feature

Челзи го сака голманот на Рома

Челзи е заинтересиран за трансфер на голманот на Рома, Миле Свилар. Во тековната сезона, Роберт Санчез и Филип Јоргенсен ротираат меѓу стативите на „сините“, додека минатата сезона во клубот беше и Ѓорѓе Петровиќ. Шпанскиот стручњак не е воодушевен од споменатите двајца, додека Србинот го испрати на позајмица во Стразбур.

Миле Свилар има 25 години, а на 28 натпревари во Серија А оваа сезона, 11 пати ја сочува мрежата и се наметна како еден од најдобрите голмани во лигата.

Рома му понуди нов договор и тоа се сметаше за завршена работа, но поранешниот играч на Андерлехт и Бенфика побара плата од 4.000.000 евра по сезона.

Челниците“ на Рома сметаат дека ова е нереално барање, па затоа Челзи би можел да ги искористи замрзнатите преговори. Покрај лондонскиот клуб, за услугите на Свилар се заинтересирани и Баерн и Монако, кои внимателно го следат развојот на настаните.


Гркот Лиапас потпиша за Охрид

Ракометниот клуб Охрид обезбеди уште едно странско засилување за следната сезона. Тимот кој се подготвува да биде сериозен опонент на најдобрата тројка во домашното првенство, за идната сезона обезбеди уште едно засилување од странство.

Станува збор за пикерот Николаос Лиапис, кој ќе биде член на ГРК Охрид од следната сезона. 25-годишниот ракометар, кој е член на Олимпијакос, ќе го засили новиот тим кој ќе го гради српскиот стратег Борис Ројевиќ, кој доаѓа на местото на Стевче Алушовски, чиј договор најверојатно нема да биде продолжен.


Фунфштик: Аутсајдери сме против Македонија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Лихтенштајн, Конрад Фунфштик, вели дека Македонија е голем фаворит на првиот меч од квалификациите за Светското првенство во 2026 година.

„Ако се држиме според планот за игра, ќе успееме да дојдеме до нашата цел, тоа е да им направиме што е можно повеќе потешкотии на противниците. Ние сме аутсајдери во секој меч, ама не го криеме тоа. Македонија вреди многу повеќе од овој тим на Лихтенштајн. Ама и покрај тоа сакаме да одиграме убав меч пред нашите гледачи и да покажеме напредок и убав фудбал“, изјави селекторот на Лихтенштајн.

Македонија му гостува на Лихтенштајн во Вадуц в сабота од 15:00 часот.


Мората: Погрешив што си заминав од Атлетико Мадрид

Фудбалерот на Милан, Алваро Мората, кој настапува за Галатасарај како позајмен, откри за што жали во кариерата.

„Да можам да го вратам времето, немаше да донесам одлука да го напуштам Атлетико. Тогаш не сфатив дека тренерот Симеоне многу ме цени“, изјави Мората.

Мората му се приклучи на Атлетико Мадрид на позајмица од Челзи во 2019 година, една година подоцна трансферот стана постојан. Сепак, неколку месеци подоцна фудбалерот се пресели во Јувентус на позајмица, по што мина две години во Атлетико и во 2024 година се пресели во Милан.

Има играно и за Реал Мадрид, а во шпанската репрезентација првиот повик го доби во 2014 година.


Шортс запиша „дабл-дабл“, Париз ја надигра Олимпија Милано

Париз синоќа го победи со 92-79 во првиот натпревар од 30. коло во Евролигата. Францускиот тим ја прекина серијата од три порази.
Шорц со дабл-дабл ефект му донесе победа на Париз над Милан

Македонскиот репрезентативец Т.Џ. Шортс забележа „дабл-дабл“ – 24 поени и 10 асистенции и е најзаслужен за победата на домаќините.

Париз се искачи на шестото место во поредокот со скор 17-13.

Милано е на деветтата позиција со биланс 16-14.


Палмер е повреден, нема да игра против Албанија и Летонија

Фудбалерот на Челзи, Кол Палмер, поради повреда нема да игра за репрезентацијата на Англија на стартот од квалификациите за СП 2026 година, соопшти денеска неговиот клуб.

