feature

Берарди на чекор до враќање во Јувентус

Доменико Берарди сака да го напушти Сасуоло во јануари и веќе се договорил со Јувентус, пренесува „Калчомеркато“.

Берарди со години игра одлично во Сасуоло, но никако да направи трансфер во голем клуб. Јувентус го сакаше и во летниот преоден рок, но не успеа да го реализира трансферот. „Старата дама“ не се откажува од Италијанецот, кој е голема желба на Алегри, па ќе се обиде да го доведе во јануари.

Сега и самиот Берарди го притиска клубот да му дозволи трансфер и веќе постигнал договор со Јувентус.


Касемиро го менува Јунајтед со Саудиска Арабија

Касемиро не е задоволен од тоа како се одвиваат работите во Манчестер Јунајтед и сака да си замине од „Олд Трафорд“.

Тој не е во добри односи со тренерот Тен Хаг и жали што го напушти Реал Мадрид за да се пресели во Манчестер Јунајтед, кој и оваа сезона има слаби резултати. 31-годишниот играч за врска пристигна во Манчестер во летото 2022 година за сума од 70 милиони евра, но никогаш не пружи игри како тие во Мадрид.

Бразилецот има богата понуда од Саудиска Арабија и е спремен да ја прифати, а Манчестер Јунајтед нема да му стои на патот.


Арсенал по секоја цена го сака Ајван Тони во јануарскиот преоден рок

Арсенал сака додатно да го засили тимот во зимскиот преоден рок, а приоритет на Артета ќе биде доведување на класичен напаѓач.

Најголема желба на Шпанецот е Ајван Тони од Брентфорд, а раководството е спремно да му ја исполни желбата.

Ајван Тони кој е суспендиран поради нелегално обложување. На крајот на јануари Тони се враќа на терените, а Артета со 60 милиони фунти ќе се обиде да го доведе на „Емирати“.

Арсенал е спремен да продаде некои од фудбалерите кои не се во плановите на Артета, како Томас Парти за да го финансира трансферот на Тони.


Анчелоти носи уште еден Англичанец во Мадрид

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната, а приоритет ќе бидат бековските позиции, пренесуваат шпанските медиуми.

Прв на листата желби е десниот бек на Челзи и англиски репрезентативец, Рис Џејмс, кој се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Премиер лигата. Во шпанскиот гигант го гледаат 23-годишниот Џејмс како долгорочно решение за десната бековска позиција и сакаат да го доведат на лето.

Англичанецот неодамна стави потпис на нов договор со „сините“, но е отворен за преселба во Реал Мадрид.

На Реал сигурно нема да му биде лесно да го доведе и ќе треба добро да го одврзи кесето, бидејќи Челзи не сака да се откаже од Џејмс.


Стерлинг ризикува казна заради бизарна причина

Играчот од средниот ред на Челзи, Рахим Стерлинг може да биде суспендиран поради фрлање предмет кон навивачите на Тотенхем за време на мечот од 11. коло на Премиер лигата. ФА ја истражува снимката на која се гледа како играчот фрла предмет кон навивачите.

Инцидентот се случи неколку моменти откако Кол Палмер го израмни резултатот на натпреварот со пенал во првото полувреме. Палмер прослави ставајќи го прстот до усните пред навивачите на Тотенхем. На видеото од теренот, кое се појави на социјалните мрежи се гледа дека Палмер е погоден во ногата од предмет лансиран од трибината на навивачите на Тотенхем. Кога играчите си заминуваа, Стерлинг се наведна и го фрли предметот назад во толпата.

Инцидентот не беше забележан од официјалните лица за време на натпреварот, но истиот се разгледува.


Езе добива нов договор од Хоџсон во Кристал Палас

Еберечи Езе е блиску до потпишување на нов договор со Кристал Палас откако постигна начелен договор со клубот за новите услови.

Формалностите за новиот договор допрва треба да се утврдат, но откако ќе се завршат, играчот од средниот ред ќе стави потпис на новиот договор кој ќе го задржи на „Селхрст Парк“ најмалку уште три години.

Кристал Палас брза да потпише договор со Езе, за да гооттргне интересот на големата шесторка во Премиер лигата, која уште од летото го „облетува“ фудбалерот за врска.

Тотенхем во моментов е најзагреан за фудбалерот на Палас, но тука се и Њукасл, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед.


Саутгејт без Стоунс, но со многу ѕвезди доаѓа во Скопје

Селекторот на фудбалската репрезентацијата на Англија герет Саутјет го објави спосокот на играчи за ноемвриските квалификациски натпревари за ЕП 2024 со селекциите на Малта и Северна Македонија.

Натпреварот со Малта ќе се одигра на 17 ноември на стадионот Вембли во Лондон, а со Македонија на 20 ноември во Скопје.

