feature

Лисандро Мартинез се повреди, ќе паузира до крајот на годината

Манчестер Јунајтед има проблем со голем број повредени играчи, слично како и голем број ривали, а менаџерот Ерик тен Хаг јасно потенцирал дека ситуацијата станува загрижувачка.

Лисандро Мартинез нема да може да игра до крајот на годината, со што „црвените ѓаволи“ во моментов не можат да сметаат на дури осум фудбалери од првиот тим.

„Распоредот само се згуснува, има се повеќе натпревари, а фудбалерите веќе не можат да го издржат тоа оптоварување. Голем број мои колеги го нагласуваат ова, јас зборувам на таа тема, но ништо не се менува. Фудбалерите не можат да издржат и ова што се случува сезонава е јасна потврда“, рече Тен Хаг.


Јуве ќе му го раскине договорот на Погба заради допинг скандалот

Неодамна се дозна за скандалот со францускиот фудбалер Пол Погба околу користење на допинг, па медиумите шпекулираат дека тоа може да придонесе Јувентус да му го прекине договорот.

По тоа прашање сега се огласи и директорот на Јувентус, Кристијано Гвинтоли, кој верува во фудбалерот, но чека да се разреши целосно ситуацијата, па да излезат со официјално соопштение.

„Околу прекин на договорот? Чекаме, да видиме што ќе се случи, па ќе разговарам со Погба и ќе одлучиме што понатаму. Сега е време да се свртиме кон иднината“, порача директорот на Јувентус.

Неговиот менаџер неодамна истакна дека евентуален раскин на договорот со клубот од Торино, не доаѓа во предвид, но дека последниот збор ќе го има Јувентус.

Погба се врати во Торино во бесплатен трансфер, доаѓајки од Манчестер Јунајтед.


Клоп: Горд сум на момците, ова е најнефер натпревар на една моја екипа

Јирген Клоп е шокиран од арбитражаа на вчерашниот натпревар Тотенхем – Ливерпул, кој за жал „црвените“ го загубија на помалку не фер начин.

Неговата екипа остана без бод во самиот финиш од средбата, кога Џоел Матип си постигна автогол, додека ако имаше правда, многу порано тие ќе постигнеа и втор погодок.

„Во својот живот не сум видел полош и не така фер напревар. Никогаш не сум бил по горд на својата екипа како сега. Овде имаше доста луди околности и лоши судиски одлуки на наша штета. Со сето тоа, ова е резултатот кој го остваривме. Сите наши играчи се планина од луѓе. Како вистински чудовишта се бореа. Матип? Одигра фантастичен натпревар во одбрана, автоголот е негова и наша несреќа и тежок удар за сите. Ќе славевме бод, но сега и тоа го немаме. Коментар за натпреварот? Вам можеби ви е смешно, но за мене ова е скапо“, порача германскиот стратег.


Чаби Алонсо: Рано е да се зборува за мое преземање на Реал

Во претходниот период Чаби Алонсо се поврзуваше со клупата на Реал Мадрид, Шпанецот на клупата на Леверкузен дојде минатата година кога „фармацевтите“ се наоѓаа на 17. место, но успеа со тимот да дојде до место во Европа.

Алонсо состави победничка машинерија и игра одлично во новата сезона, па поради тоа се поврзува со клупата на неговиот поранешен клуб. Сега доби прашање на оваа тема.

„Јас во Реал Мадрид? Рано е да се зборува на оваа тема, само сме септември. Не можеме сега а разговараме, јас сум фокусиран на Баер Леверкузен“, кратко одговори Алонсо.

Договорот на Алонсо со германскиот тим му е до јуни 2026 година.


Јуве потврди дека летово сакал да го продаде Влаховиќ

Спортскиот директор на Јувентус, Кристијанои Џунтоли откри дека клубот бил спремен да го продаде Душан Влаховиќ во Челзи, но на крајот работата не се завршила.

