feature

Томас Франк фаворит за тренерското место во Тотенхем

Томас Франк, e главниот фаворит да го наследи Постекоглу на клупата на Тотенхем, објавија денес англиските медиуми.

Според Скај Спортс, „пчелите“ нема да му создаваат пречки ако сака да си замине. 51-годишниот Франк го предводи Брентфорд од октомври 2018 година. Во последната сезона го освои десеттото место на табелата.

Тој во 317 натпревари има 136 победи, 71 нерешени и 110 порази. „Спарси“ на листата за нов тренер го имаат ставено и Марко Силва од Фулам.


Кузмановски: Македонија е зелено-бела, Битола ќе слави титула три дена!

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја одбранија титулата во домашниот шампионат откако во решавачкиот меч забележаа победа на гостувањето кај Вардар со 30-32. Во победничкиот состав Кузмановски постигна седум, а Пешевски и Тајник по пет. гола На крајот на шампионатот Еурофарм Пелистер го обезбеди врвот со два бода предност пред „црвено-црните“.

По победата своите импресии ги изнесоа капитените на Еурофарм Пелистер, Кузмановски и Митревски.

Филип Кузмановски
Верував во екипата, од почетокот до крајот и се надминавме. Ова е најдрагата титула за мене, за мојот матичен клуб, за мојот град и за нашите навивачи. Поминавме многу заедно и заслуживме да дојдеме каде што сме. Вечерва Македонија е „зелено-бела“. Ќе славиме титула три дена.

Никола Митревски
Сакам да им честитам на сите присутни во салата. Покажавме дека можеме да организираме натпревар со врвна организација и однесување на теренот и трибините. Имавме тешка сезона, големи падови, но кога требаше се издигнавме. Верувавме дека можеме, а кога веруваш сè е можно. На претходните два порази од Вардар 1961 сите ничии топки завршуваат кај нив. Денес сите тие топки завршија кај нас, имавме спортска среќа и затоа победивме. Вардар беше под притисок, ние немаше што да загубиме и покажавме карактер.

Осуммина пелистерци со трите шампионски титули во Суперлигата!

Со голема драма во сите три сезони и со различни тренери на клупата Еурофарм Пелистер комплетираше хет-трик на трофеи од домашниот шампионат. Мала е групата на ракометари и членови на стручниот штаб кои ги освоија сите три титули. Во генерациите 2022/23, 2023/24, 2024/25 учествуваа: Павле и Петар Атанасијевиќ, Цветан Кузманоски, Емилијан Ѓорговски, Ненад Костески, Павле Петровиќ и Жарко Пешевски. Исто така дел од трите шампионски генерации се тренерот на голмани Ице Соколески, спортскиот директор Звонко Шундовски, кондициониот тренер Александар Марковски и физиоперапевтот Филип Милевски.

Секако, трофеите се под палката на семејството Стерјеви и компанијата Еурофарм, која е сопственик на мнозинскиот пакет акции на Еурофарм Пелистер. Дел од акциите има и Општина Битола, која секоја година несебично го помага клубот и повеќе од потпишаниот договор. По потпишувањето на платформата за ракометна Битола има само еден трофеј кој пелистерци не го освоиле – тоа е Купот на Македонија.


Еурофарм Пелистер среде Скопје ја одбрани шампионската титула!

Еурофарм Пелистер е старо-нов шампион на Македонија. Битолчани вечерва во Скопје го совлада Вардар со 30-32 и стигнаа до трофејот.. Победата пелистерци ја обезбедија во второто полувреме. Првото им припадна на домаќините со 17-15, а имаа и пет гола предност (15-10). Сепак, во вториот дел Еурофарм Пелистер беше подобар противник, одигра поагресивно во одбраната, нападот беше потечен за конечен триумф вреден титула.

Најефикасен во победничкиот тим беше Филип Кузмановски, кај вардарци се истакна Вуко Борозан со осум погодоци.

Ова е деветта титула за пелистерци и прв хет-трик на трофеи на домашни трофеи од шампионатот.


Баерн преговара со Рафаел Леао

Ѕвездата на Милан Рафаел Леао побарал да биде продаден за време на летниот трансфер период, тврди германскиот новинар Флориан Плетенберг.

