогот да биде прифатен потребни се 14 гласа. Во рок од една недела Италијанската фудбалска федерација ќе го претстави проектот за реформа на италијанскиот фудбал, по што ќе се гласа за да се донесе одлука и по ова прашање.