Францускиот фудбалер Клеман Ленгле потпиша договор со Атлетико Мадрид до јуни 2028 година.
Ленгле беше член на Барселона, а минатата сезона ја помина на позајмица во Атлетико.
Францускиот фудбалер го раскина договорот со Барселона порано денес, а потоа потпиша тригодишен договор со Атлетико Мадрид како слободен агент. Минатата сезона, Ленгл одигра 34 натпревари за мадридскиот клуб и постигна три гола.
Покрај Барселона и Атлетико, дефанзивецот играше и за Астон Вила, Тотенхем, Севиља и Нанси.
Арсенал се засили меѓу стативите, потпиша со Кепа
Шпанскиот голман Кепа Аризабалага ќе ја продолжи кариерата во Арсенал, објавија британските медиуми.
„Топџиите“ бараа резервен голман, а нивната прва опција беше Жоан Гарсија (24) од Еспањол, но таа алтернатива пропадна. Затоа се свртеа кон Аризабалага, чиј договор со Челзи истекува за една година.
Откупната клаузула е шест милиони евра.
Аризабалага пристигна во Челзи во летото 2018 година од Атлетик Билбао во трансфер вреден дури 80 милиони евра, што е највисоката сума платена за голман во историјата на фудбалот.
Последните две сезони ги помина на позајмица, прво во Реал Мадрид, а потоа во Борнмут, каде што беше стандарден во првиот тим.
Сега треба да биде замена за сонародникот Давид Раја во Арсенал.
Јунајтед изразит фаворит за потписот на Ѓокереш
Манчестер Јунајтед се обидува да ги продаде фудбалерите Александро Гарначо, Џејдон Санчо и Маркус Рашфорд, за да може да го ангажира напаѓачот на Спортинг, Виктор Ѓокереш.
Според непотврдени информации, одличниот голгетер од Шведска нема намера да замине во некој од богатите клубови на Блискиот Исток а неговата откупна клаузула ќе биде околу 100 милиони евра.
Англичаните наведуваат дека Арсенал е исто така заинтересиран за врвниот голгетер.
Тео Хернандез не сака во Саудиска Арабија, преферира да потпише за Атлетико
Фудбалерот, Тео Хернандез, сака да се пресели во Атлетико Мадрид иако има одлична понуда од Саудиска Арабија.
Францускиот интернационалец е свесен дека ќе мора си замине од Милан иако има договор до наредното лето. 27 годишниот бек во претходната сезона, одигра 49 натпревари со ефект од 5 голови и 6 асистенции.
Се претпоставува дека „росонерите“ би можел да прифатат понуда од околу 20 милиони евра плус бонуси.
Во Аталанта задоволни од изборот на Јуриќ
Првиот човек на фудбалскиот состав Аталанта, Антонио Перкаси, вели дека тренерот, Иван Јуриќ, е идеално решение за замена на Џанпјеро Гасперини кој седна на клупата во екипата на Рома.
„Сакаме да дадеме чувство на трајност на работата што е завршена во последните години а неговиот стил на фудбал е погоден за Аталанта“, рече Перкаси.
„Тоа е бонус за мене и сега имам одлична можност. Тоа не се случува често“, нагласи тренерот од Хрватска.
Скалони вели дека Аргентина не зависи само од Меси
Во пресрет на квалификацискиот натпревар против Колумбија, селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, нагласи дека репрезентацијата еволуирала во покомплетен и прилагодлив тим — веќе не се потпира исклучиво на генијалноста на Лионел Меси.
Говорејќи пред натпреварот во Буенос Аирес, Скалони ја истакна зрелоста на своите играчи, напоменувајќи дека повеќе не се потребни тактички прилагодувања кога Меси не е во составот. „Изградивме тим што може да настапува и со и без него,“ рече Скалони, нагласувајќи ја транзицијата кон колективна сила наместо индивидуална зависност.
Меси, кој неодамна се врати од повреда, влезе како замена при победата од 1-0 против Чиле. Скалони потврди дека капитенот ќе започне од првата минута против Колумбија — негов прв старт за Аргентина по повеќе од 200 дена. Сепак, селекторот повтори дека идентитетот и нивото на тимот остануваат стабилни без разлика на присуството на Меси.
Со веќе обезбедено место на Светското Првенство 2026, Скалони ги користи овие квалификации за да ја задржи формата на тимот и да ги усоврши деталите. Тој ја призна квалитетната игра на Колумбија и нивниот тактички пристап, но изрази доверба во подготовката на Аргентина, особено играјќи дома.
Гледајќи напред, приоритет на Скалони е да продолжи со развојот на селекција што не е само талентирана, туку и тактички флексибилна и ментално цврста — клучни елементи за успешна одбрана на титулата на Мундијалот во 2026 година.
