Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, се осврна на изјавите на поранешниот капитен Леонардо Бонучи како и на допинг скандалот околу играчот од средниот ред, Пол Погба.
„Нема што повеќе да се каже за Бонучи. Тоа беше одлука на клубот. Можам само да му пожелам успех во фудбалот и надвор од него. Замина во клуб од Лигата на шампионите, тоа треба да го мотивира“, вели Алегри.
Балотели го напушти Сион и се врати во Турција
Марио Балотели потпиша меѓусебен раскин на договорот со швајцарски Сион.
Минатата година Балотели потпиша двегодишен договор со Сион меѓутоа по една година двете страни се договорија дека разделбата е најдобра опција.
Балотели така си заминува од Сион по само 18 одиграни натпревари за овој клуб. Според најавите Балотели не би требало долго да чека на нов ангажман и ќе се врати во редовите на Адана Демирспор.
Адана на Балотели му подготвува договор до 2025 година.
Евертон има нови американски сопственици
Сопствениците на Џенова „777 Партнерс“, купија 94.1 процент од акциите на Евертон со што станаа сопственици на англискиот клуб.
Американската компанија успеа да постигне договор со Фархад Мошири за купување на сите негови акции од Евертон. Така сега Евертон има исти сопственици како и Џенова.
„777 Партнерс потпишаа договор со Фархад Мошири за купување на неговиот целосен пакет на акции во фудбалскиот клуб Евертон кои се 94,1 проценти од клупските акции“, стои во соопштението.
Италијанецот Гросо е нов тренер на Лион
Олимпик Лион го назначи Фабио Гросо за наследник на Лоран Блан.
Гросо во својата кариера настапуваше за Лион во периодот од 2007 до 2009 година и во тој период ја освои титулата и Купот. Во својата тренерска кариера досега ги водеше Бари, Верона, Бреша, швајцарски Сион и Фросиноне.
Лион моментално е на последното место во францускиот шампионат со само еден освоен бод по четири одиграни натпревари
Јелена Антиќ означи крај на професионалната кариера
Maкедонската женска кошарка од денес официјално остана посиромашна за Јелена Антиќ, една од најдобрите во историјата на овој спорт кај нас.
Иако има само 32 години, Антиќ одлучи да објави крај. Неколкуте тешки повреди беа пречка да изгради кариера за каква што сигурно имаше потенцијал, иако зад неа остануваат импресивни настапи за Македонија и повеќе европски екипи.
„Имав само 15 години кога заминав од дома за да го следам својот сон. Мојот кошаркарски сон. 17 години подоцна може да кажам дека кошарката ми го подари светот. Светот на можности. Јас и ги дадов срцето, телото и умот. Вистинска длабока љубов. Но, последните години беа исцрпувачки, физички и психички. Ти благодарам за се добро и лошо, за сите победи и порази, насмевки и солзи, сеќавања и лузни. Ова не е збогум, само ќе те гледам од другата страна на линијата“, oбјави Антиќ.
Кариерата ја започна во редовите на Младинец, потоа се пресели во САД каде што играше за средното училиште „Либерти Академија“, па универзитетот „Ливерти флејмс“.
Сениорското европско деби го направи во Партизан каде што помина три сезона, а потоа го носеше дресот на: Радивоје Кораќ, Макаби Ашдод, ЦСУ Алба, Лулеа Баскет, Висла Краков и Баскет Кам
Уапсени четири млади фудбалери на Реал Мадрид
Цела Европа, а особено Шпанија беше шокирана од апсењето на фудбалерите на Реал Мадрид, кои завршија со лисици на рацете поради сексуална снимка на малолетничка.
Сега е откриено кои се фудбалерите кои се обвинети за скандалот во Шпанија. Еден од играчите на Реал Мадрид Кастиља, резервниот тим и двајца фудбалери на Ц тимот на клубот со најмногу трофеи на сите времиња, како и уште еден играч кој настапувал за двете екипи.
Фонси Лоаиса, новинар од Шпанија, откри дека се работи за Раул Асенсио (20), Алекс Алеман (18), Андрес Кампос (21) и Борха Алонсо (19).
Неговата објава на Твитер сега е отстранета, но објавата беше пренесена од други корисници на „Х“.