„Палмер се врати во клубот од таборот на репрезентацијата на Англија поради повреда на мускулот со која се здоби на неделниот тренинг на тимот. Поради таа повреда Палмер не играше за Челзи против Арсенал во неделата. Палмер поради повреда ќе ги пропушти натпреварите на Англија против Албанија и Летонија“, се вели во соопштението на „сините“.

Англија во петок ја пречекува Албанија, а во понеделник гостува кај Летонија, на стартот од натпреварувањето во квалификациската група К, во која се и Србија и Андора.


Дивиченцо ќе игра за италијанската репрезентација

Италијанската кошаркарска федерација тврди дека е блиску до натурализирање на бекот на Минесота Тимбервулфс, Донте Дивиченцо.

Претседателот на федерацијата Џани Петручи во интервју за „Ла Република“ изјави дека Дивиченцо сака да ја претставува Италија на претстојните натпреварувања.

Очигледно, по завршувањето на сезоната во НБА, тој би дошол во Италија за да ја заврши постапката за добивање пасош.

Селекторот на репрезентацијата Џанмарко Поцеко и Џанлуиџи Датоме наскоро би можеле да отпатуваат во САД за да разговараат со НБА кошаркарот на оваа тема.

Италијанците се обидоа да го натурализираат Паоло Банкеро, но кошаркарот на Орландо го избра дресот на САД.

„Дали се плашам од сличен исход како оној со Банкеро? Не чувствувам одговорност за тоа. Тој ни даде неколку ветувања и на крајот го избра американскиот дрес. Сакаше да се натпреварува на Олимпијадата, но на крајот не замина ни во Париз”, изјави Петручи.

Италијанците неколку пати се обидоа да го убедат Дивиченцо да го облече репрезентативниот дрес, но досега тоа не се случи.

Оваа сезона тој има просек од 11,7 поени, 3,7 скока и 3,8 асистенции, со 40% реализација во шутот за три поени.

Италија ќе учествува на овогодинешниот Евробаскет кој започнува на 27 август.


Спалети го повика Беланова за двомечот со Германија

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација Лучијано Спалети го повика крилниот напаѓач на Аталанта, Раул Беланова во репрезентацијата за четвртфиналето против Германија во Лигата на нации, откако се повредија Матија Закањи и Андреа Камбиасо, објавија италијанските медиуми.

Првиот натпревар е во четврток на стадионот „Сан Сиро“ во Милано, додека реваншот во недела ќе се игра во Дортмунд со истиот термин.

Италијанците веќе мораа да бараат замена за ѕвездата на Интер, Федерико Димарко, па доцна синоќа проблемите на Спалети се зголемија. 24-годишниот Беланова досега има четири настапи за италијанската репрезентација, додека оваа сезона за Аталанта забележа 36 настапи во сите натпреварувања.


Новиот светски клупски првак ќе добие огромна премија од ФИФА

Шампионот на светското клупско првенство кое ќе се одржи ова лето ќе добие над 100 милиони долари за победа во финалето. Земајќи ги предвид средствата заработени во претходните кола, паричната награда на победникот може да изнесува од 150 до 170 милиони долари.

Светското клупско првенство ова лето ќе се одржи со учество на 32 клуба на територијата на САД од 15 јуни до 13 јули 2025 година.


Последното коло пред плеј-офот поместено за 25/26 март

Ракометната федерација на Македонија поради седумдневната жалост по големата трагедија во Кочани, одреди нови термини за дел од одложените кола во различни конкуренции

Последниот круг од регуларниот дел кај ракометарите што требаше да се одигра на 22/23 март е префрлен за 25/26. Тоа значи дека по мечевите во вторник и среда, ќе се потврдат екипите кои ќе разигруваат за титулата во плеј-офот и составите кои ќе се борат за опстанок.

За одложените натпревари од 18 коло од Првата лига и од 19 и 20 коло од Женската лига, допрва ќе се определат нови термини.