feature

ПСЖ испрати понуда за Ван Дајк

Пари Сен Жермен трагна по потписот на капитенот на ливерпул, Вирџил ван Дајк.

Според француските медиуми, спортскиот дирекотр на ПСЖ започнал прелиминарни преговори со Холанѓанецот, што само долеа масло на огнот на видеото кое се појави по натпреварот помеѓу Ливерпул и ПСЖ.

Имено, по осминафиналниот реванш во Лигата на шампионите се појави видео на кое Ван Дајк комуницира со првиот човек на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи и спортскиот директор Кампос.

Последните информации говорат дека ПСЖ на Ван Дајк му нуди двегодишен договор вреден 40 милиони евра (20 милиони годишно), со опција за продолжување на уште една сезона и со потенцијални бонуси и заработка од дури 50 милиони до 2027 година.

Навивачите на Ливерпул се загрижени бидејќи клубот се уште не направил конкретни потези во преговорите и знаат дека клубот не може да и парира на оваа понуда.

По елиминацијата од ПСЖ, Ван Дајк изјави дека тимот од Париз е „најтешкиот противник и најдобриот тим против кој Ливерпул играл во последните четири години“.


Димитријевиќ по една сезона заминува од Олимпија Милано

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ ќе го напушти Милано по завршувањето на сезоната. Димитирјевиќ, минатото лето како големо засилување пристигна во Олимпија.

Димитријевиќ, минатата сезона, блескаше во дресот на УНИКС Казан, беше прогласен за МВП на руската лига.

За неговиот потпис се бореа неколку клубови од Евролигата, тој реши да потпише за тимот на тренерот Еторе Месина.

Нема баш најдобра сезона во Евролигата има просек од 7,9 поени, додека во првенството одигра 13 натпревари со просек од 8,5 поени.

Новинарот Андреа Калцони тврди дека Димитријевиќ би можел да го напушти Милано, бидејќи клубот сака да го ангажира кошаркарот на Тренто, Квин Елис.


Хрватска, Словенија, Португалија и Норвешка веќе обезбедија пласман на ЕП

Машката ракометната селекција на Македонија ќе мора во последните две кола да го потврди својот пласман на следното Европско првенство за ракометари

По поразот и во Копер нашата селекција остана на третата позиција на табелата во групата и во преостанатите два натпревари против Естонија и Литванија. ќе брка ново учество на континентален собир.

По комплетирањето на четвртото коло веќе се познати четири патници на турнирот кој идната година ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка.

Селекциите на Словенија, Португалија Хрватска и Исланд имаат четири победи од исто толку натпревари и веќе ја добија посакуваната виза за континенталниот собир.

На собирот во јануари 2026 година ќе се пласираат сите селекции кои што ќе завршат на првата и втората позиција во групата, како и најдобрите четири од осумте третопласирани.

Последните две кола од квалификациите ќе се одиграат на седми, осми и единаесетти мај.


Бах: Боксот ќе остане олимписки спорт

PARIS, FRANCE – AUGUST 09: Imane Khelif of Team Algeria competes with Liu Yang of Team People’s Republic of China during the Boxing Women’s 66kg Final match on day fourteen of the Olympic Games Paris 2024 at Roland Garros on August 09, 2024 in Paris, France. (Photo by Maja Hitij/Getty Images)

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) Томас Бах му препорача на Генералното собрание да го вклучи боксот во програмата на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година.

Бах изрази „увереност“ дека ќе биде донесена одлука за вклучување на боксот.

„Значи, боксерите од целиот свет ќе имаат сигурност дека можат да учествуваат на Олимписките игри во Лос Анџелес“, додаде тој.

Одлуката следи по привременото признавање на младата меѓународна федерација „World Boxing“ во февруари, со што ја исфрли од олимпиското движење Меѓународната боксерска федерација (ИБА) под руско влијание.

„World Boxing“ е основана во 2023 година, а на крајот на минатиот месец броеше само 78 членови, значително помалку од другите признати спортски организации.


Вардар и Црвена Звезда ќе играат хуманитарен натпревар за семејствата на насраданите

Поранешниот европски и светски фудбалски шампион Црвена ѕвезда и најтрофејниот македонски клуб Вардар ќе одиграат хуманитарен пријателски натпревар. На 16 април во Скопје хуманитарен натпревар ќе одиграат Вардар и Црвена ѕвезда

Челниците на двата клуба се договорија двата клуба да се сретнат во Скопје на 16 април.

„ФК Вардар изразува огромна благодарност до големите фудбалски пријатели и нивната армија од навивачи за овој бескрајно голем хуман потег. Двата клуба договорот ќе го потпишат во текот на утрешниот ден. Исто така изразуваме голема благодарност до легендата на Вардар и Црвена yвезда, Илија Најдоски, со чие посредништво е овозможен овој спектакл“, објави синоќа ФК Вардар.

Средствата собрани од натпреварот ќе бидат донирани за семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани.

