feature

Панатинаикос му нуди нов договор на Кендрик Нан

Сопственикот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос планира да го задржи Кендрик Наан во Атина со огромен договор, но и дополнително да ја засили бековската линија со Василије Мициќ.

Познато е дека контроверзниот бизнисмен му се восхитува на американскиот плејмејкер кој минатата сезона го предводеше својот клуб до седмата титула во Евролигата. Газдата на клубот е подготвен да му понуди богатство за да го продолжи договорот.

Според информациите со кои располага грчкиот „Спортдо“г, Јанакопулос на поранешниот играч на Мајами ќе му понуди тригодишен договор вреден повеќе од 20 милиони евра, што би бил апсолутен рекорд во елитното европско натпреварување.

Доколку тоа се случи, Нан би заработувал околу седум милиони евра по сезона.

Претседателот и извршен директор на фармацевтската компанија „Вианекс“ со овој чин сака да му докаже на својот најдобар играч колку го цени и го сака во својот тим во годините што доаѓаат.

Најдобриот стрелец оваа сезона во Евролигата игра фантастично. Во претходните пет натпревари тој постигнуваше 25 или повеќе поени по натпревар, израмнувајќи го рекордот на Милош Вујаниќ, Дејан Томашевиќ и Кит Ленгфорд.


Донарума се враќа во Италија, ќе го облече дресот на Интер

„Скај Спорт Италија“ објави дека Интер сака да потпише со Џиџо Донарума од ПСЖ.

Интер сака да купи нов голман бидејќи Јан Зомер веќе има 36 години и неговите перформанси оваа сезона не се добри како минатата.

Донарума е под договор со ПСЖ до јуни 2026 години и неговата позиција кај Луис Енрике не е забетонирана како што сака Италијанецот.

Според познатиот италијански новинар на „Скај Спорт Италија“, Џанлука Ди Марцио, веќе имало контакт меѓу Интер и претставниците на Донарума.

Работата е уште во почетна фаза, нејасно е како размислува ПСЖ, но Интер почнал мисија за ангажман на Донарума


Девонте Греам пред потпис со Реал Мадрид

CHARLOTTE, NORTH CAROLINA – FEBRUARY 26: Devonte’ Graham #4 of the Charlotte Hornets reacts during their game against the New York Knicks at Spectrum Center on February 26, 2020 in Charlotte, North Carolina. NOTE TO USER: User expressly acknowledges and agrees that, by downloading and or using this photograph, User is consenting to the terms and conditions of the Getty Images License Agreement. (Photo by Streeter Lecka/Getty Images)

Американскиот кошаркар Девонте Греам стана потенцијално засилување за Реал Мадрид. Како што објави инсајдерот Чема де Лукас во петокот, Реал внимателноја следи ситуацијата на 29-годишниот плејмејкер.

Познатиот клуб активно го истражува пазарот со цел да ја засили надворешната линија. Греам одговара на профилот што го бара Реал Мадрид и доколку трансферт биде заклучен, тј ќе биде сериозно засилување.

Греам во 2018 година дипломираше на Универзитетот во Канзас и беше избран како 34. пик на драфтот во НБА од страна на Атланта Хокс.

Тој одигра 345 натпревари во НБА за Шарлот Хорнетс, Њу Орлеанс Пеликанс и Сан Антонио Спарс.

На почетокот на сезоната 2024/25, тој беше префрлен во Џи лигата, за Саут Беј Лејкерс на шест натпревари имаше просек од 14,3 поени, 4,2 асистенции, 2,2 скока, 1,7 украдени топки и 0,2 блокади по натпревар.


Норвежанецот Бент Дал е нов селектор на Србија

Норвежанецот Бент Дал ќе биде новиот селектор на женската ракометна репрезентација на Србија. Ангажманот на Дал ќе биде официјализиран утре на седницата на Управниот одбор на Ракометниот сојуз на Србија.

Бент Дал со Ракометниот сојуз на Србија договорил соработка до крајот на квалификациите, со можност договоорт да му биде продолжен.

Српската репрезентација во плеј-офот за пласман на Светското првенство ќе игра против Словенија.

Дал важи за одличен експерт, професионалец со долгогодишно искуство.

Норвежанецот ги предводеше Опсал, Скрим, италијанската репрезентација и Халвард. Дал беше на клупата на унгарскиот Сиофок со кој имаше големи успеси, а потоа три години ја водеше и романската Влчеа, а последен ангажман му беше на клупата на чешката репрезентација која ја совлада репрезентацијата на Србија на неодамнешното Европско првенство.


Зверев со големи амбиции пристигна во Мелбурн

Александар Зверев не ги криеше амбициите за титулата на Австралија опен, кој започнува в недела.

Светскиот рекет број два, Зверев има за цел да го освои својот прв Гренд слем трофеј откако ги загуби финалињата на УС Опен во 2020 година и Ролан Гарос лани.

Тој ќе се обиде да стане првиот Германец кој триумфирал на Мелбурн Парк по Борис Бекер во 1996 година.

-Мислам дека сите се свесни за тоа кон што се стремам. Сите знаат која е мојата цел и сон. Тоа е да ја освојам титулата. Почнувајќи го моето учество на Слем турнир како втор на светската ранг-листа, нормално е мојот став да биде дека сакам да го освојам трофејот. Тоа е мојот став. Сакам да го покажам мојот најдобар тенис, да стигнам што подалеку на турнирот со надеж за конечна победа, изјави Зверев.

Германецот (27) ја коментираше и новововедената можност оваа сезона од страна на Меѓународната тениска федерација за тренерска помош за време на натпреварите.

