Фабиан Руиз минатото лето беше еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот, а тој одлучи кариерата да ја продолжи во ПСЖ.
Шпанецот блескаше неколку сезони во Наполи, но не се снајде баш најдобро во ПСЖ, па сака да ја промени средината.
Руиз веќе втора сезона е најчесто на клупата за резерви, а силен интерес за него покажува Јувентус. „Старата дама“ е во потрага по квалитетен играч за врска кој ќе го замени Погба, па на Руиз му нуди место во стартниот тим.
Нејмар: Ова е најлошиот момент во мојата кариера
Нејмар заработи повреда на натпреварот кој го одигра за Бразил во квалификациите за Светското првенство, поради што најверојатно ќе го пропушти остатокот од сезоната.
Во судиското надополнување на првиот дел падна на тревникот и побара помош. Тој беше изнесен надвор од теренот на носилки, а тестовите открија повреда на предните вкрстени лигаменти и менискусот. Прогнозите укажуваат на принудна пауза од шест до девет месеци, што значи дека Нејмар најверојатно ќе ја пропушти Копа Америка и уште една шанса да постигне голем резултат со Бразил.
Од 2010 година, откако е репрезентативец на Бразил, го освои само Купот на конфедерации во 2013 година, а пред две години неговиот тим го загуби финалето на Копа Америка од Аргентина.
Од неодамна е и играч на Ал Хилал. Клубот од Саудиска Арабија му плати на Пари Сен Жермен 100 милиони евра за да ја доведе една од најголемите ѕвезди на светскиот фудбал, а на Нејмар му вети 320 милиони за двегодишна соработка. Под знак прашалник е кога навивачите на клубот повторно ќе го видат во дресот.
Тешката повреда и новата пауза ја коментираше на социјалните мрежи. „Ова е тажен момент, најлош во мојот живот. Знам дека сум силен, но овој пат ќе ми треба уште поголема поддршка од моите пријатели и семејството. Не е лесно да се помине повреда и операција и само четири месеци по закрепнувањето. Се надевам на Бог и оставам се во негови раце. Благодарам за поддршката и пораките за поддршка“, напиша тој.
Жоао Невес е најнова желба на Манчестер Јунајтед
Манчестер Јунајтед е насочен кон купување на 19-годишниот одбранбен играч за врска на Бенфика, Жоао Невес.
Според изворот, „црвените ѓаволи“ планираат да влезат во преговори со тимот од Лисабон пред летото во 2024 година.
Невес сезонава одигра 11 натпревари за Бенфика во сите конкуренци. Договорот на играчот со португалскиот клуб е до крајот на јуни во 2028 година.
Анчелоти: Коцкањето е зависност
Италијанскиот фудбалски тренер , Карло Анчелоти, ги коментираше наводите за нелегално обложување на Сандро Тонали и Николо Фаџоли.
„Тоа беше сериозна грешка, на тие играчи им треба третман. Од научна гледна точка, зависноста од коцкање е болест. Во исто време, верувам дека тоа е вина на поединечни луѓе а не на целиот италијански фудбал – тоа би било претерување“, вели Анчелоти.
Два гигант се распрашуваат за Џамал Мусиала од Баерн
Реал Мадрид и Ливерпул покажуваат сериозен интерес за младата ѕвезда на Баерн Минхен, Џамал Мусиала, пренесува „Билд“.
Весникот тврди дека Баварците воопшто не размислуваат за продажба на својот „бисер“ и планираат да му понудат нов договор кој му истекува во 2026 година. Пред неколку месеци Баерн започна преговори со агентот на Мусијала, но преговорите во моментов се во застој.
„Билд“ тврди дека Мусијала не е задоволен од статусот кој го има во тимот бидејќи и покрај добрите игри често е на клупата за резерви.
Ливерпул и Реал сакаат да ја искористат таквата ситуација и да го доведат во своите редови.
