feature

Интер преговара и со помладиот син на Лилијан Турам

Интер ова лето го доведе Маркус Турам, кој одлично се вклопи во тимот, а сега е заинтересиран за неговиот брат, Кефрен Турам. Двајцата се синови на легендарниот Лилијам Туран, а Кефрен игра во Ница и важи за еден од најголемите француски таленти.

22-годишниот играч за врска игра фантастично, веќе дебитираше за француската репрезентација, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Интер сака да ја победи конкуренцијата, а клучна улога може да одигра неговиот брат Маркус Турам и да го убеди да му се придружи на „Џузепе Меаца“.


Гвардиола го обнови интересот за Пакета

Манчестер Сити е силно заинтересиран за ѕвездата на Вест Хем и бразилски репрезентативец, Лукас Пакета.

Пакета блесна во дресот на Лион и минатото лето направи трансфер во Вест Хем за 50 милиони евра. Бразилецот одигра одлична сезона и Гвардиола се обиде да го донесе пред крајот на преодниот рок, но Сити не беше спремен да плати 100 милиони фунти колку што бара Вест Хем.

„Граѓаните“ во јануари повторно ќе се обидат да го донесат Пакета во јануари, бидејќи е најголема трансфер желба на Гвардиола.

Овој пат Сити ќе биде спремен да понуди 80 милиони фунти за потписот на Бразилецот.


Нагелсман го враќа Хумелс во германската репрезентација

По доаѓањето на Јулиан Нагелсман на кормилото на германската репрезентација, ќе се случат одредени промени.

По неуспехот со Ханси Флик, германската федерација го ангажира Нагелсман во кој веруваат дека може да ја развие репрезентацијата на едно завидно ниво. „Билд“ открива дека Нагелсман веднаш откако станал селектор на Германија, повикал еден фудбалер кој го нема веќе извесен период во репрезентацијата.

Станува збор за Матс Хумелс, кој претходно беше во милост и немилост на Ханси Флик, но сега веројатно среќата повторно ќе му се насмее.

Хумелс е столб на одбраната на Борусија Дортмунд, па со неговото враќање во репрезентацијата, се очекува Нагелсман да добие стабилност во првиот ешалон.


Сане заминува од Баерн и се сели во Шпанија

Лерој Сане летото 2020 година премина од Манчестер Сити во Баерн за оштета од 60 милиони евра.

Меѓутоа, Сане никогаш во целост не ги оправда очекувањата на „Алијанц Арена“. Тој самиот не е задоволен од статусот во тимот, па сака на лето да ја промени средината. Сане има договор со 2025 година и на лето ќе влезе во последната година од договорот, па Баерн е спремен да слушне понуди.

Најсилен интерес за 27-годишниот Германец покажуваат шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона.

Агентот на Сане веќе имал контакти со двата клуб и дал зелено светло за трансфер во Шпанија.


ПСЖ му нуди трампа на голмани на Милан

Пари Сент Жермен е силно заинтересиран за голманот на Милан и француската репрезентација, Мајк Мењан.

Мењан потекнува од школата на ПСЖ, во моментов е прв голман на француската репрезентација и „светците“ нема да жалаат пари на лето да го донесат во Париз. Мењан се етаблираше во еден од најдобрите голмани во светот, а во ПСЖ не се задоволни од Донарума, кој пристигна од Милан како слободен агент.

Италијанските медиуми пренесуваат дека ПСЖ сега е спремен на Милан да му го понуди Донарума и 50 милиони евра за Мењан, меѓутоа тешко е да се поверува дека миланскиот клуб ќе прифати таква трампа.


Циципас го врати својот татко за личен тренер

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас, одлучи повторно во својот табор да го врати неговиот екс тренер, неговиот татко Апостол.

Тоа значи дека е прекината досегашната соработка со Марко Филипусис, со кој не бележеше добри резултатити изминатиот период. Стефанос во август одлучи својата кариера да ја продолжи без неговиот татко, но тоа траеше кратко, само два месеци, па сега соработката е повторно обновена.

„Без татко ми како да го губам идентитетот како тенисер“, порача Циципас за неговата одлука.

Циципас одлично ја почна сезоната, играше Австралија Опен финале, но проблем беше што освои само една АТП титула и тоа во Мексико. Моментално е шестопласиран тенисер на АТП листата.


Меси меѓу кандидатите за МВП на сезоната во МЛС лигата

Иако за Интер Мајами одигра само четири натпревари во првенството, најдобриот фудбалер во историјата Лионел Меси е номиниран за МВП на сезоната и за дебитант на годината во МЛС.

На сите им е јасен ефектот на аргентинскиот ас во американскиот фудбал и зголемувањето на популарноста на МЛС, но се чини дека тој нема доволен фонд натпревари за да го добие ова признание. Повеќе натпревари одигра во куповите каде што и освои еден трофеј, отколку во МЛС, но сепак, таква е проценката на луѓето од лигата.

Во моментов Меси е повреден и неизвесно е дали воопшто ќе се врати во тимот на Интер Мајами до крајот на сезоната во која клубот од Флорида има уште три натпревари.


Смолинг заздравува, се очекува на теренот кон крајот на октомври

Тренерот на фудбалерите на Рома, Жозе Мурињо, се надева дека искусниот дефанзивец, Крис Смолинг, ќе успее пред време да ја санира повредата на тетивата и дека набрзо ќе се врати на терените.

Англискиот интернационалец е во процес на рехабилитација повеќе од еден месец или гледано од дербито со Милан.

„Кориере дело Спорт“ наведува, дека Смолинг веројатно нема да игра в недела на мечот со Калјари. Неговото враќање на теренот се очекува на средбата против Монца на 20 октомври.


Халанд ќе добие зголемување на платата во Сити

Manchester City’s Erling Haaland celebrates after scoring his side’s third goal during the English Premier League soccer match between Manchester City and Manchester United at Etihad stadium in Manchester, England, Sunday, Oct. 2, 2022. (Martin Rickett/PA via AP)

Челниците на фудбалскиот состав Манчестер Сити ќе му понуда нов договор на голгетерот Ерлинг Халанд до 2028 година, наведува денес весникот „Дејли Мејл“.

Норвешкиот репрезентативец ќе добие зголемување на платата до 400.000 фунти неделно и значителни бонуси. Актуелниот договор на напаѓачот со „граѓаните“ е до 2027 година.

Тој беше купен минатата година од Борусија Дортмунд. Халанд има 42 настапи и 44 голови во Премиер лигата.


Отворен конкурс за стипендии за студенти

Дали сте посветен и амбициозен студент кој сака да продолжи со високо образование без финансиски ограничувања?
КС групацијата со големо задоволство го објавува за отворен конкурсот за Стипендирање на студенти. Нудиме низа стипендии во различни дисциплини за да ви помогнеме да ги постигнете вашите образовни аспирации.

Исто така ви овозможуваме да ја започнете вашата кариера со практикантска работа! Нудиме посакувани места за практикантска работа во нашите компании. Стекнете искуство од реалниот свет, поврзете се со професионалци и изградете перспективна иднина.

Стипендиите се достапни за студентите на Правен Факултет- Битола, Славјански Универзитет -Битола, Факултетот за Информациски и Комуникациски Технологии- Битола.

Истражете ги деталите и аплицирајте на https://klubsport77.mk/stipendii/

Краен рок за пријавување: 31.10.2023

Време е да ги трансформирате вашите соништа во реалност со КС Групацијата. Ние веруваме во вашиот потенцијал.