На прес-конференција во текот на вчерашниот ден и селекторот на српската фудбалска репрезентација Драган Стојковиќ-Пикси предложи одигрување на хуманитарен натпревар меѓу Србија и Македонија за настраданите од трагедијата во која загинаа 59 лица а повеќе од 150 се повредени.


Еди Хау прв англиски тренер со трофеј по 15 години

Екипата на Њукасл по 70 години успеа да освои трофеј.

Црно-белите го совладаа Ливерпул со 2-1 на „Вембли“ и со тоа го освоија трофејот во англискиот Лига куп.

Ова е голем успех и за тренерот на тимот, Еди Хау, кој со тоа стана првиот англиски тренер кој освоил домашен трофеј од 2008 година.

Последниот тренер, Англичанец кој успеал да освои трофеј во Англија бил Хари Реднап. Со Портсмут, овој тренер го освои ФА Купот.

Звучи неверојатно што ниту еден тренер од Англичанец не ја освоил Премиер лигата.


Вилмотс жестоко го нападна Куртоа

Тибо Куртоа се врати во репрезентацијата на Белгија откако пред 22 месеци одби да игра за „црвените ѓаволи“.

Неговата одлука тогаш беше пред се поради конфликтот со поранешниот селектор Доменико Тедеско, а основата беше капитенската лента која му припадна на Ромелу Лукаку. Враќањето на Куртоа доведе до откажување на Кјоен Кастелс, кој беше стартен голман во негово отсуство во последните две години.

Сега Марк Вилмотс, кој ја водеше Белгија од 2012-2016 година, не го криеше незадоволството од враќањето на Куртоа и го опсипуваше со критики.

„Не би го повикал, би ги пропуштил и тие два натпревари. Прво ќе видам и слушнам од тимот, ќе дознаам што мислат играчите за проблемот. Би разговарал и со Кастилс, би им покажал почит на оние што се тука во последните две години и дури тогаш можеби би го вратил Куртоа. Тој ја затвори вратата на националниот тим една недела пред неговата венчавка“ изјави Вилмотс.

Новиот тренер Руди Гарсија призна дека ќе разговара со Куртоа за тоа што се случило пред речиси две години.

„Тибо е еден од најдобрите голмани во светот, ако не и најдобар. И прекрасно е што го имаме во тимот. Сите ќе зборуваме за тоа што се случи, но тоа се случи еднаш. Веќе отворивме ново поглавје и сакаме да одиме напред”, додаде Гарсија.


Дибала пак се повреди, го чека пауза од една недела

Ѕвездата на Рома, Пауло Дибала поради повреда ќе биде надвор од терените околу еден месец. Аргентинскиот интернационалец заработи повреда на бутот на натпреварот против Каљари (1:0) викендов, а лекарските прегледи потврдија дека се работи за истегнување кое ќе бара долго закрепнување, објави „Скај Италија“.

Дибала одигра само 13 минути на натпреварот против Каљари. Тој влезе во игра во 64. минута на местото на Матијас Суле, но беше принуден да биде заменет со Николо Пицили во 75. минута поради повреда.

Првично, постоеше загриженост дека проблемот е поврзан со коленото, што му предизвикуваше тешкотии во последните недели. Подоцна, сепак, стана јасно дека овој пат повредата е на бутот.

Се очекува 31-годишниот Аргентинец да се врати на терените најрано кон средината на април. Тој испадна од селекцијата на Аргентина за квалификациите за Светското првенство со Уругвај и Бразил, а сигурно ќе ги пропушти и натпреварите на Рома против Лече и Јувентус, оставајќи минимални шанси да биде на располагање за дербито со Лацио кое е закажано за 13 април.


Рајндерс има неморална понуда од Англија

Според информациите на римска „Ла Република“, многу големи тимови ќе чукнат на вратите на Милан во наредниот период на трансфери. Голем број одлични, млади играчи оваа сезона покажаа дека се иднината на европскиот и светскиот фудбал.

Еден од нив е и Тиџани Рејндерс кој во јули 2023 година пристигна на „Сан Сиро“ од АЗ Алкмар за „само“ 20 милиони евра. „Само“ бидејќи истиот извор тврди дека на лето клубови од Премиер лигата без проблем ќе платат 100 милиони евра за холандскиот репрезентативец.

Рејндерс оваа сезона на 42 натпревари постигна дури 13 голови и имаше четири асистенции.


Милан спремен да испрати понуда за Арда Ѓулер

Според италијанските медиуми, Милан ја покажува својата силна заинтересираност за играчот на Реал, талентираниот турчин Арда Гулер.

Ова лето неколку европски гиганти имаа силен интерес за „турскиот Меси“, но на крајот Реал донесе одлука тој да остане во нивниот тим.

Гулер импресионираше не само минатата сезона, туку и на Европското првенство, покажа дека е еден од најперспективните таленти на континентот.

И покрај тоа, во Реал не добива доволно можности и е склон кон промена на средината; Милан се надева дека ќе ја искористи таа ситуација.

„Росонерите“ се во процес на подготовка на понуда која вклучува и бај-бек клаузула за Реал, што ќе им овозможи да го вратат играчот во следните три години.