Според него, клубот поставил цена од најмалку 70 милиони евра за крилото, а интерес пројавил Бајерн Минхен, но од таму сè уште не презеле конкретни чекори за започнување на преговори.

Италијанските новинари Матео Морето и Џанлука Ди Марцио даваат различни информации за оваа тема. Според нив, Леао не го известил клубот за својата желба да замине, ниту раководството има намера да се раздели со него, и покрај очекувањата за продажба на други ѕвезди како Тижани Рајндерс, Тео Ернандес и веројатно Мајк Мењан.

Освен тоа, двајцата трансфер експерти додаваат дека понуда на Бајерн би изнесувала околу 80-90 милиони евра, при што не е исклучена можноста сумата да се намали на 50-60 милиони евра со вклучување на играч во потенцијална зделка.


Алиоски: Се радувам за голот, но жалам што не победивме!

Џани Алиоски можеше да стане трагичар поради пропуштената шанса, но на крајот стана херој на Македонија откако со прекрасен гол донесе реми.

Македонија имаше шанси и да победи, но на крајот треба да бидеме среќни за ремито против силниот состав на Белгија.

„Среќен сум што дадов гол, но жалам што не победивме. Белгија е добра селекција, но имавме шанси да ја совладаме вечерва. Сега целосно сме фокусирани на дуелот со Казахстан – сакаме победа“, изјави кусо стрелецот на голот за Македонија.


Милевски нема да ја води Македонија на гостувањето во Астана

Македонија одигра 1-1 против Белгија во Скопје на стартот од јунскиот квалификациски прозорец за Мундијалот 2026, но натпреварот ќе се памети и по жолтиот картон за селекторот Благоја Милевски.

Во 82. минута, Милевски влезе во вербален дуел со четвртиот судија и судијата одлучи да му покаже жолт картон – санкција која значи дека нема да може да ја води репрезентацијата на следниот меч.

Против Казахстан во Астана, Македонија ќе ја води некој од неговите помошници. Најверојатно Роберт Стојановски ќе биде првото име на клупата, а покрај него ќе биде и Влатко Грозданоски.


Кевин Дурент заминува од Феникс

Кевин Дурант, кој очигледно е на пат да си замине од Фeникс Санс, ќе биде продаден по пониска цена, прогнозираат НБА инсајдерите.

Тимот од Аризона плати многу за него во 2023 година, а би можеле да го ослободат за многу помалку.

Според Кели Ико од „Атлетик“, Санс сакаат да го продадат Дурант, но побарале премногу за него, па затоа сега ја намалиле цената.


Јуриќ е нов тренер на Аталанта

Аталанта потврди дека го ангажирала 49-годишниот хрватски тренер Иван Јуриќ. Хрватскиот стручњак потпиша двегодишен договор со „Ла Деа“, до 30 јуни 2027 година.

Искусниот 49-годишен тренер од Сплит во текот на целата своја кариера тренираше италијански клубови (Монтова, Кротоне, Џенова, Верона, Торино и Рома), сè додека не го презеде Саутемптон минатата сезона.

Сепак, тој не успеа да го задржи овој клуб во Премиер лигата. Тој беше отпуштен по 13 порази во 16 натпревари. Оваа сезона, Аталанта го заврши италијанското првенство на третото место зад Наполи и Интер.

На 1 јуни, клубот од Бергамо го потврди заминувањето на долгогодишниот тренер Џан Пјеро Гасперини, кој ја предводеше Аталанта од 2016 година. Гасперини ќе ја предводи Рома во новата сезона.


Јуве преговара со Олимпик Марсеј за Балерди

Челниците на фудбалскиот состав Јувентус, ќе се обидат во текот на летото да го ангажираат дефанзивецот на Олимпик Марсеј, Леонардо Балерди, објавија денеска неколку медиуми во Италија.

Аргентинскиот интернационалец има и италијански пасош и нема да пополни една од квотите за играчи кои доаѓаат надвор од Европската Унија.