Синот на Антонио Рејес потпиша професионален договор со Реал
Хозе Антонио Рејес Лопез, 16-годишниот син на легендарниот Хозе Антонио Рејес стави потпис на првиот договор со Реал Мадрид.
Пред само неколку дена тој го прослави својот 16. роденден, а веќе може да се пофали со договр со „кралевите“. Синот на Рејес во школата на Реал Мадрид пристигна како 11-годишник, недолго откако неговиот татко во сообраќајна несреќа го загуби животот.
Легендарниот Рејес имаше одлична кариера носејќи ги дресот на Севиља од каде што премина во Арсенал и беше дел од „непобедливите“ во сезоната 2003/04. Од Арсенал, Рејес направи трансфер во Реал Мадрид каде што ја освои шампионската титула во сезоната 2006/2007, еден период настапуваше и за Атлетико.
Животот Рејес го загуби во 2019 година во сообраќајна несреќа откако поради голема брзина изгуби контрола над своето возило. Подоцна истрагата покажа дека до несреќата дошло поради дефект на автомобилот.
Работнички продаден на турската компанија Џевахир
Вториот најтрофеен македонски фудбалски клуб, Работнички, од вчера и официјално има нов сопственик. Македонска берза објави дека се продадени сите клупски акции.
Купувач е турската компанија Џевахир, која акциите на „Херојот од Дебар Маало“ ги плати дури 24 пати поскапо во однос на номиналната цена, односно за нив исплати вкупно 600.000 евра.
Групацијата Џевахир има големи амбиции со Работнички и ќе се обиде да го врати на врвот на македонската фудбалска сцена.
Нејмар ги повреди лигаментите, го чека долга пауза
Бразилецот Нејмар доживеа тешка повреда на синоќешниот меч против Уругвај во квалификациите за Светското првенство. Тој во еден дуел незгодно падна и пошто с ефати за коленото, а според неговите гестикулации, јасно беше дека станува збор за сериозна повреда.
Цел во солзи, Нејмар на носилки беше изнесен од теренот, па сега почна неизвесноста околу тоа колку ќе отсуствува од терените. Според првите информации, играчот на Ал Хилал доживеал сериозна повреда на вкрстените лигаменти на левото колено и менискусот, по што најверојатно го чека операција и повеќемесечна пауза.
Се враќаат повредените, Тухел со комплетен тим по репрезентативната пауза
Тренерот на Баерн, Томас Тухел доби добри вести пред продолжението на првенството. Напаѓачот Серж Гнабри и дефанзивецот Матијас де Лихт ги продолжија тренинзите со тимот.
Гнабри се врати за првпат по три недели откако ја скрши раката, додека Холанѓанецот Де Лихт се опорави од проблемот со коленото. И двајцата ќе бидат подготвени за саботниот натпревар од Бундеслигата против Мајнц.
Голманот Мануел Нојер, кој беше надвор од терените откако ја скрши ногата на скијање во декември, исто така целосно тренира и исто така може да се врати на голот за мечот со Мајнц.
Њукасл добива големо засилување од Манчестер Сити?
Калвин Филипс би можел да го засили Њукасл.
Англиските медиуми истакнуваат дека Њукасл е најконкретен во преговорите со Филипс кој претходно се поврзуваше и со Вест Хем, но и со други премиерлигашки клубови. Не е исклучена можноста Филипс да оди на позајмица до крајот на сезоната кога Њукасл и Манчестер Сити би преговарале за потенцијален откуп.
Филипс не е задоволен од својата минутажа во тимот на Гвардиола, посебно затоа што не добиваше многу прилика и кога Родри заработу суспензија од три натпревари на натпреварот против Нотингем.
Негова желба е да ја претставува Англија на Европското првенство во 2024 година и заnтоа е неопходно е од јануари да биде стандарден во својата екипа. Њукасл во овој момент изгледа како одлична дестинација за таква опција.