feature

Зубименди од Реал Сосиедад се сели на „Емирати“

Арсенал многу го засили тимот во летниот преоден рок и оваа сезона сигурно ќе биде еден од главните конкуренти за титулата во Премиер лигата.

Меѓутоа, тренерот Артета сака додатно да го засили тимот во зимскиот преоден рок и се очекува да испрати понуда од 60 милиони евра за Мартин Зубименди од Реал Сосиедад. Арсенал сака да создаде моќен среден ред со Деклан Рајс и Зубименди, кои би биле од големо значење и за иднината на тимот.

Зубименди е голема желба на Барселона и Манчестер Јунајтед, но Арсенал е спремен да ја победи конкуренцијата и работи на трансферот.

Реал Сосиедад досега одбиваше понуди за 24-годишниот фудбалер, но англиските медиуми пишуваат дека понудата од 60 милиони тешко ќе можат да ја одбијат.


Филипс од Сити е замената за Тонали во Њукасл

Њукасл во јануари сака да донесе квалитетен играч за врска, кој ќе биде замена за суспендираниот Сандро Тонали.

Прва желба на раководството е англискиот репрезентативец Калвин Филипс и „чавките“ веќе работат на трансферот. Филипс требаше да биде големо засилување за тимот на Гвардиола, но Англичанецот ретко добива шанса и не ги оправда очекувањата.

Филипс нема иднина на „Етихад“ и сака да ја промени средината во јануари, а Њукасл е еден од најзаинтересираните клубови.

Во Њукасл сметаат дека Филипс иделано ќе го замени Тонали, кој доби суспензија од 10 месеци.


Сити ја одреди цената, Алварез вреди сто милиони евра

Манчестер Сити ја одреди цената на Хулиан Алварез, за кого интерес покажуваат неколку европски гиганти. Најсилен интерес за Аргентинецот покажува Реал Мадрид, кој во јануари сака да донесе нова „деветка“.

Алварез  пристигна во Манчестер Сити за 20 милиони евра, а својата класа ја покажа на Мундијалот, но на „Етихад“ е во сенка на Халанд.

Поради тоа и самиот е спремен да ја промени средината, а Сити нема да му стои на патот, но за неговата слобода бара 100 милиони евра.

Останува да се види дали некој од заинтересираните клубови е спремен да ја плати оваа сума.


Белгиецот Де Брујне следна мета на саудиските клубови

Кевин де Брујне, би можел да биде новата голема ѕвезда која ќе се пресели во Саудиска Арабија.

Де Брујне на лето ќе влезе во последната година од договорот, а Сити размислува дали да му понуди продолжување на соработката. Причина за тоа се честите повреди на 32-годишниот Белгиец, кој ќе пропушти голем дел од актуелната сезона поради повреда.

Гвардиола сака на лето да донесе нова голема ѕвезда на таа позиција, а таквата ситуација се обидуваат да ја искористат клубовите од Саудиска Арабија.

Веќе се направени првите официјални контакти, а на Де Брујне му се нуди да биде еден од најплатените фудбалери на светот.


Ортега го продолжи договор со Барселона до 2026 година

Шпанскиот ракометен гигант Барселона го реши прашањето околу тренерското место, барем за наредните две сезони.

Актуелниот стратег Антонио Ортега реши да ја продолжи соработката со каталонскиот тим до 2026 година.

Тој го презема кормилото на Барса, по заминувањето на Чави Пасквал и ја одработува втората сезона, а сега потпиша нов договор на две сезони.

Минатата сезона Барса го заврши настапот во полуфиналето на Ф4 турнирот, а сезонава има послаб тим на хартија и ќе биде тешко да стигне до титулата во конкуренција на Веспрем, Магдебург, ПСЖ, Келце, Кил…


Јунајтед оствари рекорден финансиски приход годинава

Манчестер Јунајтед не може да биде задоволен на резултатски план и оваа сезон, но затоа може да се пофали со рекордни приходи.

Клубот работи одлично кога се финансиите во прашање, па и покрај слабите резултати оствари рекордни приходи во износ од 648.4 милиони фунти во финансиската година која заврши на 30 јуни. Вкупниот приход пораснал за 11% во однос на претходната година и го надмина претходниот рекорд на лигата кој Јунјатед го постави во 2019 година.

Сепак, како што пренесуваат англиските медиуми, клубот од „Олд Трафорд“ во истиот период е во загуба од 42.1 милиони фунти.

Фондот за плати во Јунajтед опаднал за 52.8 милиони фунти на вкупно 331.4 милиони фунти, што се должи на заминувањето на неколкумина скапи играчи, како и неиграњето во Лигата на шампиони.


Мусиала е сонот на Флорентино и Реал

Реал Мадрид покажува сериозен интерес за младата ѕвезда на Баерн Минхен, Џамал Мусиала, пренесува „Билд“.

Весникот тврди дека Баварците воопшто не размислуваат за продажба на својот „бисер“ и планираат да му понудат нов договор кој му истекува во 2026 година. „Билд“ тврди дека Мусиала не е задоволен од статусот кој го има во тимот бидејќи и покрај добрите игри често е на клупата за резерви, па преговорите за продолжување на договорот се во застој.

Целата ситуација будно ја следи Реал Мадрид, кој сака да го донесе младиот Германец на „Сантиjаго Бернабеу“.


Португалецот Палиња прв пик на Артета оваа зима

Арсенал е силно заинтересиран за ѕвездат на Фулам, Жоао Палиња, пренесуваат англиските медиуми.

Артета сака во јануари да го засили средниот ред со квалитетен играч за врска, а прва желба е токму Палиња. Португалецот игра фантастично во Премиер лигата, а во летниот преоден рок беше на чекор од трансфер во Баерн Минхен.

Палиња сака да ја промени средината, а Арсенал е спремен да понуди 60 милиони фунти за неговиот потпис, бидејќи Артета смета дека тој може да одигра клучна улога во борбата за титулата.


Њукасл веќе размислува за замена за Тонали

Њукасл состави список на кандидатите за замена на италијанскиот играч за врска Сандро Тонали, кој беше обвинет за незаконско обложување и доби суспензија на 10 месеци.

Според „Атлетик“ раководството на англискиот клуб составило список со кандидати за пополнување на испразнетото место до крајот на сезоната. Мета на „страчките“ се Калвин Филипс (Манчестер Сити), Скот Мектоминај (Манчестер Јунајтед), Жоао Палиња (Фулам) и Амаду Онана (Евертон).

Тонали во последниот преоден рок од Милан се пресели во Њукасл за 64 милиони евра. Сезонава играчот од средниот ред одигра 12 натпревари на кои постигна еден гол. Договорот на играчот со актуелниот клуб е со важност до крајот на јуни 2028 година.


Пеп го сака Педри во Манчестер Сити

Манчестер Сити е заинтересиран за потписот на играчот од средниот ред на Барселона, Педри.

Според информациите, фудбалерот сериозно го воодушевил менаџерот на Сити, Хосеп Гвардиола. Сумата на трансферот би можела да достигне 100 милиони евра.

За Барселона, таков трансфер би помогнал да се подобри финансиската состојба на клубот. 20-годишниот Педри се пресели во Барселона во 2019 година од Лас Палмас за 17,5 милиони евра.

Фудбалерот од средниот ред помина една сезона на позајмица во својот матичен клуб, а потоа блесна во дресот на Каталонците.