-Отсекогаш мислев дека тенисот е индивидуален спорт и дека треба сам да најдеш решение на теренот. Сега ситуацијата се менува. Тренерите седат на страна, имаат можност да следат секакви статистики и податоци во живо и да даваат различни насоки. Ова секако менува многу работи. Но, очигледно тенисот оди во оваа насока, рече Зверев.


Бохум го позајми Елези во Горица

Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Агон Елези во вториот дел од сезоната ќе го носи дресот на Горица.

Елези минатото лето потпиша со Бохум каде што не покажа добри игри и сега ќе се обиде да ја врати формата во ХНЛ.

Ова е враќање за него во Хрватска каде со успех настапуваше за Вараждин од 2020 до 2024 година.

Во текот на кариерата, 23-годишниот Елези беше дел од Шкупи, Велазерими и албанскиот Скендербеу.


Во април Судот за спортска арбитража ќе расправа за „случајот Синер“

Судот за спортска арбитража (КАС) во Лозана денеска соопшти дека ќе ја разгледа жалбата на Светската антидопинг агенција (ВАДА) во врска со случајот со најдобриот светски тенисер, Италијанецот Јаник Синер, на 16 и 17 април годинава.

Во соопштението на КАС се наведува дека рочиштето за овој случај ќе се одржи зад затворени врати, бидејќи ниту една од заинтересираните страни не побарала јавна расправа. КАС не објави кога ќе биде донесена конечната пресуда.

Синер беше позитивен на забранетата супстанца клостебол за време на натпреварување на Мастерсот во Индијан Велс во март минатата година. Италијанскиот тенисер осум дена подоцна повторно беше позитивен кога беше анализиран примерок вон конкуренција.

Меѓународната агенција за интегритет во тенисот (ИТИА) привремено го суспендираше Синер двапати поради овие резултати, но Италијанецот и двата пати успешно поднесе жалба до независен судија на трибуналот и му беше дозволено да продолжи да се натпреварува.

На 20 август ИТИА објави дека Синер нема да биде суспендиран откако независна комисија утврди дека нема вина или невнимание на италијанскиот тенисер во овој инцидент.

ИТИАтогаш изјави дека според правилата, Синер ќе изгуби 400 поени на АТП листата и парична награда од 325.000 долари што ги освои на Мастерсот во Индијан Велс.

ВАДА потоа поднесе жалба до Судот во Лозана на крајот на септември, барајќи забрана од една до две години за најдобриот светски тенисер.


Исак и Нуно најдобри во декември во Премиер лигата

Нуно Еспирито Санто го доби признанието за менаџер на месец декември поради блескавите партии на Нотингем Форест во Премиер лигата.

„Шумарите“ пак се хит во Англија и под водство на Нуно играат одличен фудбал со кој котираат на третата позиција со шест бода помалку од водечкиот Ливерпул. Во декември Нотингем одигра шест натпревари и победи на дури пет.

Единствениот пораз во последниот месец од 2024 година дојде на самиот почеток од шампионот Манчестер Сити (3-0). Потоа следеа победи над Манчестер Јунајтед, Астон Вила, Брентфорд, Тотнем и Евертон, а и 2025 Нотингем Форест ја отвори со славје над Вулверхемптон.

За најдобар фудбалер на месец декември е одбран Александер Исак. Ѕвездата на Њукасл е главен инспиратор на одличната форма и седумте победи во низа. Швеѓанецот во декември на шест одиграни натпревари беше стрелец на дури осум погодоци. На дуелите со Ливерпул, Брентфорд, Лестер, Астон Вила и Манчестер Јунајтед постигна по еден, додека против Ипсвич беше стрелец на хет-трик.


Убедлива победа на ракометарите во тестот со Сесвете

Croatia vs North Macedonia, Friendly match during preparation IHF World Championship 2025, Varazdin, Croatia, 08.01.2025., Mandatory Credit © Jozo Cabraja/ kolektiff

Ракометната репрезентација на Македонија славеше на денешниот пријателски натпревар одигран против хрватскиот тим Сесвете со 28-42, во претпоследната контрола што избраниците на Кирил Лазаров ја имаа пред официјалниот старт на СП 2025 закажан за 15 јануари.

Овој меч дојде по оној со селекцијата на Хрватска во кој одигравме одлично и покрај поразот. Денеска на дуелот со Сесвете предводен од некогашниот репрезентативец на Хрватска, Игор Вори, на полувремето имавме водство од +6, кое подоцна успеавме и да го зголемиме.

Македонската репрезентација својата генералка пред стартот на ракометниот Мундијал ќе го има на 12 јануари, кога за противник ќе ја има селекцијата на Зеленортските острови.

„Црвено-жолтите“ првиот меч на СП 2025 ќе го играат на 15 јануари во 20:30 часот против Унгарија.


Врвен настап на шампионот, Чаби Алонсо го освои Дортмунд

Баер Леверкузен со 2-3 го доби дербито против Борусија Дортмунд, дури четири од петте голови беа дадени во првото полувреме.

Мечот имаше неверојатен старт, по само осум минути игра Баер Леверкузен водеше со 2-0 со голови на Тела и Шик.

Во 12. минута Дортмунд преку Гитенс успеа да намали на 2-1, но само седум минути подоцна Шик со својот втор гол на мечот зголеми на 3-1.

На десет минути пред крајот домаќините со гол на Гираси намалија на 3-2, но до крајот не успеаа да постигнат уште некој гол за да избегнат пораз.