feature

Далиќ: Нашата група е најсилната, одлучувачки е дуелот со Италија

Фудбалската репрезентација на Хрватска ги дозна своите противници во групата на Европското првенство кое од 14 јуни до 14 јули следната година ќе се одржи во Германија.

Свој коментар за жрепката имаше хрватскиот селектор Златко Далиќ кој вели дека клучниот дуел за пласман во следната фаза ќе биде оној против актуелниот европски шампион, Италија:

„Ова е најтешката група, играме против актуелниот шампион на Европа, Италија, и против актуелниот освојувач на Лигата на нации, Шпанија. Трети сме во светот и затоа ова е најтешката група. Албанија исто така одигра добро во квалификациите. Италијанците имаат свој квалитет и многу добар тим, мораме уште малку да ги проучуваме Албанците. Мислам дека третиот натпревар против Италија ќе биде клучен. Нашата цел сега е да ја поминеме групната фаза. Играме во три градови на север и ќе имаме голема поддршка од нашите навивачи“, изјави Далиќ.

Во групата „Б“ на Евро 2024 Хрватска својот прв меч ќе го игра на 15 јуни во Берлин против Шпанија, четири дена подоцна во Хамбург против Албанија и на 24 јуни во Лајпциг против Италија.

За Хрватите ова ќе биде седмо учество на европските првенства, најдобриот пласман го имаа на ЕП 2008 кога стигнаа до четвртфиналето.


Го фалсифувал датумот на раѓање и заработи суспензија

Сантос е олимписки вицешампион на 400 метри од Лондон во 2012 година и член на мешаната штафета на Доминиканската Република која пред две години на Олимписките игри во Токио го освои среброто на 4х400 метри.

Сантос, кој е роден на 12 ноември 1992 година, како јуниор ја фалсификувал годината на раѓање и настапувал како спортист роден 1993 година и како таков ја освоил светската јуниорска титула во Барселона во 2012 година, а сега таа титула му е одземена.

„Со оглед на правилата според кои само на спортистите кои имале 19 години на 31 декември 2012 година или помлади им беше дозволено да се натпреваруваат на тој шампионат, Сантос немаше право да се натпреварува“, објави АИУ.


Кефрен Турам е првиот пик на Клоп за следната сезона

Ливерпул покажува сериозен интерес за играчот за врска на Ница, Кефрен Турам, пренесуваат англиските медиуми.

Кефрен е син на легендарниот француски дефанзивец Лилијан Турам и брат на напаѓачот на Интер, Маркос Турам. 22-годишниот играч за врска игра фантастично во дресот на Ница и важи за еден од најголемите француски таленти.

Ливерпул е во потрага по квалитетни играчи за врска кој ќе биде наследник на Алкантара, а Турам е на врвот на листата желби.

За Французинот интерес покажуваат многу европски гиганти, но Ливерпул е спремен да ја победи конкуренцијата.


Суарез по една сезона заминува од Гремио

Уругваецот Луис Суарез со сигурност ќе го напушти бразилскиот Гремио, потврди тренерот на овој клуб. Заминувањето на Суарез беше најавено од претходно, а сега тоа го потврди тренерот Ренато Гаучо.

„Тажно е за сите, Суарез многу ни помогна, навивачите брзо го засакаа. Во некои ситуации сакав да му дадам одмор од натпреварите или тренинзите, меѓутоа тој е голем професионалец и секогаш инсистираше да биде на теренот со соиграчите и да игра во исто темпо. Нормално дека многу ќе ни недостасува, замена тешко ќе можеме да му најдеме“, изјави Ренато.

Според најавите, следна станица на Суарез ќе биде Интер Мајами каде што повторно ќе игра заедно со неговите добри пријатели Лионел Меси, Серхио Бускетс и Жорди Алба.


Најголемиот талент на Шалке се сели на „Сан Сиро“

Европските гиганти се воодушевени од настапите на младата ѕвезда на Шалке, Асан Оедраого.

