feature

Сон се претплати за голови против англиските шампиони

Напаѓачот на Тотенхем, Хеунг Мин-Сон, стана првиот играч во историјата на англиската Премиер лига кој постигнал гол против четири различни бранители на шампионската титула.

31-годишниот корејски напаѓач на Тотенхем беше стрелец на натпреварот од 14. коло од Премиер лигата со Манчестер Сити на стадионот „Етихад“. Средбата заврши нерешено со резултат 3-3 – автогол си постигна и Сон. 

Претходно, напаѓачот на Тотенхем успеа да постигне гол на натпреварите против Ливерпул, Челзи и Лестер Сите – сите овие тимови беа актуелни шампиони во времето кога Кореецот постигна гол против нив.

Сезонава Хеунг Мин-Сон одигра 14 натпревари во англиската Премиер лига, постигна девет гола и две асистенции. По 14 кола Тотенхем е на петтото место со 27 бодови.


Арсенал – Ливерпул е ѕвездениот пар во третото коло на ФА Купот

Арсенал во третото коло од ФА Купот ќе му гостува на Ливерпул во
еден од најинтересните дуели од оваа рунда на најстарото фудбалско
натпреварување во светот.

На ждрепката беа одредени двојките за третата рунда која е на
програмата во јануари и во која влегуваат екипите од Премиер и од
Чемпионшип лигата.
„Топчиите“ го држат рекордот за најмногу освоени трофеи на
турнирот – 14. Ливерпул го дели третото место со Тотенхем и Челзи
како осумкратни освојувачи на трофејот.
Манчестер Јунајтед во оваа фаза ќе гостуваат кај третолигашот Виган,
додека Манчестер Сити ќе биде домаќин на Хадерсфилд.Њукасл ќе
му гостува на Сандерленд, додека, пак, Тотенхем ќе има
премиерлигашка пресметка со Барнли.


Митев именуван за селектор на Азербејџан

Боби Митев по неполн месец се враќа во Азербејџан. Поради
приватни семејни причини мораше привремено да го напушти Сабах.
Во клубот беа задоволни од она што Митев го прави и создава од
неговото доаѓање, па му дадоа доволно време да ги реши проблемите
и да се врати на клупата.
И не само ова. Боби Митев ќе биде селектор на кошаркарската
репрезентација на Азербејџан. Како што дознаваме тој ќе добие
тригодишен договор од тамошната федерација.
Работата со Сабах и визијата која Митев ја има за кошарката, е сето
она што е потребно во националниот тим на оваа земја.


Србинот Самарџиќ е јануарската трансфер-желба на Јуве

Лазар Самарџиќ ова лето беше на чекор од трансфер во Интер, а сега
е голема желба на Јувентус.
Интер постигна договор со Удинезе за трансфер тежок 20 милиони
евра плус еден младински фудбалер, веќе закажа лекарски прегледи,
но трансферот пропадна бидејќи агентот побара повисока плата.
Сега силен интерес за него покажува Јувентус. „Бјанконерите“ веќе
почнале преговори со агентот на Самарџиќ и сакаат да го доведат во
зимскиот преоден рок како замена за суспендираниот Фаџоли.
Јувентус игра добро оваа сезона и се бори за титулата, па верува дека
Самарџиќ може да одигра клучна улга во освојување на скудетото.


Дувњак го продолжи договорот со „зебрите“

Капитенот на хрватската ракометна репрезентација Домагој Дувњак
ќе биде дел од бундеслигашот Кил до 2025 година откако официјално
го продолжи договорот со тимот чиј дел е од 2014 година.
Хрватот не го криеше задоволството од продолжувањето на
соработката велејќи дека е горд што и понатаму ќе биде дел од тимот
каде што се чувствува како дома.
„Среќен сум што соработката продолжува. Мојата фамилија и јас тука
се чувствуваме многу добро. Кил е мојот втор дом. Горд сум што
можам да продолжам да помагам, што ќе ги оствариме целите за
најдобриот клуб во светот. Се веселам што ќе останам уште еден
година со нашите навивачи“.


Чави: Ова беше можеби и најдобриот наш натпревар сезонава

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез ја прокоментира победата на
неговиот тим со 1-0 против Атлетико Мадрид, во средбата од 15. коло
на Примера.
Тренерот на Каталонците го пофали целокупниот учинок на тимот,
како и го коментираше доброто издание на најдобриот стрелец Жоао
Феликс на натпреварот.
„Игравме многу добро денеска и Атлетико притисна во второто
полувреме. Можеби го одигравме нашиот најдобар натпревар во
сезоната. Видов како работи Феликс, ја зема топката, добро ја избира
позицијата, комуницира со Кансело. Гледам дека е среќен, активен,
задоволен кога игра. Пред натпреварот му реков да остане смирен
бидејќи дополнителната мотивација го турка уште повеќе и има
можност да ја премине линијата. Играше многу паметно. Жоао исто
така се претстави многу добро, мило ми е што е дел од тимот“, изјави
Чави.


Левандовски може пред истекот на договорот да си замине од Барса

Роберт Левандовски би можел да го напушти клубот пред да му
истече договорот.
Според шпански „Спорт“, договорот на фудбалерот содржи клаузула
според која каталонскиот клуб може предвреме да го раскине
неговиот договор по сезоната 2024/2025 доколку одигра помалку од
55% од натпреварите во таа сезона. Договорот на Полјакот со
Барселона е до јуни 2026 година.
По 15 кола, Барселона е на третото место на табелата во шпанскиот
шампионат со 34 бодови. Тимот заостанува четири бода зад водечкиот Реал Мадрид.
Сезонава Роберт Левандовски учествуваше на 17 натпревари во сите
натпреварувања, на кои забележа осум гола и четири асистенции.


„Зелено светло“ од Атлетико Параненсе, Витор Роке во јануари доаѓа во Барселона

Атлетико Параненсе објави дека фудбалерот, Витор Роке, во јануари ќе му се приклучи на шпанскиот гигант Барселона.

Каталонците за неговиот потпис ќе платат 40 милиони евра плус 21 милион како бонуси. 18-годишниот фудбалер ќе добие договор за седум сезони.

Роке му се приклучи на Атлетико во почетокот на 2022 година и постигна 28 голови на 80 натпревари.


Осимен ќе ги одбие сите понуди и ќе потпише нов договор со Наполи

Преговорите меѓу Виктор Осимен и Наполи влегоа во завршна фаза и Нигериецот е многу блиску до продолжување на договорот.

Неговиот актуелен договор истекува во летото 2025 година, а во последните месеци преговорите беа во застој поради напнатоста помеѓу раководството и напаѓачот. Претседателот на Наполи потврди дека преговорите се во завршна фаза и дека наскоро ќе биде потпишан договорот.

„Осимен и јас сме пред потпишување на договорот што се очекуваше ова лето“, изјави Де Лаурентис.


Брињоне доминантна на велеслаломот во Канада

Федерика Брињоне испиша историја во зимскиот центар Тремблант во Канада откако победи во велеслаломот во Светскиот куп.

33-годишната Италијанка стана највозрасната победничка во историјата откако го собори рекордот на Австријката, Анита Вахтер, која во 1999 година победи на патеката во Линц со 32 години и 319 дена .

Брињоне има 22 победи на Светското првенство со што се израмни со сонародничката Софија Гоџа.