feature

Анчелоти ги загуби Алаба и Рудигер заради повреда

Реал Мадрид доцна синоќа успеа да слави на домашен терен против
Лас Палмас со 2-0 и да прокнижи нови бодови во Примера Дивизион.
Веднаш по мечот тренерот, Карло Анчелоти, потврди дека двајца
стандардни првотимци заработиле повреди. Станува збор за
дефанзивците – Давид Алаба и Антонио Рудигер.
„Давид нема да игра против Џирона. Рудигер исто така доби удар“,
изјави Италијанецот. Алаба кој беше заменет во првото полувреме
има проблем со адукторот. Повредата на Рудигер не е толку сериозна.


ПРОГРАМА ЗА СТИПЕНДИИ НА 77БИТС – ПОТТИКНУВАЊЕ ТАЛЕНТ И ИНСПИРАЦИЈА ЗА УСПЕХ

Вчера 28.09.2023 година во Битола е потпишан меморандум за соработка помеѓу директорката на СОУ “Ѓорѓи Наумов” од Битола, Жанета Сервини и извршниот директор на 77битс, Александар Анастасовски.

77битс, дел од КС Групацијата е нова компанија во првите редови на секторот за информатичка технологија, фокусирана на нејзината визија за технолошки напредна иднина. Со оваа соработка, компанијата ги проширува своите хоризонти надвор од нејзината основна дејност во ИТ индустријата.

Посветеноста на компанијата 77битс на општествената одговорност преку поддршка на образованието е доказ за нивното верување дека со подигање и едукација на поединци, подигаме цели заедници и општeството како целина.

Ова партнерството ќе им обезбеди на заслужните ученици од СОУ “Ѓорѓи Наумов” од Битола пристап до стипендии, ублажувајќи ги финансиските бариери, овозможувајќи им да се фокусираат на нивното образование.

Соработката исто така претставува премостување на јазот помеѓу образованието и професионалниот свет. Со поттикнување на концептот на “Учење преку работа” им овозможува на учениците да ја обавуваат својата феријална пракса во рамките на компанијата обезбедувајќи им непроценливо практично искуство во ИТ индустријата.

Во ера каде корпоративните активности се важни, 77битс претствува инспиративен пример за тоа како бизнисите можат да бидат сила за позитивни промени. Нивната посветеност на образованието не е само инвестиција во поединци, тоа е инвестиција во посветла, попросперитетна иднина за сите нас.


УЕФА ги враќа руските клубови во европските натпреварувања

На конгресот во Париз, УЕФА направи два чекора кон делумна интеграција на Русија во европските фудбалски натпреварувања и покрај војната во Украина која е во тек.

Европската фудбалска унија одлучи да ги врати руските репрезентации до 17 години оваа сезона што претставува ублажување на општата забрана на руските национални тимови и клубовите да играат во меѓународните натпреварувања.

„Децата не би требало да бидат казнети за постапките чија одговорност е исклучиво кај возрасните и УЕФА е цврсто е уверена дека фудбалот никогаш не треба да се откаже од испраќање пораки за мир и надеж“, се вели во соопштението од УЕФА.

Во исто време, делегирани се и руски судии за меѓународните натпреварувања, но за враќање на клубовите, сепак, ќе треба да се почека.


Бразилецот Виктор Роке доаѓа во Барса порано од договореното?

Виктор Роке, тинејџерската сезонација од Бразил игра одлично во Атлетико Параненсе.

Напаѓачот е во овој клуб до крајот на сезоната бидејќи веќе направи трансфер во Барселона за сума од 40 милиони евра. Меѓутоа, Чави бара од спортскиот доректор Деко да го донесе Бразилецот на „Камп Ноу“ уште во јануари.

Чави сака на позицијата централен напаѓач да има уште една алтернатива и го сака Виктор Роке во зимскиот преоден рок.

Меѓутоа, Барса има потешкотии за пријавување на нови фудбалери поради финансиски проблеми, па веројатно ќе мора да се раздели со некој фудбалер за да го доведе Бразилецот.


Милан фаворит за потписот на Џовани Реина

Милан работи на трансферот на младата ѕвезда на Борусија Дортмунд, Џовани Реина.