Станува збор за 17-годишен играч за врска кој оваа сезона е стандарден во Шалке, каде запиша 11 настапи и постигна еден гол и една асистенција. Тој е младински репрезентативец на Германија и важи за еден од најголемите таленти во Европа.

Реал Мадрид, Баерн Минхен, Ливерпул покажуваат интерес, но најконкрете е Милан, кој веќе постигнал комплетен договор со агентот на фудбалерот.

Оедраго ќе пристигне на „Сан Сиро“ по завршувањето на сезоната, а Милан ќе ја плати откупната клаузула од 11 милиони евра.


Ливерпул се откажува од идејата за ангажман на Мбапе

Првите луѓе на Ливерпул одлучиле да се откажат од обидите да потпишат договор со напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе. Ова го објави новинарот Флоријан Плетенберг на социјалната мрежа Икс.

Според Плетенбург, во моментов единствен европски клуб кој сериозно е заинтересиран за францускиот фудбалер е Реал Мадрид.

Да потсетиме, актуелниот работен договор на Мбапе со парискиот клуб е со важност до летото следната година. Претходно во медиумите се појави информација дека Реал Мадрид ќе инсистираат 24-годишниот фудбалер да потпише договор со нив во првите месеци од 2024 година. Оваа сезона Мбапе учествуваше на 17 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна 17 гола и две асистенции.


Кварацхелија има понуда од неколку премиерлигаши

Квича Кварацхелија беше вистинско откритие на Серија А минатата сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Грузиецот беше еден од најзасилужните за освоеното скудето на Наполи, а сега сериозен интерес за него покажуваат клубовите од Премиер лигата.

Челзи, Ливерпул и Арсенал внимателно го следат Кварацхелија и се спремни да испратат богата понуда за него на крајот на сезоната.

Наполи нема лесно да се откаже од својата ѕвезда и сака да го продолжи договорот и нема да го пушти за помалку од 100 милиони евра.


Алегри најново име кое се поврзува со клупата на Манчестер Јунајтед

Иако на Јувентус не му оди лошо во Серија А сезонава се погласни се шпекулациите дека Масимилијано Алегри ќе си замине.

Медиумите веќе пишуваат која би можела да биде негова следна дестинација. Според најавите, на „Дејли Експрес“, Манчестер Јунајтед ја разгледува можноста да го ангажира стратегот на Јувентус на местото на Ерик Тен Хаг.

Алегри наводно би размислил за преселба на Островот. Јунајтед сезонава игра променливо, меутоа се уште поголем дел од фановите се незадоволни со работата на Тен Хаг.

Кога во прашање е местото во Јувентус, претходно се шпекулираше дека Антонио Конте би можел да се врати.


Надал се пријави за настап на турнирот во Бризбејн

Рафаел Надал официјално објави дека се враќа на терените.

Надал ќе се врати на турнирот во Бризбејн кој служи како загревање за Австралија Опен. Освојувачот на 22 грен-слем титули не играл официјален меч откако се откажа од второто коло на Австралија Опен поради проблеми со колкот.

„По една година надвор од терените, време е да се вратам.  Ќе биде во Бризбејн, првата недела во јануари. Се гледаме таму“, зборува помеѓу другото во видеото објавено на социјалните мрежи, шпанскиот тенисер.

Надал претходно изрази желба уште еднаш да настапи на Ролан Гарос и да ја претставува Шпанија на Олимписките игри во Париз.


Легендарниот Клосе почнува тренерска кариера, ќе го води австриски Алтах

Мирослав Клосе кој важи и за еден од најдобрите голгетери во историјата на фудбалот како што стојат работите ќе се врати на тренерската работа.

Клосе од март е без ангажман откако доби отказ во австрискиот клуб Алтах.

Според информациите на германскиот „Скај“, Клосе е еден од кандидатите за нов тренер на германскиот второлигаш „Скај“. На клупата на овој тим светскиот шампион од 2014 година би го наследил Дирк Шустер.

Во овој момент Кајзерслаутен е на 11. место на табелата со 18 бодови и серија од три порази во низа. В сабота ги очекува натпреварот против Магдебург на гостински терен.