feature

Стив Брус нов селектор на Република Ирска

Поранешниот тренер на Њукасл, Стив Брус е подготвен да и се врати
на тренерската професија. Тој е фаворит да стане селектор на
Република Ирска по повеќе од една година без работа.
Стив Кени моментално е на чело на репрезентацијата на Ирска, но
притисокот врз него се зголемува откако испарјаи надежите на земјата за пласман на ЕП 2024 година.
62-годишниот Брус во кариерата работеше само во клубови, па за
него ова би било прво селекторско искуство. Тој во минатото беше на
чело на Шефилд Јунајтед, Хадерсфилд, Виган, Кристал Палас,
Бирмингем, Сандерленд, Хал Сити, Астон Вила, Њукасл и Вест
Бромвич Албион.


Нејмар сака да се врати во Сантос во 2025 година

Напаѓачот на Ал Хилал, Нејмар може да се врати во бразилскиот
шампионат во 2025 година. Каталонски весник објави дека 31-годишниот фудбалер сака во иднина да се врати во својот матичен
клуб Сантос за со овој тим да се подготви за Светското првенство во
2026 година. Токму поради оваа причина Нејмар не потпиша
четиригодишен туку едногодишен договор со Саудијците.
Исто така, се известува дека Бразилецот веќе стапил во контакт со
Сантос за неговото враќање. Нејмар се пресели во Ал-Хилал во
летото 2023 година. Во моментов нема постигнато ниту еден гол и
има две асистенции на три натпревари за тимот.
Претходно беше објавено дека Нејмар побарал оставка од тренерот на
Ал Хилал, Хорхе Жесус. Меѓутоа, подоцна фудбалерот оваа
информација ја нарече глупост.
Нејмар потекнува од младинската школа на Сантос. Тој беше во
клупскиот систем од 2003 до 2013 годин


Мароко ја доби организацијата на КАФ во 2025 година

Мароко ќе биде домаќин на Африканскиот фудбалски куп на нации во
2025 година.
Африканската фудбалска конфедерација денес ги објави домаќините
на следните две изданија на Африканскиот куп.
Во 2025 година, турнирот ќе се одржи во Мароко од јуни до јули, иако
претходно традиционално се одржуваше во зима. Африканскиот куп
во 2027 година ќе се одржи во Кенија, Танзанија и Уганда.


Летонците не сакаат да играат против руските фудбалски селекции

Летонските репрезентации одбија да се натпреваруваат против руски
тимови на меѓународни турнири, објавено е на веб-страницата на
Летонската фудбалска федерација (ЛФФ).
„ЛФФ потврдува дека летонските фудбалски тимови на сите нивоа
нема да играат против руски тимови, без оглед на местото и формата
на претставување на руските спортисти“, се вели во соопштението на
организацијата.
Европското првенство за фудбалери до 17 години ќе се одржи од 20
мај до 5 јуни 2024 година на Кипар. Претходно натпревари со Русија
на на првенството одбија и екипите на Украина и Полска. Вчера,
УЕФА ја врати Русија на младинските турнири без употреба на
химна, знаме и да играат на неутрална територија.
На 17 септември, претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, рече
дека руските клубови и репрезентации ќе се вратат во
натпреварувањата дури по завршувањето на конфликтот со Украина.


Камавинга добива нов договор на „Сантијаго Бернабеу“

Едуардо Камавинга веќе ги освои сите можни трофеи кои можат да се
освојат со еден клуб.
Иако има само 21 години Французинот е важен дел од тимот и еден од најдобрите играчи за врска во Европа. Поради тоа Реал реши да го
награди со нов договор и преговорите со неговиот агент се во
напредна фаза.

Притоа со новиот договор Реал сака да го „блиндира“ својот играч на
повеќе години и така да се заштити од интересот на другите клубови.
Се очекува наскоро Камавинга да стави потпис до 2028 година со
значително повисока плата.


Монца е новиот клуб на Папу Гомез

Алехандро Папу Гомез се враќа во Серија А, овој пат во дресот на
Монца.
35-годишниот офанзивен играч за врска е слободен играч по
заминувањето од Севиља ова лето. Галиjани веќе постигнал договор
со Аргентинецот, кој ќе пристигне во Монца како замена за
повредениот Капрари.
Гомез својата афирмација ја доживеа во Серија А, играјќи за Катанија
и за Аталанта од 2010 до 2021 година, од каде се пресели во Севиља.


Кукуреља го напушта Челзи во зимскиот преоден рок


Шпанецот, 25-годишниот дефанзивец Марк Кукуреља , купен од Брајтон во јануари, за 62 милиони фунти минатото лето,
нема одиграно ниту еден натпревар во Премиер лигата оваа сезона.
Двапати се појави на натпревар во англискиот Лига куп.
Челзи би сакал да го продаде Кукуреља наместо да го позајмува за да
го подобри својот биланс откако потроши многу на трансфери
изминатото лето пренесува „ЕСПН“. .


Легенарниот Гечевски нов спортски директор на Работнички

Тодор Гечевски и официјално е новиот спортски директор на КК Работнички објави денеска градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски. На прес конференцијата Герасимовски истакна дека со новото раководство очекува победа на квалификацискиот турнир за ФИБА Евро купот во Скопје кое ќе трае од 2 до 5 октомври.

„По неколкугодишна пауза, тимот од Центар сезонава повторно ќе игра во квалификациите за ФИБА Евро куп но со ново засилување. Тодор Гечевски се враќа во тимот каде што ја заврши својата кариера но како нов спортски директор на КК Работнички. Ова засилување на тимот верувам дека ќе донесе нова свежина и победа и на домашната и меѓународна сцена. Верувам дека на целата спортска јавност и недостасуваа моментите на навивање, бодрење и целата таа возбуда и желба за победа. Се надевам дека Црвено-белите повторно ќе го вратат некогашниот сјај и ќе се вратат на победничките патеки“, изјави Герасимовски.


Нојер спремен за враќање во дресот на Баерн

Мануел Нојер е многу блиску до враќање на терените, потврди спортскиот директор на германскиот шампион Кристоф Фројнд.

Нојер не бранел од Светското првенство во Катар, каде Германија доживеа дебакл, а веднаш по тој турнир се повреди на скијање. Потоа следеше операција на коленото и неколкумесечна пауза на која набрзо ќе и дојде крајот.

„Точниот датум не е одреден, но тој не е далеку и Нојер е подготвен да се врати на теренот. Долго време. Внимателно ќе ја следиме ситуацијата, но во следните денови или Мануел ќе биде во тимот следната недела“, истакна Фројнд.

Во сабота Баварците гостуваат кај РБ Лајпциг во дербито на Бундеслигата, три дена подоцна патуваат во Копенхаген на второто коло од Лигата на шампионите.


Мбапе ќе го скокне гостувањето на ПСЖ на „Сент Џејмс Парк“

Килијан Мбапе нема да може да му помогне на Пари Сен Жермен за гостувањето на овој тим на „Сент Џејмс Парк“ во второто коло од Лигата на шампионите.

Ова секако ќе биде проблем за тренерот на францускиот гигант против Њукасл кој е серизоен противник и може да биде незгоден. Освен Мбапе, за овој натпревар ПСЖ ќе биде и без Нуно Мендес кој има многу посериозан повреда. Мендес не игра фудбал уште од април поради повреда на тетивата.

 Поминаа шест месеци колку што е потребно за опоравување од ваква повреда, но засега тој не е ниту блиску до враќање и поради компликации ќе биде потребна нова операција. Проценките се дека бисе вратил веројатно за најмалку четири месеци.