feature

Просинечки именуван за селектор на Црна Гора

Се појави во текот на вчерашниот ден најава дека Роберт Просинечки
може да биде нов селектор на Гана, но место тоа тој ќе седне на
клупата на Црна Гора.
Денеска стигна официјална потврда за неговото седнување на клупата на Црна Гора. Во Црна Гора Просинечки повторно ќе соработува со Дејан Савичевиќ. Двајцата се легенди на црвено-белите и со српскиот гигант во 1991 година ја освоија титулата шампион на Европа.
На клупата Просинечки ќе дебитира на 21-ви март кога Црна Гора ќе
игра пријателски натпревар против Белорусија, а четири дена подоцна ќе се сретнат и со репрезентацијата на Македонија.
Просинечки едногласно беше избран на седницата на извршниот
одбор и така седмиот селектор од осамостојувањето на Црна Гора. Во
транерската кариера на клупски план Просинечки ги водеше: Црвена
Звезда, Кајсериспор, Денизлиспор, Олимпија Љубљана и хрватски
Рудеш.


ФИФА дозволи да се игра фудбал на надворска висина од 4.000 метри

ФИФА во 2007 година забрани одигрување меѓународни натпревари
на надморска височина над 2.500 метри за да го заштити здравјето на
фудбалери, но една година подоцна ја укина одлуката.
Јужноамериканската фудбалска федерација (КОНМЕБОЛ) одобри
натпреварот од Копа Либертадорес меѓу боливискиот клуб Олвејс
Реди и перуански Спортинг Кристал да се одигра на 20 февруари на
фудбалскиот стадион во боливискиот град Ел Алто на надморска
височина од 4.083 метри.
Претставници на КОНМЕБОЛ во понеделникот го посетиле
стадионот „Виља Ингенио“ отворен во 2017 година со капацитет од
25.000 седишта, пред да дадат зелено светло за одигрување на
натпреварот од второто коло во Копа Либертадорес,
јужноамериканскиот еквивалент на европската Лига на шампиони.


Големата награда на Јапонија останува во календарот до 2029 година

Големата награда на Јапонија, која традиционално се вози во Сузука,
останува во календарот на Формула 1 до 2029 година, соопшти
денеска Ф1.
На патеката во Сузука веќе се одржани 33 трки, а премиерното
издание беше во 1987 година.
Рекордер според бројот на победи во Сузука е Германецот Михаел
Шумахер, кој шест пати ја освојуваше ГН на Јапонија.
Новата сезона во Формула 1 стартува на 2 март со ГН на Бахреин, а во
календарот се вклучени 24 трки.
Трката за ГН на Јапонија во новата сезона е на програмата на 7 април.


Алегри добива нов договор на клупата на Јувeнтус

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, ќе остане на клупата на најтрофејниот италијански фудбалски клуб до лето 2025 година, независно од резултатите оваа сезона, пренесуваат денеска локалните медиуми.

Според истите извори, клупското раководство е задоволно како напредува тимот под водство на Алегри и двете страни веќе договораат стратегија околу засилувањата за следната сезона.

Алегри во 2021 година го почна вториот мандат во Јувентус, кој резултатски е далеку од првиот во кој од 2014 до 2019 на клубот од Торино му донесе пет последователни шампионски титули во Серија А.

Јувентус во моментов е второпласиран во Серија А со 53 бодови, еден помалку од лидерот Интер, кој има одиграно натпревар помалку.


Избрани резервите за Ол стар викендот

Една недела откако беше избран составот на почетните петорки, НБА лигата ги објави денеска и имињата на 14. резервни кошаркари за претстојниот Ол -стар натпревар во Индијанаполис.

Во тимот на Истокот се најдоа Џејлен Браун (Бостон), Донован Мичел (Кливленд), Бем Адебајо (Мајами), Џулиус Брансон (Њујотк), како и тројцата дебитанти – Паоло Банкеро (Орландо), Тајрис Макси (Филаделфија) и Џејлен Брансон (Њујорк).

Седуммината го комплетираа тимот на Источната конференција во кој како стартери беа избрани Јанис Адетокумбо, Џејсон Тејтум, Џоел Ембид, Тајрис Халибартон и Демијан Лилард.

