feature

Роџерс: Ако јас се прашувам веднаш би го укинал ВАР системот

Тренерот на Селтик, Брендан Роџерс, е разочаран во кој правец оди фудбалот, а со тоа многумина се согласуваат, дека ВАР-от прави се поголема штета на вистинскиот фудбал.

Оваа изјава на Роџерс следуваше по натпреварот во ЛШ, во кој неговиот Селтик беше поразен со 6:0 од Атлетико Мадрид, а тоа нему тешко му падна.

„Сочувствувам со навивачите на Селтик по овој натпревар, платија стотина фунти за да патуваат во Мадрид, а имаа лош ден. Фудбалот почнува да личи се повеќе на компјутерска игра, се се проценува на екранот, тоа не е добро за фудбалот, тоа не е играта која сите ја сакаме“.

„Разговарам повремено со луѓето во Англија кои работат во Чемпионшип дивизијата, каде што нема ВАР и тие прилично уживаат во тоа што таму нема гол технологија. Доколку сега ме прашате, веднаш би го поништил ВАР-от и веднаш би се вратил на оној чистиот фудбал. Знаеме дека би имало грешки во судењето, но со задоволство би го прифатиле тоа, отколку да ги гледаме овие работи сега со ВАР-от“, порача Роџерс.


Црвена Звезда го продава Осман Букари

Црвена Звезда може сериозно да профитира од трансферот на Осман Букари.

Букари е репрезентативец на Гана и игра на десната крилна позиција, а за него се појавил тим кој е спремен да плати 11 милиони евра. Засега името на клубот не се открива. Ако ваквите најави се реализираат, тоа би бил втор најскап трансфер во историјата на Звезда. Поскап е само оној на Немања Радовиќ во Олимпик Марсеј од 12 милиони евра.
Во редовите на српскиот гигант Букари пристигна од Гент минатото лето за три милиони евра и според „Трансфермаркт“ сега вреди 6.5 милиони. Информациите се дека понудата е испратена и се чека само одлуката на луѓето во Црвена Звезда.


Роналдо ја купи компанијата која 11 пати го тужеше

Компанијата „Конфина Медиа“ е во рацете на Кристијано Роналдо откако Португалецот исплати сума од 57 милиони евра.

Купувањето на оваа компанија од Роналдо беше добра вест и за вработените бидејќи секој во фирмата добил бонус од 1.250 евра.

Вработените добиле известување дека тоа е награда за нивната посветеност на фирмата. Интересно е што претходно Роналдо оваа компанија ја тужеше дури 11 пати поради пишувања кон него.

Во соопштението од компанијата се истакнува дека единствената промена е тоа што таа сега се вика „Експресо Ливре“.


Брестовац доби нов договор како селектор на ОАЕ

Данило Брестовац ја продолжи соработката како селектор на клупата на Обединетите Арапски Еримати најмалку до април 2024 година.

Македонскиот стратег неодамна го имаше првиот сериозен тест како селектор на ОАЕ, во квалификациите за Олиписките игри во Париз.

Иако ОАЕ не се пласираше на Олимпијадата, сепак но имаше добри натпревари, кои пак беа доволна препорака за раководството на тамошната федерација да му понуди нова соработка.

Азиското првенство што ќе се игра во јануари е вториот голем предизвик за него како селектор. Од тој шампионат, четири репрезентации ќе обебедат учество на Светското првенство во Хрватска/Норвешка/Данска што ќе се игра во јануари 2025.


Поп Ацев примен во Куќата на славните на маратонското пливање

Меѓунардодната организација Куќа на славните на маратонското пливање објави дека Евгениј Поп Ацев ќе стане нејзин член на следниот собир, во мај 2024.

Во 2015 и во 2017 година Поп Ацев беше победник во светскиот гран-при за маратонско пливање, а во 2019 година триумфира на ултра маратонската серија на ФИНА.

