feature

Не загуби ниту еден натпревар, но заработи отказ во Саудиска Арабија

Роби Фаулер доби отказ од функцијата менаџер на клубот од Саудиска Арабија, Ал Кадсија и покрај тоа што клубот немаше пораз од почетокот на сезоната во Втората лига на оваа земја.

Саудискиот второлигаш ја објави веста на социјалните мрежи, заблагодарувајќи му се на поранешниот англиски репрезентативец за неговата работа откако беше поставен како менаџер летово. Речиси веднаш по објавувањето на заминувањето на Фаулер, Кадсија потврди дека негов наследник ќе биде поранешниот напаѓач на Реал Мадрид ина селекцијата на Шпанија, Мичел.

Фаулер (48) ја предводеше Ал Кадсија до шест победи и две нерешени средби на осумте првенствени натпревари, а неговиот единствен пораз беше во Купот на кралот против Ал Тавон.


Реал го продава Брахим, два премиерлигаши заинтересирани за Шпанецот

Брахим Диаз после три сезони поминати во Милан ова лето се врати во Реал Мадрид, но може експресно да си замине.

Дијаз блескаше во дресот на „росонерите“, па Реал одлучи да го врати како замена за Асенсио ова лето. Меѓутоа, Диаз не се вклопува во системот на игра на Анчелоти и добива мала минутажа, па може експресно да го напушти „кралскиот“ клуб.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал е спремен да го пушти уште во јануари, а најсилен интерес покажуваат клубовите од Премиер лигата.

Имено, Вест Хем и Астон Вила се спремни веднаш да понудат 20 милиони фунти за потписот на офанзивниот плејмејкер.


Рамсдејл заминува од Арсенал во јануари?

Минатиот викенд се одиграа натпреварите второ и трето коло од државните лиги во пинг-понг. Немаше посериозни изненадувања и фаворитите стигнаа до очекувани бодови.

Голманот на Арсенал, Арон Рамсдејл нема трпение да седи на клупата за резерви, па најверојатно во јануари ќе побара трансфер во друг клуб, пишува англиски „Дејли Меил“.

Според изворот, Челзи ќе направи обид да го ангажира Рамсдејл во зимскиот преоден рок. Шефовите на Челзи не се задоволни од лошата форма на нивниот главен голман Роберт Санчез. Се истакнува дека на одлуката на Рамсдејл може да влијае и неучеството на Челзи во Лигата на шампионите оваа сезона.

25-годишниот англиски голман го загуби местото во стартниот состав на „топчиите“ на почетокот на сезоната. Рамсдејл има пет настапи во сите натпреварувања за Арсенал оваа сезона, во кои прими пет гола.


Тодибо од Ница на цена, го бараат два европски гиганти

Манчестер Јунајтед и ПСЖ се борат за потписот на францускит дефанзивец, Жан Клер Тобидо, пренесува „Екип“.

23-годишниот Тобидо во 2019 година се пресели во Барселона како слободен играч, но никогаш не доби шанса на „Камп Ноу“ и беше испраќан на позајмици. Во 2021 година Ница го откупи неговиот договор, а тој игра одлично во Франција и го привлече вниманието на многу европски клубови.

Манчестер Јунајтед се обиде да го доведе во летниот преоден рок, но  не успеа да постигне договор со Ница.

Јунајтед не се откажува, но сега доби сериозна конкуренција бидејќи ПСЖ покажува сериозен интерес и во него гледа идеална замена за Кимпембе.


Де Хеа се враќа во Јунајтед на три месеци

Давид Де Хеа се уште е без ангажман откако го напушти Манчестер Јунајтед, а сега според последните информации би можел да се врати на „Олд Трафорд“.

Наводно, Јунајтед размислува да го врати Де Хеа на три месеци и така да го покрие отсуството на Андре Онана на почетокот на следната година. Де Хеа не се договори со Јунајтед за нов договор бидејќи клубот сакаше да му ја намали платата, а потоа го доведе Онана за 55 милиони евра.

Онана во јануари и февруари ќе има обврски кон Камерун во Африканскиот куп на нации, па така во Јунајтед стравуваат дека во тој период голманската позиција нема да им биде добро покриена.

Токму затоа се разгледувала опцијата за враќање на Де Хеа, но само на три месеци.


Пепе го собори рекордот за најстар фудбалер во ЛШ

Пепе е новиот најстар фудбалер во историјата на Лигата на шампионите, ако ги сметаме само играчите на теренот, а не и голманите.

Тоа успеа да го постигне на 40 години и 242 дена. Рекордот претходно го држеше легендарниот Алесандро Костакурта, поранешниот дефанзивец на Милан кој последниот настап во Лигата на шампионите го имаше на 40 години и 208 дена.

Пред Пепе останаа само голманите, а тоа се Алан Мекгрегор, Марк Шварцер, Олександар Шовковски, Џанлуиџи Буфон и Марко Балота, кој го држи рекордот со 43 години и 248 дена. Тешко е да се поверува дека Пепе би можел да го достигне овој рекорд.

Пепе во кариерата одигра 115 натпревари во Лигата на шампионите, постигна три гола и асистираше за пет, а освои и три шампионски титули со Реал Мадрид.


Милан го носи Кимпембе од ПСЖ следната сезона

Преснал Кимпембе би можел на лето да се пресели во Милано.
28-годишниот Французин е дете на ПСЖ и целата кариера ја помина
на „Паркот на Принцовите“, но нема да го продолжи договорот
бидејќи не е задоволен од ситуацијата во клубот.
Кимпембе не е задоволен од својот статус во клубот, иако изминатите
години беше незаменлив во одбраната на „светците“. Французинот ја одбил понудата за нов договор, па на лето ќе биде слободен агент.
Таквата ситуација сака да ја искористи Милан и да го доведе без
обештетување, а многуте Французи во тимот на „росонерите“ можат
да одиграат клучна улога Кимпембе да го избере токму Милан.


Гати добива нов договор со „црно-белите“ од Торино

Јувентус и официјално го обнови договорот со Федерико Гати до
летото 2028. Веста беше потврдена на клупската веб-страница.
25-годишниот централен дефанзивец минатата година дебитираше за италијанската репрезентација, а од стартот на актуелната сезона се
повеќе е дел од плановите на Масимилијано Алегри.
Гати е момче од Торино, иако смени многу клубови пред да се
пресели од Фрозиноне во Јуве во јануари минатата година за сума од
5,4 милиони евра.


Садио Мане го купи францускиот клуб Бурже Фут 18

Крилниот напаѓач на репрезентацијата на Сенегал и актуелен член на саудискиот клуб Ан-Наср, Садио Мане, стана сопственик на
францускиот клуб Бурже Фут 18.
Според изворот, 31-годишниот Сенегалец го купил контролниот пакет
во францускиот клуб, кој игра во четвртата лига на земјата. Оваа
информација ја потврдуваат и властите на француската комуна.
По седум кола, Бурже Фут има само четири бода и се наоѓа на 13.
место во групата Б од четвртата дивизија на Франција.


Храбра игра на Еурофарм Пелистер до самиот крај во синоќешниот дуел против Киелце

Храбра игра на Еурофарм Пелистер до самиот крај во синоќешниот дуел против Киелце. Зелено-белите беа блиску до изненадување, но првите бодови во Лигата на шампиони ќе ги очекуваме во некој нареден натпревар.
Супер атмосфера помеѓу публиката и бодрење во целиот натпревар.
Повторно голема поддршка од ЕВРОТИП, секогаш повеќе – секогаш заедно