Комплетен состав на репрезентација на Англија:

Голмани: Сем Џонстон (Кристал Палас), Џордан Пикфорд (Евертон), Арон Рамсдејл (Арсенал).

Одбрана: Леви Колвил (Челзи), Луис Данк (Брајтон), Марк Гуехи (Кристал Палас), Хари Мегваер (Манчестер Јунајтед), Џон Стоунс (Манчестер Сити), Фикајо Томори (Милан), Киеран Трипие (Њукасл Јунајтед), Кајл Вокер (Манчестер Сити).

Среден ред: Трент Александер-Арнолд (Ливерпул), Џуд Белингем (Реал Мадрид), Конор Галагер (Челзи), Џордан Хендерсон (Ал-Итифак), Калвин Филипс (Манчестер Сити), Деклан Рајс (Арсенал).

Напад: Џерод Бовен (Вест Хем Јунајтед), Фил Фоден (Манчестер Сити), Џек Грилиш (Манчестер Сити), Хари Кејн (Баерн), Џејмс Медисон (Тотенхем), Маркус Рашфорд (Манчестер Јунајтед), Букајо Сака (Арсенал), Оли Воткинс (Астон Вила), Калум Вилсон (Њукасл Јунајтед).


Мурињо и Сари ја почнаа војната на зборови пред римското дерби

Жозе Мурињо и Маурицио Сари веќе некое време имаат нарушени
односи и се „пецкаат“ во јавноста, но последната изјава на тренерот
на Лацио предизвика навистина бурен одговор од Португалецот.
Лацио успеа да победи против Феенорд и имаше навистина
тежок предизвик во Лигата на шампионите, а Сари го привлече
вниманието со паралелата која ја направи за противниците на двата
римски тима.

Сари посочи дека пресметката на Рома против Славија Прага во Лига
Европа е како пријателски меч во споредба на нивото во Лигата на
шампионите, алудирајќи дека „волчицата“ ќе има подобра и полесна
подготовка за големото римско дерби кое се игра викендов.
Ваквиот став на Сари наиде на реакција од Мурињо, кој реагираше
доста жестоко и му испрати навистина доста „отровна стрела“ на
колегата.

„Ако некој треба да се навреди од коментарот на Сари, тоа е Славија
Прага, а не јас, или било кој друг од Рома. Тоа што го кажа е како да
кажа дека Славија не поседува никаков квалитет. За разлика од него,
јас секогаш го почитувам противникот. Најверојатно тоа е разликата
меѓу победнички тренер кој има 26 титули во кариеарата и меѓу некој што нема речиси ништо. Тоа е тој менталитет……. Секој меч е важен за мене, не постојат пријателски натпревари“, изјави Мурињо.


Кејн руши рекорди – десет гола на последните пет натпревари

Пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите обезбеди
Баерн во групата А. Баварците во мечот од 4. коло го победија
Галатасарај со 2-1, а сите три гола дојдоа во последните десет
минути.
Баварците долго го кршеа отпорот на турскиот тим, а поведоа во 80.
минута со голот на Хари Кејн. Шест минути подоцна англискиот
напаѓач ја затвори приказната погодувајќи за 2-0.
Кејн можеше да постигне гол во 53. минута, но ја погоди стативата.
Турците го ублажија поразот во третата минута од судиското
надополнување со голот на Седрик Бакамбу. Бројките на Хари Кејн се
посебна приказна. Англискиот напаѓач кој летово пристигна во Баернза 95 милиони евра од Тотенхем ги уништува противниците и во Бундес лигата и во Лигата на шампионите. Кејн оваа сезона одигра 15 натпревари во сите натпреварувања и постигна 19 голови и имаше
седум асистенции.
На последните пет натпревари постигна 10 гола и запиша две
асистенции.


Пике: Последните европски титули на Реал нема да се паметат во историјата

Жерар Пике ја заврши кариерата, но со своите проекти во спортот и
понатаму е интересен за јавноста.
Пике освои многу во кариерата и низ годините зборувал на разни
теми, а сега истакна зошто смета дека последната титула на Реал
Мадрид во најелитното европско натпреварување нема да се памети.
Според Пике, Барселона кога ја освојувала титулата во Лигата на
шампионите тоа го правела на поинаков начин.
„Реал сега е на своето постојано ниво. Можеби не играат
инспиративно, но резултати има и во февруари ќе бидат во игра за
сите трофеј. Отсекогаш сум мислел дека Барселона до трофите во
Лигата на шампионите доаѓа до поинаков начин, тие наши трофеи и
победи се паметат засекогаш. Од друга страна кога победува Реал, тоа
е само уште една тиула која се зборава.
Во освојувањето на последното титула Реал беше инферирорен и
чудно е како дојде до истата, таквите титули не се паметат. Барселона
не победувала на тој начин“, објаснува Пике.