26-годишникот е капитен на францускиот состав. Тој во четири сезони има реализирано 164 натпревари со ефект од 5 голови и 2 асистенции.


Индустрија што може повеќе: Време е игрите на среќа да добијат нова улога

Интервју со Илија Илијевски, Генерален менаџер на спортските обложувалници Евротип

Игрите на среќа се отсекогаш актуелна тема во нашето општество па и пошироко. Годинава се навршуваат 10 години од постоењето на спортските обложувалници Евротип, па по тој повод би сакале одблизу и отворено да продискутираме на тоа што значи да се биде во оваа индустрија.

Новинар: На почеток би сакале да добиеме едно Ваше размислување како вовед во делот на она како гледате на индустријата на игри на среќа од аспект на човек кој тоа долги години секојдневно  го работи.

Во годините што доаѓаат, индустријата на игри на среќа ќе мора да одговори на едно јасно прашање:

Дали сакаме да бидеме дел од проблемот – или дел од решението?

Како човек кој со години го гради својот професионален и личен идентитет во оваа индустрија, верувам дека игрите на среќа не се нужно нешто негативно. Но, исто така знам дека нивниот потенцијал — и добриот и лошиот — е огромен. Затоа мораме да зборуваме гласно: за одговорноста, за моќта на влијание и за новата улога што оваа индустрија може да ја има во општеството, како и пред се за општествената одговорност.

Би сакал да напоменам дека индустријата веќе генерира сериозни даночни приходи, создава илјадници директни и индиректни работни места, и е двигател на дигитални иновации.

 Во Евротип, како една од водечките спортски обложувалници, активно вложуваме во технологија, мобилни апликации, дигитални платформи, системи за персонализирани понуди и реална customer support вредност.Вработуваме млади луѓе од сите струки кои тука се развиваат и унапредуваат воедно изработуваат производи кои може да се продадат на сите светски пазари особено во делот на дигитализација и програмирање.

Но тоа не е доволно.

Мораме да покажеме како индустријата може да создава опиплива вредност за заедницата. Со поддршка на домашни спортски клубови, локални ИТ партнери, соработка со универзитети, и создавање нови профили на стручњаци, а ние во Евротип токму тоа го работиме.

Во тој дел имаме потпишано меморандуми за соработка со универзитети од што произлезе и програмата за стипендирање на средношколци и студенти.

Евротип е сериозен спонзор на спортски екипи и спортски настани, при што сакам да напоменам дека неодамна сме генерален спонзор и на фудбалски тим кој го носи името Евротип и се натпреварува во третата македонска лига, а исто би го потенцирал и Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер кој има и сериозни резултати во нашата држава и натпревари на мегународен план како и ред други спонзорства

Одговорноста не е избор — туку обврска

Одговорноста не е избор, туку обврска. Во Евротип одговорноста кон заедницата и колективната одговорност ни е на прво место односно пред личната.

Во време кога дигитализацијата го олеснува пристапот до игрите, наша морална и деловна обврска е да понудиме алатки за самоконтрола, едукација, системи за лимити и real-time известувања. Да ја подигнеме свеста кај играчите, но и кај јавноста.

Не се работи само за регулативи и закони. Се работи за етика, вредности и долгорочна визија.

Јас, верувам дека оваа индустрија може повеќе.

Повеќе за економијата. Повеќе за спортот. Повеќе за луѓето.

 Постојано работиме на:

  • Проекти за млади и спорт
  • Партнерства со невладини организации за ментално здравје
  • Образовни кампањи и јавни настапи
  • Градење мост помеѓу приватниот сектор, регулаторите и

Заедницата

Нашиот фокус не е само на резултатите, туку и начинот на кој ги постигнуваме.

Индустрија треба да носи вредност во секоја сфера од општественото живеење, а не само приход.

Што значи тоа во пракса?

  • Алатки за самоконтрола ,
  • Образовни содржини и јавни кампањи ,
  • Системи за лимити, известувања во реално време, и активна поддршка за играчи во ризик .

Ова не се само „мерки“ – ова се вредности.

И не се прават заради закони, туку затоа што веруваме во етички раст.