Официјална понуда за Влаховиќ во Торино пристигнала, меѓутоа од Торино побарале друга која не ја добиле. Во еден момент на големо се зборуваше за размена со Лукаку, но ниту тоа не се реализираше.

„Бевме спремни да прифатиме нова понуда за Влаховиќ, но Челзи никогаш не испрати подобрена понуда, пропадна и идејата за размена со Лукаку“, истакна директорот на Јувентус.

Од доаѓањето од Фиорентина, Влаховиќ одигра 48 натпревари и постигна 21 гол за Јувентус.


Ал-Келаифи: Мбапе и во иднина ќе игра за ПСЖ

После големите перипетија ова лето, Килијан Мбапе сепак остана во Пари Сент Жермен.

Договорот на Мбапе истекува на крајот на сезоната, па постои реална можност да го напушти ПСЖ на лето без обештетување. Поради тоа имаше несогласување, па во еден момент дури и беше исфрлен од првиот тим. Меѓутоа, последните информации се дека се водат преговори за продолжување на договорот, но краткорочен.

Сепак, претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи верува дека Мбапе уште долго ќе остане во Париз.

Килијан Мбапе е играч на ПСЖ. Го сака клубот. Тој е фантастичен играч. Тој е најдобар во светот. Многу сме среќни што го имаме и ќе го имаме и во иднина“, порача Ал-Келаифи.


Бепе Марота го носи Марсијал бесплатно во Интер

Интер е силно заинтересиран за напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал, пренесуваат медиумите на Островот.

Французинот минатото лето се врати на „Олд Трафорд“ после позајмицата во Севиља, но не добиваше голема минутажа кај Тен Хаг. „Црвените ѓаволи“ се спремни да го продадат во јануари бидејќи не сакаат да го загубат без обештетување на крајот на сезоната.

Договорот на Марсијал истекува во јуни 2024 година, а идејата на Интер е во јануари да постигнат договор со неговиот агент и да го доведат без обештетување.


Хојберг е замената за Погба во Јуве

Јувентус е во потрага по квалитетен играч за врска во зимскиот преоден кој треба да биде замена за суспендираниот Погба.

Прво име на списокот на „старата дама“ е данскиот репрезентативец и член на Тотенхем, Пјер-Емил Хојберг.

Искусниот играч за врска не е задоволен од минутажата која ја има во актуелната сезона и сериозно ја разгледува и опцијата да си замине од Лондон веќе во јануари.

Тотенхем исто така е спремен да се раздели со Хојберг во јануари, а Јувентус веќе ги направил првите контакти со неговиот агент.


Бонучи потврди дека ја игра последната сезона во кариерата

Италијанскиот дефанзивец во екипата на Унион Берлин, Леонардо

Бонучи изјави дека ќе се пензионира на крајот од сезоната 2023/2024.
„Имав две опции – Лацио и Унион. Го избрав Унион затоа што сакав
да пробам нешто ново во мојата последна фудбалска сезона. Потоа,
веројатно, ќе започнам кариера како тренер. Германија ни дозволува
да усовршиме некои дисциплински и професионални методи“, рече
Бонучи во последната своја изјава.
36-годишниот Леонардо Бонучи летово се пресели во Унион Берлин,
откако 12 години помина во дресот на Јувентус.


Мурињо: Никогаш полошо не сум почнал една сезона

Жозе Мурињо изјави дека го има својот најлош почеток на една
сезона откако е менаџер. Тоа се случи откако Рома загуби со 4-1 од
Џенова во натпревар од италијанската Серија А синоќа. „Ова е мојот
најлош почеток на сезона како менаџер. Сепак, мислам дека Рома
никогаш не била во две последователни европски финалиња“, изјави
Мурињо.
Рома има само една победа од шесте првенствени натпревари досега,
а зголемената листа на повреди дополнително предизвикува
проблеми, особено во одбраната.
„Кога ни недостасуваат одредени играчи, ни недостасува цврстина.
Но, да се тврди дека лошата одбрана е резултат на отсуството на овој
или оној играч не е точно“, вели Специјалниот.