feature

Легендарниот Киелини најави завршување на кариерата

Џорџо Киелини најави крај на богатата кариера. Киелини, кој е играч на Лос Анџелес синоќа загуби во финалето на американската МЛС лига, а тоа може да негов последен професионален натпревар.

„Ова беше навистина убаво и незаборавно патување. Го кажав истово уште вчера, за жал еден од овие два тима мораше да загуби во финалето. Што се однесува до мене, ова можеби беше мојот последен меч во кариерата“.

„Бев многу фокусиран на ова финале, а сега сум испразнет. Сега ми е потребно време, да посветам време на моето семејство, да се вратам во Италија и таму ја да донесам дефинитивната одлука. Не сакам сега да кажам нешто официјално, а после да се премислувам. Ќе размислам и ќе донесам одлука“, изјави Киелини.


Тен Хаг ја сака резервата на Сити во јануарскиот преоден рок

Манчестер Јунајтед  во јануари сака да донесе квалитетен играч за врска, а рва желба на раководството е англискиот репрезентативец Калвин Филипс.

Англиските медиуми пренесуваат дека Тен Хаг го посочил како приоритет фудбалерот на градскиот ривал Манчестер Сити. Филипс требаше да биде големо засилување за тимот на Гвардиола, но Англичанецот ретко добива шанса и не ги оправда очекувањата.

Филипс нема иднина на „Етихад“ и сака да ја промени средината во јануари, а Манчестер Јунајтед е еден од најзаинтересираните клубови.

Прашање е дали „граѓаните“ ќе сакаат да го пуштат фудбалерот во градскиот ривал, бидејќи за него интерес покажуваат уште Њукасл и Јувентус.


Осимен сака повисока плата за да остане во Наполи

Фудбалерот, Виктор Осимен, нема намера да ја продолжи соработката со екипата на Наполи иако двете страни водат интензивни преговори, велат последните информации од Италија.

Иако Претседателот на калчо-лигашот, Аурелио де Лаурентис, сака напаѓачот да потпише нов договор до 2027 година, проценките велат дека Осимен нема намера да остане доколку не добие минимална годишна плата од 10 милиони евра.

Во меѓу време се појавија шпекулации дека за неговиот потпис се заинтересирани неколку големи клубови од Англија.


Златните копачки на Бекам продадени за 17.000 евра

Копачките со златна боја кои Дејвид Бекам ги носеше на 100. настап за репрезентацијата на Англија се продадени на аукција за 17.360 фунти. Овие копачки беа еден од 1.000 спортски предмети кои се продадоа во аукцијата куќа во Велингтонборо. Бекам ги носеше копачките на Европското првенство против Франција во 2008 година во Париз.

Аукционерот Адам Гаскоњ истакна дека цената покажува колку бил омилен Бекам како играч. На копачките се извезени имињата на трите деца кои ги имаше Бекам во тоа време: Бруклин, Ромео и Круз.

„Овие копачки беа направени за специјална прилика. Означуваат важна пресвртница за толку голем и легендарен играч на Англија и затоа се многу посебни“, истакна Гаскоњ.

Тој додаде дека копачките претходно биле изложени на Академијата Дејвид Бекам.


Монтела: Чахланоглу е најдобар фудбалер за врска во светот

Винченцо Монтела веќе некое време е селектор на Турција со која има одлични резултати и наредната година ќе ја води оваа репрезентација на Европското првенство.

Монтела секако дека посакува неговите фудбалери во најдобра форма да го чекаат собриот на најдобрите репрезентации во Европа. Една од главните ѕвезди на Турција на овој шампионат се очекува да биде Хакан Чалханоглу.

Сега Монтела даде изјава со која зачуди многумина. Имено, тој без дилеми го истакна Чалханоглу како најдобар играч во светот во средниот ред.

„Чалханоглу е најдобриот во средниот ред во светот, во Италија нема конкуренција“, порача Монтела.

Во актуелната сезона Чалханоглу постигна седум голови на 17 натпревари за Интер во сите натпреварувања.


Дени Илиев пред потпис со Сараево

Досегашниот голман на босанскиот фудбалски клуб Сараево, Мухамед Шахиновиќ дефинитивно ќе ја напушти екипата, а според тамошните медиуми веќе е пронајдена и замена. Нов клуб на Сараево би требало да биде македонскиот репрезентативен Дејан Илиев, кој моментно е член на финскиот ХЈК.

Од 2012 до 2022 година беше дел од англискиот гигант Арсенал, но не запиша ниту еден официјален настап за првиот тим, па играше на позајмица во Серед, Јагелонија, Шрезбери и Серед, а по разделбата со лондонскиот клуб се пресели во Тренчин.

Во 2022 година го имаше дебито за најдобрата македонска репрезентација во победата над Гибралтар (2-0).

Поради операцијата за санирање на оштетените тетива и лигаменти ги пропушти сите натпревари на ХЈК до крајот на сезоната. Инаку, ХЈК стана шампион на Финска за 2023.

Инаку Илиев доколку се пресели во редовите на Сараево нема да се смета како странец, туку како домашен фудбалер.


Барса го нуди Рафиња за Бруно Гимараеш

Барселона сериозно се приклучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш.

Каталонците се во потрага по квалитетен играч за врска кој може да биде наследник на Бускетс, а Чави смета дека Бразилецот би бил идеално засилување.

25-годишниот Бразилец е еден од најдобрите играчи за врска во Премиер лигата и Њукасл сигурно нема лесно да се раздели со него.

Поради лошата финансиска ситиуација, Барселона не може да си дозволи да ја плати високата цена на Бразилецот, па сака како дел од трансферот да вклучи некој фудбалер.

Барселона му нуди трампа која ќе вклучува пари и Рафиња, за кого Њукасл од поодамна покажува интерес.


Џонатан Та е замената за Силва во Челзи

Тиаго Силва има уште шест месеци од договорот со Челси и најверојатно нема да му биде продолжен.

Англиските медуми пишуваат дека Челси бара замена за Силва, а се очекува премиерлигашот да се засили од Германија. Џонатан Та има неверојатна сезона во дресот на Баер Леверкузен и од следното лето би требало да биде дел од одбраната на лондонскиот тим.

Овој 27-годишен фудбалер е прва желба за „сините“, а дел од медиумите пишуваат дека веќе бил постигнат договор меѓу двете страни.

За Челси останува да ја активира откупната клаузула која Та ја има во договорот со Баер Леверкузен.


Јуве преговара со Тони Крос

Јувентус покажува сериозен интерес за плејмејкерот на Реал Мадрид, Тони Крос, пренесуваат медиумите на Апенините.

Крос наскоро ќе наполи 34 години, но игра уште една одлична сезона во Реал Мадрид, а неговиот договор истекува на крајот на сезоната.

Германецот размислува за пензионирање на лето, но Јуветус сака да го убеди да се пресели во Торино, бидејќи „бјанконерите“ веруваат дека се уште може да игра на врвно ниво.

Јувентус наскоро ќе има средба со агентот на Крос и сака на лето да го доведе како слободен агент.


Рабио с согласил на нов договор со Јуве

Адриен Рабио се согласил да ја продолжи соработката со Јувентус, пренесува Газета.

Актуелниот договор на италијанскиот гигант и одличниот играч за врска истекува во јуни следната година.

Рабио прифатил да го носи дресот на Јувентус и за следната сезона, односно до летото 2025 година. Во Торино, Рабио пристигна во 2019 година од Пари Сен Жермен, а претходно кратко време беше член на Тулуз.

Рабио има 28 години, а оваа сезона одигра 13 натпревари во Серија А и постигна два гола.