feature

Паскал Сијакам трејдуван во Индијана

Најдобриот кошаркар на Торонто Репторс, Паскал Сијакам, ќе биде трејдуван во тимот на Индијана Пејсерс, објавија повеќето американски медиуми.

Новинарот на „ЕСПН“, Адријан Војнаровски ги објави деталите за размената на играчи во која покрај Репторс и Пејсерс ќе учествуваат и Њу Орлеанс.

Според неговите информации, во замена за Сијакам, Репторс ќе ги добијат Брус Браун и Џордан Нвора од Пејсерс, како и Кира Луис од Пеликанс.

Во корист на Торонто, Пејсерси се откажаа од три пика во првата рунда на НБА драфтот, два оваа година и еден во 2026 година и ќе добијат еден иден пик во втората рунда од Њу Орлеанс. Паскал Сијакам има просек од 22,2 поени по натпревар, 6,3 скока и 4,9 асистенции оваа сезона.


Србинот Стамениќ ја засили Брера Струмица

Македонскиот фудбалски прволигаш, Брера Струмица од денеска е посилен за српскиот интернационалец, Урош Стамениќ.

Стамениќ е играч кој може да покрие повеќе позиции во редот за врска од крилните до централните места, а во новата средина доаѓа од ИМТ Белград за кого во есенскиот дел одигра 16 натпревари во кои постигна еден гол и забележа една асистенција.

„Доѓањето на Стамениќ за нас значи 99% завршен преодниот рок. Може да се очекува уште едно ново засилување но ќе видиме“, порача генералниот директор на клубот, Јован Симиќ.

Урош во досегашната кариера има настапувано уште за Војводина, Пролетер, Борац Чачак и Златибор.


Чави: Цел свет виде што се случи во Мадрид

Чави не го криеше задоволството по одличното издание на Барселона и победата од 2-4 на гостувањето против Бетис, со што каталонците станаа прв тим што успеал да го совлада Бетис на гостински терен оваа сезона.

„Голема победа за нас на еден тежок терен. Имавме проблеми при 2-2, но бевме подобар противник, доминиравме, создававме шанси и заслужено победивме. Можеби ни требаше една ваква победа со голови во завршницата за да „кликнеме“ како што треба, да влеземе во една долга победничка серија“, изјави Чави.

Потоа, тренерот на Барселона даде свој коментар и за дуелот Реал – Алмерија каде „кралевите“ со судиска помош стигнаа до пресврт и победа од 3-2.

„Цел свет виде што се случи во Мадрид, јас немам што да додадам. Ќе биде тешко да станеме шампиони, јас и по мечот со Хетафе кажав дека гледам многу работи што не ми се допаѓаат“, прокоментира стратегот на каталонскиот гигант.


Њукасл ја одби првата понуда за Трипие

Њукасл ја одби првата понуда на Баерн Минхен за десниот бек Киран Трипие.

Трипие веќе има договор со Баварците и инсистира да се пресели во Минхен, но двата клуба не можат да постигнат договор.

Тренерот на Баерн, Томас Тухел, сака неговиот тим да се засили со нов десен бек и смета дека Трипие би бил идеално решение во моментов.

Меѓутоа, Њукасл не сака да се откаже од еден од најдобрите свои фудбалери, па ја одби првата понуда на Баерн Минхен.


Арсенал фаворит за потписот на Спинацола

Арсенал е силно заинтересиран за дефанзивецот на Рома и италијански репрезентативец Леонардо Спинацола.

Спинацола влезе во последната година од договорот и се уште нема ставено потпис за продолжување на соработката со Рома.

Арсенал сака да ја искористи таквата ситуација и да го доведе на „Емирати“ бидејќи Артета сака да ја засили левата бековска позиција.


Моизе Кин на позајмица од Јуве во Атлетико Мадрид

Тренерот на Јувентус, Макс Алегри му ја отворил излезната врата на Моизе Кин, кој веќе пронашол нов клуб.

Кин и оваа сезона е во сенка на Влаховиќ и ретко добива минутажа, а главно е на клупата за резерви. Поради тоа и самиот е спремен да ја промени средината, а неговиот агент го понудил на неколку клубови ширум Европа.

Последните информации се дека Атлетико Мадрид покажал најсериозен интерес и веќе се договорил со италијанскиот напаѓач.

Двата клуба се пред постигување на договор за позајмица со право на откуп на крајот на сезоната.


Браќата Маркез ќе возат ви тимот Гресини Рејсинг

Гресини Рејсинг е првиот тим од МотоГП шампионатот кој ги промовира своите возачи, тоа се Марк и Алекс Маркез.

Двајцата ќе бидат возачи на екипата во МотоГП шампионатот во 2024 година. Од нив се очекуваат возбудливи трки и интересни резултати, посебно од осумкратниот шампион Марк во кого се гледа како главен адут.

За него ова ќе биде прва сезона на Дукати, по настапите за Хонда.


Реал нема да го откупи Кепа од Челзи

Реал Мадрид не планира да го купи шпанскиот голман Кепа Аризабалага кога ќе заврши неговата позајмица.

„Сините“ го купија Кепа во 2018 година за 71,6 милиони фунти, но шпанскиот голман имаше многу проблеми во Лондон, па дури и го загуби статусот на прв голман на Едуард Менди.

Маурицио Почетино пристигна оваа сезона во Челси и најави дека Кепа ќе биде прв голман, меѓутоа ситуацијата се промени и 29-годишниот голман се пресели во Мадрид.

Кепа не се прослави ниту кај „кралевите“, па на лето ќе се врати во Лондон, но најверојатно ниту таму нема долго да се задржи бидејќи Челзи ги има Роберт Санчез и Ѓорѓе Петровиќ.


Инфантино ги осуди расистичките испади на фудбалските терени

По вчерашните расистички навреди упатени кон играчите во Италија и Англија, првиот човек на ФИФА, Џани Инфатино, излезе со револуционерен предлог за санкционирање.

„Покрај процесот во три чекори кој вклучува опомена, времен прекин и  напуштање на теренот, треба да воведеме и автоматска дисквалификација и одземање на бодови на тимот чии навивачи покажаа расизам. Треба да има и глобални забрани и кривични пријави против сите расисти. Настаните што се случија во Удине и Шефилд во саботата се одвратни и целосно неприфатливи. Играчите погодени од саботните настани ја имаат мојата безрезервна поддршка“, напиша Инфантино на профилот на социјалната мрежа „Икс“.


Тухел одби да го продаде Матијс де Лихт

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, зборуваше за состојбата на централниот бек Матијс де Лихт, кој се повреди за време на тренинг кампот на Баерн Минхен во јануари, а исто така ги сподели своите размислувања за иднината на 24-годишниот играч во клубот.

„Тој го напушти тренинг кампот повреден. Матијас беше повреден неколку пати претходно. Во истиот момент проблеми имаа Упамекано и Ким Мин Џеј. Но, секако дека сметаме на него, Де Лихт е наш играч и тој е еден од најдобрите играчи во тимот, како и прекрасна личност.Матијас е подготвен да игра без никакви ограничувања, тој вчера имаше целосен тренинг. Нема причина за грижа. Тој ќе може да игра утре од самиот почеток“, изјави Тухел.

Да потсетиме, Баерн утре, 21 јануари, ќе игра против Вердер Бремен во натпреварот од 18. коло во Бундес лигата. Натпреварот ќе започне во 15:30 часот. Претходно во медиумите се појави информација дека тимот од Минхен е подготвен да се раздели со Де Лихт, бидејќи тој имал напнати односи со Тухел.