Затоа повторно би потенцирал дека нашиот фокус во Евротип, не е само на резултатите, туку и начинот на кој ги постигнуваме затоашто впрочем кога мислиме на обложување мислиме на начин на забава и можност за добивка низ забава ,но не и како животен стил ,а уште помалку како начин на остварување на добивки без работа и труд од страна на клиентите.

Јас сум човек што верува во визија.

Во тимска работа.

Во тоа дека успехот не се мери само во бројки, туку и во влијание.

Во Евротип, градиме култура што го спојува она најдоброто од технологијата, спортот и односите со луѓето. Тимот не работи за брендот – тимот е брендот.

Да изградиме заедничка приказна. Индустрија што не срами – туку инспирира.

Индустрија што не крие – туку вложува.Индустрија што не дели – туку обединува.

Слика:

Како започна твоето патување во индустријата на игрите на среќа?

Моето патување започна од љубопитност и страст за стратегија, математика и однесување на луѓето. Уште од самиот почеток ме привлекуваше динамичноста на оваа индустрија – местото каде што технологијата, статистиката и емоцијата се среќаваат. Од самиот почеток, поминувајќи низ сите фази – низ backup office, од терен до стратегиско планирање, ми овозможи да го разберам бизнисот и од перспектива на играчот, и од перспектива на организаторот.

Што те издвојува како лидер во оваа индустрија?

Јас не се задоволувам со статус кво. Секогаш се прашувам: „Како може ова да биде подобро?“ Вложувам во анализа, иновација и во градење на тим кој размислува како бренд, а не како обична работна структура. Мојот фокус е јасен – искуството на корисникот, брзината на исплата, конкурентноста на квотите и довербата што ја создаваме на долг рок.

Кои се клучните вредности што ги пренесуваш на тимот со кој работиш?

Принципите се едноставни, но моќни: транспарентност, брзина на одлуки, професионализам и страст. Секој во тимот треба да чувствува дека е дел од нешто поголемо. Не само дека продава услуга, туку гради лојалност, репутација и иновација – секој ден.

Каква е твојата визија за иднината на индустријата на игри на среќа?

Иднината ќе ја обликуваат оние што ќе најдат рамнотежа помеѓу забава и одговорност. Верувам во ESG принципите – во тоа да бидеме економски силни, но и социјално чувствителни. Воедно треба да градиме и чесност за долг рок. Сметам дека новите технологии како вештачка интелигенција, VR и персонализирани понуди ќе бидат двигатели на следната ера. Но, луѓето – клиентите и тимовите – ќе останат во сржта на секој успех.

*Слика:Сертификат Бизнис интегритет

Што најмногу те мотивира?

Успехот на оние околу мене. Кога ќе видам дека некој од тимот расте, дека клиент ни верува и се враќа, дека сме постигнале нешто што конкурентите не успеале – тоа ме исполнува. Јас сум играч по природа, но стратег по одлука. Ме мотивира борбата за прво место, но со стил, фер-плеј и долгорочна визија.

Што би резимирале за крај,која порака би ја испратиле ?

За крај би кажал едно:Индустријата за игри на среќа нема потреба да се оправдува-туку да се трансформира и подобрува. Индустрија што не крие, туку вложува. Индустрија што не дели, туку обединува.

Имаме ресурси,знаење и влијание-но дали ќе ги користиме за моментален профит или за долгорочна вредност,зависи од нас.

Би подвлекол дека е потребна поголема комуникација со институциите на системот,посебно со законодавачот и сите останати инволвирани во игрите на среќа ,се со цел нашето искуство од работењето да можат соодветно да го искористат и градиме win-win стратегии за сите во делот на одржливоста како и подигнување на свеста на играчите , а игрите на среќа да ги подигнеме на ниво на забава , а не на поттикнување на општествени проблеми и оштетени семејства.

Мојата порака е јасна:

Одговорноста не ја спречува играта.Таа ја прави одржлива.

Ако сакаме да бидеме релевантни и утре, мора денес да покажеме карактер како луѓе, како компании,како индустрија. Токму затоа низ целиот разговор најголемиот акцент го ставам на одговорноста и придобивките кои ги носи оваа индустрија во секој поглед.