Легендарниот центар, Шекил О’Нил сака да стане сопственик на НБА-тим во блиска иднина.
Негова голема желба беше ако Лас Вегас добие дозвола од НБА да создаде тим, Шекил да биде сопственик, но сега вели дека не му важно на кој тим би бил газда.
„Би сакал тоа да го направам, да станам сопственик на НБА-тим. Без разлика кој тим е на располагање“, изјави Шекил О’Нил.
Мареска ќе го суди неделното дерби меѓу Интер и Јуве
Фабио Мареска е официјално одбран за главен судија на Дерби д’Италија в недела, што истовремено ќе биде и одлучувачко дерби за титулата сезонава.
Лидерот Интер в недела од 20:45 на „Џузепе Меаца“ стадионот во Милано ќе го пречека предизвикувачот Јувентус во она што за Италијанците е најдолемо дерби на „чизмата“.
За оваа прилика тешката задача да ја дели правдата ја доби Фабио Мареска, 42-годишниот пожарникар од Неапол. Ќе му помагаат Алесандро Џалатини и Чиро Карбоне, со Даниеле Довери како четврти судија.
Во ВАР собата, задолжен за корекција на спорните ситуации, ќе седи Масимилиано Ирати, со Алеандро Ди Паоло како негов помошник.
Неделниот натпревар за мнозинството е пресметка на сезоната во Серија А, бидејќи Интер води на табелата пред Јувентус со само еден бод, но има и натпревар помалку.
Фрајбург се распрашува за Барди
Во изминатиот период се почесто македонски фудбалери се поврзуваа со трансфер во Германија, а сега дојде редот и на Енис Барди.
Елиф Елмас се пресели во Лајпциг, Агон Елези во Бохум, Чурлинов се врати во Шалке (Втора германска лига)…додека турските медиуми сега најавуваат дека интерес за Енис Барди покажал тимот на Фрајбург.
Турските медиуми скоро во текот на целиот преоден рок го селат Барди од еден во друг клуб, се споменуваа: Кардиф, Џирона, Торино, Селта Виго, Унион Берлин…
Сезонава Барди има 20 настапи во турската Суперлига за Трабзонспор и во нив постигна два гола и подели пет асистенции. Неговиот договор со турскиот клуб е со важност до 30-ти јуни 2025 година.
Според проценката на „Трансфермаркт“ неговата вредност изнесува шест милиони евра.
Баерн купи 16-годишен талент од АИК Стокхолм
Баерн Минхен денес го комплетираше трансферот на Јона Куси-Асаре од редовите на шведски АИК.
Станува збор за фудбалер кој има само 16 години, но Баерн за неговите услуги плати сума од 6.5 милиони евра.
Јона има потекло од Гана, но е роден во Шведска. Веднаш нема да биде приклучен на првиот тим туку ќе продолжи да се развива и докажува во вториот тим на Баварците.
Шалке 04 ризикува згаснување
Само што Дарко Чурлинов с еврати во Германија во дресот на Шалке, од таму стигнуваат непријатни вести за навивачите на клубот. Имено, фудбалскиот клуб Шалке е во најтешката ситуација од своето основање.
Познатиот тим од Гелзенкирхен е пред згаснување, пренесува германски „Скај“.
Имено, Шалке е во очајно лоша финансиска состојба со актуелен долг од околу 165 милиони евра. Какви се долговите, такви се и резултатите. Тимот моментално е едно место над опасната зона за испаѓање во третата Бундеслига.
Доколку се случи да испаднат од лигата, пишува „Скај“, тоа ќе значи гасење на клубот, односно префрлање на аматерско ниво и заминување во последниот ранг на натпреварување.
Давид Тошевски потпиша за австриски Клагенфурт
Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Давид Тошевски, вчера потпиша договор со Австрија Клагенфурт, но веднаш беше испратен на позајмица. 22-годишниот напаѓач кој до неодамна играше за рускиот прволигаш ФК Ростов потпиша со австрискиот клуб до 30 јуни 2025 година, а веднаш е испратен на 6-месечна позајмица во хрватски Шибеник.
„Давид е многу талентиран напаѓач во кој апсолутно ја гледаме можноста да стане постојан играч на нашиот клуб. Позната е ситуацијата во Русија, па од септември нема никаков натпревар. Ја искористивме можноста да го добиеме оваа зима, но прво сакаме да му дадеме можност да се врати во ритам во Шибеник“, вели директорот на Австрија Клагенфурт, Пер Јаекел.
Гвардиола го пикира Компани за свој наследник
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола рече дека единствениот кој треба да биде негов наследник во Сити во иднина треба да биде поранешниот капитен на Сити, Винсент Компани, кој моментално раководи со Барнли.
„Порано или подоцна Вини (Компани) ќе дојде овде. Имам чувство дека ќе биде тука. Тој веќе е голем менаџер со она што го направи со Барнли минатата сезона. Гледате какви идеи имаат, како се бранат. Ми се допаѓа тоа што го работи“, изјави Гвардиола.
Фрајбург се распрашува за Барди
Во изминатиот период се почесто македонски фудбалери се поврзуваа со трансфер во Германија, а сега дојде редот и на Енис Барди. Елиф Елмас се пресели во Лајпциг, Агон Елези во Бохум, Чурлинов се врати во Шалке (Втора германска лига)…додека турските медиуми сега најавуваат дека интерес за Енис Барди покажал тимот на Фрајбург. Турските медиуми скоро во текот на целиот преоден рок го селат Барди од еден во друг клуб, се споменуваа: Кардиф, Џирона, Торино, Селта Виго, Унион Берлин… Сезонава Барди има 20 настапи во турската Суперлига за Трабзонспор и во нив постигна два гола и подели пет асистенции. Неговиот договор со турскиот клуб е со важност до 30-ти јуни 2025 година. Според проценката на „Трансфермаркт“ неговата вредност изнесува шест милиони евра.
Баерн купи 16-годишен талент од АИК Стокхолм
Баерн Минхен денес го комплетираше трансферот на Јона Куси-Асаре
од редовите на шведски АИК.
Станува збор за фудбалер кој има само 16 години, но Баерн за
неговите услуги плати сума од 6.5 милиони евра.
Јона има потекло од Гана, но е роден во Шведска. Веднаш нема да
биде приклучен на првиот тим туку ќе продолжи да се развива и
докажува во вториот тим на Баварците.
Белоти ја напушти Рома и потпиша за Фиорентина
Италијанскиот напаѓач Андреа Белоти е нов играч на Фиорентина
како синоќа беше позајмен од Рома. Италијанските медиуми открија
дека Белоти и се приклучил на Фиорентина со шестмесечен договор
за околу 750.000 евра без право на откуп.
30-годишниот играч, кој одигра 44 натпревари за својата земја и се
приклучи на Рома во 2022 година по седум сезони во Торино.
Тој не успеа да постигне гол во Серија А минатата сезона и постигна
гол само три пати оваа сезона.