Љајиќ сензационално се врати во Нови Пазар
Србинот Адем Љајиќ ќе потпише договор со клубот од неговиот роден град Нови Пазар.
Веста е сензационална за навивачите на овој клуб бидејќи Љајиќ е фудбалер со богато интернационално искуство. Тој е поранешен репрезентативец на Србија, а во кариерата собра искуство во клубови како Фиорентина, Рома, Интер и Бешикташ, кариерата ја започна во Партизан. Минатата сезона беше дел од турски Карамгурук, а во Нови Пазар се најавува како најголемото засилување во историјата на овој клуб.
„Навистина специјален и посебен момент за нешиот клуб. Подолго период преговаравме со Адем и сега можеме да го најавиме неговиот трансфер кој треба да биде завршен многу брзо“, изјавиле од српскиот прволигаш.
Најголем дел од кариерата Љајиќ помина во Серија А и постигна 48 голови, додека дресот на репрезентацијата на Србија го носеше на 47 натпревари во кои запиша девет голови.
Шпанскиот судија го одби барањето на Реал Мадрид
Правниот предизвик на Реал Мадрид за новите барања на Ла Лига за пристап до медиумите е отфрлен од Националниот суд.
Судот утврди дека жалбата не се вклопува во рамките на кривичниот законик и ги исклучи кривичните дела поврзани со неправедна администрација. Судот, исто така, истакна дека жалбата на Мадрид дека новите мерки се дизајнирани специјално против него е тешко разбирлива бидејќи 19 други клубови од Ла Лига, иако некои од нив помали, се согласиле со нив во гласањето пред сезоната 2023/2024.
Да потсетиме, на почетокот на август се дозна дека Ла Лига го сменила принципот на распределба на средствата од ТВ правата. Конкретно, станува збор за распределба на 25% од вкупните приходи (околу 130 милиони евра), која ќе се базира на „социјална интеракција“.
Ова значи поотворен пристап за телевизиските камери, вклучително и во соблекувалните на клубот. За ова гласаа 21 учесник (20 клуба и самата Ла Лига), само Реал Мадрид беше против, а еден неименуван клуб беше воздржан.
Томас Парти е замената за Погба во Јуве
Јувентус би можел да ангажира играч на Арсенал за да го замени Пол Погба. Претходно се дозна дека 30-годишниот играч од средниот ред на Јувентус имал позитивен допинг тест за тестостерон, поради што се соочува со забрана за играње фудбал до четири години.
Светскиот шампион со француската репрезентација беше привремено дисквалификуван од Националниот антидопинг трибунал на Италија. Поради допинг Јувентус има право да го раскине договорот со Погба, клубот веќе престана да му ја исплаќа платата на Погба.
Како што пренесува „Гоал“, Томас Парти е меѓу оние фудбалери кои ги интересираат челниците на Јувентус. Јуве веќе подолго време го следи играчот од средниот ред од Гана и се распрашуваше за неговата достапност на пазарот ова лето. Арсенал и покрај купувањето на Деклан Рајс, не сака да се раздели со Парти, но ситуацијата може да се промени доколку пристигне профитабилна понуда Во сезоната 2023/24, 30-годишниот Томас Парти учествуваше во три натпревари од Премиер лигата.
Познати номинациите за наградата The Best
Светската фудбалска федерација (ФИФА) објави листа од 12 имиња кои се претенденти за освојување на наградата за најдобар играч на годината во изборот на ФИФА.
Кристијано Роналдо го нема, што и се очекуваше, но има некои имиња кои некако изненадувачки се најдоа на листата на ФИФА. Пред сè, Јулијан Алварез кој не се наигра во Манчестер Сити покрај Ерлинг Халанд. Најмногу претставници на оваа листа има европскиот шампион, ако се брои и Илкај Гундоган кој до летово беше дел од тимот.
Во најтесниот избор се најдоа: Јулијан Алварез, Кевин де Брујне, Родри, Бернардо Силва, Ерлинг Халанд (Манчестер Сити), Илкај Гундоган (Манчестер Сити/Барселона), Виктор Осимен, Квича Кварацхелија (Наполи), Лионел Меси (ПСЖ/Интер Мајами), Килијан Мбапе (ПСЖ), Деклан Рајс (Вест Хем).