Томас Франк од Брентфорд ќе стане новиот тренер на Тотенхем
Тотенхем Хотспур ќе го назначи Томас Франк за нов главен тренер, се очекува да се потврди неговиор долгорочен договор во наредните неколку дена.
51-годишниот тактичар доаѓа на местото на Анж Постекоглу по катастрофалната сезона во Премиер Лигата со Спурс. Иако клубот го освои трофејот во Лигата на Европа, Тотенхем заврши на 17-тото место на табелата — едно место над зоната за испаѓање. Слабите резултати на домашната сцена беа клучни за разделбата со Постекоглу.
Франк е познат по својата тактичка флексибилност и способноста да развива играчи, особено во услови на ограничен буџет. Откако го презеде Бренфорд во 2018 година, успеа да го однесе клубот до Премиер Лигата во 2021 и да го предводи до најдобриот финиш во историјата — 9-то место во сезоната 2022/23.
Раководството на Тотенхем го гледа Франк како фигура која може да донесе долгорочна стабилност и јасна фудбалска визија. Во тек се преговорите за составот на неговиот стручен штаб, а финалните детали од договорот се очекува да бидат завршени наскоро.
Назначувањето на Франк претставува значаен чекор во обидот на клубот да се стабилизира и повторно да се позиционира меѓу најдобрите екипи во Премиер Лигата.
Стојановски: Одигравме две различни полувремиња, но имаше многу фактори кои влијаеја на тоа
Заменикот на Благоја Милевски, Роберт Стојановски, кој денеска беше на клупата на нашата селекција во Астана, на прес-конференцијата по мечот го анализираше дуелот и победата над Казахстан.
„Да, одигравме две различни полувремиња. Точно знаевме каква состојба е на нашите играчи по оној дуел со Белгија. Да, свесно во второто полувреме се повлековме и се обидовме да тактизираме, да го чуваме резултатот. Во моменти можеби и кога немавме друга опција. Не секогаш кога играме добро победуваме. Против Велс или Белгија ете игравме добро. Казахстан да одигра во вториот дел добро, но ние точно знаевме каде е силата на Казахстан и неутрализиравме. Секако дека сакаме да победиме. Македонија оди секогаш на победа. Во врска со тактиката, целта ни беше што побргу да префрлиме тежиште на противничката половина, со цел да се одмори одбраната. Мора да разберете дека ние минавме долг пат до тука, игравме со Белгија, игравме и на вештачка трева. Се се тоа фактори кои влијаеа на нашиот перформанс денеска“ – рече Стојановски.
Трајковски: Не е важно кој погодува, најважна е победата
Стрелецот на победничкиот гол за Македонија попладнево во Астана, Александар Трајковски, по натпреварот вака го прокоментира мечот.
„Сите голови се важни, без разлика кој ги дал. Најбитно е да победуваме. Знаевме дека ќе биде тежок натпревар и најбитно е дека одигравме како вистински тим, се боревме до крај и ги освоивме трите бода. Одиме чекор по чекои и до крај на квалификациите ќе растеме како екипа и ќе издржиме да ја исполниме целта. Денеска беше многу тешко, особено што беше испрпувачки и тој меч со Белгија, но кој и да излезе на терен мора да го даде максимумот. Ние со вакви средби можеме да го исполниме тоа. Во фудбалот кога играш добро, те следи и среќата. Имаме квалитет, ги користиме нашите шанси и се надевам дека до крај ќе биде така“, вели нашиот голгетер.
Голема победа на македонската селекција во Астана
Иако не одигравме супер-квалитетен натпревар, сепак најважно од се победивме. Македонија се враќа со трите бода од гостувањето кај Казахстан, откако попладневво на Астана Арената, момците на Благоја Милевски го победија домашниот тим со 0-1. Стрелец на победничкиот гол за нашата репрезентација беше Александар Трајковски во 33. минута, откако искористи една одбиена топка во противничкиот шеснаесетник и успеа да ја смести во подалечниот агол од голот на Казахстан.
Домашните подобро го чувствуваа домашниот терен на вештачка трева, подобро се снајдоа во сите 90 минути, имаа неколку чисти и зрели шанси за израмнување, но на крајот не посака и среќата. Мрежата на Димитриевски остана празна, а Македонија се враќа со нови три бода.
По четири одиграни средби, Македонија веќе има 8 бода на своето конто и се уште е без пораз во овие квалификации. Следниот предизвик е Лихтенштајн на 7 септември на домашен терен, а потоа во октомври не очекуваат гостувањето кај Белгија и домашниот дуел со Казахстан. Квалификациите ќе ги затвориме во ноември со гостувањето кај Велс.