„Најголема чест и привилегија е да се биде во ‘Куќата на славните за маратонското пливање’ (IMSHOF) во друштво на најголемите имиња во историјата на светското пливање. Посебно сум среќен и горд што правејќи го тоа што најмногу го сакам и пливајќи за Македонија имам придонесено и оставено белег во светот на маратонско пливање. Многу сум благодарен на IMSHOF за номинацијата, изборот и за ова големо признание од ваква голема светска организација. Исто така и на сите што беа дел од мојата пливачка кариера и подржуваа во изминативе 20 години“, се заблагодари Поп Ацев со објава преку социјалните мрежи.


Иранецот Тареми следна трансфер цел на Јунајтед

FC Porto’s Iranian forward Mehdi Taremi waves to supporters during the Portuguese league football match between FC Porto and FC Pacos de Ferreira at the Dragao stadium in Porto on November 5, 2022. (Photo by MIGUEL RIOPA / AFP) (Photo by MIGUEL RIOPA/AFP via Getty Images)

Манчестер Јунајтед сака во зимскиот преоден рок да го засили нападот, а прва желба е напаѓачот на Порто, Мехди Тареми.

Тареми ова лето беше на чекор до Милан, но трансферот не се реализираше и пропадна во последен момент.

Сега 30-годишниот напаѓач влезе во последната година од договорот и нема намера да ја продолжи соработката со Порто.

Манчестер Јунајтед сака да ја искористи таквата ситуација и е спремен да плати 10 милиони евра за да го доведе Тереми во јануари. Тен Хаг има проблем со реализацијата, Хојлунд не ги оправдува очекувањата, па сака искусен голгетер.


Бетис гo осигура Давид де Геа

Шпанскиот состав Бетис планира да му понуди краткорочен договор на голманот Давид де Геа, тврдат денеска медиумите на Пиринеите.

Поранешниот чувар на мрежата на Манчестер Јунајтед по 12 години поминати на стадионот – „Олд Трафорд“, реши да си замине од клубот.

Според информациите, Шпанецот, кој набрзо ќе наполни 33 години, веројатно ќе прифати да се врати во татковината.


Малдини на пат за Саудиска Арабија, ќе биде директор во Ал Итихад

Фудбалските клубови од Саудиска Арабија не жалат пари за да донесат фудбалски ѕвезди. Многу познати фудбалери ова лето се преселија во Саудиска Арабија, како и тренери, а следен може да биде легендата Паоло Малдини.

Имено, Ал Итихад спрема богата понуда и сака да го види Италијанецот како спортски директор во клубот.

Малдини е слободен откако го напушти Милан летово, па сериозно размислува да ја прифати понудата.


Лазаров на „Ѕидот на шампионите“ во Нант

Кирил Лазаров последните години од кариерата му ги посвети на Нант и беше испратен како „крал“ од францускиот клуб.

Актуелниот македонски селектор сега се најде и на „ѕидот на легендите“. Нант ги објави имињата на ракометарите кои оставија посебна трага во клубот а Кире заслужено се најде во стартната седморка.

Во неа се уште и Бруно Соуза, Фредрик Дол, Алберто Ентрериос, Махмуд Гарби, Доминик Клајн и Рок Фелијо.


Осимен заминува во Англија, Наполи ќе заработи 120 милиони

Виктор Осимен готово сигурно на лето ќе се пресели во Премиер лигата. Односите помеѓу напаѓачот и клубот се комплетно нарушени, па и преговорите за нов договор се во застој.

Поради тоа Наполи ќе биде приморан да го продаде на лето, а Осимен никогаш не ја криел желбата да игра во Премиер лигата.

Последните информации од Островот се дека Тотенхем се вклучил во трката за потписот на Нигериецот.

Тотенхем игра одлична сезона, но во Осимен гледа долгорочна замена за Хари Кејн и сака да ја победи конкуренцијата и да го доведе уште во јануари.

Имено, „Спарси“ спремиле понуда од 120 милиони евра, но тешко е да се поверува дека Наполи ќе го продаде на средина од сезоната.