feature

Конте би прифатил предизвик да го преземе Наполи

Медиумите од Неапол сега шпекулираат дека Наполи ќе добие нов тренер, но дури налето.

Поразот од Торино во последното коло од трибините го гледал и Антонио Конте, кој е насериозен кандидат да седне на клупата на Наполи од следната сезона.

Тие дури и го прашале Конте дали се точни шпекулациите, а тој дипломатски им одговорил: „Тоа може да се оствари, но јас сакам работите да одат како што треба.“, веројатно алудирајќи на тоа дека во моментов не би го презел тимот со играчи кој ги донел некој друг.

Антонио Конте е без тренерски ангажман од март минатата година, кога го напушти Тотенхем.


Белград сака да го организира Ф4 на Евролигата во 2026 година

Главниот град на Србија поднесе кандидатура за организација на завршниот турнир во Евролигата во 2026 година, а тоа го потврди српскиот претседател Александар Вучиќ.

Белград досега двапати беше домаќин на Ф4-турнирот во елитното натпреварување, и тоа во 2018 и 2022 година, а сега сака да биде организатор и по трет пат.

Србија во последните две години има две екипи во Евролигата, и тоа Партизан кој го заслужи своето место со титула во АБА-лигата, додека Црвена Звезда доби специјална покана.


Тим Гос нов технички директор на ФИА

Промените во раководството на Светската автомобилска федерација продолжуваат со заминување на долгогодишниот технички директор, Тим Гос. Тој е втор кој заминува откако претходно функцијата спортски директор престана да ја врши Стив Нилсен.

Гос беше централна фигура во процесот на формирање на новите правила кои ќе важат од 2026 година, додека функцијата на Нилсен кој беше доведен пред нешто повеќе од година дена беше надгледување на контролата на операциите по контроверзијата на Големата награда на Абу Даби во 2021 година.


Баерн го договори најголемиот талент на Шалке 04


Дашмир Елези потпиша за Локомотива Загреб

Eден од најталентираните фудбалери на Шкендија и голема надеж на овој клуб, 19-годишниот Дашмир Елези кариерата ја продолжува во Хрватска.

Елези ќе игра за тимот на Локомотива Загреб, трансферот утрово го потврди тетовскиот клуб.

„Шкендија со задоволство објавува дека постигна договор со НК Локомотива Загреб за трансфер на Дашмир Елези. Клубовите ја договорија оштетата, а Шкендија ќе добие и 10% од потенцијалниот следен трансфер на Елези“, објави тетовскиот клуб.

Вниманието на македонската јавност Елези го привлече кога на само 16 години доби шанса и стана најмладиот стрелец во историјата на клубот на официјален натпревар. Иако има 19 години тој зад себе собра веќе 90 официјални натпревари.

Минатата година се пресели во Торпето Кутаиси од Грузија, меѓутоа набрзо по барање на играчот трансферот се откажа и Елези продолжи со Шкендија.


Терачано официјално претставен во Милано

Милан и официјално го потврди потписот со 20-годишниот дефанзивец Филипо Терачиано од Верона. Терациано потпиша договор до летото 2028 година и ќе го носи дресот со број 38 во првите неколку месеци од престојот на Сан Сиро, потврдија од Милан.

Последните информации говорат дека „росонерите“ платиле вкупно 5 милиони евра за трансферот, како и уште 10% од секоја идна продажба на фудбалерот.


Тотенхем – Сити дерби на четвртата рунда од ФА Купот

Синоќа со ждрепка беа одредени и двојките за 4. коло од натпреварите во ФА Купот на Англија. Меѓу најинтересните дуели секако се двете големи премиерлигашки пресметки Тотенхем – Манчестер Сити и Челзи и Астон Вила.

Меѓу поинтересните дуели од оваа рунда се и натпреварите:

Ватфорд – Саутемптон

Блекбурн против Рексам

Борнмаут – Свонси

Вест Бромвич – Брентфорд/Вулверхемптон

Вест Хем/Бристол – Нотингем/Блекпул

Лестер – Хал Сити/Бирмингем

Шефилд Венсдеј – Ковентри Сити

Челзи – Астон Вила

Ипсвич – Мејдстон Јунајтед

Ливерпул – Норич/Бристол Роверс

Тотенхем – Манчестер Сити

Лидс – Плимут

Кристал Палас/Евертон – Лутон/Болтон

Каунти Њупорт – Манчестер Јунајтед

Шефилд Јунајтед – Брајтон

Фулам – Њукасл


Борусија Дортмунд ќе го позајми Але во Бешикташ

Себастијан Алер е подготвен да ја напушти екипата на Борусија Дортмунд и да се пресели во Бешикташ на позајмица до крајот на сезоната, тврдат медиумите во Турција.

Според информациите, Бешикташ, кој е на шестото место на табелата во турската Суперлига, целосно ќе ја покрие платата на Алер.

Французинот во тимот од Истанбул треба да го замени Камерунецот Винсент Абубакар, кој беше ослободен минатиот месец.


Дибала уште месецов се сели во Челзи?

Пауло Дибала во зимскиот преоден рок би можел да го засили Челзи.

Италијанските медиуми пренесуваат дека лондонскиот клуб е заинтересиран да го доведе Аргентинецот кој во својот договор има клазула од 12 милиони евра која не важи само за клубовите од Серија А.

Дибала во Рома пристигна како слободен играч, па така побара во неговиот договор да има клазула која лесно ќе може некој клуб да ја плати. Клазулата важи до 15-ти јануари, па така Челзи ако е навистина заинтересиран нема многу време.

Маурисио Покетино има пролбеми во нападот, Николас Џексон и Армандо Броја не се на потребното ниво, додека Кристофер Нкуку повторно е повреден и ќе паузира три месеци.

Дибала би можел да биде решение, иако не е класичен напаѓач. За Рома во досегашниот дел од сезоната постигна шест голови и додаде исто толку асистенции на 17 натпревари во сите натпреварувања.


Швајцарецот Шер го продолжи договорот со Њукасл

Њукасл го продолжи договорот со централниот дефанзивец на тимот Фабијан Шер. Двете страни се договорија да соработуваат до крајот на сезоната 2024/2025.

„Во овој тим се чувствувам како дома. Се чувствувам многу удобно да живеам во Њукасл, го сакам овој град. Сакам да играм за клубот и да им носам радост на нашите неверојатни навивачи. Не можам да опишам со зборови колку ги сакам и колку ми значи нивната поддршка“, изјави Шер за прес-службата на Њукасл.

Шер игра за англискиот клуб од 2018 година. Оваа сезона, дефанзивецот одигра 28 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна еден гол. Претходниот договор на играчот со сегашниот клуб важеше до крајот на јуни 2024 година. Проценетата цена на фудбалерот, според интернет порталот Трансфермаркт, е 10 милиони евра.

Претходно се дозна за можниот трансфер на играчот од средниот ред на Њукасл, Бруно Гимараеш во ПСЖ.