Главен „виновник“ за трансферот може да биде Кристиан Пулишиќ кој го убедува својот пријател да му се придружи на „Сан Сиро“. Реина има само 20 години и со своите настапи во Борусија го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Тој веќе има 20 настапи за репрезентацијата на САД и според многумина ќе биде идна ѕвезда на светскиот фудбал.

Реина сака да ја напушти Бирусија Дортмуд, а Милан ќе се обиде да ја искористи таквата ситуација и да го доведе на „Сан Сиро“ уште во јануари.


Варшава домаќин на Суперкупот на Европа следната година

Наредната година Суперкупот на Европа ќе биде одигран на националниот стадион – „Народови“ во полскиот главен град Варшава, објави денеска УЕФА.

Мечот меѓу освојувачот на Лигата на шампионите и освојувачот на Лигата на Европа ќе биде реализиран на 14 август. Стадионот има капацитет од 57.000 седишта. Пред само две години, стадионот во Гдањск беше домаќин финалето на Лига Европа меѓу Вилјареал и Манчестер Јунајтед.

Финалето пак, на Лига Европа се одигра на националниот стадион во Варшава во 2015 година. Ќе потсетиме дека уште еден полски град, Вроцлав, ќе биде организатор на финале во Конференциската лига во 2025 година.


Барнс го чека долга пауза по повредата во Шефилд

Тренерот на фудбалерите на Њукасл, Еди Хау, потврди дека новото име во тимот Харви Барнс, поради повреда, ќе мора да паузира подолг период.

Играчот кој дојде од Лестер има повреда на стапалото и на палецот на ногата и според првите најави ќе биде во аут неколку месеци.

„Беше на снимање. Сѐ уште треба да се реши дали ќе мора на операција или не. Харви има многу необична повреда која ја доби без контакт“, рече тренерот на Њукасл. Барнс на седум мечеви во сезонава има еден гол и една асистенција.


Гатузо пред промоција во Олимпик Марсеј

Џенаро Гатузо го договорил својот нов ангажман, според последните
информации, легендарниот Италијанец денес треба да пристигне во
Марсеј и да потпише договор со францускиот гигант.

Гатузо ги договорил сите детали со Марсеј и останува само потписот
и официјалната промоција. Пред неколку недели Гатузо се најавуваше како можен нов тренер на Лион откако си замина Лорен Блан, но на крајот таа позиција му припадна на Фабио Гросо.
Покрај Гатузо, како можен нов тренер на Марсеј се споменуваа и
имињата на екс-тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие и Игор Тудор, но
изборот на крајот паднал на темпераментниот Италијанец.
Ќе потсетиме, местото тренер во Марсеј е празно откако Марселињо
по краткиот престој од неколку месеци си замина од клубот.
Причината за неговото заминување беше заканите кои ги добивал тој
и неговото семејство по елиминацијата во квалификациите за Лигата
на шампионите.


Варшава домаќин на Суперкупот на Европа следната година

Наредната година Суперкупот на Европа ќе биде одигран на
националниот стадион – „Народови“ во полскиот главен град
Варшава, објави денеска УЕФА.
Мечот меѓу освојувачот на Лигата на шампионите и освојувачот на
Лигата на Европа ќе биде реализиран на 14 август. Стадионот има
капацитет од 57.000 седишта. Пред само две години, стадионот во
Гдањск беше домаќин финалето на Лига Европа меѓу Вилјареал и
Манчестер Јунајтед.
Финалето пак, на Лига Европа се одигра на националниот стадион во
Варшава во 2015 година. Ќе потсетиме дека уште еден полски град,
Вроцлав, ќе биде организатор на финале во Конференциската лига во
2025 година.


Барнс го чека долга пауза по повредата во Шефилд

Тренерот на фудбалерите на Њукасл, Еди Хау, потврди дека новото
име во тимот Харви Барнс, поради повреда, ќе мора да паузира подолг период.
Играчот кој дојде од Лестер има повреда на стапалото и на палецот на
ногата и според првите најави ќе биде во аут неколку месеци.
„Беше на снимање. Сѐ уште треба да се реши дали ќе мора на
операција или не. Харви има многу необична повреда која ја доби без
контакт“, рече тренерот на Њукасл. Барнс на седум мечеви во
сезонава има еден гол и една асистенција.