На стартната петорка на Западот, составена од Леброн Џејмс, Кевин Дурант, Шеј Гилџес – Александер, Никола Јокиќ и Лука Дончиќ, во составот им се приклучија Ентони Едвардс (Минесота), Карл Ентони Таунс (Минесота), Кавај Ленард (ЛА Клиперс), Ентони Дејвис (ЛА Лејкерс), Девин Букер (Феникс), Стеф Кари (Голден Стејт) и Пол Џорџ (ЛА Клиперс).

Ол – стар натпреварот е на програмата на 18 февруари во Индијанаполис.


Џеси Лингард се сели во Јужна Кореја

Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард, кој нема клуб од изминатoто лето, ќе замине во Јужна Кореја.

31-годишниот фудбалер ќе потпише за екипата на Сеул откако двете страни ги договориле условите. Лингард таму треба да остане две години. Тој имаше опции да оди во Саудиска Арабија и Турција.

Крилниот напаѓач последен пат играше за Нотингем Форест во сезоната 2022/23 кога на 20 средби постигна две гола во сите натпреварувања.


Родик застана во одбрана на Медведев по загубеното финале во Сиднеј

Данил Медведев е еден од најдобрите светски тенисери, играч кој постојано е при самиот врв игра финалиња, освојува титули, но и понатаму има луѓе кои доста го критикуваат.

Енди Родик многу добро знае што значи големата сцена и што значи да си прв, да си меѓу најдобрите, па имаше што да порача кога е во прашање рускиот ас.

„Тој е еден од најпотценетите играчи во историјата. Ќе кажам веднаш, тој е подобар од мене. Има околу дваесет титули. Освои многу мастерси, завршен мастерс, беше број еден, го победи Новак Ѓоковиќ во финалето на грен слем, -рече Американецот кој во свој стил ги „поздрави“ оние кои сметаат дека Данил ќе остане на еден грен слем пехар.

Играше во две последователни грен слем финалиња. Идиоти кои не знаат што зборуваат го нарекуваат „One Slam Wonder“, истакна Енди.

Инаку Медведев има шест грен слем финалиња во досегашната кариера, ама славеше само во едно и тоа во 2021 година кога со 3-0 го разби Новак Ѓоковиќ на „Ју-Ес Опен“.


Брајан Сарагоса: Дојдов во Баерн да пораснам како фудбалер

Баерн Минхен официјално го потврди трансферот на Брајан Сарагоза Мартинез, кој во Минхен пристигнува од редовите на Гранада.

Станува збор за 22-годишен фудбалер офанзивен фудбалер, кој оваа сезона одигра 21 натпревар за Гранада со ефект од шест гола и две асистенции.

„Дојдов во Баерн да пораснам како фудбалер играјќи со најдобрите. И благодарам на Гранада за шансата што ми ја даде, тоа нема да го заборавам. Се радувам на новиот предизвик. Имаме големи цели ќе видиме што ќе се случува натаму“, истакна Сарагоса.


Бепе Марота го краде Рабио од Јуве

Интер се вклучи во трката за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентација, Адриен Рабио, пренесуваат италијанските медиуми.

Рабио влезе во последната година од договорот и нема најави за продолжување на соработката, па на лето ќе замине како слободен агент.

Интер сака да ја искористи таквата ситуација, а познато е дека Марота е експерт за привлекување на слободни агенти.

„Нероаѕурите“ веќе стапиле во контакт со агентот на Рабио и сакаат да го доведат без обештетување, а така и да му нанесат удар на најголемиот ривал.


Париз очекува рекорден број гледачи на отворање на Олимпијадата

Олимписките игри 2024 ќе ги обезбедуваат повеќе од 35.000 полициски службеници на кои француската Влада вчера најави дека за ангажманот ќе ги награди со бонус до максимален износ од 1.900 евра.

Бројот на гледачи кои ќе можат да присуствуваат на церемонијата на свеченото отворање на летните Олимписки игри на бреговите на Сена ќе биде „околу 300.000“, објавија денеска француските власти.

До отворањето на Игрите на 26 јули преостануваат 177 денови, а организаторите се подготвуваат за спектакуларна церемонија.

Предводено е спортистите од сите земји учеснички на претстојната олимпијада да продефилираат на свеченото отворање на 160 бродови кои ќе пловат по рутата долга шест километри.

Церемнијата на свеченото отворање е планирано да трае три часа. До овој момент помалку од десет луѓе се запознати со секој чекор на церемонијата.

Олимписките игри 2024 ќе ги обезбедуваат повеќе од 35.000 полициски службеници на кои француската Влада вчера најави дека за ангажманот ќе ги награди со бонус до максимален износ од 1.900 евра.